Даниел може многу подобро. Првиот дел од песната не го испеа баш нај. Плус премногу се оптеретува со сценскиот настап и секој пат прави нешто ново, што е за пофалба, но сеуште не е толку искусен и извежбан да речам. Не е е баш најзгодно да се пее легнат или со премногу енергичен настап. Како и да е солиден, но ништо за воодушевување. Додуша кога ќе го споредам со оставатава боранија шабанерска, фантастичен е. Ама не е поентата тоа. Може он и повеќе. Иначе Лукијан, класично лижење задник. Од толку песни не мораше баш да одбере од член на жирито.
Досадна вечер оваа, само се фалат без причина, објективни критики не може да слушне човек, водителкана не знае кај се наоѓа, бекстејџот катастрофален, има натпревар кој ќе се покаже повеќе, глупости на кило.
Како гласат коментарите на Кики: - Ово је супер песма. Овој је тај стил, са коме треба да се бавиш. Баш ти лежи овај стил. И то си показао. Супер изгледаш. (и секако едно лајкче со прстот).
Добро бе овие што бараат, каков да биде победников на Х фактор, да пее само "домашни" песни т.е песни на српски. Очигледно ги планираат да ги вртат на аовој пазар тука а не да ги пласираат надвор Иначе Лукијан не испеа добро, премногу фалшови имаше, ама ај ќе му простиме зашто и Жељко рече дека и него му била тешка песната за пеење во живо
Конечно реклами, сега намерно кратко ќе траат оти треба да читам што коментиравте на претходните страници и да одам до ВЦ. Ама второво ми е поважно, НЕ СЕ ИЗДРЖВА ОВА ПОЈЌЕ ХАХАХХАХ!