X Фактор - Србија (Сител) ^ Немало судии,те снимаат и после ги прегледуваат снимките а за во Србија уште ги тржат во тајност. Луѓе организацијата била ужасна.Им рекле во 10 сабајле да дојдат натпреварувачите,а тие во 10:30 започнале да местат штандови,после 2 часа чекале на штанд да им дадат листови и после за да испееш рекале ред исто 2 часа..требало да дојдат во 10 а завршиле во 15 часот.Катастрофа Од секоја држава имало околу 5000 пријавени,а треба да поминат само 250 од сите држави.Лошо е организирано,ај сеа од 15000-16000 пријавени одбери 250 најдобри,премногу пријавени а премалку треба да изберат за следен круг. Не верувам дека ке гледам,пошо знам дека ке победи србин/србинка тука нема дилеми. Изгледа ке си останам на британското,ова полошо и од идолот ке испадне.
X Фактор - Србија (Сител) Мене пак другарка ми која беше на аудицијата, ми кажа дека имало судии, и дека од МКД имало околу 4000 пријавени, а само 40 ќе се примеле
X Фактор - Србија (Сител) Тие шо биле таму не биле судии,тие всушност биле луѓе од продукцијата кои ти кажуваат што да пееш.
X Фактор - Србија (Сител) Во Србија викаат Бибер ќе бил судија... Точно ли ее??? А тука кажаа Сајмон бил ??? Па колку е точно незнам!
X Фактор - Србија (Сител) Ма каков Бибер бе? Една од судиите е Јелена Розга, како и пејачот на групата `Пилоти`, Кики Лесендриќ.Во игра за место на судија се и Скај Виклер и Саша Лошиќ од `Плави Оркестар`. Северина и Бајага ја одбиле оваа понуда.
X Фактор - Србија (Сител) Да, Сајмон Кауел го прифатил хонорарот од $500.000 за учество во Х факторот балкански, ќе го видите во понатамошните фази на шоуто. Џастин Бибер ја одбил понудата оти видел дека Северина одбила.
X Фактор - Србија (Сител) Оф, оф, ќе паѓа смеење со Сајмон, м? Којзнае какви епитети ќе им нареди на балканциве. Во кои понатамошни Фази Лилбејби, па не не оставај вака во исчекување. Него, јас може ќе го ѕирнам ова, си ги гледам ваквите шоуа, па зашто да не се насмееме на нешто наше, балканско.
X Фактор - Србија (Сител) На настапите во живо ќе се појавел неколку пати. Спојлер Реин, си ме разчарала ако поверува.
X Фактор - Србија (Сител) Пфффф, сакаш да кажеш дека не излажа сите тука што си ги навлажнивме гаќичките кога слушнавме дека Сајмон ќе доаѓа? Е срам да ти е. Спојлер Немој да ми кажеш дека помисли дека поверував. Или ептен сум разработила сарказам.
X Фактор - Србија (Сител) Кристина Коваќ и Жељко Јоксимовиќ во жирито http://www.opera-17.com/tv/show/x-factor-oni-ce-im-suditi-kristina-kovac-i-eljko-joksimovic-u-ziriju
X Фактор - Србија (Сител) ^^Најпрвин треба да ги одберат најдобрите кои ќе одат понатаму и тогаш ќе почне.
X Фактор - Србија (Сител) Ова е жирито на Балканскиот Х фактор Емина Јаховиќ Сандал привлече внимание уште на самиот почеток на нејзината кариера во 2001 година кога го претстави својот деби албум комплетно реализиран од Дино Мерлин. Но вистинската популарност ја стекна неколку години подоцна кога почна да реди хитови како што се „Дал’ она зна“, „Пиле моје“, „И да могу“, како и дуетите „Мед“ и „Још ти се надам“. Поголемиот дел од песните ги напиша самата. Во брак е со турската ѕвезда Мустафа Сандал, кој е ментор во еден сличен натпревар во Турција. Жељко Јоксимовиче еден од најзначајните, најценети и најпопуларни пејачи и композитори на Балканот, кој се бави со музика уште од најраното детство. Од бројните албуми сè уште се слушаат хитовите како што се „Љубави“, „Леџа о леџа“, „Лане моје“, „Има нешто у том што ме нечеш“, како и актуелниот хит „Лудак као ја“. На публиката ширум Европа ѝ е познат по успешните настапи на Евровизија, каде што оствари одличен пласман. 41-годишниот музичар успешно работел и како композитор на музика за многу филмови и серии. Кристина Ковач (3 стана позната за јавноста во деведесеттите години на минатиот век како членка на групата К2, во која заедно со својата сестра донесе нови музички правци на овие простори. Во текот на претходните години оствари успех со синглот „Колена“, кој 15 недели со ред го држеше првото место на топ листата за поп-рок музика на каналот MTV Adria. Кристина потекнува од музичко семејство – нејзиниот татко е еден од најплодотворните композитори во последните три децении од минатиот век, Корнелије Ковач, а нејзината сестра Александра Ковач исто така е популарна музичарка. Кики Лесендриќсе прослави во осумдесеттите години како фронтмен на бендот Пилоти, кој имаше неколку значајни хитови во тоа време како што се „Као птица на мом длану“, „Заборављени“ и други. И денеска се слушаат хитовите кои ги направи за други бендови и солисти: „Колачичи“ за Марина Перазиќ, „Баракуда“ за Викторија и други
X Фактор - Србија (Сител) Изгледа ја одбила понудата..како и да е и вака е добро.Подобро овие него ли некои шо врска немат од пеење
X Фактор - Србија (Сител) Ова е официјално, од страната на Емина Јахович, а инаку можно е да се појават специјало жири како што има во Британското и Американското шоу, ама тоа е само за време на аудициите.Овие 4ца ќе си бидат за главните вечери.
X Фактор - Србија (Сител) Јас мислам темава не треба да гласи Х Фактор Србија, туку Х Фактор Адриа(Балкан), бедејќи не се работи само за србски натпреварувачи туку од целиот Балкан. Ова е официјалната страна на Балканското Х Фактор http://www.facebook.com/XFactorAdria и како што ги расчепкав сликите од аудицијата ги препознам Иван Раденов (победник на Македонски Идол) и Наталија Данаилова(исто учесник во Македонскиот идол)
X Фактор - Србија (Сител) Почна снимањето,се надеваме на успех на нашите натпреварувачи.Инаку добив информација дека во овој круг што почна поминале 300,од кои 190 од Србија,така да мислам дека не треба да се преименува темата..очигледно е дека ке победи србин/србинка.