Ова дека дури девет има наши кога ќе биде точно, во ЕУ ќе влеземе. Не верувам и нема шанси да биде така, ќе видите. Кај бе вие од една Македонија замислувате во регионално шоу од 24 кандидати можни, да бидат 9 од Македонија, утре посабајле може... Добро е ако тројца- четворица влезат, максимум пет преку сила, среќни бидете, за повеќе нема шанси.
^ Тоа значи дека сите поминале. Толку Македонци беа и пријавени. Иван Раденов уште за на икс фактор е, аматер. Фифи-просечен глас. Марија од Богданци е предобра. Лена ја помнам уште како мала, на тв често беше присутна и многу ме нервираше, ама вака повозрасна не. Убаво отпеа. А Мартинијан нели се откажал? Или друг беше тој.... Фаворит ми е Даниел, ама искрено не сакам толкава исфорсираност. Можам да го сменам мислењето за него. Ќе видиме по која насока ќе тргне. Јас мислам дека во тие 24 ќе бидат Даниел, Лена можеби и Марија...... Од страна на Србиве најмногу го форсираат Перчола и онаа девојкана што имаше нејзина преработка на Титаниум.
Женски како тоа од 5 мин.на тв сфативте дека Даниел е совршен,и пример за вистински маж? Според мене пре убаво пее,не изгледа лошо симпатична фаца има,мислам многу паѓаат на тоа што има некако тажни очи и делува наивно,но се познава има искуство,знае што да кажи за да привлече внимание,нешто кажа пеејнето не е начин за да се стане богат или познат, туку дека Господ ти дал талент да го споделиш со народот,и ете одма си ја нацрта дечкото сликата за него колку е као демек добар и несебичен Секој има свое право на мислејне но мене ми е многу далеку од совршен и пример за маж,лично мислам дека е многу добар глумец,искусен е тој се гледа дека веќе има врвено по овој пат,и нормално знае што да кажи и како да се понаша за да добие позитивни реакции од народот,и нормално му успева. Не заборавајте да изглед вара не за џабе рекле испод мира триста вира или така нешто .сакам да успее во факторов да дотурка до подалеку, да се прослави,е после да видиме кој е навистина Даниел Кајмакоски,ако тогаш не го удри славата во главата и јас ќе мењам мислејне за него.
Јас незнам дали вие го имате слушнато Раденов како пее во живо, која харизма ја има. Дечково е комплетен и е далеку од просечен. Тоа што на аудициите му се тресеше раката и имаше трема е неочекувано, ама дека е неквалитетен и просечен пеач, не би рекла.
Savanah добро, ете, можеби ние сме погрешиле што од само пет минути донесовме заклучок дека е совршен, а ти како од пет минути констатира па дека НЕ е совршен и дека глуми? Значи сепак сите само си го кажаа сопствениот прв впечаток, како и ти што си го кажа својот прв впечаток кој е спротивен на нашиот и тоа си е сосема во ред. Никој не прогнозира за тоа како ќе биде и што ќе биде, ниту пак некој гарантираше со глава дека дечкото е најдобар на свет и дека таков ќе остане. Само ја пренесоа сопствената перцепција на нештата.
Многу треба за да се каже за некој дека е совршен,ако воопшто постои и некој таков.Даниел како и сите останати што се пријавиле да учествуваат одат со надеж да успеат да продолжат понатаму и се свесни дека мораат на секој можен начин да ја предобијат публиката и жирито одбијаа многу други со пре добри гласови,не ги одбијаа оти не знаеа да пеат туку нај многу заради тоа што излегуваа на бината и стоеа ко трупови.а Даниел се гледа дека е стар тепан волк,излезе и одма здраво свима здраво Београд,и нели се претстави кој е штое од каде е каде живее,тука е заради што ги смета Балканците како многу музикален нарот и е на задача да види колку можи и тој,итн,итн...ја знаеме приказната.Наивен и неискусен човек неможи да излези и да се претстави баш така.ете го мојот заклучок за Даниел, број 1 никој не е совршен,број 2 без глума и искуство Даниел немаше да биди тој Даниел што е Денес,ќе беше можеби абе тој дечкото од Струга што пееше убаво
^ Воопшто не мислам така. Не значи дека ако некој изгледа скромно или е комуникативен дека по дифолт глуми. Можеби е и навистина таков, каков што се претставува. Затоа реков, сите кажуваме прв впечаток ама да тврдиш нешто и да велиш дека Е така, а да е само твоја претпоставка како што и ние кажавме претпоставки за мене не е ок. Сопственото мислење кое не е поткрепено со докази не можеш да го користиш како факт со кој ќе тврдиш нешто. Друга работа, зарем ти мислеше дека ние со тоа "совршен" мислевме навистина совршен? Сите знаат дека не постои такво нешто. И уште нешто, кои се тие други кандидати кои испеале поубаво од Даниел, а не ги пуштиле според тебе? Како и да е, мене Даниел ми е одличен дечко и комплетен пејач. И да, ми изгледа баш за скромен, вреден и дечко кој сега за сега цврсто гази на земја. За понатака ќе видиме.
Абе ти наместо да се гордееш со нашава Македонија ги осудуваш децата.Според мене Даниел е прекрасен така ми гледа и секој си има свој прв впечаток, и сепак не сме дојдени до расправање...А и да глуми јас го поддржувам сепак Македонија не се спомнува многу често во вакви доживувања
Нема шанси 9 да се Македонци. Мартинијан има изјавено дека не продолжил понатаму, поради некоја друга манифестација. Не знам која беше... Фактички, они ги набројале сите тие што ги даваа на телевизија, што беа од Македонија... Најгледани видеа на јутјуб се: 1. Илма Карахмет 2. Тамара Милановиќ 3. Фифи 4. Даниел Кајмакоски 5. Славко Калезиќ
Е океј де, ќе видиме за некој ден дали се или не се 9, без нервози. Раденов е бизарен, без срам и обзирност според мене шо после едно македонско гледано шоу со цел памет дојде и се обидува сега па тука И со брат му да успеат заедно, демек не му беше доволна таа победа, или па испадна дека беше грешка шо победи тој, пошто сепак не ја оправда победата - според мене, ова е мое мислење, без колења од страна одма, ве молам. Да беше квалитет во прашање сметам дека ќе немаше потреба од ова пријавување тука, така да сметам дека нема право да се натпреварува тука, а ако помине ок, честито, но не е фер, инаше шанса но ја сјеба очигледно, или па поочигледно не му е доволна таа мала слава, или свирките со брата си, па сега тепа на нешто поголемо, хм што например?! Даниел и Тамара ми се фаворити, и сметам дека и двајцата се во трка за победа, се гледа уште од сега. Илма е прекрасна, слатка и извонредна, но сите знаеме што се случува со овие мали надарени таленти, иако можеби изведуваат и имаат подобри гласовни способности од сите возрасни во самото шоу, предност секогаш им се дава на постарите, или на помладите, ќе ја држат до самиот крај буквално, но нема да победи, ма сто посто сум сигурна, Жељка сигурно ќе одржи ванаби паметен говор, како е предобро, но дека има сеуште за учење и гласот да и се дооформи, дека ќе и дојдат годините, или сеедно, кој сака нека каже, јас се сложувам со ова, пошто сепак е премала, сметам дека и до сега овој једен настап го возвиши нејзиното име и нејзиниот талент, има време за неа, сепак има и доста талентирани повозрасни на кои им е тргнат возот. Онаа девојката што ја пееше Титаниум ми е преубава, но дали беше само до таа изведба мене не ме воодушеви, оставам да ја чујам уште еднаш па ќе си кажам мое мислење. Е сега збор два за жирито. :geek: Кристина е оригинална, објективна и на место. Дава најсоодветни критики, премила ми е кога одново и одново се вљубува во одредени изведувачи кога ќе ја погодат со пеењето, ме насмевнува и мене кога им дава такви искрени и прекрасни комплименти, и срцка ми е кога не ја мрзи да го крене газот да стане кога треба, и воедно доста знае да со поглед ги опушти самите настапувачи. Кики ми е душа. Мил човек кој доста има да им понуде и да ги науче идните ни ѕвезди, ама сметам дека не е доволно опуштен, е дека лошо направиле шо го седнале до Кристина, малку потпаѓа под нејзино влијание, пошто па оваа знае да биде и доста итра кога се работи за некој што неа ја воодушевил Знае да даде добар коментар, но сепак стегнат е. Емина е ставена во жирито ради естетика! Секогаш треба ваква личност во жирито, која ќе се смее постојано и ќе флертува и опушта со самата појава. Е сега дали ја имитира Никол или не, тоа е, доста е тоа што е најмека и најпропустлива од сите, и некогаш коментарите и држат вода, некогаш баш и не. Ах...ЖЕЉКА! Јас со срам кажувам дека на времето бев заљубена и опседната со него....со срам.... Таков малограѓанин со закоравени и прости сфаќања, со ограничен ум и плитка душа! Па како не му е срам бре не ми е јасно, како?! Тапкање у место со се еден ист поглед, демек строг - а он буде само страв и трема кај натпреварувачите! Па и тие неговите коментари, абе ајде, дали човекот е сериозен, дали?! Јас искрено се разочарав од него добри 100 проценти, не го сметам за ваков староседелец од камено доба...нене. Па со кој ум бе го форсира тој домашен јазик и пеење на истиот, со кој ум превртуваше буквално очи кога некој ќе спомнеше песна на странски јазик, со кој ум? Само не ми е јасно како после сите осуди за тоа како тој не е у право, продолжи по истото, демек строгост и цврстина а он е смешен и беден. Жељко ти се нула у моите очи, дури и одбивност имам кон твоите песни сега знаејќи кој мал човек си ти. Засрами се!
Фифи ако поминал у тие 24 нека си пише шоуво дека пропало. Од толку таленти Фифи дека треба да влезе не би рекла Си пројде на картата дека е различен и не сфатен од општеството. А тие 12 годишни девојчиња што се пријавуваат нека ги препратат дирекно на златно славејче и нека си направат 16+ години за на аудиција.
Се на се, не мислам дека Раденов нема талент, но го нема потребното она ит, или поубаво речено ИКС фактор за да биде ѕвезда. Толкава трема после тооолку многу настапи и вежбања за мене е неоправдана и никогаш не можам да ја сфатам. Девојчено на 15тина години развали како да пеела цел живот, а верувам дека не пее секој викенд по кафичи и по кафани, нели? Според мене неколку девојки се протнаа понатака само на убавина и шарм не зашто пееа предобро, немам ништо против или им љубоморам, али не само физички изглед е доволен да биде голема звезда(според мене). Перчоли мене ми е преценет, за Чоли трибјут мислам дека не требаше толква фама да се крене зашто нема автентичност како што ја имаат многу други во шоуво. Исто и една плавуша со чудна фризура што сите паѓаа по неа ми беше просечна, исто и ќерката на Џогани ми беше просечна, девојката со препевот на Титаниум ми беше лепотица и само тоа, инаку препевот ми беше мене досаден, од прекрасна песна направи досадна песна. Имаше и многу други кои искрено беа на работ за да и не, и не сметам дека заслужуваат влез до 24ката, но секогаш се изнаадувам во вакви шоуа со медиокретети кои со форсираање стигаат далеку, верувам дека и тука ќе биде исто. Не сум го гледала јас нит британското нит американското, па сакав да прашам од сите тие 4ри различни групи, задолжително одат понатака по одреден број или како иде тоа? Па после од тие 24, само 12 продолжуваат на галите(или како и да се викаат)?
Ти го тврдиш спротивното од мене,кажи ми кои докази ги имаш ти Daydream за да го поткрепиш твоето мислење?? И јас и ти го видовме за прв пат на тв.и според тоа што видовме добивме заклучок каков дечко е.а уствари незнам можеби ти го познаваш и лично и затоа си тврдо убедена дека е нај добрата личност на цел свет незнам што толку ми се нафрли и јас исто како и сите членови на форумов си кажав тоа што имав да кажам,не ми беше целта да убедам некого да верува спротивно од тоа што си има зацртано во главата,е сега што тебе не ти се допаѓа моето кажано јас тука не можам ништо да сторам. Друго,јас никаде не пишав дека некој испеал по добро од Даниел и не го пуштиле да продолжи,таква споредба не направив воопшто Јovana03 од каде ти е заклучокот тебе дека јас не се гордеам со Македонија?не памтам никаде да ја спомнав државава?? И кои деца ги осудувам за какви деца збориш ти? Кога веќе ти ја спомна Македонија и децата ме влечиш за јазик сега зарем секој што пошол таму а е од Македонија треба да го поддржуваме??ајде да ги заборавиме децава што пеат убаво и да речеме единствен Македонец таму е само дечкото од Кавадарци не му знаам име ама ептен се глупираше,пееше на некој негов измислен грчки и измислен турски јазик,и сега треба да го поддржиме само затоа што е Македонец?? Немој молим те не ме засмејувај
Слушнав други изведби од Илма и не ми беа нешто посебно воодушевувачки. На Х Фактор избра супер песна, со која истакна се што треба и тоа е тоа. Многу е битно да се одбери ударна песна. Улога играат и годините, демек вауу, мало девојче, а бум направи. НО ! Многу деца со извонредни гласови, понатака знаат и да не бидат тоа што биле. Низ пубертет гласот мутира, се менува и има многу примери каде гласот не им е толку моќен. Затоа да не се избрузва. А, поради истата причина би требало да има повисока возрасна граница на пријавување.
Фаворитите си ги одбра самата продукција, со тоа што им ги прикажа аудицииите како срцепарателни бајки. Ги прикажаа од почеток до крај, до радување, до нивни фамилии, до живот, потекло, ма се и секако од старт имаат плус поени.. Не дека не се добри Даниел, Тамара, Марија.. ама имаше уште неколку што се покажаа исто така доста добро, ама не ни ги запаметивме баш, зашто нивното пеење го даваа во позадина на коментарите на жирито, ги прикажаа во видеа заедно со уште 5-6 други.. Ние самите требаше да одлучиме кој ни се допадна, а не тие на тацна да ни сервираат, еве од овие 4-5 бирајте победник. Јас пратам на ФБ Србиве што пишуваат, има многу пеачи што воопшто не се прикажани, а од нивни кавери на песни што сум слушала и настапи во живо што имам видено видеа се доста солидни. Не знам ама продукцијава на нашево шоу не ми е како што треба.
Јас вакви типови на шоуа не следам,скоро никогаш,тв.е пуштен,децава гледаат. Ама кога го видов овој Даниел,ма едно десетина пати го погледнав видеото,и на секое одново и одново ме полазуваа морници.Колку е само добар,зрачи со некоја искреност,скромност,свежина. Се надевам дека ако не успее да победи,некој сигурно го има приметено и ќе го земе под свое за да направи нешто со дечково.Најтешко е да се промовираш и да те забележат.Мисалм дека Даниел е веќе забележан и му посакувам кариера каква што посакува. Само НАПРЕД.
А што па тебе не ти е јасно не разбирам. Не збориме за ставовите и мислењето, јас убаво ти напишав дека е ок твоето мислење како и на сите други. Јас дискутирав за твојот прв пост каде ти напиша дека не било ок да проценуваме од само пет минути гледање на телевизија, а во истиот тој пост ти направи цела психолошка анализа за истите тие пет минути. И сега? Контрадикторна си затоа не си се рабираш ни самата. Болдираното е тоа што мене ми запна за око и претходно, 5 пати ти напишав дека не можеш да донесеш конечен заклучок или да тврдиш нешто дека е така само заради тоа што кога излегол на сцена се претставил, кажал од каде е, ја поздравил публиката и кажал зошто се пријавил.
Daydream навистина незнам што ми се запна бре женска мојот пост не се однесуваше за тебе,незнам што толку си го зеде при срце,крај краева не реков да умре човекот Боже пази,мене не ми јасно што толку се испровоцира и упорно пишуваш и пишуваш.и самата рече си ми пишала 5 пати,или пишуваш само за да ти се бројат мислења за ново цветче ете ти го и Даниел и цел х фактор сакај си ги и ич око не ми трепнува само откачи се од мене МОЛИМ ТЕ.