Јас да бидам искрена ќе пуштам некоја порака вечерва само заради целта, инаку немаше шанси. Не заслужува едно вакво шоу да се храни од наши пари. Даниел дотурка до негде, направи нешто, може комотно да си оди. Може и подобро е, со оглед на тоа какво срање станува шоуто. Ама повеќе не пуштам ни една порака, а ќе се замислам и дали ќе го гледам, или ќе ги премотам настапите само.
Го делам истото мислење никој не ми остави посебни впечаток. Ни песните што ги пееа не ми се допаднаа онака просечно. Изгледа премногу очекував 4U сигурно во двобој ќе бидат вечерва. И Жуто пиленце би сакала да искочи конечно мислам... Милош место него да продолжеше супер ќе беше...
Конечно некој да каже нешто паметно..убаво прашање емина ) неможе некој да пеее а некој цело време да се шлепа на туѓ труд ...стварно катарина ни еднаш не запеа ....во 4 u најубаво ми пее Вања..додека катарина шо е просечна уше се филма као какви прашања бла бла превртување на очи..заборави дека пред некоа време плачеше зашо испаднала...ниеднаш глас не и се слушна а девојката мисли дека веќе е ѕвезда ауу толку ме нервира антипатично створење.....
Ау како и го спушти Емина на Кристина. Па у право е,барем нешто паметно да каже. Само се шлепа таа катерина,треба да се истакне и ние да видиме она каков талент има,а не само у позадина да пее. И еден збор и дала и тој го исфалшира.
Јас ќе пуштам по една порака од кај мене и од кај дечко ми без он да знае, секако спие. И дефинитивно не гледам више, само на јутуб настапите, не вреде да се троше време за слушање празни и несодржни критики, од пристрасни ментори кои се типично Балкански расположени, тапкајќи си се по рамо едни со други и закопувајќи си ги децата со нивните таленти. УЖАС.
Емина да беше толку бистра и да умееше да примети некои работи требаше фино лепо да го искоментира тоа на претходните настапи на 4U, а не сега од Твитер да збира мудрости. Не дека девојкиве се добри ама ме напнува вакво паметување, па уште од Емина, особа што не знае да прифати критика. За нејзините да дадеа некој ваков низок удар гарант очите ќе им ги ископаше.
Јас не би и го земала ова на Емина како нешто паметно, само како буцкање. Ќе беше паметно ако истото го направеше со искрена критика кон своите кандидати. Вака само е злобно и ниско, ништо повеќе.
Па сакав да кажам дека конечно даде критика на место,иако каснеше малку.Она што си е лигава и самобендисана,тоа е друга приказна Чекор по чекор,може ќе се поправи
Vecerva duel Aleksa i 4u spored mene. Istiot komentar za plavusata da ne se povtoruvame, a za Aleksa golem minus me razocara vecerva ocekuvav poveke. I sorry za latinicava od mob pisuvam.
Мислам дека вечер Александра Брковиќ ке излезе иако оваа вечер имаше многу лоши настапи а од жирито добија пофалби.Од Кики и Емина не очекував секако некоја асална критика но Кристина и Жељко ме разочараа.И каква е оваа денс вечер кога ниедна песна неможе да се класифицира како таква.Единствено на Алекса песната беше таква жива ова другите..
Тамара ја прашуваат зошто треба да гласаат за неа, она кажува зошто требало да победи. Тибам самобендисаното нешто, неподнослива гуска
Најлош live до сега...катастрофа. Имаат тема а секој што сака си пее. Жирово фали се што ќе му текне...и што чини и што не чини,стајлингов не го коментирам. Со еден збор...ужас
Вие што само вечер ќе пуштите ,,по една порака,, немојте после да зборите овде ,,еј вие само мислења правите, само глупости зборите, а пораки не пуштате,,. Со оглед на тоа што сами признавате дека не гласате не сте во право ако ги критикувате другите за истото.
Абе овие не се нормални нели поевтино нема 50 денари да биде глас? 41 денар ми вика сега гласав нели 21 денар ќе чини порака... Како и да е секоја емисија гласам за Даниел, само безвеза ми е кога викаат поефтини пораки а НЕ се. Ама ајде whatever...
Оф Принцезите, не биле секогаш расположени. Што си мислат луѓево, ѕвезди се? На другите шоуа плачат од среќа бре да се стигнати до тука, а не да се пренемагаат, глупачи никакви. Место да работат најмногу што можат, да дадат се од себе уште ќе извољеваат.