Вечерва Харис и Ај сечи перо ми беа за нигде , на ред е некој од Емина да си замине , не бев нешто посебно импресионирана од Даниел, сепак е далеку каде подобар од другите. Лукијан просечно, Тамара ја утна темата за вечерва. Бркович ок беше , Маид ми беше некако веќе видено. фор ју не беа лоши Докториве и Илма најдобри ми беа вечерва Се на се не беше нешто посебна вечер..
Фини се девојкиве, мене и песнава убава ми беше ...И конечно запеа Катарина нешто, еден збор еден, напредок бе е Ете и Емина кажа нешто по саглам
Водителкава ја прашува Кристина како се чувствува, а оваа вика поспано. Ако се осеќа поспано на денс вечер тогаш коментарот доволно говори за тоа колку подпросечни настапи имаше. Не ми се верува дека гледам настапи во живо на Х фактор, кој неквалитет. Цела вечер или се зева или се блуе. Сите се како утепани, без енергија, фалшови, утнати песни, шабанерии.
^Леле,исто еленче123 Исто помислив и јас Мислам дека на двобој ке одат Александра Брковиќ и 4U.Не дека не беа добри,само кажувам како мислам дека ке се гласа.
На оваа Лорин уште од Евровизија кога победи и ја рецитирам Очи од Шопов и никако да ја научи, ќе ослепи девојчево
И мене ко наркоманиште ми изгледа,језива ми е за гледање и ништо не се разбира што пее освен ААААА,ОООО
Маид - има јак вокал не негирам, меѓутоа мене не ми остава некој јак впечаток, на секоја песна ми звучи исто Илма - прекрасна како и секогаш, ме наежи со песната, браво и за држењето на сцена, и за енергијата која ја имаше, за гласот не ни коментирам се знае, а и конечно ја облекоа во фустанче Доктори - уште еднаш пријатно изненадена, а не очекував многу од нив искрено. Не знаев дека еден од нив е наш (не знам како се викаше) Даниел - оригинал ја отпеа песната, одлично движење и самодоверба на сцена, ми се допаѓа со која леснотија пее, не е тоа тоа ако го гледаш да се мачи да испушти глас, како роден на сцена е. Но мала замерка, не ми се допаѓа лажна скромност, знаев дека со тек на време ќе се покаже дали е навистина така.... нели на почетокот сакаше да биде млад татко и беше мирен дечко, а сега одеднаш обожава да оди по забави, сака промени и хип хоп и рап музика? Но не е битно, дечкото е мајстор, само не сакам глумење лудило, но му успеа кај публиката бидејќи си знае тој што се бара, скромност, паметен си е. Александра - гласот нејзин воопшто не прилега за оваа песна, без разлика колку коректно и да ја испеала. А и ми станува монотона, искрено, не ја гледам во иднина како пејачка на Балканот Харис - исто така ми станува едноличен и досаден, а песнава вечерва беше права утка за него, ни глас ни енергија покажа Тамара - ме нервира како и секогаш, џабе што отпеа коректно вечерва кога ми е одбивна и ме иритира со чудното детско и размазено однесување. А и навистина многу праволиниски ја отпеа песната. Алекса - како да не беше неговиот глас туку сосема некој друг, не знам што се случи вечерва со него ама воопшто не ми се допадна, можеби е настинат. Исто така почнува да се форсира со сила со гримаси и погледи за да ги пали тинејџерките, комплиментите го вообразија повеќе од што требаше. Лукијан - право срце е, комплетно ми се допаѓа и немам никаква замерка за него, браво за храброста да пее песна на Жељко и дефинитивно му лежат вакви песни, премногу ми се допаѓа бојата на неговиот глас, иако на почеток не мислев дека ќе догура далеку И за крај Фор Ју..... ми се допаднаа и вечерва и минатата недела, меѓутоа и мене ме иритира што Катерина никогаш не пее и мило ми е што некој се осмели да го спомне тоа, доволно мижевме. Изговорот на Кристина беше ужасен, бидејќи ако на госпоѓицата не ѝ лежи соло, навистина не знам што мајка бара на Х фактор, да се шлепа на туѓ грб? И тоа што за инат рече дека не разумела македонски само за да не одговори на прашањето, ме изиритира страшно. Имаше други начини за да одбегне да одговори. Убаво ѝ врати после Снеже кога ја праѓа дали ќе пее вечерва. Рече ќе видите..... и видовме. И за крај.... Лорин дрогирана да не е? Со покретите (и тоа мислам на раката), гримасите и стегнатиот глас така делуваше оригинал. Вечерва во дуел пред испаѓање по можност сакам да ги видам Харис и Тамара.
Даниел и вика на наркоманкава Marry Me??? ХАХАХАХАХХАХАХА ! Де бре Даниеле!!! Какви женски има ти оваа ја најде
Овие па од бекстејџ, како не знаат да се снајдат, режијата вика доста е. Оооофффф... Не можам више со плукањево, престанувам да пишувам, да не ве напнувам само.
Леле ,нека не му даваат да збори на Даниел,цела магија ја снемува. Само глупости тресе. Што беше ова со говорот на телото на Лорин?
Фрли во вода илјадници понуди за брак за Лорин. Среќен роденден Гоце?! Даниеле, попаметен си кога ќутиш. Урош е цепки кога го слушам на македонски.
Ај и јас нешто да искоментирам. За Маид можам да кажам дека вечерва беше добар, али мислам дека можи да биди и подобар, иначе за стајлинго немам збор и за убајната која си ја има. Харис убо испеа, немам ништо против него, али има и поубо шо пеат од него, така дааа...... Илма баш ме иненади прекраснаааааааааааааааа! За Бркович немам зборови преубаво испеа и прекрасна е како и секогашш. Алекса мислам дека беше подобар на минатите настапи, така да на овај не ме бендиса, некако ко здрвен ми е на сцена. :geek: За Даниел незнам што да кажам, како и секогаш не изненадува со своите прекрасни изведбиии и со неговиот прекрасен глас! Тамара арна беше, али женскана ни ме бендидувала некогаш, така да нема ни сега, сакаммм да отпадни не ја поднесувам....... 4u бравос за девојките прекрасни како и секогаш, ме воодушевија и конечно ја слушнав Катето како пее и мислам дека баш е добра. ^^ Докторите супер беа, супер настап.... Лукијан оваа вечер е неверојатен, ми се допадна како испеа и секогаш е прекрасен и се повеќе и повеќе изненадува со неговите настапи.
Добар впечаток ми оставија Лукијан и 4Ју, Даниел исто фино испеа а другиве онака оние Докторите фини беа визуелно а и Секирлика доста моќно испеа, ама неможам да ја слушам јас неа, значи само ја слушав и пак фаците нејзини во глава ми идеа и ме деконцентрира. Тамара фино ја успеа Амбрела само што сметам дека може она многу поише. А Емина после 5 лајва и текна дека таа плавата не пее, поише мислам дека и беше провокација отколку прашање. Даниеле ќути, не сте смешни ни ти ни Снежа. А Лорин е феноменален вокал, свака част, ја онака у микрофон да викнам пола озвучење ќе цркне од мака, а публиката сигурно никад више нема музика да слушне.