Катерина денес испеа нешто,јеееј! Btw,како се викаше песната што ја пееја 4U? А Лорин,пееше како да не пееше.Некако нејасно првата песна ја пееше,инаку јак глас има.
И ќе се надоврзам дека Жељко го овожавам, човек со став и самодоверба..... А на Емина не знам што ѝ е кога некој ќе даде некоја критика за било кој од нејзините.... во ѕверка се претвора, страв да те фати.
4U мислам дека печени се за дуел, или со Харис или со Бркович. Се ми мириса еден од овие тројца ќе си иде. Јас сакам Тамара, стварно нема смисла веќе ова околу неа, ама има таа гласачи и не верувам да оди во дуел.
Додека да почне испаѓањето да си кажам по некој збор.Денесшниот лајв тотална утка, џабе потршено времее, (можев да учам хемија и утре да си поспијам) Оние кои ми оставија посебно добар впечаток беа даниел, лукијан и тамара. Илма-се уверивме дека чупево има не глас туку гласиште, али веќе ми се ску*че од неа, досадна ми стана, со еден потег би ја пратила дома.И денес ми беше нешто лошо облечена. Маид-убаво испеа, али ништо фасцинатно, солдино. Бркович-девојкава стварно вреди, али не мислам дека би и ошла на концерт нејзин, језива ми е за гледање, само на радио да си ја слушам може. Фор ју-нека испаднаат, на нерви ми одат ххахаха Доктори-сосем обични денес, ништо фасцинатно и импресионирачко. А харис и алекса вечерва посебна прича.Харис=жуто пиленце иди си дома ќе те молам, толку фалширање не е на арно. А алекса кутричкиот се удаве во песната, погрда и поглупа песна не можеа да му дадат најискрено.Се држев пет минути за глава, ѓоа изгубен германец беше на сцена.Се моли емина да не го труе детево со некои безвезни песни. Посебно нешто што ми се допадна денес беше прашањето од емина кон кристина.А кристина со одговорот докажа дека за доброто на групата катерина не ја ставаат да пее, ќе ја ставеле во друг лајв, кога бе душо, коа ќе испаднете, во песна спаса можда ?
Не знам за вас, но за мене ова беше најдобрата вечер. Сите беа супер, а тоа не се случува многу често. Дури и Емина реши да си ги покрие цицките...се извинувам, градите. За изгледот, сите исто мислиме како што гледам. Маид - Супер беше. Немам замерки. Такви песни му лежат најмногу. Се додека си прави по некоја ситна драмичка, ќе оди понатаму. Харис - Не знам зошто толку го мразите. Детето добро пее. Добро, и јас не го сакам Џастин Бибер, но ова е Харис, не Џастин.Овој настап му беше еден од подобрите. Минатиот пат не беше баш најдобар, но според мене овој пат ја поправи работата. Илма - Прво, доста со шегите за брковите, досадни сте веќе. Понатаму, престанете да бидете теткици и да ги споредувате Харис и Илма со оние од Златно Славејче. За настапот, Илма беше супер. Очекував нешто поживо овој пат, ми се исполни желбата. Иако е дете, Илма е една од најдобрите. Сега, изгледот...е како од старски дом. Не можеле погрдо да ги облечат...Се гледа дека стилистот се надминам самиот. Ја направиле Илма на 13 години како некоја 60 годишна. Доктори - Супер се момците. Не го менувам мислењето за нив. Секој настап им е добар. Се уште ми се во „кошот“ на фаворитите. Само така нека продолжат. Александра - Жилава е оваа. Никако да испадне. Супер настап. Навистина беше добра. Минатиот пат не беше добра, но овој пат очекувам да се спаси. Алекса - Немам некој посебен коментар. Добар беше. Но, ова не му е најдобар настап. Во ред, нека пее вакви песни, но баш оваа ли? Даниел - Ај, сега...знаете што ќе кажам. Најдобар е. Точка. Панталоните беа страшни. Погрди не можеле да изберат. Има да победи Даниел! Двете суштества во бекстејџот (кон Даниел)... „Гоце Делчев брк“? Колку креативно... Лукијан - Погоден му е денот на овој. Супер беше. Искрено, не очекував да биде добар, но ете, знае да изненади. Сепак е талентиран. Една забелешка, Емина многу ги форсира нејзините. Досадна е. Тамара - Кога слушнав дека ќе пее песна од Ријана, веднаш помислив дека ова е крајот на Тамара. Песната не ми се допаѓа многу. Посебно ми е грд рефренот, Но Тамара, убаво ја пееше. Сепак нема повеќе катастрофи? 4U - Оо, бравоо бе Кате! Ти текна да пееш. Ако де, два збора се доволни за почеток. Добро, сепак добар беше настапот. А и го слушнавме мистериозниот глас на Катарина. Мистеријата е откриена. Навистина не знам кој ќе испадне, сите се добри. п.с Супер што Лорин е тука.
Добро бре навистина почна да ме нервира и тука а и било када кога ке прочитам за Даниел да не зборел се глупирал,сега што изводел тоа со Џими Кери ,па и Новак Џокович постојано изводи и никој не му замера ,што треба да биде здрвен ,сериозни одговори да дава ,баш е супер и баш тоа ми се свиѓа кај него едноставноста и спонтаоста ,се гледа дека човекот не пати од никакви комлекси .А тоа за скромноста изгледа некои луѓе ја сфакаат на сосем погрешен начин
Kатарина испеа еден збор да и рефренот заедно со другите, ама не е фер што Кристина во обид да се оправда како буквално да кажа дека не знае да пее, односно се договараат другите да ги пејат нејзините делови од ко ќе ја слушнат. Ако е толку лоша зошто ја ставија во групата, сигурно не и е сеедно да слуша и да чита такви коментари од сегде. А се сеќавам и на аудициите не беше сигурна во себе, ми остави впечаток кога плачеше после испаѓањето, сега уште поголем притисок и направија, ни крива ни должна.
Маид - Според мене на место е дечкото. Немам што да критикувам. Харис - Д-о-м-а. Прво да му се оформи гласот, па да се врати на сцена. Многу ми е одбивен Илма - Една од најдобрите е малата Доктори - Незнам зошто, ни овие не ми се некако по ќеф. Александра - Ептен е добра. Алекса - Преглупа песна. Емина го префорсира со шпанските, португалските. Даниел - Не дека е наш, ама стварно е предобар. Плус супер избор на песна. Лукијан - Баш овај пат ми фалшираше. И не му беше добар изборот на песна. Тамара - Песните на Ријана не ми се за пеење некако. Од тооооооолку многу песни, мораше баш Ријана? 4U - Ни многу добри, ни лоши.