Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Три непотребни работи во шоуто:
    1. Жељко
    2. Емина
    3. Снеже

    Ќе почнам со Жељко. Премногу се труди да изгледа строг и стручен, а не е. Критиките често му се неосновани, неконструктивни, а што е со превртувањето очи ако некој се одлучи да пее странска песна? Шоуто е интернационално, учествуваат луѓе од различни националности, нема место за патриотизам. Нашиве значи би требало да пејат на македонски? Тоа што упорно се труди да личи на Сајмон и никогаш досега не станал да поддржи некој кандидат веќе го утврдивме.

    Емина ги прави сите типични работи што луѓето ги прават на вакви талент-шоуа, само што ги прави постојано! Бара да и ја бакнат раката, секоја бавна песна ја расплакува, се заљубува повеќе пати на ден, и на секој втор што ќе и се допадне му нуди соработка. Она е „емоционалката“ во жирито, секогаш има по една таква, само што мене сето ова ми се чини многу извештачено, колку и таа да се труди да биде спонтана и искрена.

    Снеже, Снеже. Не знам што бара уште еден водител во шоуто, ама кога веќе има, кој ја одбрал Снеже? Клиширани шеги и коментари на сметка на кандидатите, лош хумор, и згора на тоа и ужасна фризура и стајлинг? Добога, кој ја пуштил девојкава пред камера?! Има некој кому му се допаѓа?

    Збор-два и за кандидатите. Од Македонциве, несомнено ми се допаѓа Кајмакоски, но типот не ми изгледа толку невино. Мислам дека добро знае што прави и не случајно го зазема тој став на добродушен и скромен гастарбајтер кој пател во животот. У реду е, цела емисија имаше за неговата животна приказна, но нема потреба да игра на таа карта кога е квалитетен изведувач. Заедно со симпатичната појава и puppy eyes, нема место да не ти се допадне. Лена е исто така добар вокал, би сакала да слушнам нешто повеќе од неа. Девојчето од Богданци е исто така одлично, но пишала Анушка на минатата страна, нема шанси да му дозволат на дете да победи, ќе измислат нешто. Срамота за Раденов, победи на едно шоу, што сака сега? Ако не те бива џабе ти е и да победиш на 10, веројатно е тука за парите.

    Од останатите кандидати, фаворити ми се:

    http://www.youtube.com/watch?v=sDiEKje8V7E

    Колку лесно, а несекојдневно пее човеков. Коментарите на Жељко се глупости.

    http://www.youtube.com/watch?v=DCVicuxxKyY

    Девојкава е толку мила и прекрасна, се гледа дека од срце пее, ја чувствува песната.

    http://www.youtube.com/watch?v=zHTfc6fqRi4

    Океј типче, глас што би можела да го слушам по радио станициве.
     
    На MandyLane, Hipster, Heartbeat и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Savanah

    Savanah Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    ^^^ Oxymoron се сложувам со се што наведе во твојот пост,посебно со делот за Кајмакоски 100% исто и јас мислам како тебе.се имам и јас слично како тебе изјаснето на темава една или две страни поназад
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Даниел победил на Валандово фест пред неколку години. :o

    Пак да повторам, зошто тогаш не му се отворија вратите ? Зошто сега наеднаш сите полудеа за него ? :tmi:

    Требаше Србиве шоу да прават за ние да почниме да си ги цениме нашите таленти? :fubar:

    И да, ич не е наивен. :)
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.260
    Пол:
    Женски
    Зашто никој не гледал Валандово фест, а сите гледале икс фактор?
    Затоа најверојатно. Не е до србите, до популарноста на шоуто е. Да правеа Србите некое си Сите српски песни или штотијазнам, па не би го гледала, ама икс фактор е. Исто ко нашиот идол што го гледав и ова ми го фати вниманието, само поради името.
    Ова последнава епизода глупости живи, подобро нека даваа Фатмаџул, него вака. Има пауза и во Американското, ама барем не даваат ол тајм фејворитс.
     
    На Primadonna, Someonespecial и sara3 им се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Па тоа го кажувам и јас, не го оспорувам огромниот талент, ама далеку од тоа дека е почетник и дека нема ништо снимано како што се претстави. Ама и самиот кажа он дека не е се до гласот и битно е како ќе се претставиш на публиката, па си знае тој како треба и што ќе пројде најдобро кај нас.

    А вие од 10 минути што го дадоа на ТВ, не знам како заклучивте дека е маж од соништата, дека бил скромен, добар, искрен.. Јас не викам дека е лош или дека не е таков каков што утврдивте, зашто не можам да проценам каков е од 10мин што кажал два збора извежбани за пред камера.. Вие од тоа проценивте готово, иако во живот го немате видено ни слушнато.

    И да, он има многу обиди на нашава сцена, го слушнале многу пеачи, ете со Зен песна, па и во фолк водите се обидел, ама никој не падна на гз на гласот како сега, никакви понуди немал за ништо поголемо... Сега одеднаш на Икс фактор цела естрада да собира лајкови и позитивни поени кај публиката го подржува и сака, зашто тогаш некој пеач или композитор не му понудил да снимат нешто или да му напише нешто, освен ете Тони Зен. Сега ставаат слики што се сликале со него од пред сто години, па и онаа бабата Лила. А кај беа тогаш, ако вредел тогаш нека го постават, или сега стана нешто актуелно и ајдеее сите сме со тебе...
     
    На nati44, Sarasweet, Edie.S и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Е, ова го кажувам цело време. :bow:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.260
    Пол:
    Женски
    Ммммм ипак, зошто е ова е икс фактор и го следат многу повеќе луѓе(кажав веќе погоре.). Ете затоа. На човек едноставно му е доволен еден пробив, за сите да го приметат. Никој не успеал на сцената со еден единствен настап( добро, ретко можеби), ама треба некоја шанса.
    А ова верувам дека е на Даниел. И навистина, од се срце, се надевам дека ќе успее.
     
    На Ilinaaa и drugarka им се допаѓа ова.
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Јас да ви кажам искрено сакам да се пробие Кајмакоски. Дали било глумено, лажна скромност или не, мене ми беше навистина освежување поготово што беше во иста емислија со оној типот што пееше Сакис Рувас, што се бламираше и мене ми беше срам да гледам што од кај нас се пријавува.
    Лена иако пее добро, некако многу подгрбавена ми е. И антипатична ми стана кога зборуваше. Знам дека не знае добро Македонски, ама од Аустреелија, дека била стеј хоум мам (и што значи тоа ние, не знаеме) не ми делуваше воопшто симпатично. (Можеби стереотипи за некои видови Македонци во странство кога ќе почнат да објаснуваат што има таму што нема тука и како ние ништо не знаеме).

    За Фифи, ми се помешани чувства, не ми се свиѓа како пее, ама не ја осудувам, далеку од тоа дека ја споредувам со Боки 13 или слично. Тоа што таа така се чувствува и природата си поиграла, не е за осудување, само можам да кажам дека не ми се допаѓа (како ѕвезда конкретно).

    Раденов, искрено ме разочара. Иако бев за Мики на Идол, го поштував и него, нема што, ама сега ко да не е тој истиот. Побогу, типот отишол во Белград, прави свирки, не знаеше да се снајде на сцена. :?:

    За девојката, Тамара, добра е, што знам, сеедно ми е, не сум нешто запрепастена.
    А таа Титаниум што ја пееше, па таа воопшто не ми се допаѓа. Баш ја гледав денес пак, дури и се чудам како толку пофалби, имаше некој што сто пати подобро пееше.

    Илма, многу ми се допадна, и песната и впечатокот на сцена. Нема што тука, развали. За понатаму ќе видиме.
    Дали сум само јас или некој што навистина заслужуваше, не доби 4 да, а на какви не ги дигнаа до небо со коментари. Многу пристрасно.

    Жељко сите ги разочарува. Јас разбирам дека мора да има некој строг во жирито, тој е концептот на самиот х фактор, ама да не го глуми толку Сајмон. Буквално се` исто како него прави, ги форсира тинејџерите, потезите што ги прави, ама очајно е.

    Емина, сама по себе ми е одвратна. Ако некогаш ми беше убава (вака чат-пат од по телевизија) сега ми е толку антипатична, нека не припаѓа во нествест толку.

    Кики и Кристина ми се добри со коментарите, на место.
    Не сакам да звучам негативно, но ме изненадија во лоша конотација.
    Го гледам и британското и американското (како и сите други музички шоуа, The voice ... B/А got talent), и навистина самото жири знае да направи атмосфера, и впрочем заради нив ги гледам.

    А ова нашево сега за сега заради Даниел :)
     
    На LilBaby и Hipster им се допаѓа ова.
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Сакав да искоментирам за Раденов,иако после толку свирки и учество на разни музички настани,пак имаше трема.Мислам дека тоа е така бидејќи знае дека Х фактор му е последна шанса да се пробие на Балканот,оти да бидеме искрени,доста што ништо не му се исполни од македонскиот идол,оставен е сам на себе да се бори,па ептен зависи од тие пари .Се надевам дека понатака ако има шанса ќе се докаже каков пејач е и колкав талент има.
    За господин Даниел,сметам дека се му е стратегиски испланирано,нема трошка невиност кај него,ама глас има и знае да го искористи.
    Мене фаворит ми е Тамара,девојчето многу убаво испеа,немам зборови се надевам така ќе продолжи.
    За жирито нема што да се каже,Оксиморон убаво ги опиша сите :D
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  10. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    леле бе даниел па даниел, не ни претпоставуваф дека толку ке се затрескате у него бе,дечкото пеубаво пее стварно има голем талент ама да е толку невин бе ,само посебна емисијаму направија за него :!: ,и глуми дечкото ко којзнае што да му се десило
    само рејтинг му дигате
     
    На andromedae и Sarasweet им се допаѓа ова.
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Раденов уште од самиот почеток,уште од Македонскиот Идол ми беше антипатичен.Ајде таму победи,ама што бара бре на Х-фактор ? Изгледа не му беше доволна една победа...Срамота! :x
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Лена Затковска (Заткоска, како и да е), нели ја имаше едно време по медиумиве? Многу познато ми звучи имево :?:
     
  13. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Не ми јасно што тоа глуми Даниел ,дали тоа што заминал во Виена на 5год. и му било тешко поради тоа .... ,дали тоа што кажа дека покушавал неколку пати да изгради кариера но немал успех па морал да се запосли на градилиште за да заработува самиот или па намерно не се женел за да глуми .....но нормално денес тешко да се поверува дека постојат скромни и нормални луге ,затоа што таквите луге се многу ретки во денешно време каде фолирантите успеваат ....
     
  14. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Не ги гледам сите епизоди од шоуво ама дефинитивно Даниел ми стана одвратен.
    Можеби добро пее и можеби да не го форсираа толку немаше да го имам тоа чувство.

    Искрено појавата на типов на шоуво ми е како да сака да се изрекламира јавно да трчаат девојки по него и да си најде женичка пошто нели он сака големо семејство грижлив млад татко сакал да бил бла бла бла, најверојатно досега слабо му одело па ајдее нападнааа сите "кој е Даниел кој е Даниел".

    Да, има добар глас но и девојчето што беше од Македонија извади прекрасен глас но никаде не прочитав интервју со неа, ниеден медиум немаше бум вест секој ден "кое е девојчето кое е девојчето што го воодушеви жирито" а за овој одеднаш сите почнаа па и интервјуа па и животни приказни, па патриот човекот дури сега ќе си се врател во Македонија. Уфф колку мразам вака лигави луѓе. :roll:
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    E тоа се вика X FAKTOR да успееш да се издвоиш во голема толпа на талентирани луге ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе,мора ли оваа Снеже да е толкава сељанка?
    Не..најсериозно.Ни култура нема,сака да биде интересна,на дијалект демек им збори,па и српски..
    Одвратна ми е. ОДВРАТНА.
     
    На anichka94, tea4e и Srekicka им се допаѓа ова.
  17. beliver

    beliver Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски

    потполно се сложуваам пее убаво али имаше уште многу што пееја убаво а не ги форсираа толку.
    btw слушнав дека ќе настапувал на ова се или нешто и оваа лила му барала девојка од публика.. нешто извадила некои две и им викала да си разменат броеви.. ко сите да се исфорсирани жена да му најдат хахха.
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    По рекламиве што ги дадоа за вечер ,Фифи ќе испадне.Изгледа дека и Кајмакоски нема да се покаже баш во најдобро светло,според коментарот на Жељко. :|
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.327
    Допаѓања:
    29.130
    Пол:
    Женски
    Добредојде на новите облеки на жирито. :rofl:
    Чекаме Х Фактор, чекаме Х Фактооор! [​IMG]
     
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    http://www.youtube.com/watch?v=g3LkT0ZGR6E

    Ја имаше уште порано, ама и јас како ветар во магла се сеќавам на Лена.

    Патем едвај чекав вечерва да почне Х фактор, се надевам нема да се разочарам.
    А утре Кајмаковски ќе биде кај Лила во емисија.