Емина стана крајно неподнослива бе, неможам веќе да ја гледам, сериозно. Инаку, штета што испаднаа 4ју. Мое мислење Харис беше дефинитивно полош од 4ју, му мутира гласот и ич не пее убаво, мене лично не ми се допаѓа. Кај и да е, за скоро ќе испадне, не верувам дека ќе стигне далеку.
Народе читам а ништо неразбирам ??? Што толку лошо направи Емина?? Гледам барате да му даде и а Жељко а и маж и Мустафа го спомнавте во неколку постови,дајте за нас "странциве" што немаме шанса да гледаме во живо појаснете ни што се случи
A бе што се сеќирате, кога-тогаш ќе излезат сите што не се за тука. Гледате како полека си доаѓа се` во ред. Ај нека смеат, да го стават Чато против Даниел? Глата има да им ја скршам. Има 4:0 да биде, за првонаведениот да излезе. Иначе црно им се пише. Пополека правдата ќе биде задоволена. Не целосно, ама ќе биде и тоа. ФорЈу си отидоа, Брковичка ќе си отиде, Чато ќе си отиде... После една чистка на Маид, Алекса и Илма. За Лукијан и Тамара имам некое неутрално мислење. И за Доктори, од неутрално, малку накај позитивно. А бе ќе биде.
Ее баш денеска не ги ни гледав а сакав да видам какви ќе се групите. Прошла недела ми беа едина светла точка они и машкана група,особено. Безврска е ова.
Што сакате кажете Емина точно е да е лигава, вештачка на моменти, плачка, самобендисана што и мене ме нервира ептен, АМА како лавица се бори за своите натпреварувачи. Проба да издејствува да пее Харис втор, небитно оправдано или неоправдано, таа секогаш дава неизмерна поддршка. Харис кога почна да пее со поглед како го бодреше, дечкото дали го бивало или не е друг предмет за расправа, ама она се бори за него и притоа 101 % посто вложува во тоа. Цело време додека пееше му даваше позитивна енергија и самодоверба, тоа многу значи во вакви моменти, а не само да посматраш незаинтересиран, како на пример Кики што прави. Другите ментори каде се да ги подржат своите кандидати во таков момент, не се замараат една најава да им склопат како што треба. Ги критикуваат јавно, наместо да ги фалат, а позади сцена да им речат што треба да се промени. Емина лавовски се бори и со петпати полоши кандидати од сите други успеа да опстои најдолго и пет вечери нема ниту еден испаднат кандидат. Епа лигава или не лигава, треба да и се признае дека најмногу и дошло до ова.
^Ова нејзиното преминува во непрофесионализам веќе, ги преминува сите граници. Нека погледне како се однесуваат другите ментори на вакви шоуа. Им се гледа гордост во очите, ама не се лигават вака и не рипаат беспотребно. Ако е катастрофален натпреварувачот ќе му дадат мала замерка, ама сето тоа дипломатски скоцкано, за да биде публиката свесна дека менторот ја увидел ситуацијата, а сепак е на страна на својот кандидат и ќе поработи со него на грешката. Не ко оваа, слепец. Е затоа е толку плукана. Тоа нејзиното е борба на его, не е за доброто на кандидатите. Оваа нема толку во главата, не знам дали знае и што значи зборот дипломатски, со оглед на нејзиниот вокабулар кој го опфаќа само зборот феноменално.
Ти држи вода ова, Жељко не прави ништо непромислено. Ама се разбира дека го оправдувам и да е така. Подобро тактички, отколку како Емина со церемонии.
Лукијан,Даниел и Маид според мене беа најдобри вечерва. Александра и Тамара,имаат пристојни гласови,ама до сега ни во еден лајв не им се погоди песната.А Тамара сеуште се влечка од лајв во лајв на стара слава,со don't you rememmber. Илма и Докторите имаа солидни настапи,коректно пеат. Алекса,веќе станува напорен со тој латино стил што сака да го негува.Во ред,разбравме и на претходните лајвови дека добро го баратеш тој стил,ама денешниов настап беше to much! 4You,освен Лана,никоја не ми се допаѓаше.Можеби овој настап им беше најдобар,но 5ти е,на претходните воопшто не се покажаа,така што мислам дека заслужено го напуштија шоуто. И онаа плавата не да иритира,посебно на последното интервју кога ги прашаа зошто сметаат дека имаат најмалку гласови.Друг до збор не можеше да дојде.Мудрува многу,а глас не и се слушаше на настапите.Жал ми е за Лана.Има преубав и специфичен глас. Чато,дечкото не да има одбивна фаца.. Лигаво и префорсирано суштество.Јасно е каков тип на музика му леже.Кога слушнам странско да пее,мењам канал.Се надевам наредната недела тој ќе испадне. * Браво за Ана!Чинам двапати ја зафркна Емина,ама дека оваа ограничена,прашање е дали разбра.Инаку прекрасна е,спонтана,природна и баш и личе ваквата водителска улога. Кики коонечно почна простите реченици да ги трансформира во сложени Кристина коректна како и секогаш,исто и Жељко. А Loreen..девојката има моќен глас,ама изгледаше ми како на хашиш да е оваа вечер Снеже наша..како вообичаено демотивација за гледање...
Мило ми е што Харис остана он ми е омилено мое жуто пиленце. Мислам дека без него шоуто не би било забавно и интересно Аууу се спасивме од оние гавраните лелее фала богу.
Ај за кики се слагам дека е незаинтересиран, и тоа во крајност. Ама го знаете она, се што е во крајност не чини. Демек за да ги подржуваш кандидатите треба драми да правиш и да плачеш, малку реалност не е на одмет, ко демек ние не приметуваме дека Чато немаше врска минатиот пат, а и сега. Тоа што на Емина поминуваат е поради тоа што кажав, гласат за нив напалени тинејџерки. Што им фали на Кристина и Жељко како ментори ? Златна средина, се гледаше дека му е драго на Жељко кога помина Даниел. Му беше на концерт, што не е мала работа. Демек Емина е прав ментор оти рика ко крава .
Дефинитивно не и` требаше коментарот, дека објективно гледано, Чато подобро испеал. Подобро кажи си менторка и готово. Тоа што преку цел настап му даваше некои позитивни вибрации, навистина браво. Ама тууу мач трескање од земја.
Абе дечки,really?На мене Харис ми се допадна повеќе на изведбата за спас отколку другата.4u убаво пеат,но некако не ми се усогласуваат со гласовите.Не ми се баш најдобро уклопени.Ферски остана Харис. Незнам што проблем имате со детево толку.Боље овој да ви е фаворти отколку да се лигавите по Алекса Дигнатиот Периќ.Според мене тој треба одма домче да си иде.Не заслужува внимание Неутрално мислење имам за Доктори.Всушност незнам што да мислам за нив.Океј се,просечни пејачи,ништо посебно.Позитивни мислења имам за Александра,Луки и Илма.Но Илма некако не ми е во ред што на нејзини 13 години толку ја влечат.Ке ја фати пубертет,ке и се смени гласот,што ке биде тогаш?Фаворити ми се Тамара Милановиќ(и покрај лошиот избор на песни) и Даниел. За жирито незнам што да кажам,Емина турска серија прави од шоуво,повеќе би требало да развива актерска кариера.Кристина ми е најпозитивна,најреална,најопуштена.Кики ми е океј,тој секогаш се сложува со некого,и често незнае што да каже Жељко на почетокот ми беше одвратен,сега кога не зависи ништо на него,ок ми е. Сум кажала за жирито и во други мислења,ама ајде да повторам
Е де девојки, што сте се насекирале толку? На некоја од наредните емисии ќе испадне и малиов и готово :wink:
Тука си во право. Се сложувам со тебе, ама велиш во пет лајф вечери, таа успеа да ги задржи своите тројца кандидати. Зарем не зависи и од публиката? И како 4У што се четири, и за сите гласаат како за четири, а не за еден успејаа да отпаднат? Ти се молам, 4у што имаат четири пати повеќе гласови од Харис..? Не викам дека е местено, ама стварно нема логика. И дури во финале ќе видиме дали е се во парите и Мустафа Сандал пушта некоја илјадарка, или е праведно, ако Даниел победи( а дај Боже да се случи тоа). Бидејќи ако навистина нема местенки, Даниел е реалниот победник на Х фактор и сите многу добро го знаат тоа. Фала на рефератот Фала многу на разбирањето, многу ми беше потребно.
Пуштал не пуштал Мустафа мене ми беше зборот дека им се посреќи на тие што се во тимот на Емина. А верувајте да не беше толку посветена, немаше да бидат толку гласани од публиката нејзините момци. Работи многу на нивна промоција, на самодоверба, вежбање песни, на секаков можен начин придонесува за нив. Јас доста ја критикував во изминатиов период и се согласувам дека е лигава, на моменти очајна за внимание, претеризам се плачките, ама што е најпосветена од сите ментори е факт и крај на приказната тука. Се гледа кој колку публика има, јас уште предвреме кажав кои кандидати ќе се најдат последни и не погрешив така да можам реално да проценам кому публиката му е наклонета. Многу наскоро и од Бркович и од Харис ќе се простиме.
Кој ја избрал Емина за во шоуво споменик да му кренеме кај нашиве на плоштад! Ја зезна на велико, оние кои имале "ок" мислење за неа- го сменија во надолна линија, а и со шоуво ја исфрли нејзината непрофесионалност и везе слух, бирање песна, коментрирање, достоинствено држење, прифаќање пораз/победа- со 2 збора врска немање од судија и менторство. Женава ми забоде очи 100 пати за она малку што го гледав вечерва. Ај навикнавме на лигавењата нејзини, "солзите" и глупите коментари и намигања , ама вечерва само фалеше да стане и да се тепа при гласањето. Страшен непрофесионализам! Нели е свесна дека реално го поседува најслабиот вокално тим, со деца? Тоа многу кажува ако погледне поубаво наместо да плаче и намигнува. Реално Чато е мал, среќа што пееше пред 4U, иначе ќе се онесвестеше, и кога заплаче така дубоко, тоа р знак дека неговите треба да си го земат дома. Заради ова, се бара и некоја зрелост и носење со такви емоции, моменти и стресови. 4U се поим за него, само и мене ме дирна со липтањето, и прекинав да му се смеам, како што и многу други ги " фати" на истово, колку и да било природно( а знам дека беше), сепак... Некако најдобрите вокално се истребуваат, ќе останат пиленцава испод 18... Којзнае како би изгледал дуел спас песна помеѓу Илма и Чато?
Само што го изгледав Даниел на Јутуб,браво за изборот на песната една од моите нај омилени песни во моментов,настапот му беше добар нели секогаш може и подобро ама ме изненади со мустаќот ко некое Турче ми личеше