Прочитав дека Емина му организира концерт на Жељко во Истанбул, ако е вистина тогаш се е јасно. Многу ми се избламира Жељко со гласањето поготово со она па ај малку да размислам нека гласа Кики прво па ќе видам како да гласам. Брука! Го изругаа по нетов со право...како што он кажува "Sve narod vidi"
Мене вечерва сите ми беа тапа, па дури и Даниел. Сериозно, кога ќе добие песна како што заслужува, а не само тралалајки? Досаден ми е веќе овој фазон кој не кореспондира со неговата возраст или ете можеби јас така сакам да го гледам, како пејач за посериозна публика,а не балавци. Оваа Тамара не знам веќе. Кристина кога ќе рече со тоа нејзиното светски талент... не можат сите да го видат, ми се лоши. Девојката цело време исто звучи...ИСТООО. Може да ја пее и ријана и д кренберис и шакира и бионсе и цело време ИСТО да звучи и да биде доооооосадна до плафон. А оваа Емина не ме нервира толку тоа што го збори, колку таа нејзина препиченост (ми тргна денес со зборов ) и глуматање на лепотица (и со лепотиците ). Ок сестро, те знаеме која си, подпросечна балканска кафанска певаљка што изгледаше како селанка од некое збутано босанско село. И мислам дека на крајот ги нервира тој нејзин впечаток и занесување, отколку тоа што си се бори за нејзините штитеници.
Бреее уште не можам да се помирам. Се докажа моето што бев против формирање групи, токму од вакви причини. И ако е точно тоа за концертот на Жељко, сега ми е јасно..... бидејќи не е својствено за него така да се мисли и да е несигурен, ме изненади, што значи се мислел меѓу правдата и личната корист. И како и повеќето што би направиле, си ја одбрал личната корист. Инаку, не ми делува на тип што може да се манипулира, а уште помалку од некој како Емина.
Каква промоција, какви вежбања, она не ни вежба со нив, други луѓе ги спремаат. Она од Турција преку Скајп комуницира со нив и тоа е тоа. Ниту матрици им спрема, ниту гласовно ги вежба за настапи, се тоа го вршат други луѓе. Не сте се запрашале зошто на најавните скици има секогаш снимки како вежбаат со менторите, само од Емина и нејзините нема
Апсолутно се согласувам Токму тоа го направи Кристина по настапот на 4U кога искоментира дека има што да им каже на девојките, но тоа ќе го направи покасно. А Емина претера. Да имаше малку реалност во себе ќе го прифатеше поразот. Објективно бил подобар Ова шоу се претвара во типична балканска приказна. Сега очекувам дека кога ќе биде Маид во дуел, Кристина ќе го прати дома, за да му врати на Жељко (за Даниел не би го направила тоа, не би одела против себе) Жељко срам да ти е. И уште ова. Многу ми е криво кога во минатато шоу Даниел не и одговори на Емина дека би бил најсреќен да постои таа можност сите да испеат една иста песна (нели он ги имаше сите резервирано, спремено што год)... па да го видевме Чато, Алекса и Лукијан како би испеале.
На ниту еден икс фактор во земјава конкурентите не вежбаат со нивниот ментор, ви кажувам зошто имам сама учествувано на таков формат и се тоа е само колку да изгледа дека они ги спремаа, си има посебни вокал коучи што вежбаат со нив, матриците се купуваат или евентуално прават одново и тоа е тоа.. инаку таа Кристина ич не ми е интересна, во секој момент ми се чини ке заплаче, и ич не ми е убава и мислам дека нема више што да даде.. оваа вечер ми беше најискрено најслаба, од изборот на песни, од настап, од коментарите на жирито, првпат да не ги коментираат колку фалшираа неколку конкуренти, првпат жирито беше необјективно.. И што е со носа носа жити се? па на натпревар си мајко му стара, не е таа песна на икс фактор, или со уер хав ју бин? пеење на нос и катастрофален избор за пејачка со голем глас.. се на се пропала оваа вечер.. да видиме следната дали ке биде подобро
Според мене заслужено си испаднаа 4YOU. Не дека сакав Харис да остане, ама и нему ќе му дојде редот. Му се ближи крајот. Вакво шоу не е за деца. Одма почнаа со плачење. На претходниот лајф Илма, сега Харис. Плавата од 4YOU и онака не планираше да пропее, само ми е криво што заради неа испаднаа другите кои навистина имаа добри гласовни способности. Убаво и го тупна Емина на Кристина кога ја праша зошто Катарина никогаш не пее. Мислам, редно беше некој да и рече. А изговорот на Кристина беше и повеќе од глуп. Пееле само тие на кои им лежела песната. Ако на Катерина не и лежела ниедна песна досега, што воопшто бара во Х фактор? Значи не и беше тука местото. Емина веќе три лајва по ред се брани со тоа што ногата на Харис му е во гипс. Е добро де, ако му е ногата, не му е устата. Наместо да поработи на подобрување, таа цело време ги брани и не знае да прифати критика, па на секоја дадена критика од другите одма скока во одбрана. Знам дека се нејзини, ама нека олабави малку и нека гледа реално на работите. А и ич не ја бива во изборот на песни. Илма ме воодушеви со настапот денес. Не ја сакам многу, ама што има глас има. Даниел, најдобар од сите, како и секогаш. Не дека е наш, ама стварно е најдобар.
Цела фемина частам ако дочекам да излезе глупавиот бубуљичав лигле Алекса. Не бе, не ми иде у глава како се шверцува низ шоуто со изгледот, кој барем јас нигде не го гледам, ниту ми е симпатичен, ни харизматичен, ни па пее убаво. Ај сеучи пего бре Емино ретардирана, зарем тоа е песна што треба да се пее на Х фактор? Маид и овој лигавиот нема да ги чуеме на англиски да пеат, ви гарантирам, зашто врска си немаат ни на мајчин јазик а не па некој нормална актуелна песна да пеат. Може не е срамота на португалски да незнаеш да пееш ама ангиски да незнаеш е резил невиден. Си кажав уште денеска дека вечерашниов лајв ќе е катастрофа и така и излезе. Абе еден паметен да се најдеше у целата оваа организација и да им објасни дека не секоја песна која што е брза е и денс хит. И дека не се важи ако направиш скоро акустичен аранжман на денс песна! Си направи балада девојчето и баш и е гајле. Абе толку мизерна вечер беше, чудо едно. Да не почнам со коментарите на жирито кои се однесуваат како да се глуви или потполно неписмени. Луѓе лаици знаат да дадат по конструктивна критика од нив. Кристина ја сакав, веќе и она ми станува иста како овие останативе. Најдобри ми беа Доктори и Илма. Мислам дека е време малце Даниел да се освести и да избере некое песниште и да се потруди максимално да ги засени сите затоа што ова вечерва не беше добро. Доста му беа тралалајки дај нека се уозбили малце и нека не воодушеви пак. Иако му беше најслабиот настап досега сепак пак беше за нијанса подобар од овие останатите од проста причина што сите потфрлија. Лукијан, страшно фалшираше и се надвикуваше, незнам зошто толку позитивни коментари, врз основа на што? Мизерија станува ова, пародија на светскиот Х фактор. Ќе продолжам да го гледам само заради Даниел и се додека учествува тој. Може е и време више да излезе затоа што има он талент, не е за вакво нискобуџетно шоу, нека си дојде овде, и така веќе има многу фанови, може да направи солидна кариера. Нека им победи србин или босанец, нека му направат албум ала Тропико бенд и сите среќни и задоволни. Тиња шоу!
За мене најлош вечерва беше Алекса. Се изненадив од коментарите од жирито... можеби го форсираат За 4U не ми е мака што испаднаа, мака ми е за Вања преубаво ми пее. Даниел многу грд ми беше, а песната си ја испеа. Емина продолжува да ми оди на живци. Кога Ана ја праша за кого ќе гласа и рече: „Што мислиш ти за кого ќе гласам“ и Ана и рече дека не мисли ништо и Емина: „Епа треба малце да мислиш“ - тоа беше невкусно и навредливо. И многу ме нервира премногу се занесува и драматизира, кога-тогаш мора и од кај неа некој да испадне...ех што сакам сите да и испаднат што побрзо.
4u беа добри жално што испаднаа.Чато подпросечен. Алекса лошо,многу лошо,каде бе на вакво шоу со таква песна?? Тамара ми е многу ок,Даниел си држи средина
Ајде и јас да кажам два-три збора овде на темава. Лукијан - очаен, фалшираше се пренемагаше песните ги пее како со последниот здив да нема сила, едвај пее се стега додека пее. Алекса - Златен тој, се смее на сцена како делнат некој ала Казанова. Синоќешниот live носа носа ајт чао Алекса носи се. Илма - Девојчето си пее има глас, да точно. Но, некогаш така ми иде на нерви нешто почна да се фолира. Малата палчица. Минатиот live така страшно ме изнервира кога и се случи тоа. А овој live ја испофалија абе палчица летна порасна до плафон од пусти радости и пофалби. Маид - Маид мммм немам некое оформено мислење за него. Некако дечкото имааа нешто има некој глас, но не е тоа-тоа што се бара. Што знам, барем според мене. Даниел - Даниел си е Даниел. Убаво си пее, изгледа добро, има некоја харизма и ѕвезда. Но, синоќешниот live некако (според мене) песната си е убава, но мооожело да избере или Жељко да му даде друга песна да пее. Убаво испеа, но не бев воодушевена. Најубаво ми испеа од Тоше кога пееше. Александра - Чачанска олуја. Има глас ДА има девојчето и тоа моќен глас. Ама некако со песните зарибува. Синоќа така-така испеа некако се снајде. Се надевам нареден live ќе и најде Кики или сама ќе си одбере песна за навистина да направи олуја на сцена. Некоја убава што и одговара на нејзиниот глас. Доктори - Децата убаво си пеат. Добри се според мене, некоја си тин атракција ми се онака ОК. Лабави на сцена, опуштени си пеат. Харис - Балканскиот Џастин Бибер. KILL ME !!! За детето мнооогу ми е жал. Гласот се' уште му се оформува. Дури и жал ми е за него навистина. Онаа Емина чкрапја го форсира добескрај, а зошто? Демек знае да пее, до сега никој не пеел песна од Мајкл Џексон БРАВИСИМО за Харис. Само тој и Чак Норис би се осудиле да испеат песна од М.Џ. И за на крај да ја упропасти Billie Jean. Тамара - По меланхолично, по бездушно суштество не сум видела. Толку ми е тмурна, толку ми е така бездушна. И не ми пее нешто посебно како некои што викаат што ја преувиличуваат. 4U - Хм... не беа лоши многу, но ете бидна испаднаа. Повеќето да бидам искрено сакав Харис да испадне, но што е тука е. Така гласала публиката и тоа е тоа. Ќе ја искоментиран Емина. Е значи не ја можам ама ИЧ. Препичатис. Лоша копија на Никол Шерцингер. Толку се труди да ја имитира, ама воопшто не и оди. Никол Шерцингер е Никол Шерцингер ЕМИНООООО !!! Емина ДАК ФЕЈС стајл.
Ајде и од мене: Маид не беше лош,но сепак мислам дека му лежат само домашни песни,повеќе ми е кафански пеач.Ако запее странско ќе ја утне работата. Харис катастрофа.Не се дава на секој песна од Michael Jackson.Плус,песна што треба да биде пропратена од кореографија,а пиленцево нели повредено е. Илма Моќно.Но,не ми се допадна што на ваква песна стоеше во место цело време.Барем можеше да се прошета по сцената,ако не сака да игра. Александра Б. Мнооогу моќен глас.Преубаво пее.Не знам зошто два лајвови оди во дуел.Тоа е.Како и да прекрасен настап. Алекса Му кажаа дека му лежат латино песни и сега изгледа секој лајв такви ќе пее.Треба да смени малку,иако имам чувство дека се напрега да викне. Даниел Тука секој коментар ќе биде вишок.СОВРШЕНО! Далеку подобар од другите. Ма каков подобар,НАЈДОБАР! Доктори Срцки бе.Многу ги сакам.Предобро пеат и супер се усогласени. Лукијан Добар настап.Имаше некои фалшови,ама се извлече на високите тонови. Тамара Просечно.И треба некоја песна како на првата аудиција.Да покаже што знае.Минатиот настап подобар од вчерашниот. 4U Супер испеаа.Катарина конечно отвори уста. И криво ми е што не испадна жутото пиленце.Му мутира гласот една работа,друго се расплаче,а уште не ја кажале одлуката. 4U беа далеку подобри од Чато.Емина не ја коментирам.Многу е субјективна.А од Жељко сум разочарана тотално...
Ми се чини дека Емина и Жељко сојуз си имаат направено, па кога ќе треба и Емина ќе му врати со глас. Жељко стварно се избламира, дајте ми уште време (па ако си стварно кадарен, одма ќе одлучиш). Емина можеби е добра менторка, ама ова веќе на ништо не личи. Па не се тоа нејзини родени деца. Не е фер и коректно кон другите натпреварувачи. Не се тие помајка. А, Чато испеа преслабо, покажа и докажа дека е дете и дека му е рано за вакви шоуа.
Сите зборувате како Катерина ич ни уста не отворила,а зошто зборите само за неа? Има еден од доктори (имињата не им ги знам сите) и тој никогаш уста не отворил,ништо не запеал,што не кажете за него,а?
Кој е тој од доктори што мислиш дека не запеал ништо ? Доктори баш сите имаат по некој стих во песната кои што го пеат сам по сам ,добро сеа зависи и до песната но мислам дека еднаш ја пофалија и Кристина дека добро ги усогласува за на сите да им се слуша гласот и сите да пеат барем по нешто Прегледај ги нивните настапи ќе видиш дека си грешка
Генерално шоуво на се личи само не на шоу од калибарот на Х фактор. Водителката ужас, секој втор збор и е грешен, се буни, не знае каде е , Технички пропусти кои не смеат да се дозволат. За натпреварувачите не знам што би рекла. Илма ми е врв, девојче со глас на зрела жена. И не нема да и се смени гласот со пубертетот може само да и созрее. Се друго е просек. Па и Даниел. Се уште не сум го слушнала со некоја песна со која ќе ме воодушеви. Не сум од оние кои слепо навиваат за неого само затоа што е Македонец, туку сум реална. Бира еднолиниски песни, лесни за пеење, за импровизирање ако треба. Се уште ме нема уверено во неговиот телент. Слободен е на сцена, тоа да, ама има тој уште многу да јаде леб за да се однесува како звезда а веќе се вивнал повеќе од што треба. Жирито нема да го коментирам. Нормално е секој за својот кандидат да гласа и тоа е тоа. Кристина ги доби дефинитивно најслабите натпреварувачи.
Не сум грешка.Од Доктори знам тој босанецот се вика Армин и овој што е пола македонец Урош,другите имиња не им ги знам,ама тој еден ретко кога (да не речам ич) не запеал.
Loreen,will you marry me? Spoiler Ајде бе.. Даниел наш,кога и да отворе уста,утепа работа.Па уште се разбира и од body language.. И да,не ми изгледа толку наивен како што се обидува да се претстави!
ЕПаааа вака Оваа Емина на почетоков ми беше симпатична онака, ама после овој лајф ми се згади буквално. Треба да научи да си ги контролира емоциите веќе еднаш! Неможе толку пристрасно да се однесува спрема овој малиов кога ужас испеа. Ич не му лежат вакви песни на Англиски, ако веќе пее нека пее кафански, а како што Кристина рече кафанските не се за Х фактор! Даниел Супер испеа според мене, и тоа Marry me ми беше многу слатко Алекса Можеше и подобро Тамара Се влече на стара слава, воопшто не ме воодушеви Според мене требаше 4У да останат затоа што беа 100 пати подобри!