X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто ама предчуствував дека Харис и 4U ќе се најдат на двобој и дека Харис ќе продолжи.

    За ова не сум сигурна но мислам дека Емина му рече на Харис да заплачи за да може барем еден од судиите да добие,во случајов Желљко.Со тоа би биле рамни со 4U ,бидејќи беа подобри од него.Иако сум за Харис јас да продолжи.

    За следната недела мислам или Харис или Александра Б. ќе испадни.Друг нема кој,овие на Жељко се доста цврсти,Алекса и Лукјан имаат доста женски фанови,а се знај какви се женските фанови полуди нема.Илма е еден од фаворитите така да отпаѓање нема и за Тамара истото го мислам.А Доктори ќе одат до крај тоа е сигурно :D

    И Loreen што му одговори на Даниел,прифати или одби?
     
  2. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    И јaс имaм 2-3 редa муaбет зa вчерaшното шоу.
    Aлексa. Нaстрaнa тоa што ми е лигле еве.
    Колку сaмо испеa фaлш. Очекувaв жирито пaртaл дa го нaпрaви, особено Жељко, пa и Кристинa.
    Тој дури и пофaлби доби. :^)
    Мислaм ствaрно, јaс воопшто не се рaзбирaм, a сепaк приметив, a не музички лицa кои се во жири комисијa. Стрaшно пристрaсно и непрофесионaлно. Не е фер.
    Чaто подобaр беше што се вели... Уф.

    Однесувaњето нa Еминa со водителкaтa?
    Директни нaвреди беa упaтени. Не знaм што требaше Aнa дa прaшa, или дa констaтирa:
    "Дрaгa Еминa, ти шaљеш кучи групa 4U".
    Знaчи тоa и е дел од рaботaтa, кaко другите ментори не се побунијa ниту еднaш?
    Срaмотa Еминa... Многу лошо.
    Колку сaмо сaкaв Aлексa и Чaто дa се во двобој, тогaш не знaм што ќе се случеше со змијaвa.
    Лигушкa, кaко и нејзините кaндидaти. Бррр...
    Ми беше многу ок кaко ментор, веќе не.
     
  3. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Значи искрено шоуво разочарува од емисија во емисија...
    Секад очекувам дека наредниот лајв нешо ќе ме дигне ќе ме изненади ама го нема тој момент,башка организација нула, мора нешто да им рикне, да не работат микрофони да не се слуша добро, да доцнат!!!
    Стајлинзите им се ужасни,со неколку исклучоци! Што беше тој стајлинг на Бркович вчера па и од почетокот на шоуто?? Илма исто да не зборам...
    Даниел стандард вчера, одлично испеано, добро изгледа на сцената,сигурен и светски настап-само уште стојам до тоа дека го чекам моментот кога ќе рокне со гласот т.е дека му треба песна каде што ќе има повеќе пеење! Др.некако сите млитави ми беа,која денс вечер жити се? Маид,Тамара?? Тоа ако беше денес да си пукам во колено! Алекса ништо, подпросечно ја испеа тралалајкава,Лукијан ок, а на Харис стварно веќе време му е на детево да си иде дома,прво мал е и ете видовме како со солзи го прифаќа двобојот, се уште емоционално нестабилен ( ок сфаќам има 13 год. ама реално не се покажа со песнава па и со таа претходната).
    Емина ми стана толку одвратна што не можам да ја гледам! Она со пеењето на Алекса акапела беше преливање на чашата...
    И дајте више нека прекинат да ми ги тренираат нервите оние двене гуски у бекцтејџОТ-ОТ-ОТ!!!! Мислам сакаат да испаднат смешни ама воопшто не се... :)
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Порано Тито стално викал некоја мисла која идела вака- „ Sretan je narod je koji ima takvu omladinu“, „Sa ovakvom omladinom ne moramo brinuti za budućnost“.

    Али со оваа денешнава наша младина треба и тоа сериозно да се за запрашаме каде одиме.
    Читам тука на фб и на други социјални мрежи, Мајкл Џексон немал некој глас, Маид пеел бољи од Чола, го добивме веќе балканскиот Џон Леџенд, нали на шоуво сите се подобри од оригиналните пеачи и нивниве преработки се нешто нај, вундер кидс, музиката ја открија они.

    Јас искрена да бидам не гледав нешто посебно, само во позадина се слушаа паечиве, ама па и не беа посебно добри да ти скренат внимание.
    Алекса следна песна да ја пее она Чечерерче, Густаво Лима и восе, тоа е тој стил тој став, само за такви песни ми е озбилно.
    Лукијан шта рачи, преголем акцент на медиокритет во секоја гледна точка ми е. Џабе потрошени 5 минути ми е него кога го слушам.
    Илма растура брате, тој глас греота уште од сега да го троши, фасцинантно пее,ма каква Бркович,Тамара,оваа има глас за сите жени во шоуво.
    Даниел да пее некоја песна постара од 2013 година нема да е лошо, мислам како Антена 5 топ листа е, ако така ги бира песните што да му кажам само дека монотон и он ми е.
    Мене наголем напредок од сите ми имаат Докториве, сите ми се кооридинирани, услогласени, фини на сцена, шармантни, не врскаат и гракаат, супер избор на песни имаат, има големи диверзии кај нив од настап во настап. Само они имаа она класична денс песна, Џорџ Мајкл не е мал замав ама на нив бидна паметен потег и добитна кобинација.
    Немам ништо против помладите ама сериозно утнатни дискутабилни генерации се раѓаат, и мојата не е
    ништо посебна ама дешниве ми се чудо од генерации.
    Објективно споредете го Мајкл на 15 години, песна што ја има изедувано и на Оскарите во 70тите, па проценете дали нема некој глас. Искрено не знам што ви пуштале дома вашите родители како помали и што музка слушате ама жалосно и сиромашни сте духовно ако не знаете барем 10 песни пред 2000тата.

    http://www.youtube.com/watch?v=RntxCmqQqSA

    А за Voice како шоу можам да кажам дека сите други ги става во канта за џубре, ама нема кај нас некој потенцијал кај нас за такво шоу за жири и за натпреварувачи. Нека не се ни трошат да го откупуваат, само ќе направат уште една пародија како со ова.
     
    На Izaabella, Shelea, HipHopDance и 8 други им се допаѓа ова.
  5. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Ох дали само мене во ова шоу ми фалат Damjan Djurovic и Milos Bajat.
     
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Искрено да ви кажам само Илма ми останува фаворит, а верувам дека Маид ќе биди победникот.
    Сега гледав некои од настапите, што да кажам освен дека се приклучувам на оние кои Даниел ги разочара. Не можиме да видиме талент реално, затоа што фали уште од Џастин Бибер да запее. Авичи? Сериозно? Плус што го имам истото мислење како Најубава. Ми изгледа како да глуми скромност и луѓе не знам за вас, ама јас не можам да поднесам папи поглед од маж на 30 год. сите слики што ги објавува пред да започни шоуто му се со тој кучешки поглед кој не му одговара на годините. Ми станува некако лигав, мислам дека не е толку наивен како што се труди да изгледа, ама ок. Се надевам дека грешам, ама дури и да грешам, пак не ми го бива маж од 30 год. да е толку несериозен.
    Илма има гласиште и тој глас нема шанси да измутира во нешто катастрофално понатаму.
    Маид сметам дека ќе победи од причина што сите знаеме како гласаат Босанците и колку се организирани во гласањето, а плус мислам дека од сите најмногу можи да просперира на Балканската сцена, Маид е тоа што се бара на Балканот.
    Александра не ја слушнав сеуште. За сите останати не ни вреди да се коментира.

    За Емина излишни се сите коментари стварно, не го гледав вчера цел лајв, но од тоа што видов ми доаѓаше да :puke:

    Едит: Докторите биле супер. Од лајв во лајв звучат се подобро и се согласуваат. Браво за дечките, од нив најмалку очекував.
     
    На anuskaNESTLE, Adi888, marijaz и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/photo.php?v=74 ... =2&theater

    Која радост кај Лукијан дека ја запозна Лорин мислам подмочување! :lol:
    Јес да им одржа на сите лекција како се настапува во живо! ;)
     
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.710
    Допаѓања:
    38.100
    Пол:
    Женски
    И јас да си кажам збор-два за шоуво(ако може така да се нарече)...
    Прво, организација, НУЛА! Судиите(менторите), не знам дали се сеќавате на еден лајв, кога даваа критики и мислења, баш онака како што мислат и како што кандидатите заслужуваат. Потоа се слушна од кандидатите(најмногу од Тамара плачката, дека биле премногу строги и демек тие се почувствувале навредени) Е од тогаш па наваму, судииве се благи како турска баклава. Не верував дека Жељко ќе издрже сношти и нема да прокоментира барем за неговата песна, но не, кажуваа само пофални зборови. е само на Емина и пуштам рака, вредеше коментарот за Катарина од 4ју, и Кристина не знаеше што да и одговори.
    Кандидатите, од емисија во емисија полоши бре. Тамара, не можам да ја смислам, дали не и лежат песните, но никоако не ја видов во такво светло, како на аудицијата. Харис, не знам зошто уште е тука, со Дино Мерлин ја у*ра работата до крај, сношти полошо. Лукијан, ми е успорена снимка, како батерии при крај со работа, и сношти не ми се допадна. Алекса, на стара слава со тоа Шпански заводник мислат со Емина дека ќе го освојат светот со овие нивниве песнички. Илма, дете со гласиште, единствено ми смета стајлингот во кој ја уништуваат нејзината младост и убавина. Даниел, супер, ама може да направи поголем бум, очекувам нешто такво од него. Маид, ок, Жељко работи тактички со него, избираат домашни песни, зашто само такви му лежат, за да остане подолго во шоуто. Александра, мислев дека има најмоќен глас, но вчера некако како зарипната ми беше. Докторите, имаат големи шанси дкеа ќе бидат меѓу првите во шоуво и 4Ју немам коментар, добро е што си заминаа можеби не требаше овој пат, но тоа е тоа, за Вања ми е криво,девојчето навистина имаше што да покаже.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не знам зошто сите ги прогласувате за турбо-фолкери или кафански пејачи.
    Никој од овие не е ниту турбо-фолкер ниту кафански пејач. Сите се до некаде талентирани.
    А и песните што ги пеат не се такви. Досега никој не пеел баш онака, кафанска песна (а се надевам и дека нема да пее).
     
  10. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Незнам што толку сте се запнале во жирито од кај знаете тие што мислат? На 4у ова му беше втор пат да бидат во дуел и реално требаше да си одат. И онака дали наредниот лајф или понаредниот ќе си заминеа.
    Воопшто не се возбудувам толку за шоуто и онака еден на крај ќе остане сите други ќе летаат, за тоа и се борат нели? И ни најмалку не е битно кој ќе победи, како што е случај со сите победници на ваквите шоуа бидејќи после победата ги нема а другите си прават кариера. :!:
     
  11. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Иако Емина самоуверено и гордо се појавува во секоја нова емисија и се труди да ги воодушеви сите со својот изглед, не секогаш е уникатна.
    [​IMG]
    Вчерашната црвена луксузна тоалета која ја носеше, сепак не е со специјална намена за неа во шоуто „X-фактор“.
    Долгиот фустан е дело на модниот дизајнер Озгур Масура, а првпат го има носено убавата турска глумица, Фахрије Евџен, попозната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“.


    Еве Емина кого копира :!: :P
     
    На tace73, mileystar и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто за што жалам е што сигурно некој ке победи поради изгледот не зашто убаво пее.Таква е реалноста,во секој случај се гледа изгледот.Или Доктори или лиглето Алекса ке победи.Друго нема.Само по нив е луда женската публика,а како што кажаа погоре,се знае каква е женската публика.Што мислите зошто Џастин Бибер,Ван Дирекшн и сл. се познати?Нема правдина на светов,нигде :) А реално да зборуваме никој од натпреварувачите не е нешто посебно,сите се просечни и има милиони на светов со слични гласови.Еве ке ги издвојам Александра Брковиќ и Тамара Милановиќ.Ајде да речеме и никој неможе да пее како Илма,на нејзина возраст.Да би морала да бирам кој да биде победник,би го одбрала Даниел.Не само што е наша националност,и поштенка никогаш не утнал.Алал да му е на човеков,ама стварно.Тој е потецијален победник на икс фактор,како што рече Кристина.Туку мене баш ме интересира што песна ке избере Тамара за следниов лајв.Она неможе да си земе за в памет дека не и одговараат песни од Ријана.И требаат некои балади,како што реков.Утка е со песните ама сепак има премоќен глас.Исто така ме интересира за Лукијан.И на него му лежат балади.Епа ајде,се очекува наредниот лајв.
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Фифи не истрола или? :D
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Мислам не, бидејќи наслушнав дека на ВИП забавата ќе имала настап не на галата. Јас така разбрав.

    Мене па понашањето на Харис ми е супер. Толку мал а толку неуфилман. Баш е воспитан и забавен. Мене Илмето ме нервира. |(

    Инаку најдобри ми беа Брковиќ, Маид и Даниел. Не знам што толку на Маид-а маана му најдоа, забавен е човекот навистина, е сега кафански или не, секој беше кафана у одреден аспект и одредена емисија, па само на кутар Маид не му се прости како на Секулиќ-ка што не и` се прости изгледот иако стално дефилираа помали и поразголени од неа. :D

    Ја не разбирам искрено што се`уште Тамара бара тука... колку подобри од неа заминаа... |( Oна и Илмето ич не ми се допаѓаат па тек кога имаше инсерт како заедно седат на маса и муабетат... :lol:

    Или Лукијан... зошто му се простуваат сите тие фалшови не разбирам...

    Искрено баш ми беше мило што излегоа 4U, не ни сфаќам што бараа тука. А највеќе ќеф ми е затоа што Катарина и` се брецна на Снежана „ја не разумем“ :puke: Ете, сега „си разумела“. :D
     
    На Ilinaaa, LaDyDoLl, Femina777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    124.282
    Пол:
    Женски
    Емина никој не копира туку со овој дизајнер соработува уште од времето кога ја снимаше серијата Поле на лалињата. Исто со него соработуваат и Фахрие Евчен, Берен Саат и многу други глумици во турција затоа што тој ги има облекувано во сериите Кога лсијата паѓаат и Забренате љубов ( притаени страсти кај нас).
     
    На Emotional123 и tessie им се допаѓа ова.
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ај и јас да шкртнам по некое зборче :D

    Изгледа Емина го учела на Харис како да плаче,дека нели многу е искусна во тоа...
    4U вчера беа далеееку подобри од Харис.И се знае зошто Жељко гласаше за Харис,за инат од Кристина,да и се одмазди за Маја и Младен ]:)

    Поодвратно човече од Лукијан нема!Куферите и дома,одма!!!
    Боже,знае ли нешто да каже освен да се смее како ненормален ? :^) И дај штом веќе помина понатака нека научи веќе еднаш како се држи микрофон во рака или неколку чекорчиња низ бината.

    Даниел како и секогаш растури! Уште еднаш докажа дека може да испее секаков вид музика :clap:
    Маид мене ми е супер,баш има глас и енергија која ја пренесува.

    Доктори беа добри.Пред неколку лајвови ми беа многу досадни но од лајв во лајв го менувам мислењето.Како група се добри, и Кристина се залага многу за нив,но сепак група како група за победник не е .Ова е шоу каде сите треба посебно да си го покажат својот талент...Инаку нивните гласови ,на сте петмина,многу им се совпаѓаат гласовите ,што е добро за една група.

    Бркович искрено требаше да отпадне наместо Секулич.Ауу па што е ова,на почетокот знаеше да згрми со една песна,но сега што и е незнам.

    Илма беше добра,но пак ќе кажам дека сеуште е мала! И таа и Харис да си се вратат дома и да не зафаќаат повеќе место зошто навистина им е сеуште рано за ова.

    Тамара беше одлична.Како и сите,мислев дека нема да се прикаже најдобро заради песната која не е баш нејзин стил,но напротив беше супер.

    Алекса е добар ,повеќе му лежат странскиве песни.И мислам дека покрај Емина,овој ќе стигне далеку и на крај ќе му биде конкуренција на Даниел. |(

    Тамам си помислив дека стилистите се подобриле ама покрај вчерашните стајлинзи НЕ! Особено со женскиве,како за на карневал облечени.Која катастрофа! :puke:
     
    На Eci15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Вчера требаше да замине Чато. Детето не е дораснато за едно вакво шоу. 4у вчера беа многу подобри и во двете песни
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.624
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    Добро што испаднаа 4U.
    Не се докажаа за ова време што беа тука.
    Харис не е воопшто невоспитан и некултурен, само лошо е што плаче често. Изгледа вие не сте виделе некултурни деца досега :D
    А знам дека и јас би се расплакала ама ај :D
    Би требало да искочи и Тамара, не ја бива за тука. Има глас ама не се снаоѓа добро во задачите и ниеднаш не се покажала.
     
  19. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Еве и јас да прокоментирам, поттикната од едно мислење погоре, дека Емина ги бранела своите штитеници како лавица. Епа драги мои, се што може да направи еден ментор, е да ги одбрани во самиот старт своите учесници, со тоа што ќе им одбере соодветна песна, која ќе може да ја изведат без грешка, да доведе се до перфекција, матрицата, сценскиот настап, кореографија и слични работи (за кои и не сум баш најкомпетентна да зборувам), и сета таа работа ќе се види. Сладствено на тоа, доколку целата изведба на песната е совршена, нема да има потреба од "бранење", т.е. оправдување на нивните грешки. Баш ми е чудно како само на мазите на Емина нешто им е непогодено: ногата му била скршена, најмал бил па нека настапува втор, матрицата била побрза, тонците се криви и така во недоглед???
    Исто така, често споменуваниот, Алекса, мене ми личи на краставица. Значи нема глава и врат како посебни делови, туку глава+ врат- краставица. :lol:
    Нашиот Даниел е навистина потенцијален победник, но изборот на песни не ми се допаѓа. Тој ги изведува навистина супер, но таквите комерцијални песни не ми оставаат впечаток, поточно ги слушам, и во наредните неколку минути го заборавам ритамот...
    Маид исто така ми се допаѓа, според мене и тој е еден потенцијален победник. Некои велат дека претерува со неговото движење на сцена, но тој има таква ѕвезда, на сцена му е местото, во споредба со останатите, кои се наплашени и како некој со пушка да стои позади нив, така се здрвени.
    Овој настап на Илма беше најдобар до сега. Баш беше опуштена додека пееше, песната одлично ја испеа, најдобро се покажа минатата вечер.
    За останатите немам некој посебен коментар, нема потреба да коментирам за нив, онака просечни се.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за муабетов Нена. :bow:

    Малиот е баш прибран и знае да се понаша, не ко Илма што го обвинуваше Кики за утнатиот настап.

    А за Емина, сличниот ремет на Секулиќ шо и` го правеа, што да правиш. Делумно и од сличните причини. Барем е ментор во права смисла на зборот. Си се бори за нејзините, ги бодри, и тоа што игра додека пејат го сфаќам како поддршка. Од кај на кај муабет дека кокетирала со толкицки деца. Па и таа има синови... Супер си е. Ме вади од такт нејзиното неразумевање на македонски, но за другово си е океј.

    Aбе реков ја, ко на Секулиќ шо и` извадија муабет дека кокетирала со жирито. :rofl:

    4U конкуренција на Даниел и Маид. :x :x :x Сериозно ова? Не сме глеале иста емисија изгледа.