Ајде една сума сумарум да направам за вчера Шта речи, а не заплакати за крајот девојките реално го попапаа за вечера и затоа малиот се расплака зошто самиот сфати дека е печен за одење дома, гласот му е ептен детски, ако затворам очи и го слушам ќе сум во дилема дали пее женско или машко, а инаку арно беше детето во однос на однесување и држење на сцена во однос на Илма или како што јас ја завикав Илда ми е скроз на скроз умислена, а вчера аутфитот и беше ко мало теткиче мислам стварно, еднаш не ја облекоа како што треба, мала дигресија, ако не ме лажат очиве или па од што посакувам тоа да се случи, ама мислам дека вчера и го имаа тргнато фамозниот брк и тие две-три ленти veet со брк конечно завршија во ѓубре Нашиот си е стандард добар, малце се кикса кога зборува ама му прогледувам на едно око Алекса да го пратиме на одмор во Шпанија, па во Бразил, бар да се испрошета детето и да се изнаслуша таква музика, нас овде ни е доста од тоа Лукијане Лукијане, се на издеравање ги тера, не го бива не! Маид ко Маид има енергија и симпатичен е, ме фаќа на шарм некако Докторите ми се некако се подобри, како за група ми се добри, интересни некако, ми го држат вниманието од минатата емисија па наваму, пред тоа не ги регистрирав Бркович ми се допаѓа бе девојчето, има некоја специфика во неа, мене ми е добра, она ми е Синди Лопер и по висина и по изглед и по глас Ау ќе ја заборавев Тамара мамара, абе девојчево треба да вежба однос со микрофон кога се поставуваат прашања што се дава за одговор, исправи се, стегни се, заличи малку, а не флегматичност и рамнодушност Мислам дека то би било то дека никој не заборавив.
Што ти е јасно жити се? Се омажила како цел нормален свет и се развела како и другите. Во кој свет ти живееш? Што сакаше да постигнеш со коментаров? Што сакаше да покажеш дека е јасно? Жената е успешна, со изградена и успешна кариера каква многу не постигнале, среќно мажена, со деца. Живее исполнет живот каков што многу немаат. А грешки прават сите па и ти па и јас и те молам не лупај глупости тука јасно и било на неа нешто.
Досега само Даниел, Лукијан и Илма фор ју - па мислам дека и редно беше да си отиде, кога би ги споредила со Харис ни тие не се подобри ни тој.На што личи групата која ја имаа еден без тројца што се вели...Таа плавата пак глас не пушти...А и не им е прв пат на двобој да се...Како и да е не се секирајте, Харис секако ќе излезе колку и да го брани Емина џабе е. Уште еден преку сила уште два настапа да е, толку и од него Илма има многу моќен глас браво за неа.И да победи и да не победи секако ќе има блескава кариера понатака. Од Тамара очекував многу повеќе, едноставно не се покажа во овие настапи досега, ама дека има глас има.Маид онака убаво испеа. Ако треба да излезе некој следниот вторник тоа би требало да биде Харис, а и заплака Може Илма таква онаква, ама барем не е заплакала во живо Спојлер За сликава со Емина и Неџла, Неџла е поубава
Незнам дали вчера приметивте кога Жељко му рече на Харис „Стварно не ми се допадна кога почна да плачеш“ И Емина одма „Па он има само 13-14 години“. WTF? Па што ако е мал. Во животот се добива и се губи. Не е мал за да го научи тоа. и мене лично не ми се допадна што плачеше, па стварно не беше професионално!
Што рипате одма вака со напаѓање не ми е јасно? Сакаше да каже за концертот што го организирала Емина за Жељко, па затоа и неговото гласање вчера. И Теси, морам да ти кажам дека досадна си веќе со тие причини што ние ги имаме против емина и инсинуирање дека сме и љубоморни зашто сме грди. Мислам дај озбилно, може некоја ги брани Емина и Александра зашто сака да се поистоветува со нивната наводна убавина и да си го дигне сопственото его, демек и самата е лепотица. Ако одиме веќе во толку длабоки психоанализи, работите секогаш може да се гледаат од две страни.
Мислам Илма треба да излезе во вторник зашто се гледа у филм некој влезена е и треба некој да ја извади од тоа..а за облекувањето,фризурите и шминката немам коментар..УЖАС ко тетка ја прават Даниел и Маид беа супер како секогаш...Алекса,Лукијан се едно исто вртат до Емина е излгеда..Харис ептен гласот му е како на дете,не му е созреан...Александра и Тамара ништо посебно не се Според мене Маид и Даниел се печени за победа
А што ви е толку чудно ако Емина му среди на Жељко да направи концерт во Истанбул? Мислите дека Кики, Кристина, Жељко и Емина не се пријатели позади камера и дека вистина се караат онака Жељко и Кристина. Аман тоа е шоу!! Утре може Жељко песна на Емина ќе и напише или него Мустафа Сандал и сега ајдееее удри Емина ваква таква. Мене жената ми е баш ок. Исполнета жена, со функционален брак, две дечиња, реализирана во кариерата. Мене за мој вкус ми е убава.
Мене од на Емина групата сите ми се страшно многу уфилмани, посебно оној Лукијан. Па што друго можат да научат од својата менторка. Мислам дека далеку ќе стигнат бидејки премногу ги форсира. Алекса само знаа да ја отвара устата и да се смее, тоа ги пали девојките па телефоните во рака и гласаат за него. Лукијан добро пее само домашна музика, а кога пее странска песна неможам да го слушам искрено. А за убав и харизматичен далеку е од тоа, се чудам навистина што гледаат во него, но добро секој со својот вкус. Илмето па баш ми е слатка и не мислам дека е дигната, девојчето е мало но има многу моќен глас и свесна е за тоа. Тамара никогаш не ми се допаѓала ко здрвена е на сцена и пее сосема просечно. Доктори ми се феноменални, со секој нареден настап се повеќе ми се допаѓаат. Даниелчо наш има се што е потребно и според мене е најкомплетен, секогаш се покажува во најдобро светло, само пофалби за него. Маид и тој исто како Лукијан мислам дека му лежат само домашни песни, но тој пак од друга страна е симпатичен, харизматичен, знае да направи атмосвера, знае како на сцена, мене тоа ми се допаѓа.
^^Никој не рече дека е чудно. И убаво што ти е Емина убава, јас мислам дека не сум рекла нигде дека е грда, туку дека е лигава, а и појаснив поназад зошто не ми се допаѓа како ментор и зошто сметам дека е непрофесионална. Некако секогаш испаѓа и физичкиот изглед да се умеша, а тој ама баш нема никаква врска со неа и нејзините менторски способности.
Ај и јас да дадам коментар за вчера Тамара - Не беше толку лоша како што мислев дека ќе биде, кога слушнав дека ќе ја пее Umbrella, напротив, добро испеа. Приметив дека многу често ги дига веѓите и смешно ми падна Маид - Уште еднаш докажа дека знае да пее само народно. Мислев дека ќе го видиме во поинакво изндание, ама ништо... Воопшто не ми се допаѓаат такви типови на гласови, искрено и се чудам на мајка ми како го пушти гласот до даска и почна да игра Маид како теби иде македонски? -Да Илма и Доктори растурија, добар избор на песни. Алекса убаво испеа, ама ја немаше таа енергичност кај него, како минатите настапи. И се чудам како претходниот лајф не му се здрви устата, цело време овака му беше Даниел - Има ли потреба да зборувам? Прекрасно испеа, само можеле да му дадат некоја песна со која повеќе ќе се истакне. Жал ми е што испадна 4у, ама жал ќе ми беше ако испаднеше и Харис. Веќе не можам да изберам кој да испадне, сите се талентирани...
Мене тамара ми е како дрогирана, како да не е на сцената ко да лебди некаде.. Не ми се допаѓа не знам што ја форсираат толку. rainbow јас во сите коментари се изначитав толку навредливи зборови за женава тоа чудо нешто. НЕ ми е ни род ни роднина ама па да ја ословувам со курва, ваква таква мислам дека е претерано. Ужас! Таква е каква е ама си ги турка нејзините. ЈАс имам замерка за Кики. Воопшто не се бори за своите. Само Илма и Тамара ги протежира.
Ме нервира тоа што Емина упорно нагласува како нејзините кандидати ете и покрај проблемите упорни се и пеат феноменално, еве на пример како Харис бил повреден па пеел. Па со палецот од ногата не го држи микрофонот Боже сачувај. Не само за тоа, него општо. И на секоја критика упатена кон нив се контра. Јес да како ментор треба да ги брани ама аман бре што ги разгалуваш подобро да слушаат критики и да се подобрат отколку да летаат во облаци. А Лукијан е типичен пример како славата може да го промени човека. Веднаш почна нешто да изводи да се лигави. На почетокот беше како аутсајдер (пред воопшто да почне Live шоуво) дури не ни знаев кој е бидејќи не ми остави никаков впечаток и сега наеднаш нешто изводи. Тоа најмногу ме нервира кај луѓево... И као нисам дошао да победим, није ми битно, а ако не пројдат плачат...
Теси зошто да го напушташ форумов? Реинбоу и другите се пример дека на народот никој никако да им удоволи. Прво им смета Емина. После кога им даваше жирито позитинви коментари на лошо испеани песни и тоа им сметаше. А после кога Емина и рече на плавата дека конечно ја слушнала, тука читав коментари дека тоа било подбуцкување и сл. Никогаш нема да разберат дека ако некоја жена е успешна и убава, дека сама го атекнала тоа. Мора да е курва, со курвински погледи. После читав коментари од типот-сигурна сум дека Даниел ќе ја легне Емина. Невкусни шеги, навредувања и глупости, е тоа се вреднува на темава, другото е небитно.
Хммм, океј штом така. Шоуво поглупо не може да биде веќе, ќе се размислам дали да го гледам понатаму воопшто. Башка The voice почнува на 14ти, тоа е нешто за гледање, со успешни, убави жени кои не се лигават и знаат како да бидат одлични ментори.
1.Даниел- кој што сака нека каже,ама не го сакам човеков.Не дека го мразам ,али ама ич нема ни харизма ни ништо.Убаво пее да ама кога ке ја отвори таа устата ,пример вчера тоа за бркот ....Ми се темни со неговине глупости+ ме нервира што глуми цело време наивен,тивок таков изгубен. 2.Лукијан-Има големи шанси да победи,иако искрено не ми е ама баш ништо посебно.Океј е не е лош.има харизма,просечен глас.Повеќе се вади на убавина. 3.Алекса-бре ужас невиден ми е овој,па уште се чудам како на некои може да им биде убав? :О Спојлер не ме тепајте одма .Не дека е лош или нешто ама не ми се свиѓа ама ич ни со изборот на песните ни гласот не му е ништо посебно. 4.Харис-иако ме нервираше,стварно жал ми падна кога го видов како плаче вчера,греотка.Стрес невиден е тоа,реално не ми се свиѓа гласот, но не е уфилман. 5.Тамара-лелеелелел мн ми е одвратна ,ко умрена ко да ја тепале пред настап,цело време е без душа.Слаб глас има. 6.Маид-Еден од подобрите,не е укочен,весел е,опуштен е не само кога пее него и муабет кога прави се гледа дека нема воопшто трема,искрено највеќе Х фактор ми има он. 7.Доктори-океј беа убаво пееа,иако минатиот настап беа по добри.Ама сепак сметам дека не треба група да победи. 8.Илма-предобро испеа како и секогаш, и не беше укочена воопшто. 9.Александра-има специфичен глас,но сепак треба да си замине веќе.Антипатична ми е малку,иако добро испеа вчера. 10.4уоu-убаво испеаа вчера,и двете песни беа добри.Но минатиот настап беа подобри,и изборот на песна беше подобар.Но сепак ќе испаднеа дали вчера,дали нареден вторник.
Еве ги моите впечатоци: Искрено ова лајф шоу најмалку ми се бендиса од сите останати, во глобала за СЕ! Организација 0,ова го кажав уште ко почна шоуво и не е ништо ново за мене.Очекував дека ќе се случи некоја техничка грешка и сл, впрочем им стана навика Ок,да речеме дека разбираме дека се работи за настан во живо.Но сношти кај мене ја немаше онаа возбуда како претходно,немаше нешто што ќе ме воодушеви.Изведувачите не беа нешто нај.Сите беа онака просечни да кажам.Знам дека сите можат да дадат повеќе од себе, за жал сношти тоа се случи во мали размери. Александра-Понеделникот реков дека ќе испадне.Сум згрешила.Девојкава сношти супер се претстави за разлика од минатиот пат каде што беше очајна и се изненадив онака. Тамара-Ок беше, можеше подобро,макар песната е таква па можеа некоја друга песна да и дадат Лукијан-Ок.Ништо посебно. Даниел-Добар беше.Прекрасен избор на песна.Преубава сценска изведба.Се на се беше добар но повеќе ми се допадна на претходниот настап.Си гласав пак за него Илма- Ме изненади доста позитивно и сношти таа и Даниел беа најдобри.Прекрасна вокална изведба.Не ми се допадна костимографијата,дефинитивно. Алекса-Зашто бре Алекса?? Неговиот глас воопшто не му прилега на ритамот на песната.Вокално беше така-така а што е најтрагично од жири му рекоја дека ова му било најдобар настап.!? Харис-Вечерва ми се допадна повеќе но кај и да е за 2,3 лајва и тој ќе испадни.Мора 4Ју-Добри беа, ништо посебно.Можеа да останат уште еден лајф Доктори-Не беа нешто посебно но сепак добро се извлекоа Маид-Мене ми стана досадно да го гледам во исто издание, секоја вечер.Чола па Чола.Баш сакам да го видам со некоја англиска песна,знам дека ке ја истепа песната ама просто сакам да слушнам како ќе звучи,можи ќе изненади.Убаво ја испеа иначе песната. Значи незнам за вас ама мене жирито почна на живци да ми оди.И кога треба и кога не треба да се фалело.Лошиот настап на Алекса бил еден од најдобрите негови настапи.Дали бе? Емина нека престане да ги прави она фацките,дека иритира и нека се понаша малку посериозно,па не сме во диско бре,на телевизија сме.Хвала ти што постоиш
Па некогаш размислувам затоа што ми се ставаат зборови во уста што не е фер. Никаде јас за никого на форумов не сум рекла дека е грд ниту пак дека мора да му се допаѓаат одредени луѓе. Но само поради изглед да добиваат епитет на ку**и/стриптизети и слични невкусни коментари и шегите што ги наброја погоре, навистина не е на место (барем според мене) и некогаш на такви коментари и реагирам. Но ова е последен пат. Барем во темава.