Жени бе, во пубертет не сте веќе одамна, за климакс рано ви е, што ви е не ми е јасно и за што се карате. Премногу ама премногу лично си ги сфаќате работите како да некој ваш да се бори во шоуво. Уште да не се зафркаваме и да не пишуваме тука глупости ич да не постои темава. Шоуво е за забава, а не за кавги. Не знам браќа/сестри да ви беа во шоуво немаше толку увреѓени да бевте. Дајте малку чил аут и гледајте за забава а не тука да испукавате цел кулминиран бес.
Можеби не се покажа во најдобро светло на последните лајф,ама Лукијан и е најдобар вокал на Емина,башка нема лош глас,само му треба вежбање и контрола и јас искрено го гледам во последните тројца. Оваа изведба му беше беспрекорна. www.youtube.com/watch?v=IKpNXIE2BYc
Моментално Икс патрола е во тек. И имаше дел кадешто Даниел вежба песна и кореографија и изјавува дека не му се допаднал изборот на песна..И после настапот дава интервју(цитирам):'Задоволен сум од настапот,тоа беше една од моите омилени песни'.. Спојлер Кој лицемер
Не плукам јас по никого,туку само кажав мое мислење за дотичниот. Спојлер Се извинувам ако твоите патриотски чувства на било кој начин ги повредив.Не станува збор да го величам дека е Македонец,туку да гласам и фаворит да ми биде најдобриот според мене. И те замолувам,не ме прозивај веќе
Па и мене песната ми беше омилена, ама не сум задоволна зашто Даниел беше вообичаен на настапот Изборот од Жељко беше побезболен, зашто тој го познава неговиот квалитет, а ги знае напамет и другите, така да, лесна песна, нема шо да се напрега и докажува КАко ментор постапува на тој начин. Барем ако ништо повеќе Даниел си ја има харизмата и досега барем не не разочарал(сега зборувам за неговите фанови, секако ако тебе некој друг ти е фаворит, ќе си кажеш за него), си ги тера лесно песните. А дека му фали таква песна, што ќе распали и ќе ги удри од земја малце другите, му фали. Ама ќе си почекам јас. Зашто за мене и онака е најдобар досега. Ко ќе застане некој онака да ја барата сцената, рака ќе му пуштам. А дотогаш ќе си остане Даниел мој фаворит Туку, на последниот настап баш ама баш ми се допаднаа Докторите, супер песна, супер изведба, и мислам дека единствено тие ја доловија барем малце темата што им беше зададена Другото ми беше се под просек, значи ако не и најлош лајв досега. Како и да, после сите глупости што ги гледам, од организација, до таму некојси држачи за чешми по вецеа , ова од шоу го направија пародија Сајмон стварно да си касне од газот за ова што му го прават
Armin Malikic Mi bi voljeli svim srcem da nam se vrate cure ... Podrzite 4U vasim lajkovima Peticija - Vratimo 4U u X Factor's photo. Peticija - Vratimo 4U u X Factor Public Figure Like Page 3,361 likes Like · · Share · 8 minutes ago · https://www.facebook.com/pages/Peticija ... 9395768966 (знакштосекрсти)
Да не се разбереме погрешно Јас се согласувам дека моментално Даниел е најдобриот вокал во Икс фактор. Зборот ми беше дека неговата изјава е многу контрадикторна. Спојлер И ме асоцираше на лицемерие
Ама очекував баш од тебе, дека ќе ми реплицираш, додуша очекував многу контра реплики според моето мислење секогаш ко ќе пишам за Алекса дека е океј ти одма контра реплика маваш Ах леле. Не ти се допаѓа ок, моето јас си го кажав И не фаворизирам никој сите таму имат шанса да победат И овде ќе ја цитирам Neytiri кој патем го кажа се она јас шо го мислев
Јас мислам дека Емина ги има “најлошите“ кандидати за Х фактор. Не знам заошто го форсираат Алекса од кој јас не чув ништо добро освен овие шпански и португалски песни кои ги пее на сите настапи во живо. Посебно да ме освои нешто до сега - Ништо ,освен што е симпатичен дечко и просечен пејач. На Харис местото не му беше тука на тие години. Не дека нема глас,ама гласот му е најдобар за севдалинки како што на почетокот му рече жељко. Го пробаа со Френк Синатра - имаше трилери како за народни песни(севдалинки), го пробаа со Џастин Тимберлејк - ништо, го пробаа како Мајкл Џексон - многу бледо изгледаше Били Џин, пробаа со песна за спас на “матерњи“ - и тоа беше бледо....има глас ама пее детски, како “ни машко ни женско пеење“. Се сеќавам на почетокот кога Жељко побара од него севдалинка, многу паметно му рече - Пеј си што ке си пееш, твој избор, ама ако сакаш да бидеш успешен треба да си пееш она што ти “лежи“, а тебе севдалинките супер ти лежат. Верувам, ако по некоја случајност победи заради фанатизмот за гласање на босанците, од него никад нема да биде популарен пејач и дека како Аднан од Операција триумф, ке си заврши како пејач на севдалинки на свадби. А за Лукијан што да кажам..... како ни он самиот што не знае за себе ништо да каже така и јас.....има глас,ама не да те поткрене од место.... И големо чудо до сега е што сите изгубија по еден од своите, Жељко дури и два кандидати а она уште ги држи незините. Ке почнам да верувам дека се е наместено...... _________________________________ За кандидатите на Кики сакам да кажам исто така дека Илма добро пее,ама местото не и е тука да ја праат “певаљка“ на 13 год. со шминки, фризури и облеки кои не и личат само затоа што добро пее оти е мала. Цела школска година од основно си пропушти малата со Х факторов. Тамара ми е како Алекса...истото па истото....ако им дадеш нешто друго да пеат како да паднале од марс.... Меѓутоа Александра Брковиќ ми е ВРВ за глас и добро пеење.....е сега праела фаци...имала бркови....зарипната била.....и не велам дека ова што го напишав е грешно...ДА, прави и фаци и бркови и зарипната ама пее бе женската па растура.... Ај да ја чуеме Тамара или Илма “затнати во грлото и носот“ како Александра и да ја изведат песната до крај како незе..... _________________________________ За оние групине на Кристина ич не сакам да коментирам оти ниедна не ми оставила впечаток до сега, ни “Фифинелите“ со Н20, ниту 4ЈУ (која пее која само вика аааа,јееее.... ) исто и за Докториве, мислам дека и таму како и кај женскиве само еден ја води групата а другите се ааааа, јеееее....... _________________________________ За групата на Жељко не знам што да кажам, мислам дека таа Маја на Луис керката, не и беше местото тука, уште кога го правеше изборот имаше подобри кандидати како тој Милош мислам се викаше. Женската си испадна и така и требаше. Професорот ми беше нешто како незаинтересиран за разлика од Милош кој имаше многу желба да се појави пред голема публика и за него ми е жал. Оти ако беше он тука ке чуевме белким малку разновидност во музиката. Јас до сега на сите 4 настапи во живо слушам ИСТОТО ПА ИСТОТО или некоја англиска или некоја на матерњи а сите слични.....а во изборот, дури ке речам во поголемиот избор испадна таа нашата Марија Ивчева кога РАЗВАЛИ (што вели емина) со некоја Хеви метал песна...а ние до сега од овој извор на СВИЛЕНИ пејачи не чувме такво нешто и најверојатно нема ни да чуеме. Јас се чудам зошто го вратија оној Маид. Глас има ама не е се до гласот....прво ми е препотентен, се “изнаплака и се изнавреѓа“ на жирито оти испадна дур не го вратија и кога го вратија мислев којзнае што ке испее а он само од Здравко песни ни пее и гласот му е таков, дали пее од Хари мата хари или од Мерлин он пее како Здравко, пушта глас многу јако на сцена и песната да не можеш да ја препознаеш дали е од Здравко или е од Хари, се чудам дали ке му дадат нешто на англиски и да видиме дали и тоа ке ми звучи како Здравко кога пее на англиски...па ја незнам зошто Перчоли го исфрлија..ако ни беше да го слушаме Здравко си ја имаа огиналната копија и ка глас и на стас,а не ова офарбан како папагал. ______________________________ И за на крај сакам да кажам за мене, мои фаворити и најдобри се Александра и Даниел, ама сигурна сум дека ниту едниот ниту другиот нема да победат, ама тоа е тоа кога се работи за пари и за интерес....
Па коментарот дека не му се допаѓа изборот на песната, зна4и дека не е сигурен дали тој може да ја испее таа песна, а коментарот дека песната му е омилена, зна4и дека му е омилена, и ќе извиниш ама јас сега немам друга работа па затоа ќе те цитирам тебе
Не мислам дека е лицемерен. Туку, прво не ја сакал песната, ама откако ја испеал после настапот поминало се во најдобар ред и му се допаднало сето тоа. Јас така го сфатив ова. Нели и нас ни се случува, отпрво нешто не сакаме некогаш, а потоа откако поминало си викаме, еј не беше така лошо, ми се допадна. Оваа реченицава со плукање и Македонци ја читам веќе насекаде. Ми се буквално !!! Па, побогу, не може ли бе човек критика да даде некогаш ??? Ако некому нешто не му се допаѓа или слично, што е тука страшно ?
Cтварно и јас се чудам за Перчоли.Го осудија оти личел на Чолич ,и глас имал како неговиот,па удрија сите против него и најжално што така преценија оти бил сирмашен .Cе си мислам дека Чолич лично виде конкуренција во него,оти е млад и поубаво пее ,а искрено не е крив Перчоли што си личи на него но ете им успеја да го исфрлат.Емина го имаше во група,така да неа ја сметам одговорна за ова.Тоа дека дечкото имал преголема самодоверба,врска нема,а и да е така има право при таков талент,според мене. За Милош исто така ми е жал,дечкото беше талентиран каде каде повеќе од Харис,ама ајде и тоа помина... Бркович не ја сакам ,но признавам глас има и тоа дооста добар глас. Незнам веќе што да очекувам од шоуто,искрено
Последниов настап на Алекса мене ми беше најслаб не само од него туку од сите натпреварувачи, не знам што му се случи но не фати ни еден тон
hermosa се сложувам со тебе, јас истово пред некое време го напишав. перчоли каков-таков до некаде е доста подобар вокал и од Mаид, истиот стил на песни го пејат и двајцата вокално се слични, Eмина е највиновна за детево затоаштоо таа самата се избори Aлекса да го префрли од групите-Aлекса беше прво во групата доктори кај Kристина, ама таа успешно го смени со Aрмин така мислам се викаше оној дечкото во доктори што е.....тоа укажува на фактот дека Eмина пред тоа, мислам пред да бидат во нивните куќи знела кого ке одбере да оди понатаму, а за харис не ми е чудно затоа што ептен добро испеа песната- жуте дуње, арно ама со првиот настап во живо па се до последниов јас како да не го гледам веке тој талент што го видов ппрвиот пат кај него, изборот на песни ми е тотално лошш и погрешен. Mаринела и Fифи па заслужија ли да бидат присутни во шоуто--се сеќевате на Lука и Jана, мислам нема споредба.....ама тоа е тоа, нареднен за испаѓање е HARIS барем така мислам јас.
Луѓе не бидете смешни, еден е Здравко Чолиќ и тој позади себе има толку добра кариера што ниту еден негов имитатор од типот на Перчоли неможе да му ја загрози ниту пак да се исплаши Чола од едно детиште кое не личи на него туку се претвора во него. Не му личи бе на 15 години да го изиграва постариот Чола. Ама да, сигурно Здравко замешал прсти да го исфрли Емина зашто многу се исплашил од двојникот негов, конкуренција може да му биде у некој друг живот. Перчоли никој не го осудува зошто е сиромашен, го осудувам зашто читав вчера во списание за него дека ја претепал мајка му, имаше слика од жената цела модра и она потврдила дека ја тепал само што му опростила демек, не го читав целиот текст ама доволно беше тоа за да сфатам што човек е. Иначе Даниел на својата фан страна одговара на прашањата кои му ги поставуваат фановите, и на предлозите за кои песни да ги пее така да може да му предложите некоја. Убаво од негова страна, иако имаат обврски сепак нашол малце време и за фановите.