Јас мислам дека Лукијан и Алекса не се ни дотолку сакани, нити обожавани само на нас гледачите ни изгледа како да се, поради форсирањето на Емина. Мислам дека во финале одат Даниел, Илма, Доктори и Маид.
Каде можам да купам карта за x фактор за да одам во публика да бидам?? Од кај се купува во Сбрија, или има на интернет?
dobro be marijaz po kolku pati istoto ke go prasuvas gledas deka nikoj ne ti odgovara znaci ne znaeme. najdobro da si prasas na fb stranata pisi im vo inboks valjda kdm ti kazat . izvinete za latinicava od mob sum
За Фор Ју мило ми е што испаднаа...Тие и онаа Александра Секулиќ не знам зошто,многу ме нервираа ,некако како да беа вообразени,според мене. Катерина некако чудно ми пее,не ми се допаѓа баш,а и толку не се истакнуваше во песните.
Ајде и јас да ги искоментирам настапите од петиот лајв Даниел-Беше убав,солиден настап,ми се допадна еден ова беше од неговите добри настапи. Маид-Типов многу ме нервираше од самиот почеток,но сега ми е еден од двата фаворити,ми се допадна настапот,но малку е глупаво што пак пее песни од Здравко Чолиќ,се надевам дека наскоро ќе чуеме нешто странско од него. Александра-По мое овој настап и беше најдобар,добро се снајде со песната на Ријана. Тамара-На повеќето не им се допадна настапот,но мене баш ми се допадна, и стајлингот а и начинот на кој ја испеа песната и она како се насмевнуваше на одредени стихови од песната,а инаку се согласувам дека песната не и беше Dance,но ако гледаме така ниту еден настап во вторник немаше ни d од dance. Илма-Секоја чест девојче,преубав глас,преубав настап,единстевно имам замерка за стајлингот изгледа како да е стара жена а не девојче. Лукијан-Немам некој посебен коментар за неговиот настап,сметам дека е многу глупаво што воопшто пееше песна од членот на жирито. Доктори-И за нив немам многу да коментирам,океј настап,не беше лош,ништо посебно. Алекса и Харис-Што може да се искоментира за настап кој на јутуб има повеќе дислајкови од колку лајкови.. Алекса баш негативно ме изненади,беше едно време мој фаворит но повеќе не е... Мислам дека 4U иако многу ме нервираат две девојки од бендот,многу подобро пеат и од Алекса а и од Харис,така да сметам дека Алекса веќе наредниот лајв треба да испадне,нема смилса да остане повеќе во натпреварувањето. А за Катерина едно Браво што испеа нешто сама,иако беше тоа само еден збор,кој и јас подобро би го испеала.
За следниот лајв чувствувам дека некој од овие ќе си оди: Александра, Харис, Лукијан или Алекса. Онака, мое некое „пророштво“. Но, Александрава е жилава, па може повторно да се спаси дури и да остане во двобој.
Таман се решив да гласам, и излегоа оние кои ги гласав. За 4U гласав затоа што конечно и го слушнав гласот на плавушата, Катерина мислам дека беше. Некако еуфорична станав, сакав пак да ја слушнам наредниот лајф, но ете... Бидна што бидна. И за Тамара гласав. Не знам што толку критики слушам за неа, според мене нема направено утка. Баш песната од последиот лајф и одговараше. И морам да го искоментирам Харис, не знам што бара во шоуво, воопшто не припаѓа таму. Па и песна од Мајкл Џексон ќе пеел, ма дај. Дефинитивно во последниот дуел помеѓу него и 4U тој требаше да си оди, иако и 4U имаат утки.
Тие што се запослени во реализација не земале плата 3 месеци и го бојкотуваат шестиот лајв ,веќе учесниците си отишле дома и им е кажано шести лајв ќе нема .Може до вторник ќе се промени ќе видиме..
Ако сте запознаени ana.rs форумот сличен на овој во иксфактор темата има корисници што се блиску до учесниците
Епа веќе претераа Ни самите незнаат што прават. Дали они воопшто знаат што значи да имаш емисија Х фактор !? Уште да нема шести лајв
Абе ај доста со овие шпекулации и непроверени информации. Никој од медиумите не објави такво нешто, а обично српските портали се први кои што би објавиле ваква вест а сепак не пишува ништо. Сте прочитале некои деца на некој рандом форум што си прават екскурзии на мозок и одма им поверувавте. Нема така лесно оние од пинк да дозволат да нема 6 лајв шоу, не се секирајте. А крај краева и да нема лајв уште подобро. Може е и боље да си се вратат сите дома и да не им гради кариера една таква неорганизирана продукција.