Супер информации процуруваат, ама не е глуп народот бе, грип имале да бе да сите наеднаш како фатија, епидемија х факторска некоја посебна. Газдата на Пинк е во гооолеми долгови, има 100тина судски процеси кои се водат против него, не се знае на кој се не должи. Осумцифрен долг има во евра, не е ова ништо ново, веќе три години му се трупале долгови. Нема пари за ова шоу, не се снима со крастаици и вода шоу од ваков тип.
Па поарно што нема оваа недела елиминации ќе си го одморам мозокот од песниве на X factor..А иначе утре ќе има ЗАПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ ФАВОРИТ.
Ми се чини дека му нема спас на Ќато следниот вторник, ако испаѓаат двајца... Инаку Кристина е царица, секогаш коректна, искрена, на место, единствено нејзе и немам најдено мана на било која критика.Посебно ме освои со својата изјава која ја прочитав на страните наназад. А очигледно џабе и на Емина и палати на Босфор и Алпи, кога излезе крајно примитивна и проста.А да не зборуваме за споредбата помеѓу неа и Кристина, па може вода да и носи во поглед на музичката компетентност. Околу оваа со грипот, ако е вистина мислам дека е подобро да се долекуваат и да се фул спремни за следниот лајв.Сепак неможе некој да пее со 40 температура, да се презнојува и да му се тресат рацете.Оваа важи само, ако е навистина така, а ако има некоја друга позадина тогаш си приредија сами на себе еден огромен блам. Убедена сум дека лиценцата требаше да ја купат Прва тв кои се крајно професионални и високо буџетни емисии снимаат од студија до сценски настапи и сл.
Знаете дали сигурно ќе нема утре?Мене една другарка ми кажа дека видела реклама на сител дека ќе имало.
Не, не, нема да има утре. И јас мислам дека Чато излегува следната недела, заедно со Александра или можеби Тамара.
Луѓе, читајте малку погоре, цело време се едно те исто се пишува. Јасно е веќе дека нема да има утре, дека ќе има емисија Запознај го својот фаворит и дека следниот вторник двајца ќе отпаднат. Јас само настапот на Даниел планиам да го гледам и толку. Си го покажаа овие нивото, ни планирам гледаност да им кревам, ни да им го полнам џепот.
Па тоа е причината што денес нема да има.Повеќето кандидати биле болни и така неможат да настапат. Наредната недела Александра и Чато ќе летаат,или дај Боже Лукијан. Па може и Лукијан и Чато заедно Ама во тој случај Емина нервен слом може да добие,пу пу.
Сакам Емина да дојде до ситуација во двобојот да избира помеѓу два нејзини кандидати Знам дека сум многу лоша Можда единствена сум шо сака во следниов лајф да испадне Лукијан и Чато!?
Jас Mаид и Лукијан лелелеелел не ги поднесувам никако....наредно сигурно испаѓаат или Чато или Aлександра....Доктори многу ми се сипматични и добро пеат, посакувам да одат до крај, заедно со Даниел. Kе видиме што ке се случи, крајот го краси делото или пак го гнаси-ке видиме....
Е што сакам на таа '' најдобрата '' менторка сите еден по еден да и летнат. И не е битно дали и останале сите, подобро да имаш еден ама вреден.
Докторите се болни инаку јас би да испаде Чато стварно детето незнај да напрај шоу ептен е исфорсирано кога ќе пеј си мислам настапот му трај 5 сати