Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.260
    Пол:
    Женски
    Помина Тамара, во девојчињата мислам. Фифинела се пикна вака или онака. :rofl:
    Даниел дефинитивно има игра човекот, ама треба да си внимава на гласот, изведбава ич не му беше како што треба. Ама па и ретко на кој му беше во ова групиве. Подобро да направеле како на идолот што прават, стави едно десетина во еден ред, сите да пеат по некоја секунда чисто, без музика и готово. Не ова, каша попара. А онаа нашана Марија ли беше, што прашувавте погоре, не помина ни во втората фаза, м? Чола помина, каква глупост, никаде не би поминал со таква имитација. Не е бре човекот за поп шоу, нека оди на она на пинк, само за таму е.
    Ќе видиме како ќе одберат судииве грди, ама нашиве некако немаат шанса. Да беше Даниел кај Кристина може и ќе поминеше.
     
    На redhat и princess5 им се допаѓа ова.
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Не не продолжи во тие во по 8 што ги делеа, ама не запазив дали го помина тој круг.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Сите мои фаворите поминааа :inlove: :inlove: :inlove:
     
  4. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    6.028
    Пол:
    Женски
    Снежо „ПРИЧАЈ“ Македонски !!!
    Разочарување на вечерта Кајмаковски, ама ајде има време ќе се поправи ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=zz6x7G5J ... r_embedded
    ^^ Oвие ми беа најдобри

    Се друго е кажано :)
     
  5. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Тамара што ја расплака емина?...Помина таа...а на рома сијам кој им е ментор? :?:
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не можев да гледам, од нашиве кој помина?
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
  8. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    првиот пат не, но после го вметнаа во група со други...така да оди понатаму :)
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
  10. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    на рома сијам кристина им е ментор :)
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Се ќе разберам ама Марија Ичкова дека ја истераа у првите групи одма не можам да сфатам?? Какви пропалитети пуштија а не а неа не,тоа е страшно...
    Не ми се допадна оваа поделба по групи,сите заедно да пејат како раштиман оркестар! Друга работа шо не ми е јасна еден пее 10 секунди друг 1 минута...Од старт дискриминација и недозволување на талентот што можеби некој го има да дојде до израз! Даниел отпеа 10 секунди и за жал не му легна според мене песнава особено тој дел,башка има потешкотија со македонскиот ама добро има подлога кај него ќе распали понатака сигурна сум! Раденов мислам дека мн.добро се прати со брат му,ќе се докаже понатака( слушнав у една емисија дека веќе соработува со Кики така да гарант оди понатака). За Фифи ми е кејф,не беше нешто посебна ама од таа нејзината група не ни забележав некој подобар,а кај Фифи се чувствува добар грув!
    Се надевам сеа у куќиве ќе има реално елиминирање без гледање лепота и такви ствари!
     
    На sweet-cherry, redhat, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Искрено и мене ме радува на Даниел дека му е ментор Жељко.Знаеме дека Емина и Кристина го подржуваат, добро и Кики.Да беше кај друг ментор, на Жељко сигурно ќе му беше на тапет за критика.Ок добри беа и Иван и Тихо овој пат, покажаа емоции иако се приметува дека Иван е водечкиот вокал.ОД другиве наши и Фифи иде понатаму и тоа ментор и е Кристина што е супер.Не ми се дошаѓаше моментот на почетокот со тоа како ги избраа со А.Б, Ц и Д група, нависитна доаѓале од сите страни на Балканот за да им кажат не сте прошле, фала и пријатно :(
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    A каде е Мартинијан, нели и тој помина го немаше денес :( И дааааа, јеееееееееееееее помина Марко Балабанович јеееееее :inlove: :inlove:
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    13.401
    Пол:
    Женски
    Ме израдува тоа што сите мои фаворити поминаа.
    Дефинитивно разочарана сум од Даниел, а нема да ме чуди и да е наместено :^) На првата аудиција можеби и имаше среќа, но ептен разочарана...А и утре во емисијата се или нешто.. немам ништо против него (да не ме сфатите погрешно) ама се согласувам и со некои феминки кои напишале дека многу е важно како ќе се претставиш.

    Не му го знам името на ова момчето што се труди да изгледа како Чола, ама ептен добар впечаток ми остави уште најпрво.Се гледа дека има глас дечкото :clap: (не ми е јасно зошто му се нафрлаа па баш убаво си пееше... :^) )

    Оваа што ја пееше титаниум се чудам како помина воопшто ...Не дека има некој којзнае каков глас, ама не е ни нешто посебно за да го поседува оној Х фактор :drunk:


    Јас мислам дека ќе победи Тамара ептен моќен глас има, се гледа дека пее од душа.Ја поддржувам , секоја чест :clap: :) Потоа браќата раденови. Овие 3 ца се сигурни потенцијални победници :)


    Јас од овој Х фактор очекував подобро ќе биде, во поглед на комисијата.Незнам зошто но Емина некако ми е одбивна,постојано некои драми,или е емоционално настроена или незнам што и се случува :|
    И Жељко ја претера, не му се допаѓа изведбата на скоро сите кандидати.Цела емисија се мрштеше :?: Засега од комисијата само другите 2 члена се добри.

    :!: А, и ќе заборавев овие ја имаа најдобрата кореографија http://www.youtube.com/watch?v=zz6x7G5Jug0


    За фифи немам коментар . .. . .
     
  15. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    6.028
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав дека се откажал од Х фактор, поради учество на Макфест :/ A баш беше добар :|
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав не дошол воопшто во Белград на аудициите од регрутен камп затоа што тогаш настапуваше на Макфест и му се поклопиле термините,а Макфест му бил побитен очигледно! ;)
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Сега видов и Никола Станоевич типот што ја пееше од Бруно Марс влезе во на Кристина групата. На крај испадна дека скоро сите фаворити мои продолжија и повеќето кај Кристина во група. Win win combination! :inlove:

    Се извадија судиите со формирањето на новиве групи. Напред Балабан, Никола и Вања! :clap:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Прво, организацијата на шоуто е катастрофална, и ова не се однесува за тоа кои кандидати поминале туку општо концептот им е лош, нема логика на ваков безвезен начин да бираат кој оди понатаму, како може некој во најдобро светло да се покаже во некои песни каде што не се ни истакнуваат гласовните способности а воедно и пеат по 10 секунди. Затоа и резултираше со вакво разочарување кај народот затоа што речиси сите фаворити потфрлија, мене лично никој не ми остави впечаток вечерва, сите ми беа просечни.
    Уште една енормна грешка на организацијата е тоа што фаворизираа 10 луѓе на кои им ги даваа аудициите и се снимаа емисии со нивни животни стории, пријатели и сл. Имаше многу кандидати кои што добро пеат а воопшто ги немаше во делот на аудициите, ниту на една минутка. според мене тоа е недопустливо и е очигледно форсирање на одредени луѓе од страна на организацијата.

    За вечерва незнам како помина Перчоли, мислам дека ни во Звезде Гранда немаше да го пуштат, во ред е тоа што дечкото има глас, ама зарем на едно вистинско, озбилно шоу му треба копија на една голема звезда? Според мене требаше да се занемари талентот и дефинитивно не заслужува да оди понатаму.
    Ќерката на Џогани, девојката што ја пееше Титаниум, девојката што на аудициите ја пееше Скајфол, исто така сметам дека не им е местото тука, и нема да ме изненади доколку продолжат во топ 12 затоа што во нивниот случај изгледа физичкиот изглед пресуди а не гласот.
    Даниел потфрли вечерва, ама ништо страшно. Не беа ништо подобри останатите. Секако дека има талент и се надевам дека ќе помине понатаму, иако се сомневам затоа што Жељко му е ментор а и е во група каде што според мене конкуренцијата е најсилна. Сепак ќе стискаме палци да се покаже во следниот круг и да помине.
    И Фифи не беше многу добра ама со оглед на тоа какви други кандидати поминаа дефинитивно мислам дека и нејзе и е местото тука. Само што во дует со Маринела мислам дека и немаат многу шанси понатаму. А и гледав по фб дека снимала спот за некоја песна овие денови така да сигурно не поминала затоа што во спротивно не би имала време сега да се занимава со песни и спотови снимање.

    Во глобала разочарувачко е шоуто. Тврдам дека единствено нешто добро во него е Кристина Ковач. Се повеќе пријатно ме изненадува и ако продолжам да го гледам ќе биде исклучиво поради неа.
    Останатото, не е дури ни вредно за коментирање.

    И уште нешто за крај. Како приметивте дека Даниел глуми ? Абе Фројдови на сите страни. Од 2 минутно интервју одма дијагноза имаме. Дволичен, не бил наивен, глумел, аманте бе луѓе! Балкански синдром - мора да се плука по нашево, другиве демек многу подобри се.
    Опрајте се.
     
    На ilipili, Someonespecial, Tiki-lolipop и 10 други им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    6-та група беше у-ж-а-с! Сакаа нешто да воодушеват, жени ко жени, повеќе гледаа да бидат стокмени отколку со глас да освојат. Христина Вуковиќ катастрофа! Се виде дека повеќе ради лепота помина на аудиција. Уште со Титаниум беше ужас, сега се докажа.
    5-та група најдобри, феноменални! Хемија, песните, гласовите! Уживав!Урош неверојатно колку личи на Тарабунов, во глас, потезите, ликот ист.
    Групата со Илма/на Луис ќерката и онаа во која беа Раденови беше ок.

    Перчоли нека си оди, толку мал, а веќе полн со себе.

    Се гледа сите кои имале некое поголемо искуство во музиката, од типот на Никола Пауновиќ |( кој уопште не знае да пее, се внесуваат дека се некој страшен фактор да поставуваат правила.
    Затоа сум ЗА на вакви шоуа да се пријавуваат аматери, чисти таленти, а не на секое шоу едни те исти главен декор да бидат.

    8-ма најслаба група беше. Не се знаеше кој е полош.

    9-та беа ок, ама песните не им беа погодени.
    10-та со Скопје ме насмеаа, браво што ја вметнаа песната.
     
    На ilipili, Gioia, drugarka и 5 други им се допаѓа ова.