Александра има многу убава нежна и специфична боја на глас и мене ми е жал што испадна, бидејќи навистина беше талентирана. Според мене многу повеќе од Харис и од оние Доктори кои само го зафаќаат местото на оние вистински учесници кои треба да се истакнат со своите соло настапи.
Александра.С ми беше фаворит во бут кампот и морам да кажам дека во куќата на судиите буквално растури и според мене заслужено ја врати публиката, требаше да остани барем уште некој лајф.Можда нема којзнае каков глас но има нешто шо ја праи поспецифична од другите. Има некои шо убаво пеат, ама немаат понашање, немаат став, незнаат како да се понашаат со камерите сето тоа е талент
Не викам дека беше најдобра, ама ме изиритираа коментарите на жирито кога се врати на лајв настапите. Мислам дека не заслужуваше такви коментари а и се гледаше дека на Кики му беше сеедно. Сепак мислам дека е подобра од многу што се уште се во игра за х фактор.
Не за друго туку 4U ми беа фаворити и за тоа се си приметувам и кај останатите што ми се фаворити иначе фала за комплиментот!!
Видете ја лепотицава^^ https://www.facebook.com/media/set/?set ... 861&type=1 И на мене ми мириса дека Бркович и Харис испаѓаат :geek: Докторите сигурно ќе растурат пошто Кристина за овие две недели цело време на нив потрошила, така да нема сомневање во нивниот настап Ајде уште два дена
Не сакам да подречам, ама ништо чудно и Даниел да победи Веќе видовме дека и србите имаат направено безброј фан страни на фб за подршка, ја осови женската популација, па и Македонија и Србија ако се спојат со гласање можно е да успее.
Е убо ќе биди ако е така Испадна на Х-фактор и одма свадба . Ај со среќа нека и е и долго да е во брак. Следна испаѓа Бркович и после Харис(а ако другиден испаѓаат двајца тие ќе бидат! ЕДВАЈ ЧЕКАМ МАИД ДА ИСПАДНИ НА НЕРВИ МИ ЗГАЗНА
Хех,е за испаѓање на Маид малку потешко.Убаво пее,а и има мноогу што гласаат за него,и лошото е што му е конкуренција на Даниел..
Даниел е дефинитивно најдобар,најоформен и најкомплетен пејач. Мислам дека тука некаде е и Тамара и некако чувствувам дека ќе победи таа, со оглед на тоа што македонец не верувам дека ќе дозволат да победи. Сакам и Доктори да стигнат до финале некаде со оглед на тоа што и се единствена група на Кристина, а најдобар ментор е, реално. Ииии Маид нека остане што подолго, типичен балканец, никој не ме расположува како него. Веднаш ми доаѓа да подрипнам.
Ако победи Тамара нема правда дефинитивно. Може нема лош глас за странски љубовни баладички, но за на Балканов дефинитивно нема ни глас, а Х фактор уште помалку. Инаку, муабетот ми беше дека со душа го чекам вторник.
Леле леле, жутото пиленце можеби се подмочкало од среќа кога слушнало дека неговата помајка и зелката му ја пеат песничката. http://www.youtube.com/watch?v=HIerZUWaDB4&sns=em Ене го вторник, печен си!