Лукијан треба да си оди денес. А и добра е Калиопи. п.с Ме немаше бидејќи нешто компјутерот ми „зафркава“.
Колку сака нека е наша, ич не ја сакам оваа Калиопе. И стајлинг нулааа. Со патичињава на сите што им ги дава не знам што му е на стилистот, што и да носат (макар и одело) мора патики да носат. И Емина и најдобри да ѝ се кандидатите, ќе ни ги одмили на сите со нејзиното однесување. Ајде да го видиме Алекса со „Погледи у тами“.
Аман со овие оправдувањава веќе. На Американскиот идол сега кога беше круго на испаѓања пред да пеат неколку кажаа дека биле болни, а жирито само им рече дека нив тоа не ги интересира, не сакаат да слушаат жалење и кукање. И така е.
Не беше лошо ама редно е веќе да смени нешто,се исти се песниве што ги пее.А и некако многу потресен е. (учи од менторката)