1.Кајмакоски сега ми е уште по антипатичен.Ич не ми се бендиса и на првото видео,на првата аудиција кога беше.... многу се изнажали,душа напатена демек.Мислам,незнам стварно низ што поминал човекот ама ова беше too much за на телевизија.А синоќа,со тоа шеширчето и baggy clothes стајлингот,се крена во воздух малце,па и се пробиваше во прв ред кога другите пееја,демек да заигра..Се сложувам со постот над мене,5 минути на телевизија и мислат цареви се...А да не зборам па за гласот.Не,не,не и не.Синоќа се избрука до максимум..Чим извади таков глас на првата аудиција сигурно можеше да испее подобро,ама,сакајќи да биде центар на внимание..ете што биднува. 2.Ај што ги поделија по групи,добро.Ама искрено,мислам дека со песните не беше во ред.Некои имаа за пеење далеку полесни песни од некои други што ја имаа Ti si sav moj bol да речеме.Не само таа,имаше уште 2,3 такви... Кај ги ставија сите металци во една група бе!? Алал да им е. Него,оној Пауновиќ ме нервира,некако,мисли познат дека е итн итн,ама испадна дечкото... Дамјан исто не пројде (and I was about to kill somebody),али до некаде и со право,него му лежи да пее метал и тоа тееееежок метал,го има тоа scratchy гласот,па да им дадеа една песна од Sepultura не ќе беше лошо И оној Перчоли ми е интересен,убаво пее,ама некако себичен се покажа.Ќе видиме понатака. У главноМ,фаворит ми е Милош Бајат,дечкото има икс фактор. Eдит: Марија Ичкова(девојчето што ја пееше Whole lotta love),нели помина? Каде е..?
Еве на пример One Direction i Little Mix се така составени и кариерата супер им иде.. али на пример во првата сезона напраиа една група од отприлика 11 члена и одма по испаѓањето се распадна и уште многу групи се распаднаа али има и доста што опстојаа. На некои им иде а на некои не. Времето ќе покаже.
^^Марија Ичкова изгледа не помина. Овој Перчоли колку антипатично човече,еј.Се замислува којзнае кој е,само Чолиќ смеел да го критикува.Немоој бе? Кајмакоски вчера навистина ме разочара.Се сложувам со коментарот на Жељко,дека вчера беше далеку од потенцијален победник како што му кажа Кристина на аудицијата.Ама сепак има супер глас. Илма е прекрасна.Тој глас што го има...гласиште! Браво!
леле Даниел му се загуби гласот кај му отиде како да не е истиот глас од првата аудиција, се изненадив многуу
Јас сум крајно разочарана од жирито. Поминаа многу што не заслужуваа, на пример онаа Кристина, на првата аудиција беше прекрасна, ама вчера зариба. Уште кога слушнав на малана дека и вика супер си ама си многу мала, мислев дека нема да ја пуштат и солзи ми потекоа-е тоа немаше да биде вооопшто фер.
Кристина, како појава ДА, ама како вокал не ми остави впечаток ниту на аудициите ниту на елиминациите. А за Илма, па донекаде се согласувам со нив и претпоставувам дека со ова сакаа да ја подготват за она што следи кое би било хумано според мене. 13 години е возраст на која е греота да пуштиш едно девојче во вителот наречен јавен живот, естрада, каде што ќе важат исти правила без разлика дали си 18 или 30 години. Јас за мое дете тоа не би допуштила. Би дозволила да го пошколува гласот уште некоја година. Вака, сметам дека би и` украла дел од детството. А таа е сепак дете. Друг муабет, шо маана му најдоа на Павле Дејаниќ па не го пуштија понатаму? Го обели образот на цела група.
Колку што сватив таа беше исфрлена уште кога ги поделија на 4 групи.Најверојатно била во некоја од групите кои ги исфрлија.Штета баш убаво пееше
епа еве ме мене 1.мислам дека не беше баш добро да ги викнат па после одма оп дома ем малку е стресноем за џабе сите трошоци и подготофки 2.лош избор на песни некој имаа песна што е стварно убава може да се смисли интересен настап,улоги и сл. а имаше песни што не можеше нешто посебно освен да се пее нормално група 1 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=vuBhCRpWURQ имаа многу убава песна девојката (ангела митева) ми се допадна онака убаво пееше ама имаше на едно место фалш ама од судиите многу лош коментар доби мислам дека Предраг Антич од овде беше најдобар и Иван и другиот не беа лоши мислам дека беа подобри од минатиот пат група 2 http://www.youtube.com/watch?v=VYCRNQi6vWg мене баш ми се допаднаа Ирма беше супер цело време ја водеше песната а најмногу критики доби а прекрасен глас има штета што не помина керката на Луис и Александра беа добри алексанра каков глас има значи Илма си е супер за свои години има прекрасен глас ама мислам дека сеуште и е рано има многу време прет себе,нека си го живее детството на раат таа дебелата ама фалш забегааа и групата ме изненади минатиот пат беа многу подобри [/spoiler] група 3http://www.youtube.com/watch?v=KfwHJsGtt1k перчоли перчоли ах ти човече каков е самобендисан па те го нема па те ова а она па се договориле едно па друго, крајно антипатично па него го понела песната па не гледал на кого му се меша уф кој е бе он да им се прави сељаче едно 15 годишно се маскирало и пее тука.... аа и никој не смеел да го критикува освен господин Здрафко и ако е толку самоуверен шо го копира здрафко бе нека биде нешо свое ако се секавате имаше на крај еден шо отпадна рече ,,важно господин перлоли помина ја следната година доаѓам маскиран во -------(нз.кој) па да видам дали ке ме пуштат) даниел не ме изненади и претходно и сега,обично чоече шо сака само да се покаже па незнам ко којзнае шо нема поминато у животот.ко турска сериа,па може има и план да напраи серија ,,СУДБИНАТА НА ДАНИЕЛ,, [/spoiler] Маид ми е срце ,мој фаворит и минатиот пат многу ми се свиѓаше и сега,браво стватно,многу интересни движења има.супер е [/spoiler] група 4 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=tN9-fXs4hRY најслаба група беа ,тамара ме разочра лена што е фром Аустрелиа нишо не направи,а не ни очекував група 5 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=zz6x7G5Jug0 најдобри беа а и најдобра песна има супер кореографија и се се се сите убаво пееа Спојлер група 6 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=49l_lyEI1i4 таа девојката што плачеше мислам дека заслужуваше да испадне па неможе сеа сите шо сакаат,тоа ти е шоу не треба да се убиваме од плачење христина ми е фаворитка уште од почеток ја сакам,ем издлед има ем глас ,супер е малечкото девојче добар глас извади стварнно не очекував група 7 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=5yC54TrXsV0 рокерот има многу јак глас и тоа бушавкото дете многу убаво пееа таа девојката со деколтето кој глас го има плавиот тој од почеток не ми се свиѓа група 8 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=-TE2tA8yx1w слафко калезик многу ми се свига забавен е убав глес има, раперот исто добар глас има све друго катастрофа група 9 Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=s1OqXUU9hKs павле мислам сите ги извади другите и не беа баш никола исто така и толку се умориф
Е тоа де викам и ја (за Павле). Ја извади една од најслабите групи у bootcamp-от ever и не помина. А сигурен глас имаше и на аудициите и сега. И појавата му беше впечатлива, од прва го запамтив дечкото. А девојчево малку солзи пролеаа, па „ај групи ќе ве праиме.“ Ако не се лажам, он кажа демек во групата најдобра ни` е дамата - Вања. Кои манири и кое зрело понашање, а не ко децана, се испотепаа кој кому делот му го украл и у кој тоналитет пеел, дали идел на проби и сл. Mислам шо им се закачија на Перчоли и на Младен. Па и сите дечкото го нападнаа? Од кај знаеме шо се договориле? Перчоли сам пееше еден рефрен, тоа јас го приметив. Е сега сосема да го исклучат колегијално ли е? Да не не е тенденциозно? Фалш не моеш да му најдеш, некој се избацува „ај, јас догодина ко Тони Цетински ќе се маскирам....“ Не испеав добро, па туѓата маска ми е крива. Но, Перчоли на дечкото треба да му каже „фала“. Ради него Чоли не ми е веќе антипатичен. Ама тоа е, како викаат „сам себе го убијал“ или онаа постарата „кучето си лае, караванот си врви“.
Мене Перчоли ми е ужасно самобендисан и антипатичен.Само Чолиќ можел да го критикува,абе ајде. Господинов треба да сфати дека во шоуво треба да се покаже својот талент а не да дојдеш како нечии трибјут,ама што е тука е,не верувам дека ке победи. Даниел исто беше ужасен ама воопшто не ме изненади тоа,сите имаа киксови.Човечето глас има,и има шанси да се пробие во најдобрите 5,секако со добар избор на песни.Песната која ја пееше во bootcamp-от воопшто не му лежеше на гласот.Се надевам дека Желката добри песни ке му избере,сепак искусен е. Абе овој Марко Балабанович каков е срцка,па и таа фацката кога ја направи
Оваков начин на грубо одбирање на кандидати како во буткампов не ми се допаѓа.Можеби сметаат дека неколку секунди за некого е доволно да го покаже својот талент,ама по мене не е така.Од оние сезони од УК и УС верзиите на шоуво знам дека пееја посебно кандидатите а не во групи,овој принцип му доаѓа нешто како во идолот.Мислам дека не ги видовме вистинските можности на кандидатите,па јас си го задржав впечатокот од првите аудиции и ќе го дооформам по куќите на менторите. Даниел во оние неколку секунди пеење беше навистина далеку од првиот настап,се надевам до моментот е и ќе биде подобар во следнава фаза,ќе видиме. Во однос на фаворитите за сега по коментарите гледам дека тоа е Илма,Маид и Тамара,покрај Даниел.Босанците се големо и верно гласачко тело,во реалниве шоуа во голем дел победуваат Босанци,па доколку нема местенки со гласовите,моја претпоставка е дека Босанец има најголема шанса за победа. Мое мислење за дел од кандидативе- Илма-огромен талент,може да биде голема пејачка но според мене е премлада да победи на вакво шоу или да почне карирера уште од сега.На која целна публика и какви песни би пеело 13 годишно девојче.. И со ставот и пеењето ми личи на жена-дете. Маид-исто така одличен вокал,еден од најдобрите.Но не знам како би се снашол со песни од странски изведувачи,повеќе ми изгледа на пејач од типот на Жељко и ми изгледа на оние пејачи што излегуваат од Гранд.Ќе видиме како ќе биде понатаму,можеби грешам.Мислам дека со стилот на пеење му одговара на Жељко па ништо чудно да му е прв пик и него да го форсира од својата група. Тамара-исто супер вокал,но како што некој веќе тука наведе ни мене емотивно не ме допре.Девојката има глас,симпатична е но нема никаква енергија во настапите.Сметам дека е фаворит на продукцијата и дека ја фаворизираат. Христина-имаше далеку поталентирани кандидати од неа кои не поминаа.Сметам дека единствен критериум за нејзиното поминување беше физичкиот изглед. Не ми се веруваше дека оној што ја пееше Бијонсе на аудицијата помина. Ова за сега за само дел од кандидатите,може понатаму позитивно ќе ме изненади некој од оние кандидати кои беа ставени во втор план. И веројатно многу поголеми таленти испратиле дома без да ги чуеме во оние први групи,таму беше и Ичкова. Од овие 24 по мене во 12 сигурни се Илма,Тамара,Маид,Лукијан и претпоставувам Даниел(се зависи каков настап ќе има во следната фаза).Кај групите ми се чини најнеизвесно ќе биде.Инаку сега прочитав дека дуетот Фифи-Маринела ќе се вика H2O. А Емина вчера изгледа се издаде на Твитер кој 3 ги одбрала,иако после се демантираше. Спојлер Еmina Jahovic Sandal @yaemina 17h İdemo zajedno u finale!!! ajdeee! Hvala na interakciji...bas sam uzivala! Zapratite moje ljude@StefanKokovic @LukijanIvanovic @HarisCato