Даниел наш е супер,колку и да читам по други форуми дека лажно се правел добар,скромен ,он е за мене икс фактор Илма браво успеа да ме допре навистина,само малку тие вискоите тонови ко да се дереше.Тамара ништо посебно,но убаво отпеа.И стајлингот да и го сменат,убаво и кажа Кристина. Бркович ми беше смешна . А Жељко браво што за се што му плесна во лице на Лукијан,само малку глупо што гласаше тој да остане.Според тие фалшови ,Лукијан требаше да испадне според мене . И да ,Еминчето заслужено ја раздрмаа со двата кандидати,а она не ги ни најави ,беше шокирана. „Kе разговарам со Лукијан во апартманот после„
Немаше крај на мојата среќа кога видов дека двајца на Емина ќе бидат во дуел. И нели требаше оваа емисија двајца да го напуштат натпреварувањето, на Сител така најавуваа ама очигледно ништо од тоа. Штета, зошто премија ќе беше да летаат двајца од кај Емина. За неа ич несакам ни да зборам, најодвратното и најнекултурното суштество ми е кое што го имам видено на оваа наша балканска естрада, се надевам само дека и следниот лајв ја чека истата судбина од вечерва. Инаку ме интересира што искоментираа за Лукијан зошто баш тоа не го гледав а ме интересира. Ќе ми каже некој? Даниел како и секогаш предобар, ова му е еден од најдобрите настапи. Илма исто беше добра, овие останатите просечни. И се подосадно станува ова секоја недела, ужасно досадно ми е, го гледам само заради Даниел.
Се кладам дека Емина е на ургентно моментално... Па пореален дуел здравље, а и редно беше да му каже некој на Лукијан дека фалшира за сите пари. За останатите имам исто мислење, како и секогаш Данијел најдобар, а Доктори секогаш ме расположуваат.
Оваа вечер не беше лоша со тоа што чекавме 2 недели за овој вторник Вечерва стајлингот на Снеже и на Уна мислам дека се викаше како и на кандидатите беше тотален промашај. И до сега беше , ама мислам дека овој пат го достигнаа врвот. Па толку ли немаат очи да видат како изгледаат мене не ми е јасно. Посебно Снеже и Уна беа како вештерки со фризурите и шминката. Тамара конечно вечерва се врати во тоа светло кога се прикажа на првата аудиција. До сега ич не и беа погодени песните, оваа вечер преубаво ми испеа само незнам што беше филмот со креветот не ми се допаѓаше сценскиот настап ич. Даниел како и секогаш добар избор на песни, такви и му лежат на него и заслужува да победи. Гласав 4 пати а последната порака не ми ја прифатија Лукијан до сега имаше добри изведби но оваа не ми се допадна. Во право беше Желката за фалшовите и за тоа што диши во микрофонот. Илма секогаш пееше се перфектно без разлика на песна, но овој пат не ми беше нешто нај нај. Се напрегав додека ја слушав и како ги фаќа ниските тонови. Слабо нешто овој пат. Маид незнам зошто ама мене убаво ми пее, има енергија на сцена секогаш и баш ми се допадна неговиот настап. Харис добро ја испеа песната за спас ама премногу е мал и не му е местото овде. Алекса за разлика од неговиот последен настап кој беше катастрофален дури и сам си призна дека му бил најлош настап убаво ја испее оваа песна. Баш добро му легна и добро е што престана шпански песни да пее, јес да му лежат ама се истото. Доктори добри, просечни. Немам некакви забелешки. Александра има нешто во нејзиниот глас што ми се допаѓа. Целокупно беше супер, само замерка за стајлингот.Во фризурата беше како осило некое а панталоните и беа како Аладин мајке ми. И за крај морам да кажам дека премногу ми беше мило што тоа и се случи на Емина, очекував кај и да е да се случи. Требаше малку да се спушти на земја. Не беше фер што не гласаше прва, сите кога беа во таква ситуација гласаа, а линдрата не. Очекував дека Харис ке испадне.
Охоо неможам да ве изначитам, ја сега тек ќе ги гледам настапиве. И што било со косата на Калиопи хаха се изначитав статуси од типот "Седи мирна да не ти ја ишишам косата како Калиопи"
Редовно пратам, уште од самиот почеток, вечерва сите во пеењето ми беа просечни, ништо посебно. Лукијан и двете песни ги испеа далеку послабо од Харис, но нема правда тоа ни е јасно сепак од публиката Харис имаше најмалку гласови. Моите фаворити се Доктори и Александра
И да, колку и да не ѝ беше тоа намерата на Емина, навистина ми дојде смешно тоа: „А за фалшовите ќе се разберам покасно горе во апартманот со Лукијан“ или така нешто. И само што се насмеав на глас (а сама бев ) си викам зарем јас се сфаќам толку расипано бее (а не ми е првпат ) и тогаш почна и публиката да се смее и сфатив дека не е до мене. Ме изнасмеа стварно, за тоа алал да ѝ е, иако верувам беше случајно кажано, во тие гневни моменти немаше сила за смислување шали дефинитивно.
Емина по којзнае кој пат докажа дека е прав непрофесионалец, голема лигла, мало дете од 3 години што плаче кога ќе му земеш нешто од раце. Калиопи? Среќна сум што не е дел од жири па да морав да ја гледам често. Во тој случај немаше да пратам х-фактор. Лицемерка е мнооогу мал збор! Одвратна е со тој фејк патриотизам и припичавање, ми се темнее од тоа исто лигавење. Зела го поздравува Даниел што збори на мајчин јазик, а она се истепа од причање! Фуј!
И конечно Харис, иако можеше и Лукијан . И драго ми е што конечно му се укажа за тоа константно фалширање на Лукијан, време беше. И минатиот пат страшно фалшираше, ама ништо не му кажаа. Дечкото е одамна печен за испаѓање, не знам како океј ми беше на почетокот, со Џон Леџенд беше добар ама после тоа страшна работа. Кога ќе се сетам дека еден Младен испадна пред него, и ред други кои не се за да стигнат до тука. И добро, јас мислев само јас не сум баш задоволна од изведбата на Илма, додуша претешка песна ама слаба изведба. Мене искрено песната која ја пееше Даниел не ми баш многу убава, дури досадникава, ама ја произнесе одлично, како само има одличен американски акцент! Ретко така правилно некој да пее на англиски јазик. За Емина има потреба да зборувам, страшно си го наруши имиџот со испадите во шоуво. Порано, ако не како пејачка, барем како лик ми беше океј.
Навивав да излезе Харис бидејќи воопшто не ми се допаѓа. Иако Лукијан денес малку ја утна работата , заслужува да остане. Неговите претходни изведби многу ми се допаѓаа, тој навистина ги има сите квалитети на добар пејач.
Му рекло магарето на зајакот дека има големи уши Инаку не го гледам овој фактор, па не знам за кого пишувала Лила па уште и ванила, не ми е ни битно.
Па ако не го гледаш, што пишуваш тука? Си има тема за македонските јавни личности. Инаку малку ми е жал за Чато што излезе
Тоа се случува затоа што Емина нема интонациски проби со штитениците, а тоа е затоа што она е единствената што незнае да свири на некј инструмент. Сигурно во понеделник доаѓа од Турција и само една проба-супер сте момци! АЈД!
Па ти ли ќе ми кажуваш кај да пишувам? Коментарот беше за икс фактор и не беше офтопик, за разлика од твојот коментар. Само да се дроби, паметникува итн...Оладете малку. Ако не гледам икс фактор не значи дека ми е забрането да пишувам во темава. Можеби го гледам на реклами, тоа е сосема доволно.
Се согласувам со некои форумџики-требаше да испадне и Лукијан бидејќи навистина не пееше ни дел како минатите лајфови.И требаше да испаднат двајца,а не само еден.Барем до тоа да се придржуваа. Илма мене не ме наежи,не знам зошто,цело време ја слушав како пее високи тонови и само за крајот се врати кон пониските.Штознам. Даниел,па добар си беше,сепак би сакала да одбере некоја од 90тите,некоја балада.Мислам дека тука целосно би се докажал. Останатите си беа исти,како и секогаш.Само Маид никако да му дојде редот да испее некоја на не матерњи језиком.
Мислам дека двобојот синоќа беше најреалниот до сега, моментално од сите што се останати Харис и Лукијан имаја најмногу фалшеви и утки со песните, и се согласувма со Кристина дека Харис си го изгуби идентитетот во шоуто, да останеше онај Харис од аудицијата можеби ќе дотуркаше подалеку. Но сепак мислам дека праведно беше што отпадна. А Еминаа дефинитивно не знае што повеќе да изглуми.