Ич не беше фер тоа што дозволи продукцијата Емина да не гласа и според гласовите да се одлучи кој да си оди дома. Зошто истото не го направија кога Кики бираше помеѓу Секулич и Бркович, тогаш човекот си гласаше за Секулич да си оди дома и немаше никакви драми. Ама Емина не е Емина ако не пуште по некоја солза и не направи драма. Мило ми е што си замина Чато, не му е местото на х фактор.
Немам Пинк и не можев да видам кои беа коментарите за Лукијан, само на Жељко го слушнав до крај, а на Кики, Кристина и Емина се укочи, ако може некој што ги слушна нека ги напише
Леле водителкава беше како на боди! :geek: Како може така да излезе бе? Невр мајнд, многу ми беше мило кога жутите пиленца на Емина беа во двобој И фала богу овој Чато што излезе, многу ме иритираше тој неговв незнам каков глас! А нели двајца ќе испаднеа? Даниел избрал многу убава песна која му одговара на гласот, браво. Ама тие патикитее, мислам втф? Маид мислам дека првпат испеа песна, без тој негов сељачки акцент, или грешам? Лукијан повторно ист вид на песна, и кога беше во двобој, само што англиска беше, нека проба веќе нешто друго. Доктори не ми се допаднаа многу, онака просечно. Илма многу убаво испеа, добар избор на песна. Тамара некако досадно ми звучеше. Толку од мене, бајј
Што беше работата со стајлингот на Даниел . Тој дури и вели:ептен ми се екстра патикиве.Демек нешто многу убава комбинација.Елегантен костим со патикиве .Инаку не ми пее ништо посебно,но синоќа испеа добро. Илма-фаворит ми стана од пред 3 лајва .Прекрасен глас,што вика Жељко и мени да пее ќе звучи прекрасно.Оние од продукцијата треба малку да поработат на облеката што и ја даваат на Илма.Девојчето има 13/14 години а тие како ја облекуваат . Маид- знае да направи шоу . Доктори,Тамара,Лукијан-ми се неутрални,добри се. Алекса-не го гледав неговиот настап,ако може линк,неможев да најдам уште. Александра-нареден лајв таа е на ред да испадне . Инаку,Харис испеа поубаво синоќа отколку претходниот пат.Но сепак добро што испадна,бидејќи неговиот глас уште мутира-не е за х фактор . Спојлер Ако е фер шоуво,мислам Илма треба да победи,девојчето има навистина талент(х-фактор ).
Ама, баш добар му беше стајлингот. Одело и старки, баш рнб фазон . Коментарот на Емина, ги заборави чевлите . Може досадно е да гледаме нон-стоп кондури и одело. Општо машките ги облекуваат подобро од женските, додуша нема туку многу филозофија. Ама женските се очај, таман малку се поправат пак утки. Озбилни се со стајлинзите на Илма? А водителката беше преубаво нашминкана, ама тоа што го носеше .
Драго ми е што Харис го напушти шоуто. Време беше,уште одамна. Од минатиот лајв со цимолењето,ми стана одвратен до точка, што го морав да го мењам каналот кога тој пееше. Лукијан,катастрофа.Единствено ми се допадна кога ја испеа 'Све моје зоре'. Алекса,веќе е досаден со улога латино заводник и изигрување Сергеј Четкович. Во ред,разбравме дека единствено му лежат балади,но треба да пее и во друг жанр. Од синоќашниот лајв,единствено тој ми се допадна. Бркович...и обидот за промена на гласот... Тамара,како вообичаено досадна ми беше.Премногу пасивна,монотона. Единствено ме воодушеви на аудицијата со 'Don't you remember',од тогаш наваму ништо посебно не ми е. Даниел и Маид во ред ми беа. Докторите онака,ништо посебно. Ана,како и секој лајв преубава Снеже и Уна...секој коментар е сувишен. Се повеќе размислувам околу тоа дека Александра Секулич не требаше да го напушти шоуто. Не е до толку антиталент,како што се обидоа да ја претстават. По излегувањето од шоуто,во сите емисии кадешто беше гостин преубаво испеа. Можеби едноставно не ја пронајде вистинската песна која и леже.Како што на поголем дел од учесниците сеуште им даваат прилика да ги пронајдат истите песни. Жал ми е и за Младен и Перчоли.Ним дефинитивно местото им е во Икс фактор.
Според мене требаше Лукијан да лета,многу фалш фаќа на скоро сите песни што ги има испеано фалшира,Харис можи има глас како женско ама не фаќа фалш чисто си пее... Илма мислам дека е сега на ред да лета..Што се однесува до стајлингот се сложувам со Кристина..Не дека некогаш убаво ја облекле ама вчера беше катастрофа А и најмногу ме нервира кога не го остава жирито да коментира не ги остава до збор да дојдат,онаа ако испадне ви се кладам дека ќе си ги сечи вените..Па и добро и лошо да и кажат цмиздри за најмала ситница,бог да чува.. Докторите дефинитивно треба да испаднат не ми се ништо посебно многу ги форсираат..Заедно со оној Алекса се срање незнам шо ги величат толку Бркович,Даниел и Маид мислам дека се најјаки!
Што беше со облеката на сите? Катастрофа. Почнувајки од Ана,фустанот беше ужас,изгледаше како боди да носи.Потоа Снежана и Уна.Всушност,тие на ниеден лајв до сега не ми се имаа допаднато,но овојпат Уна ми изгледаше како струја да ја мавнала со косата. Шминката на Снеже секогаш страшна. Натпреварувачите.И кај нив во претходните лајвови имаше утки во стајлинзите,но овјопат ниеден не ми се допадна.Посебно Даниел беше ужас со старките,краватата и оделото.Илма исто катастрофа.Кој ли ги облекувал..... Во врска со пеењето(главното ) ми се допаднаа сите.Навивав за Харис да остане,а Лукијан да испадне ,но ете спротивното се случи.
Најголема грешка на продуцентите е што ја земале Емина за судија. Таа има многу привилегии бидејќи и Кики кога требаше да избира помеѓу Александра С и Александра Б побара да гласа последен, а не му дозволија. Зошто тогаш и дозволија на Емина. Што се однесува до испаѓањето на Чато ми е драго затоа што детето не заслужи воопшто да продолжи да се натпреварува а камоли да дојди до настапите во живо. Лукијан има добар глас ама вчера одвај чекав да заврши неговиот настап зашто ја уништи цела песна. Александра не ми се допадна како испеа вчера, а останатите беа добри П.С. Дали има снимка кога коментираја за Лукијан жирито бидејќи тогаш снема слика и неможев да слушнам што му рекоја.
1. Конечно ми се оствари желбата,па падна на земја Еминчето.Кој високо лета,ниско паѓа. 2.Се согласувам дека Харис не е баш дораснат за ваков вид на шоу, но не се согласувам тоа што остана Лукијан.Колку и да ги споредувам,настапите на Харис беа ОК,воглавно сите, а за Лукијан жими све моје зоре.. и толку. Да не споменувам во какво светло излезе сношти.Страшно ме нервира она зимање на воздух меѓу зборови, Жељко шо вика она ,ХА,.Само се чудам како порано никој од жирито не му упати критика за тоа. 3.Веќе се навикнав да гледам лоши стајлинзи на Х Фактор, ама ова сношти беше тотално хаотично и М немаше од МОДА.Пак на Илма никако неможат еден убав стајлинг да и направат,за водителката и подобро и да не коментирам ..Одговарало не,- сите конверс 4. Еден голем - за продукцијата. Се гледа дека земјите од Балканов неможат да направат ни едно саламско шоу.Мораат да сменат нешто во правилата, како што ним им одговара. :geek: 5.Еминче, срце.Мислеше дека ако заплачеш нема да испадне жутото пиленце или овој со зорите? 6.Конечно некоја позитивна критика . Одлична сценографија.
И така беше офф-топик и не точно мислењето што го пишав,затоа што сум изгубена,па морам да го сменам,решив да напишам за секој кандидат,водителите и менторите поединечно. Тамара-Дефинитивно тоа е нејзиниот стил,тоа и лежи. Преубаво испеа,се наежив цела. Даниел-Нема што да се коментира за него.П-Е-Р-Ф-Е-К-Т-Е-Н. Илма-Иако ми е антипатична,не реков дека нема глас.Но вчера беше просечна и не испеа како што треба. Александра-Мене не ми се допаѓа како пее она и сум за да испадне во следниот или другиот лајв.Вчера беше,нејзиниот најлош настап според мене. Лукијан-Само еден збор.У-Ж-А-С-Е-Н. Алекса-Ме изненади,очекував да не ја испее добро песната,но тој одлично испеа.Браво,се подобрува. Доктори-Во последно време се повеќе интересни ми стануваат,но кај и да е се гледа дека наскоро ќе испаднат. Маид-Па добро енергија има,знае да те размрда,но сеуште не сум сигурна дека поседува х-фактор. ЕминаТолку антипатична ми стана,се нервирам кога гледам,како глуми. КикиСупер е,скоро за сите дава добри коментари.Се гледа дека е добар човек. КристинаБорбена е,многу се бори за нејзината група,ама толку им е силата некако. ЖељкоДа не му беше ментор на Даниел,повеќе ќе го мразев.Многу ми е дигнат некако,па и цело време само ја спомнува евровизија. Ана ГрубинМногу к*рвински беше вчера облечена.А и не знае да води,некои глупости прашува и цело време греши. Уна и СнежеД-О-С-А-Д-Н-И. И толку од мене,се извинувам за грешката.
^ Девојката напишала,сите кои немаат проблеми со ушите гласаат за Даниел,логично.Зачи сите кои немаат проблем гласаат за него а не што имаат. Фино си напишала она се збуни нешто ти
Ау леле,што сум напишала,леле. Јас разбрав тие што имаат проблем со ушите,гласаат за него,сега видов. Ај заљубена-загубена сум,ќе ми простите. Стварно сум загубена во времето и просторот нема што.
Абе што толку се сте фатиле за зборењето на Даниел јесте да не каде лупа глупости али што треба да ќути како Лукијан .Да се праи паметњакович некој? свој си е.Само јас ли сум али оваа Тамара е досадна веќе и глуми лудило како ја фина емотивна бла бла бла...
насловнава веке што и е....како да не можело нешто друго да се каже од цело интервју глупости, на Tвитер со Kристина само се препукува, како девојче од 17 години..... филмммм е женава чекам понатаму да видам што ке се случи, кога ке и паднат Aлекса и тој арогантниот фалшшшш што е без култура и никаково однесување на сцена.
Сите што го плукаат Даниел, ѕвезди во покушај, се прејадни и смешни. Почнувајќи од Видиќ,наркоман, пропалитет, со никаква каријера зад себе.По новини го има само кога плука некој па ајде сега ја начека славата на Даниел па да си ја искористи шансата и тој да е спомнат некаде.Најголемо достигнување во животот му е стилист на Цеца, а за секој човек од неговата "бранша" тоа би било увреда и те каква увреда. За пигмејцот Панчо немам коментар.Нека си ги пушти сите негови интервјуа да се слушне колку простачки муабети кажува.Стварно кога и да го гледам ми звучи како тежок простак.Но ете секогаш ке се најде некој љубоморен. Па и двајцата, а и ред други (многу се да не ги набројувам) можат вода да му носат на Даниел, бидејки за толку кратко време стана многу повеке од нив, a и е.
Вечер Даниел настапува на Златна бубамара, супер што му отстапиле простор и нему, најголемо "откривање" претходната година.