Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кој е тој Владимир Пауновиќ? :?: Да не мислиш на Никола Пауновиќ?

    Мене ме изненади што Никола Пауновиќ воопшто беше пријавен, а отпадна зошто не беа задоволни од жириво.

    Приметив дека постариве, искусни дечки како повеќе трема да имаа. Изгледа очекувањата им беа големи, па затоа и беа под поголем притисок.

    А, нашиов Даниел испеа сељачки, ни акцентот не знаеше да го фати. Ако си талент треба секоја песна да ја пееш тата-мата. Ама ај, да се надеваме дека понатака ќе е подобар.

    А, малечката Илма, најмала, ама си испеа без мака. Браво.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Гледам дека не го обожавате Жељко многу, многу :D Но, неговото однесување спрема кандидатите според мене е океј, бидејќи тој е од сите останати од жирито е најмногу музички образован и може да види кој со кој кандидат што може да направи :!:
    Кога започна шоуто Кристина не ми се допадна, но во секоја и секоја епизода ми стануваше се помила. Сигурно сега ќе ужива да работи со нејзината група, иако баш и не и лесно да се снајде со толку многу пеачи :D
    За Илма и Тамара нема потреба да се коментира, се се знае :angel: Даниел и на мене не ми се допадна синоќа, а тоа што го направи Перчоли навистина не беше убаво од негова страна :clap: За Ичкова многу ми е криво, преубаво пееше.
    Едно не ми е јасно кај кандидативе :wasntme: Кога се пријавуваш, мора да се свесен дека треба да ги прифатиш сите замерки, критики, пофалби што следуваат, треба да прифатиш дека е голем успех до таму кај што си стигнал и дека постојат подобри од тебе :!: Знам дека не е лесно да се прифати но, не е крај на светот, следната година пак ќе се пријавиш :geek:
     
    На nati44 и Lella им се допаѓа ова.
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае вечер што ќе даваат? Пак некоја животна сторија? хаха Или продолжение од вчера кај што застанаа?
     
  4. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    А каде на интернет може да ја најдам репризата од цела емисија? :wasntme:
     
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    4.366
    Пол:
    Женски
    Иако жирито е навистина компетентно за оценување, бидејќи сите се добри музичари едно не ми се допаѓа кај нив.
    ПРЕМНОГУ се строги спрема кандидатите.
    Дали погледнал во Емина, дали погледнал надоле, дали се насмеал, дали замижал , дали малце се здткал и го заборавил текстот.
    Се согласувам дека треба да се однесуваат како професионалци на сцена, ама да бидеме реални па на толку врвни музичари им се случиле секакви киксови на сцена .
    Колку од нив паднале, го заборавиле текстот, изгубиле глас итн итн ??
    Сепак добар дел од кандидатите првпат излегуваат пред јавноста и може да се толерираат некои ситници.
    За нив шоуво е доволно стресно , не мора да ги напнуваат до толку.

    Инаку ми се допаѓа како ги распределија менторите :)
    Даниел иако зезна работа, сеуште ми е на топ листата. Чудно пее македонски, си има акцент дечкото и може и за тоа звучеше чудно, како да не е тој.
    Што се случи со Маид дечки??? Немој да ми кажете дека излезе ? :?:

    А и да , Пауновиќ е сељачиште арогантно -.-
    Ни во Операција триумф не го сакав, многу е препотентен. :fubar:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Мислев на Владимир. :D
    Пееше во група 8.

    http://www.youtube.com/watch?v=uSjPp0FAx_g.
     
  7. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Сигурно сум офтопик :worried: ама да прашам :$ Дали Емина има глумено во една турска серија имаше мислам Лале се викаше? :?:
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имa :D
     
    На Seashell31 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Маид помина.Во иста група се со Даниел.
     
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Оној Чола wanna be ми е најантипатичен од сите! каде бе дечко си се дигнал толку, па уште само Здравко можел да му коментира, абе ајдЕ! Убаво на аудицијата Кристина му даде НЕ затоа што е копија. Ако си квалитетен пеач, биди свој, нека те памтат затоа што ТИ убаво пееш, а не дека имитираш некого. Плус, што општо како човек не се покажа во групата, он само да се истакне, и баш сега ја гледав пак снимката, тој едниот кога пее ( незнам како се викаше ) му се убацува со тоа гласот, па уште вика им помагав ејј! Он стручњакот па ќе им помагал. Бегај бре! Да направат против да се гласа, за него ќе гласам :lol:
    Иначе Даниел, мене не ми беше многу лош бе :^) Две секунди му дале да пее само, и не само за него, општо не ми се свиѓаше ова со групиве, никој за 2 минути неможе да се покаже, посебно не во група од 8 души, како распашана команда. Океј тоа дека треба да се снаоѓаат со нова песна и се, нека беше така, ама нека пееа секој посебно..
    И плус незнам дали забележавте, Мања мислам се викаше девојката од кај нас, Жељко што и викаше зашто пеела на англиски и после му ја пееше Јовано јованке, во групава немаше нејзин дел кај што пее сама. Бар јас не приметив, и испадна плус. Ако било така, стварно срамота. Се надевам дека лошо сум видела..
     
    На LittlePinky и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    10.323
    Вчера прв пат изгледав емисија како што треба, инаку само некои од најпопуларните видеа ги пратев.
    Дека Даниел испеа лошо, да. Ама дека остави впечаток на којзнае колку дигнат и самобендисан дечко воопшто не се согласувам. Баш позитивно ме изненади што покажа дека може целосно да се опушти на сцена, да заигра, а не ко мутле некое да се клацка со микрофонот. И што ако испеа лошо? Прашањето е кој не испеа лошо вчера.
    Апсолутно е глуп начинот на елиминација, не може на секој да му биде погодена песната, тоналитетот, строфата или што ти ја знам. Ако имаш талент не значи дека се можеш да испееш, затоа и понатаму изборот на песните се од пресудно значење за тоа во какво светло ќе се претстави кандидатот.
    И не ми се верува дека и за шеширот му се фативте, ко рогови да ставил на глава побогу.

    Дечкото си е одличен, само нека тера. Нареден пат верувам дека ќе се покаже исто ако не и подобро отколку што беше на аудуцијата.

    Се запнале ко слеп за стап, не бил скромен, кроток, ваков онаков. Не ни треба да биде. Треба само да знае да пее и да се однесува на сцена. Затоа и ме нервираат оние делови од шоуто каде што кандидатката ја има во кадар како пасе овци, другата била самохрана мајка, третиот копал бунари и слично. Не знам зошто тоа е важно и зошто треба да има некој фактор врз победата на кандидатот.
     
    На LittlePinky, Golden, Gioia и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Таков никаков народ сме ние, први да плукнеме по своето и кога треба и кога не, мала причина и одма да се нафрлиме како гладни и гневни хиени.

    Како и да е, ја обожавам појавата на Даниел, многу е мил и личен пред се, а и убав глас има. Не ме воодушеви вчера, ама приметив дека ако е песна на англиски растура, а вчера запна со македонскава, не му лежи јазиков и не збори баш чисто, оттаму ја гледам причината и за губење со делчето што го пееше.
    Да земеме предвид дека за кратко врееме се спремиле, инаку не се сомневам дека ќе грмеше.
    Да не се лажеме, од лажни фолиранти, патриоти, наивни фацки преку ми е, оставете го дечково да дише и да биде свој.

    Навивам за него бидејќи ми се свиѓа, што не е случај со Раденов. Аман со исти ликови кои секаде се пробуваат, што повеќе може да посака? Победи на мак идол!Ако неуспеа да се пробие и прослави со тоа, толку му е аурата и можноста.

    Ме воодушеви групата со парови вчера, од Франк Синатра песната пто ја пееа, дури неколку пати ги гледав на видеотека зошто беа одлични на сцена и со одлични гласовни способности.
    Најдобра група!

    Покрај Даниел кој ми е фаворит, ми се допаѓа Стефан Кокович, Маид и Маја.
     
    На Gioia, Ilinaaa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Дечки читам некој постови неколку страни уназад за како Даниел не ви бил добар.
    Може не му одговараше песната и беше 0 во споредба со на Тоше гласот, бидејќи Даниел има потенок глас( не сум нешто музички образовна нити пак знам ) но така ми личеше, како и да е два различни гласови се, и немора одма сите да се нафрлиме окулу него дека отсекогаш бил лош и дека славата го сменила, или пак дека глумел.
    ( нејќам некој да навредам со ова, значи ги читав мислењата, не ме интересираше кој што пишал така )
    Срамота е ние како одма реагираме во врска со него. Скролнете 20тина страни уназад коа му беше настапот како сите го фалите, и сега одеднаш тој глумел.
    А пак да гледаме од друга страна, да му одговараше песната сите ќе го фалевме пак.
    Како и да е, мене ми е голем идол Даниел, и според став и според пеење, и секако според убавина. Има се што би требал да поседува еден победник.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.654
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека никој не се покажа во вистинско светло.За многумина избраните нумери беа катастрофални ,а и неколкумина признаа и дека воопшто не ги слушнале.За Даниел песната на Тоше не му легна ( а и рака на срце ,тешко кој може да го долови).Мене не ми пречеше толку што не ја изнесе песната,колку неговиот чуден македонски.Добив впечаток дека кога тој почна да пее Емина баш тоа му го кажа на Жељко.Како да го тераат на кинески да пее,не знам...разбирам дека долго време не е во Македонија,ама сепак...
    И на Фифи песната не и беше погодена.
    Кико и брат му не ги ни приметив... :?:
    Некако шоуво дојде до некој степен на напнатост,можеби сега кога се поделени ќе можат повеќе да поработат на себе ...
    И многу ми е криво што Марија не помина,девојчето има баш гласиште...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Да споделам како ќе бидат финализирани групите, само што видов од фан страната на Кристина.
    Фиифи ќе биде во група со Маринела.
    Моите најомилени момци Армин, Марко Балабанович, Никола и Урош Туркулов :inlove:
    Во женскиот бенд е Вања, Катаерина, Теодора Спаравало, и Лана.
    И секако овие што си ги знаеме како групи од предходно Mouse Miles раперите од Босна, Ромската група, и секако нашите Иван и Кико. :)
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.747
    Пол:
    Женски
    Ако е наш, не смееме да му ги видиме грешките? Јас па на вас ви се чудам. Дечково имаше впечатлив прв настап по кој следуваше ОГРОМНА реклама. Не гостувања најавени, не интервјуа, не исповеди, приказни и нормално со поизострен вид ќе се гледа на секое негово појавување, дали тоа било повеќе или помалку добро. Тоа е јавна личност. Таков живот си избрал. Секој негов потег да биде на тапет и предмет на позитивна или негативна критика. Не секој може да го поднесе тоа, па никому не му е ставен нож под грло да живее таков живот.
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Баш така. вториов пат се избрука дали со пеењето дали со тоа играњето глупаво.
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.327
    Допаѓања:
    29.130
    Пол:
    Женски
    Од секаде фрчат вакви коментари уште на почеток: „Зошто се пријави Иван, победи на Македонски идол, што сака уште?“ Па зошто да не се пријави? Негов избор е дали ќе се пријави или не, а и тоа што победи на Идол не му некој успех зашто покрај толку ветувања од Идолов, не знам кариера ли, албуми ли, песни ли итн. не доби ништо од тоа. Дали една песна или две доби. Повеќе песни им направија на Кико и Виктор отколку на Иван. [​IMG]Според мене нема ништо некоректно во тоа што се пробува на Х Фактор.


    Машкиот бенд не ми се допаѓа многу некако :?: Женскиот е супер, добро е што ја ставија плачката, па и Вања - иако не се покажа баш во нејзината група имаше само два стиха, нешто ко Goodbye tears, goodbye tears, I'll never be .. итн.


    Група 5 беа фантастични! :inlove:

    Стефан, Марко .. ааааа :inlove: :sun: Мислам дека супер си испеа Марко Sweet Dreams, има навистина моќен глас, Порчоли го примија, оној што ја играше Бијонсе го примија, него не. Ако не барем во групите да го ставеја, штета е за гласот. :!: И за убавината :$
    Од оваа група најубави парови ми се Урош и Тамара и Стефан и Лана. Супер е што Тамара и Лана ги примија во бендот. Од оваа група сите испејаа убаво, океј сега, со исклучок на дебелиот и таа со кадравата црвена коса, ама само Стефан Кокович бе! :o Само еден.
    И овој дебелиов и дебелката ми се слатки :D Oh, pretty babe, don't let me down, I pray, ... And let me love you, бејби, let me love youuu...
    Стефан е препреубав! :geek:
    Уживам додека ја гледам групава. Сите се прекрасни!

    Исто и втората група Total eclipse of the heart. Александра растура, ми се чини дека само нејзе овде и се погоди песнта. [​IMG] Значи таа енергија која ја има, секоја чест. Браво! [​IMG]Ептен ми е мило што влезе.

    Гледам, ќерката на Џогани со Фифи ќе е. Ако, ако... [​IMG]
     
  19. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    Совршенство :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • n.jpg
      n.jpg
      Големина на фајлот:
      20 KB
      Прегледи:
      215
    На Adi888 и Seashell31 им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.327
    Допаѓања:
    29.130
    Пол:
    Женски
    Помина во групите. :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.