ајде и јас малку да се смешам во муабетот за даниел... луѓе бидете малку реални мене не ми е јасно кој светски талент го има даниел?? дека добро се претставува со англиски песни и дека глуми наивен а воопшто не е тоа !!!! и ајде тој е светски талент го нападнавте маид дека пее само српски па и даниел пее само англиски ама никој збор не кажува за тоа. зошто?? -затоа што бил македонец !! македонец кој не знае да пее македонски!! и што се надевате дека даниел ако победи во македонија ке гради кариера?? тоа сигурно нема да се случи затоа што не знае да пее македонски !!! реален победник според мене е маид па убаво кажа кристина дека тој е совршен за балканот затоа што 90% сме народњаци сакаме турбофолк песни.. мислам реално зборувам и јас спајѓам во овие 90% а овие 10% што мислат дека во х фактор треба да победи некој што знае да пее англиски грешат !!! затоа што на која публика ке им пеат тие кога пола од народот не разбира англиски мислам реално зборувам не сакајќи да навредам никој
Што се расправате цело време за Даниел и Алекса? Ако некој го кажал своето мислење не значи дека одма треба да биде нападнaт. Па зарем очекувате од толку членови на форумот сите да имаат исто мислење? И да се разберeме, немам ништо против двајцата ама сепак мислам дека Даниел подобро пее.
Па глеј, според мислењево твое погоре, подобро ќе беше да си тинејџерка, вака не знам... Инаку, нејќам да се вреѓаме за глупости, секој си има свој фан, муабетот ми беше да не ги ругаме останатите кои што имаат квалитет. Глупаво звучиш со тоа дека Даниел имал глас како кхм... Зајко Кукурајко.. звучиш не ко тинејџер, туку ко претшколска возраст. Сите пеат ок штом дотуркале до таму, сега веќе дискутираме за нивните гестикулации, однесувања на сцена, впечатоци и слично. Срамота е некои тука, покрај цел Балкан, жири и милиони гласови да каже дека Даниел не знае да пее. Можеби ви е глупав, не знае да се изразува, ниту да игра или облекува или што знам јас...ама со вакви демек стручни коментари смешно излегува се ова што се пишува на темава. Јас за ниту еден кандитат не реков дека не знае да пее. Туку некои ме нервираат или во понашање или во изглед или (Тамара на пример, кога фаќа високи тонови и сака да го голтне микрофонот и да си го види мозокот со очите) и тн..
Според мене најдобро пеат,имаат најдобар сценски настап,харизма Маид,Даниел и Илма. А за Алекса....мене тој на аудицијата и втората фаза на икс фактор ми беше фаворит,но потоа како следеа настапите видов дека тој нема некој глас,а и нема икс фактор,сите знаеме дека тој останува во шоуво поради девојчињата,зошто тие лудуваат по него,а па и нема некоја лепота ама ајде....аа ако тој победи јас да одам да се фрлам од камениот мост,каде бе тој да победи преку даниел,маид,илма кои имаат 10000 пати подобар глас од неговиот толку.
Лелелл статистикава, бројкиве ти вриштат извини молимте али како ги доби? Ако ти слушаш турбо фолк и фолк и ако мислиш цел Балкан тоа слуша е јако си згрешила, па не паѓаат сите на Лепа Брена, Аца Лукас, Бобан Рајовиќ, Цеца, Дара Б, Драгана Мирковиќ има лица и те како слушаат старанска квалитетна музика, затоа без категоризации и нералнии тези-сувишно е. A, тоа дека Даниел незнае да пее и не пее на македонски и тука си згрешила, тој може се да испее драга моја благодарение на неговиот глас и талент и убаво се виде тоа на икс фактор. Aко си го сакаш Маид повели гласај си за него, има кој да гласа за Даниел,цела Македонија и пошироко знае да го цени, поеднични истомисленици твои и не се толку битни дали ке гласаат или не. Нас Македонците тоа ни е во крв, туѓото да го цениме, почитуваме, величиме, отколку своето. Еве колку и кој го цени и почитува Даниел и неговиот талент> https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater
Квин, не вреди. Не вреди зборови и време да трошиш за некој што според него гласот на Алекса е ништо во споредба со гласот на Даниел. Не вреди, остави
статистиката може не е направена според некое истражување но сепак има вистина во неа.. ако не е точна мојата статистика тогаш зошто никој до сега не има издадено албум со англиски песни и се нема појавено на балканот пеач/ка што пее англиска музика??зошто на концертите на цеца има по одприлика 100.000 луѓе публика?зошто сите лудуваат на песните на аца лукас? во ред ти можеби не слушаш турбофолк но на балканот преовладува таква музика и сите со таква музика просперираат зошто емина на своите кандидати им дава такви песни затоа што знае што му треба да балканот зошто жељко не му дозволува на маид да пее англиски песни затоа што знае дека со турбофолкот повејќе ке се пробие.. јас не гласам и нема да гласам за никој .. да маид ми е фаворит и не присилувам никого да гласа за него или пак да го сака но согледајте ги работите од друга перспектива а не од перспективата дека даниел е македонец и мора секој да го сака и дека тој е најдобар..
www.youtube.com/watch?v=SjvMfVGouxo За оние кои велат дека Даниел не знае да пее,можам само да ги наречам глуви Ставете настрана националност,харизма,изглед и само слушајте,па преиспитајте се дали има талент или не. Точно е дека за Х фактор се бара цел пакет,точно е дека понекогаш не знае да се изрази убаво и делува смешно,ама он е крал на музиката во споредба со сите останати таму. Значи од 6 години е во Австрија,а се чудите оти не зборел и пеел македонски,не можам да ве разберам.А го слушнавте ли на германски како зборува хм? Како пее на англиски па,иако не му е мајчин јазик. Дефинитивно му посакувам да направи кариера,дури и да не победи,и подалеку од лепа ни држава,море подалеку од цел турбофолкерски Балкан...
Ги прочитав коментарите во врска со тоа како Алекса бил подобар од Даниел и си се изнасмеав на детските глупости. До кога ќе се збори од инат бре ? Разбирам да не ти се допаѓа некој од било какви причини ама тоа не е повод да се употребуваат секакви зборови. Даниел и Алекса воопшто не ми се ни споредливи. Неможеш да споредиш светски талент со просечен пеач. Не велам дека Алекса воопшто не го бидува добро се снаоѓа во некој свој одреден фазон, но тоа не е доволно. Се загуби во песната Ai Se Eu Te Pego а не пак да му дадат да пее некоја од песните што ги испеа Даниел и ги воодушеби скоро сите. Џабе јас зборувам на кој да докажеш нема потреба. Сакајте си го вие Алекса затоа што ви е сладок и симпатичен.
Јас колку што гледам, денес скоро сите знаат англиски. А гледам сите песни ги знаете кога излегувате по дискотеки и пуштате VH1. И ако ги гледаме работите од твој поглед, тогаш Маид е најлимитиран во јазичното пеење, зашто пее само српски, додека можеби на Даниел му лежат англиски песни, ама ако те држи меморијата, пееше и српска и македонска песна, така да... среди си ги фактите и не се однесувај како српски патриот.