јас не сум никаков српски партиот но не сум ни македонски јас ги кажав работите од моја реално гледана перспектива и да знам дека пееше македонска песна и видов колку не знае да пее македонски песни осудувајте ме колку сакате јас стојам зад фактот дека на балканот просперираат турбофолкерски пеачи/ки и дека балканот лудува за турбофолкот даниел го сакав на почетокот не велам не но после тоа почна да ми станува одбивен затоа што се прави дека е наивен а не е .. сепак ова е форум и секој има право на мислење.. како што некои од вас го сакаат даниел некои алекса така и мене ми допаѓа маид некои не ја сакаат александра напротив јас ја сакам и заедно со маид и таа ми е фаворит но не можам да ги осудувам тие што не ја сакаат како и да е тие таму се дружат а ние тука по форумот се караме.... се надевам дека пола од натпреварувачите по завршувањето нема да ги снема како што беше со дел од натпреварувачите во операција триумф
Ти ова озбилно ????? Го споредуваш гласот на Алекса со Даниел ????? Мислам, добро, не е чудно, кога веќе сите момиња скренавте по Џастин Бибер. Амин од разбирање музика, само се залетувате по бубуљави момчиња.
Little-barbie, ТОТАЛНО си во право-според мене. Реално да збориме ,кој пеач од нашава естрада има албум на англиски??Еве баш ме интересира?Еден ,двајца да речеме. Јас не слушам турбофолк,слушам СТРАНСКО-ама странско.Не нашиве како изигираваат пеејќи на англиски. Јас не сум фан на Даниел,тоа е мој личен став и мислење.Кој колку сака нека се лути,ама мразам луѓе што глумат наивни а уствари..Но како и да е би била пресреќна да победи,дај боже дека е Македонец не за друго. Спојлер Пс.Линкот што го имав ставено за неговото жалење,го ставив намерно од проста причина што една феминка имаше спомнато дека Даниел не се жалел и бил многу скромен не бил како другите што се жалеле.И да верувам на страната Курир.мк ,и поради тоа што сметам дека постот е веродостоен и точен го објавив. И не се карајте за глупости,секој си има свое право на мислење,секој си има свој фаворит..Неможе сите да го сакаме Даниел и да го величиме.
Сите можиме од инает да зборуваме секако, ама само глувиот нема да го препознае талентот на Даниел! И да,секој има свое мислење ама да кажеш дека дечкото нема талент.. ,тоа може само од инает или љубомора. Доста е! Ајде сега за нешто попаметно да коментираме.
Абе, од Јеховини Сведоци и Телемити станавте подосадни со кампањава против Даниел. Mission unlocked: Форумски просветители. Ан-факинг-бливабл! И целта е да го просветлите народот дека некој си таму момак, што се пријавил за шоу од музички калибар, уствари не е тој што се прави дека е, биказ...? Па вас, со просек од дали 14 години, домашните ве издржуваат, а пишувате по темине ко вие да сте си купиле нешто. Налево круг и бан за лажење! Е, толку логични ви се фрлањава. Нејсе, досегашен впечаток за преостанативе, кога веќе сум тука: Спојлер Тамара - има девојкава некој интересен глас, ама ни од далеку не е моќен ко оној што се чинеше на аудициите (мада мене ни тогаш не ме воодушеви до подмочнување). Таа песна на Адел дозволува импровизација и прилагодување на висината, така да...Башка ми е малку патетична и аут оф спејс. Даниел - Како не му е срам бе истите патики со Алекса да ги носи? На Даниел Кајмакоски не може да му се верува! Абе фин си е, си држи една константна линија на која веќе се навикнавме, само уште да престане да се губи пред камера, топ ќе е. Лукијан - Абе момак бе. Таков моќен глас така да го (зло)употребиш на последниов лајв, штета. Ама не гледам некој фактор во него освен гласот, чуден ми е и нималку сценски поткован. Илма - Дека има глас, не може никој да го оспори тоа, ама доста ѝ беше. Чинам само високи ноти може да фаќа зашто на нискиве се дави и губи. Дете е, а како станува погусто, само повеќе плачки ќе повлече. Доста е Емина за солзи, за сите по три пати се изнаплака. Плус предвреме си крена цена. Маид - Не го варам некако. Може знае да ја размрда публиката, ама никогаш не би купила негово CD. Од фактори го има само селскиот и единствено во биртија можам да го замислам. За последниве тројца - Алекса, Брковиќ и Доктори сум најнеутрална. Првиов има некое гласче, а и тинејџерки го гласаат ко луди, Брка ми е малку претеризам со фаците и кога ќе го записка гласот, ама е неспорно моќна, а Докториве...за нив уште не можам мислење да оформам. Онака...ок.
Кој македонски пеач има песни на англиски? - Rennata. Да,девојката да не пееше песни на англиски немаше vevo канал да добие,а да имаш свој канал на vevo е повеќе од успех. На Балканот квалитетна музика нема и тоа е факт. Џабе го мешате Даниел во муабетот,овде повеќе дискусијата ми личи : „Дали треба да се пеат српски или англиски песни?“ Ако се пеат српски повеќе би личело на Ѕвезде Гранда а не на Икс Фактор.Дај бе луѓе информирајте се какво шоу е и какви песни се пеат. Толку од мене.
Јас не сум слушнала за оваа рената,ама ете можеби е позната не викам не.Само ме интересира дали живее тука?Или во странство? Реков дека да има што пеат англиски,ама тоа се неколку два тројца а не повеќе. Ете демантирај ме со уште ако ги има. Како ида е,он топик јас мислам најдобро ќе биде тематски вечери да има, а не вака кој што сака пее.
На Даниел не му треба победата на Х Фактор, Жељко си го зема во продукција и сега му прават албум. Може слободно да ја препушти на некој друг, нека се порадува малку Добро си го искористи он шоуто како медиумска пропаганда. П.С. Можат да искочи наредна Бркович, мислам дека време и е
За вокални способности на Даниел му нема рамен во Х Фактор а и пошироко од ХФактор ,овдека не сум субјективна туку ОБЈЕКТИВНА ,кој не ми верува на мојат објективност може да си се консултира со најстручниот професор за соло пеење според него па ке му го каже тоа што јас го кажувам,а не да зборува за инает .. .Илма кога пее вискои тонови се ДЕРЕ тоа особено се виде на последниов настап, ,и за ова исто консултирајтесе ,а да не зборувам дека дека девојчево не може да пренесе емоции при пеењето .....Илма се виде кога ја пееше Ангелу мој колку може да му парира со нејзиниот вокал на вокалот на Даниел .Да беа БРУТАЛНО ИСКРЕНИ членовите на жирито во однос на пеењето на сите во ХФактор тогаш ке видевте точно кој као пее поточно не пее и каков всушност вокал има всушност НЕМА .Даниел таму е БЕЗ НИКАКВА КОНКУРЕНЦИЈА ,никој неможе да му парира ниту вокално ниту на било кој начин .
Нема потреба од никакви консултации. Ние имаме уши не се секирај и не ни е потребна твојата објективност за да оформиме мислење и имаме фаворити. Реално гледано Илма му е конкуренција на Даниел и ќе испадне само заради годините, тоа сум сигурна. И ај не тупете се дерела, ова праела, она праела. Девојчето има ненормално добар глас, талент и харизма и не се дере ама воопшто. Досега во секоја песна се снашла и сите песни ги испеа добро. И Даниел и Маид се исто така талентирани и способни и без разлика дали ќе победат тука, мислам дека на нив им е загарантирана кариера. Немојте со такви "стручни" коментари кои се далеку од стручни и беспотребни се на темава. Даниел ти е фаворит, го сфативме тоа, еден од најдобрите е, го сфативме и тоа. Ама ај више со вакви коментари не го тупете.
Значи кога ќе ги видам нашиве јавни фаци како се фалат дека однапред го откриле Даниел ми доаѓа нагон на повраќање, ама озбилно Лила ќе ми се фали кај неа гостувал прв, па сите од естрадата ќе го фалат демек знаеле дека вреди, а да не беше X Factor никој нема да му дадеше шанса да се пробие и да сними нешто поквалитетно во иднина. Даниел имал доста појавувања во јавноста, низ аудиции, натпреварувања, ете и фестивали и по некоја песна, но никој не рече леле дечково е феноменален, да му напишам нешто, да му помогнам да се пробие. http://zase.mk/koprov-joksimovik-nema-k ... za-daniel/ Копров најголема гнида од текстописец, лицемер и парољубец, кој не твори музика затоа што ја сака музиката, туку единствено само и само од профитен мотив. Ќе изјавува сега Жељко немал капацитет да напише нешто за Даниел, можеби е делумно точно дека Жељко е во сосема различна сфера од музиката, не го негува музичкиот стил на Даниел, но барем како ментор во шоуто благодарение на него и самото шоу Балканот го откри Даниел. Жељко е тој кој го од одбра да продолжи во лајв настапите, кој се бори за него од емисија во емисија. И башка напиша неколку песни кои беа највисоко пласирани на Евровизија, додека наш Копров од претпоследно место не може да мрдне. Ќе се фали сега Копров тој го препознал одамна талентот на Даниел, бре бре. Сега откако стана Даниел мега популарен, да извлече некоја паричка од него гледа и да соработува. А ако толку го препознал неговиот талент зошто не му напишал нешто уште тогаш и не се обидел да го пробие. Ако не потпише договор, јас имам идеа за негов пробив и афирмација на Балканот” – изјави Григор Копров за Вест. Извини Копров ама Даниел веќе на голема врата се проби на Балканот, малку касниш ти братче. Имав големи планови за него, а потоа настана пауза во нашата соработка поради некоја негова тогашна менаџерка со која што не успеав да се договорам. Нашата соработка продолжи на ланскиот Скопски фестивал, не знам дали забележавте, но тој ги пееше придружните вокали на мојата песна на Мики-Јовановски- Џафер, ‘Разбуди се’. извор : zase.mk Не знаев дека големите гласови треба да пеат бек вокали, па да ми се фали Копров дека Даниел имал пеено бек вокали на негова песна. Башка ако си имал планови зашто не ги реализираше, или само за дебел кеш пишуваш песни ти, а тогаш дечкото не бил во состојба тоа да го обезбеди? Ако е паметен Даниел, нека си соработува со композитори надвор од Македонија, зашто нашиве гниди ќе му ја уништат кариерата. Инаку алал да и е на Адријана Јаневска, она е голем човек и вистински љубител на музиката. Му напишала и подарила песна на Фифи. Каков таков Фифи, сепак сака да му помогне да се пробие. Е за ова да речам стварно убав гест, а не за Копров што само сака да заработи на сметка на Даниел. Македонска очајна работа, странец треба да те открие, а тука после ќе те соголат. Па и викаат знаевме дека е талент, како не знаевте, затоа ќе меша малтер во Виена по бројни несупешни обиди во Македонија, дека знаевте дека е талент.
Дај оладете малце! Досадни сте со Алекса,досадни! Не се бара овде лепота туку глас. Да не бевте вие тинејџерките да го гласате Алекса тој одамна ќе летнеше и така лепотата го држи.
Едно е да имаш уши друго е да имаш музичко знаење ,затоа ВИ потенцирав да си се консулирате си прашате некој кој е музички образован .и затоа .Пак ке потенцирам да бешежирито БРУТАЛНО ИСКРЕНО ке видевме точно кој како пее и каков всушност вокал има т.е нема ,ама ги сфакам бидејки ако се брутално искрени тогаш треба да зврши шоуво
Турбофолкот бе лепотице-него да го нема. Се барало на балканов турбофолк. Жими тасета. Зае*и ако не икс фактор и ајде сите на ѕвезде гранда со песни од врела нела . Мислам ок си е, си има публика за Сека и Цеца ама Даниел да пеел српски песни зошто на балканов ќе градел кариера, е ова е логика на нивоу. Знам знам, не се сите српски песни турбофолк (едно 80% се) ама пак ич не ми паѓа на памет некоја моќна гром песна да му ја предложиме на Даниел (а да не е од Тоше, тоа слабо врви) па да распали како на последниов лајв на пример. Туку друго ќе викав, ок си е да си навивате за фаворитот и треба да си навивате и гласате за него, без разлика на се, вкус си е вкус а икс фактор за жал значи освен глас - и харизма, а харизмата е многу субјективна работа така да разбирам дека на некој му се свиѓа Лукијан. Ако беше само глас Сузан Бојл беше вон конкуренција, ама заради “икс фактори„ заврши втора. Ама ве молам, значи ве молам, не продавајте муда за бубрези дека во шоуво има некој со поголеми вокални квалитети од Даниел. Не е глас само високи тонови и моќна фрекфенција, треба и контрола на истиот. Илма е супер, ама слушнете ја Карли Роуз од американскиот фактор па ќе ви стане јасно што се спонтани и стабилни високи тонови. Брковиќ е супер вокално, ама некако не може да се пронајде, не е убедлива. Тамара исто.Маид си е весељак, за босански песничиња цар, ама ништо повеќе.Алекса и Лукијан тешко нас ако се вакви идните пејачи. Доктори-има потенцијал во нив. п.с Стварно бе женски ви е убав Алекса? Ко ќе го стегне устено ко кокошкин шупак ми е ,најсериозно. Ќе биде пак дека вкусови се вкусови.
Девојко они треба да имаат гласови и таленти, да имаат харизма за да го привлечат народот кој ќе ги слуша. Што ќе ми е консултација на мене или на било кој друг со музички образована личност. За да ми каже кој вреди, а кој не? Е не ми треба, гледам и сама. Значи да им се допаднат на народот и ние имаме уши за да слушнеме и знаеме што ни се допаѓа на нас, не ни се потребни стучњаци за да ми кажат што ми се допаѓа на мене или на било која друга девојка од тука. И жирито е доста искрено и баш полека се чистат оние послабите, а остануваат најјаките.
Илма има глас, ама и треба школување. Се виде дека не знае да се носи со високите тонови на последниот настап. А за Даниел кој што сака може да збори, се покажа неговиот талент, сега останува само да си ја изгради кариерата. Ова шоу ќе се заборави, многу што се во него исто така ќе се заборават, нема ни да бидат важни овие рекла-казала муабети. Овие од типот на Алекса ќе преминат во трбофолкерските води, ќе гледаат ако можат таму да успеат некако. И тоа е тоа. Доктори ќе се распаднат, ќе се заборават сосема. Ко идолот кога беше, Виктор, Иван, кој што рекол, зашто рекол, па сега кој ги памти веќе тие глупости. Затоа не си трошете енергија да се разубедувате за толку небитни работи.