Да, мал талент е да се биде нечија копија. Не мал, туку тоа воопшто не се смета за талент. Како што кажав, сите секаде, на секое шоу се обидуваат да се истакнат на свој начин, да го покажат својот талент, само ова кај нас може да биде, да бидеш нечија копија и да се истакнуваш. Ама се надевам наскоро ќе му дојде крајот. Никој ваков не заслужува да дотурка далеку, не на сметка на некој што се обидува да биде свој.
Најдобрата групаа Мило ми е шо мојте 3 фаворити продолжија понатамуу. http://www.youtube.com/watch?v=KfwHJsGtt1k
Не е само кај нас. И по Америка и секаде постојат двојници кои земаат огромни пари зошто ги бива за тоа. А, кај нас, со нашиве услови, поубаво да е копија на Чола и да заработува од тоа, отколку да живурка и како Иван Раденов и сл. пак и пак да се влече по музички избори.
^Други си се тие копии, имитатори, не се на вакви шоуа каде се бара оригиналност и само оригиналност. Не се цени да си нечија копија. Судиите секогаш прашуваат во кој жанр кандидатот се пронаоѓа, каде се гледа себеси. А не чија копија е. Мислам, бесмислено е дури и да се разговара ова. Си има имитатори и на Елвис Присли кои заработуваат пари, ама никогаш не би поминале на вакво шоу. Не дека не ги имало. Тоа сакам да кажам, па кој како ме сфати.
Ако талент е тоа што Перчоли го имитира Здравко, подобро нека се пријави на Јас имам талент. Да се разбереме скоро сите се талентирани пејачи, онаа 24. Како и да е, јас почитувам уникатност, а не копија како Перчоли. Веќе видено ми е тоа, еден Чола има зошто ни е уште еден? Тој нема изградено своја личност туку ужасно се труди и во движење, глас, облека да биде како Здравко Чолиќ. Тоа ме иритира, настрана тоа што е едно недораснато детиште кое го слуша само тоа што ќе му го каже неговиот менаџер... Уште не запеал, а ѕвезда се прави.
Точно, Перчоли го имитира Чолиќ. Ама луѓе, не можеме да негираме дека има талент за пеење. Може талентот не му е кој знае што, ама сепак го има. Ако немаше барем малку талент за пеење, кај може Чолиќ да го имитира, а да не правиме муабет за нешто повеќе
Мое мислење во врска со Перчоли. Јас не го оспорувам неговиот талент. И јас да можев, ќе ја имитирав Цеца, ама ќе извадам само некои крици, фалширање и слично. А тоа што се однесува како идиот, тоа е друго. Сакал да им помогне на другите. (ма немој да ме јебеш бре) А уште повеќе не го сакам, ради тоа тоа Жељко го испофали. Го испофали, ко божем којзнае што е...
Значи јас не викам дека Перчоли нема талент,тој има талент и многу добро пее. Ама сепак во ова шоу се бара уникатност,а не се оценува кој кого имитира подобро.
Тамара ,Илма Александра( девојки) Даниел, Младен, Марија ( преку 27 год) Алекса ,Лукијан ,Харис (младите) Машкиот бенд. Фифи и Марианела (група) ова ви се финалистите..
^^^ мислам дека има некоја утка направено тука, барем за бендовите. Не ми е верно да продолжат Фифи и Маринела, а и само две групи се пишани треба 3 да има. Со оглед на тоа дека моите фаворити Армин и Никола во група ги ставија дефинитивно сум тим Кристина. Нешто околу Перчоли, за Xfactor дефинитивно не е! Еве да речеме победува, и треба да сними албум. Кој ќе го купи тој албум? Ако сакам да го слушам Чолиќ едноставно ќе го пуштам Чолиќ. Дечково ако сака да му биде продуктивен талентот, ете го знае сега Балканот нека си прави нешто свирки и сл. како на пр. типот што го имитираше Тито(не ми текнува името одамна беше) или Елвисите во Вегас. И да се вратам на жирито, ние тука додека мозгаме кој поминал понатаму кој не, они си отидоа во Лондон на финалето на британскиот Xfactor.. Мераци
Mene ova ne mi e za veruvanje.Maid ako ne prodolzi ova e propala investicija.Isto I Marianela I Fifi ne se za vo finale.
Перчоли е обичен имитатор, и ништо повеќе. Може има глас ама се додека нема сопствен идентитет како пејач, не може да се смета за тоа. А пак колку препотентно делува, тоа друга приказна, не можам ни секунда да го гледам. Фаворити ми се Тамара и Даниел. Мислам дека овие песните во бут кампот на повеќето не им беа погодени, а и немаа нешто простор да се покажат доволно. Ќе видиме натаму, кој што ќе покаже. Исто и дечкото што е на Тарабунов сличен, мислам Урош се викаше, ми се допаѓа. Добро и физички , ама и гласот му е предобар според мене. И Иван Раденов со брат му беа многу подобри од самата аудиција. А оваа Христина мина на чиста лепота, ништо повеќе. Женската е стварно преубава, и како женско кажувам . Ама глас нема, ептен дури потпросечен. Ама тоа е.
Од каде ви се тие информации за финалистите ? Никој сеуште не знае кои се (освен натпреварувачите,жирито и продукцијата).Ова ви се само чисти предпоставки. Едит: http://www.alo.rs/v-i-p/rijaliti-sou/zi ... tora/40472 Не го мислев Желката за емотивец бе,а он сирот солза пуштил.