Не е фора да го бакнеш Даниел туку Малечката невеста. Ах Снежоо Иначе Даниел и Илма најдобри Мило ми е што испадна Алекса,а Маид подобро ја испеа песната за спас. А Еминче ’ржи не се држи,како само се сврте кон публиката кога и викаа ‘‘ууу„ ,не и доликува.Но изгледа позади таа лицемерна фаца се крие таквата Емина која сега се покажува
Мораа да кажат јавно на телевизија дека Александра има дури зачудувачки малку гласови па продукцијата реши да ја избрка? Идиоти...Греота
Жирито го претера цела вечер, особено Жељко и Емина со тоа што им било досадно. Океј, подосадни песни (освен таа на Даниел, и Докторите беа интересни), од филмски саундраци можеле да бират и да бират, такви прекрасни песни постојат, они се некои леви, за повеќето и не знаев од кои филмови се. Жељко е неподнослив веќе со тоа, домаче па домаче . Сум приметила дека на тие што не знаат англиски им е досадно да слушат такви песни, па се вадат на тоа не можеле емоцијата да ја осетат. Па нормално дека не можеш да ја осетиш, кога немаш ни а од англиски. Според мене веќе треба со закон да се забрани да не знае некој англиски, озбилно 21 век па уште музичар што треба да ја разбира музиката. Кристина вели во џез фазон, тој "опет страно". Значи постојат толку видови на музика, а они сите ги класифицираат под "страно" . Абе прости до немај каде, поарно земете нешто принаучете англиски. Барем Жељко сум кажала дека го сметам за квалитетен музичар, песните, особено од тој еден албум не знам како се викаше, му се сите во некој поп-рок стил, како револуција на српската сцена полна со турбофолк беше. За Емина е излишно да се зборува, си има сериозен проблем. Цела вечер беше некако вештачки насмеана, кога дојде на ред како да не знае што да збори, почнува со драматична реченица и продолжува да тресе глупости што и самата не си ги разбира. Колку ми е драго што остана со само еден кандидат, но и јас мора да се сложам дека Лукијан требаше да испадне, дури и пред Харис. Не знам читам овде некои коментари како го бранат Лукијан, Лукијан се родил во фалш, ете така да знаете. Не сум музички образована ама фалш можам да препознаам, како и тоа дишењето што упорно не го поправува. И тој натпреварувач стигна до овде . Даниел ми беше мене одличен, одлично ја произнесе песната. Нема кој да се рамни со него, колку и да се трудат тој е многу нивоа над нив. И озбилно оваа песна да ти е досадна? За време на Александра и Илма заспав. Александра може сега беше и технички најдобра, ама досадна е самата таа, не знам не можам да ја гледам, ни слушам. Но на глуп начин ја исфрлија, многу глупо и дури жално беше. Тамара по прв пат ќе кажам катастрофална беше, и уште кога почна песната знаев дека нема да ја испее добро, преголема желба да ја повтори аудицијата. Ова и беше најслаб настап, стварно не знам како се загуби тотално на овие лајв настапи после таква аудиција. Нема што да се зборува Даниел треба да победи, нема конкуренција во никој таму. Мислам дека треба да испее нешто од Роби Вилијамс, и финалето е за него загарантирано, а и првото место што се оденсува до мене.
Ама ВИП третман и` удрија на Брковиќ вчера. Прво жирито, потоа и продукцијата... Да излезе и Маид и веќе циркусов не го гледам. Дури ни поради Даниел.
Правдата може касни, ама стига! Минататиот пат не искочија 2ца, а ако искочеа ќе беа двајца на Емина, а и толку време не искочи никој од нејзин тим, прва седнуваше доле додека испаѓаа Младен, Маја , и као демек Емина најдобар ментор?!?! Одвратно почна да се понаша, пристрасно, непрофесионално, селско, многу селско. Коментарите ај што благе везе и немаат, и што фокусот и е на стајлинзите, а што да каже кога и сама дали знае што е ниски тонови, фалш и сл? Незнам дали приметувате, ама само неа и УАА вчера на критиките, иако и други даваа критики. А излагањево на Алекса беше реално, зошто се најде во дуел баш со Маид! Маид не е било кој, а и кога чув што песна почна да пее ( претпоставив дека нема да е англиска, а она на балканско растура), знаев дека реално без мислење он треба да помине. И зашто Алекса искочи? Епа крај на месец е, малишанкиве добиле стоп на сметките за мобилни и стоп за кредити.
Вчера Даниел ми беше супер, а жирито може комотно да отшетаат до ушно нема да им дојде лошо. Ми пречи кај Даниел што не е малку борбен туку се си прифаќа како му кажат поготово кога му даваат нереални коментари ко вчера , отвори уста и изјасни се дека си одличен и задоволен од сам себе и пееш песниште, а не тралалајка. И друга работа да почне да гледа малку повеќе за себе, вчера кога го прашува водителката зошто Даниел сметаш дека треба да си во финале?, мислам навистина доста со она сите сме добри, сите заслужуваме да сме тука, бла бла...кажи зошто треба ТИ да си таму. се мислам дали е навистина толку наивен или ми глуми лудило. Се си мислам дека е ова второто земјаќи предвид дека има учествувано на неколку вакви шоуа, па од искуство вагда има сватено дека кај повеќето пали вакво однесување. Супер да си скромен, добар, мил ама ова неговово станува вештачко. Дури Маид мајтап си игра со него ако ви текнува кога кажа водителката дека Маид викал за Даниел мир во светот и да гласаме за Даниел или да го спасиме Даниел...така нешто. Да сум на местото на Даниел би си го чукнала сериозно прстот на чело. Мислам на 30 години очекувам да видам човек што црвсто стои на нозе со свое јас и борбеност,а не изигравање "светец". Фаворит ми е и се надевам дека нема да биде уште една инстант ѕвезда, му посакувам да направи не балканаса туку светска кариера.
Самоувереност не пали кај нас Аја, затоа. Баш напротив, гаси. Маид веднаш го направија препотентен, да не зборам за Перчоли заради тоа што се сметал за најдобар. Собери-одземи, голем дел од публиката ја одвраќа таа самодоверба. Даниел е паметен дечко и знае да го искористи тоа. Мислам разликата меѓу бројот на неговите фанови на фб и на фановите на другите натпреварувачи кажува многу.
Колку очекував а колку досаден лајв испадна! Мајке ми! Од песните пролив да те фати ( со извињење) Морам прво да напоменам дека жириво е одвратно станато!!! Уште две емисии има они се понашаат као се да им е равно! Жељко како да нема учесници веќе,како да им лут што сами си одбрале песна,ни поддршка да им даде ни убава најава! За кокошката Емина не ми се трошат зборови! Коментарите вчера им беа врв,се величаше фалшот,се омаловажуваше трудот,тешките песни и високите тонови! Даниел си покажа и докажа дека и во стара да речеме досадна мелодија може да звучи перфектно! И каква емоција барате бре во оваа песна,па Даниел го има оној сенс автентичен во аренби песни кај го барате тоа овде?! Судииве искочија башка и неписмени! Неправда за Бркович и срам за продукцијата! Можеа на др.начин да соопштат дека има најмалце гласови не знам... Жал ми падна затоа што иако не ја сакам баш вчера отпеа одлично во секоја смисла! Алекса заслужено си замина,толку му е опсегот на дечкото нема веќе што да покажува според мене,се е кажано! Лукијан исто треба да лета! Ме изненади фактот што Маид беше во двобој се си мислев дека има многу гласови од Босанциве,а и вчера имаше одличен настап иако со домашна песна! Сепак изглеа на крај ќе ги глеаме Даниел,Тамара,Илма,Доктори и Маид!
Колку само гадни станале судииве! Алекса не требаше да излезе,поштенка! Според мене Маид е ништо и никој за Алекса,нема никаов шарм,ниту пак хармонија во гласот.Дерење или пеење?Искрено,незнам што прави Маид. А и Илма,на ниво и е гласот но годините ја кварат.јбг.А за изгледот,па толку ли се слепи бре како теткица ја прават Даниеел ми е фаворит !!
Маид не пеел, се дерел? Боље пеел Алекса? Јес да све је ствар укуса, ама да се оспори вокалот на Маид и да се прават вакви споредби...хммм, не знам...
Конечно летна Алекса !! Го чекав од првиот лајв. Добро ќе и дојде на Емина да се спушти малку на земја после ова . Може сега нареден лајв или Тамара или Лукијан да летаат и другиве се таман за во финале
Мене нешто ми вели дека Маид ќе лета следен пат... Лукијан и Тамара се префорсирани за да кој било од нив си замине пред финале.
мене искрено повеќе не ми се гледа коментарите се веке нереални незнам зошто воопшто ги нарекуваат судии и зошто седат таму нека си седат во публика финалето го заслужија даниел и илма другите си имат свој талент но не и х-фактор ако веќе така се вика тоа и го бараме зарем не
Кандидатите на Емина не се толку лоши, си имаат некој талент. Работата е со она направи да ни изгледаат нас антипатични со нејзиното лигаво однесување и форсирање. Мислам дека тие се кандидатите кои во сите останати натпреварувачи гледаат конкуренција, благодарение на "школото" на Емина.
Жељко се повеќе и повеќе ми се допаѓа,а оваа Емина се повеќе не ја можам Ок е да ги подржува своите кандидати но таа претера. Алекса и требаше да испадне,немав никакво мислење за него,а за Александра бев зачудена што така излезе,требаше да добие шанса да се бори! И според мене ова и беше најдобар настап. Добро е што Даниел продолжува,се надевам дека ке го гледаме во финале и се надевам дека ке биде победник За наредната емисија треба да испадне Тамара,таа некако ми се дели од другите,незнам зошто Илма и Доктори се најголеми конкуренти на Даниел,Илма затоа што пее навистина добро,а Доктори од причина што се 5 и повеќе луѓе ги гласаат.
Баш ми е мило што Алекса испадна,ама баш ме зачуди тоа што Маид остана во двобој и да испаднеше Маид јас веќе никогаш не би ја гледала емисијава,а за Александра и за нејзе ми е мило што испадна нешто во последно време ме нервираше. Инаку да напоменам дека овој лајв убедливо беше најдосаден од сите предходни,и оваа Илма каков фустан облекла и уште сама го избрала уште на глава да имаше нешто би изгледала исто како Есма Реџепова