1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Немам ништо против Алекса, ама кога веќе требаше да се гласа измеѓу него и Маид, онда мило ми е што остана Маид :)
    Илма убаво испеа, колку и да ме нервира :angel:
    Тамара ми беше најбоље...развали цурата 8)
    Овој нашиов стандард ми беше врв, ама тоа песната не е баш за мој вкус, али нема везе, простено му е :lol:

    Кога видов дека Бркович си оди без шанси за борба, пресреќна бев :party: , мислам дека уште некој вторник ако ја послушав ќе ми го унаказеше органов за слух со дејство како на хронична изложеност на бучава.

    Водителките: добро што и беше на таа (не нашата, другата) од бекстејџ?! :fubar: На некакви дроги беше или?! :puke: За нашава, ајде нема да коментирам...ама за оваа Ана,морам: која нога ја вади еј :clap:
     
  2. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    На ваква глава ваков стајниг оди. Девојчето си кажа си ја зело работата во свои раце, не тука некој од продукција ке ја облекува. Таа културно си земала облека која и одговара на возраста, вие не знаете :D остајте таа работа, па незнаете дека вака се облекуваат денешниве девојчиња на нејзина возраст што се. Ова е стајлинг на девојче од 14 години, сите ја пофалија :lol:
    Илмиче цуце, ова е стајлинг за баба Есма, а не за некој кој е на твоја возраст. Очигледно дека од некој аспект си уназадена. Каде се твоите 14 години се прашувам. Друго девојче на твоја возраст, никогаш не би помислило на ваков стајлинг, а уште помалку би облекво вакво нешто. Може само за маскембал, ма и за тамо не верувам.
    Срамота за едно девојче од 14 години, уште гордо кажува-во облаци лета од радостии,леле што сум облекла. Се знае како се облекуваат денешните девојчиња. Само незнам како овој пат не ти кажаа жирито дека си лошо облечена и неличиш на сопствената возраст.
    По се изгледа коментарите на жирито се во зависност од нивното дневно расположение и да се толкуваат во обратна смисла.
     

    Прикачени фајлови:

    На tessie и Agrona им се допаѓа ова.
  3. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    Според мене:
    Алекса- заслужи да си замини, мислам дека и голем успех му е што стигна до тука.. Особено кога видов дека е во двобој со Маид, се молев да испадни тој, немам ништо против него и мислам дека Емина со нејзините лигаења и форсирања на кандидатите направи да не се прифатени од публиката, истото и за Харис пиленцето и Лукијан т.е. мислам дека не се толку лоши колку што е таа крива бидејќи кога служнав дека Алекса бил шпански заводник незнаев дали да плачам или да се смеам, или тоа дека е најубавиот учесник во Xfactor
    Маид-мојот фаворит :inlove: :inlove: :inlove: Јас незнам зошто бев сигурна дека ќе е во двобој и тоа со Алекса уште пред да почни емисијата. Првата песна не ја знаев, ама алал да му за сценскиот настап и како при толку скокање успеа да ја испее песната. Кај него ме нервира што постојано ја спомнува загубата на мајка му, нормално дека му фали и се тоа, но остава погрешен впечаток кај публиката. Искрен е, поради што остава впечаток на препотентен и арогантен, убаво е да си самоуверен, но понекогаш знае и да ме изиритира. И сигурна сум дека нема појма од англиски и дека за тоа не пее странско, иако не би му било проблем со оглед на неговите гласовни способности. На момент помислив дека испадна кога Ана му пушти рака на Алекса, но добро е и мислам дека нема да е номинирам следниот пат, читав кај што имаа пишано дека следен пат цела Босна ќе гласа активно за него. Но и покрај сите мани и недостатоци јас си го обожавам :inlove:
    Даниел-со првата аудиција ме воодушеви, кога беа во bootcamp не ми испеа воопшто убавo, па пак ми ја испеа преубаво When i was your man, па се до претходната аудиција не ми беше ништо посебно изгледа бидејќи имав големи очекувања од него, а за последнава аудиција песната што ја пееше ми многу ја сакам. Иначе не го обожавам само онака ако не Маид би сакала тој да победи бидејќи е од Македонија, а и мислам дека повеќе глуми отколку што е толку наивен. И мислам дека треба да си го подобри мајчиниот јазик, дефинитивно особено за кога пее на Македонски тоа да звучи подобро
    Илма-девојчето пее преубаво, стварно ме чуди нејзиниот талент, ама понашање.. :x Премногу вообразена за нејзините 13 години кои иначе мислам дека не и се воопшто проблем за да направи кариера, напротив. Само мислам дека пребрзо кје порасни.. Со hurt ме воодушеви, ама цело време се прашувам добро толку никој нема да ја облечи да личи на нешто. Ја облекоја како малечката невеста, а и тие и се годините да не планираат некое изненадување во финалето :P
    Александра- преубав глас, преуба боја на глас, специфична уствари. Мислам и дека како личност е многу добра барем таков впечаток ми остави. Е сега немаше некоја харизма и мислам дека и затоа не успеа да привлечи масовна публика и и јас ќе кажам срам за продукцијата какво е ова исфрлање.
    Тамара- со првата аудиција многу ја засакав и имав впечаток дека има многу добра душа, ама сега почна да се филма, ништо не ја интересира, па нека испадни ко така ако веќе не и е гајле..И сега многу ме нервира и мислам дека има големи шанси за победа бидејќи е од Србија, а Србите се огромни националисти.
    Лукијан-немам некое мислење за него, нека испадни следен круг, да направи место во финале за подобрите од него
    Доктори-Обично кога пеат тие користам да појдам во WC на мочкање, не им обраќам многу внимание па и немам некое мислење, иако мислам дека имаат публика која гласа за нив.

    Од менторите Жељко го обожавав од секогаш, но понекогаш знае да иритира со понашањето, дали личи на една жена на онаков начин да и се обраќа јавно, во прашање е култура. На Емина и ги знаев оние неколку хитчиња и ни ја сакав ни ја мразев, ама многу ме нервира со она лигавење, очигледно е дека требало да си се посвети на глумење во турските серии, да плаче на погреби.. Мислам дека таа им ја потпиша судбината на своите кандидати, па и така и и треба кога се занесуваше.. И многу ми беше кејф когаи укаа, па таа се врти демек да ги уплаши да престанат, тие уште повеќе :clap: :clap: Кристина до шоуво не ја знаев ама ми изгледа како стабилна жена која се изразува објективно и искрено, симпатична ми е многу и далеку поприродна од Емина. И Кики исто така до вчера не го знаев, се гледа дека е добар ама ме нервира што нема свој став и мислење, ми се чини нема никаков авторитет.

    Од водителките нашата многу ме нервира, прво на Српски цепеше, фала богу почна на Македонски и има текнато или од продукција и имаат речено, како и да е на кој јазик и да зборува и онака нема многу што да каже.
    За во финале мислам дека ќе одат Даниел, Илма, Маид, Тамара и Доктори. Мислам дека така ќе е најреално.

    се извинувам за рефератот и анализата на сите од чистачката до камерманот ама првпат вака давам мислење за сите на подолго :)
     
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Стајлингот на Илма - нашла па зашла :D Така викаат старите, и со право. Мрднала малку од дома и ајдеееееее :lol:

    Дефинитивно се согласувам. Девојчето е ДЕВОЈЧЕ...има време уште леб да јаде додека да стане компетентна да избере сама аутфит :) Битно жирито ја крена до небо со коментарите :swear: :devil:
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Па добро Илма е босанка,знаете таму како оди тоа...
    Според мене мислам дека,Даниел,Тамара,Доктори,Илма и Лукијан ќе одат во топ 5.
    Се мислам следниот лајв,двобојот ќе е помеѓу Лукијан и Маид,ама ќе видиме. :)
     
    На Heartbeat и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Дефинитивно,ова беше најлошиот лајв до сега..
    Мислам,по досаден здравје :wasntme:
    Маид,песната првпат ја слушнав.. Воопшто не ми се допадна,единствено што понуди е интересна кореографија.
    Даниел,неоспорно е дека има убав вокал,ама синоќашниот избор на песната беше..досаден исто.
    Тамара,монотона како вообичаено.Ништо ново,веќе видено.
    Илма,само мене ме потсети на Есма(во однос на облекaта).И се надевам следниот лајв нема да ги преземе работите во свои раце,како вчерашниот.
    Бркович и Алекса се единствените кои ми се допаднаа.
    Лукијан,ништо посебно.
    Докторите,во ред ми беа и баш имаа хаотичен сценски настап :D

    Само не го гледав крајот.Не ми е јасно како така ја избркале Александра.
    Од форумов дознав :^)
     
    На blosson, Saricko и Agrona им се допаѓа ова.
  7. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Знаеме се како оди, но Илма сака кариера :) мислам ме разбираш. Треба уште да порасне, да го надграdува и усовршува талентот, кој и не е за потценување. Јас би кажала само дека дете си е дете, треба да порасне, за да свати нкекои работи. Ова што таа го покажува, не зборувам за нејзиното пеење, за нејзиното однесување, ароганција, не почитување и др работи и тоа како влијаат врз целокупниот резултат, мислам ако сака да биде победник.
     
  8. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    Ова го имаа објавувано за Алекса..... хахахахаха неможам
     

    Прикачени фајлови:

    На Lolo5, Mermaid90, Heartbeat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Алекса :l: :l: :l: :l: :l: :l: ми беше омилен мене, перфектно пееше исто и Александра Брковиќ и таа ми беше добра И Харис само шо испаднаа ама како и да е тиа само што почнаа да градат кариера доколку така продолжат од нив ќе излезат многу добри пеачи <3 A мене Eмина не ме воопшто нервира супер си е жената секако дека ќе си ги форсира нејзините момци од нив па и точно е тоа што го зборува (мое мислење) а Илма како што вели бубамара си ја зела работата у свои раце ии секако принцеза се направи бе хаха инаку и таа има глас ств убаво пее...Маид како и обично ме нервирааа :envy: не ми се допаѓа како испеа...Даниел него си го подржавам сека тој ќе ми биде надеж :inlove: А Лукијан фалш е човекот не знам до сека како истера да дојде има глас ама прави многу фалшови..Тамара немам некое посебно мислење за неа и така и така...Доктори досадни се блаах |-) |-)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Јас искрено не знам Тамара кој ја држи сеуште во шоуво,ниту знае нешо посебно да пее,ниту е којзнае колку претсавителна,ни харизма има ... ништо!!! Али мислам дека има некој кој што ја бутка исто како и Лукијан
     
    На Ilinaaa, blosson и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.523
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш ќе кажам: На Даниел не му е прв пат да ме наежи со неговото пеење но прв пат му е тооолку преубаво да испее па жирито да нема соодветни коментар па „немал емоција„ . Емина ќе му дава коментари на Даниел? :D :D Незнам ни со кој ум е во шоуво искомплексиранава жена, ама од неа не вреди да ти дае ни позитивен коментар, од искуството шо го има де..
    На Даниел само му требаше пракса и публика, а сега кога го има тоа,тој може да му биде ментор на Еминчето. Мило ми е што и се откина уште едно крилце :devil:

    И да.. очекувано испадна Александра но не очекував дека ќе испадне на таков начин.Алекса мислев дека ќе се протне во уште еден лајв ама..тоа ти е. Зафатени беа тинејџерките сношти. :lol:
    Лукијанее тебе ти иде редот за испаѓање па Емина да тресне од земја, еднаш засекогаш.

    Се извинувам ако некој ме сватил на поинаков начин али стварно неможам да се контролирам :lol: Оваа жена да ја сретнам на улица...тепачка ќе биде :D толку ме живцира
     
    На Lolo5, Ilinaaa, Gioia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За жал мислам дека Лукијан ќе влезе во финале, ако замеша прсти Емина, за да има претставник и од нејзината група.
    Иначе не заслужува Лукијан да е во финалето.
    Не може да се носи со другиве, ама ич.

    Мене и Илма не ми е за во финале. Не ми е ама ич интересна. Има убав глас (еден та ист, пее високо и тоа е тоа). Ми нема харизма, шарм, години...
    Ја гураат и неа Босанциве...

    За Емина емоции се ако се заплачи. Требаше Даниел солзи да рони, па можеби тогаш ќе беше задоволна таа.
     
    На Ilinaaa, Gioia и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    http://www.youtube.com/watch?v=hGw6fTiD-Lc

    А сад адиоооо, а сад адиоооооо. :inlove:
    Зошто бре, зошто испадна? ;(

    :l: Алекса :l: - Препрепресовршен, преубаво, се прекрасно. :inlove: :inlove: Изгледа публикава е глува.
    Лукијан- Оди си! Само зафаќаш место, ништо друго.
    Маид- Значи најдобрите настапи со Алекса ги имаа. Штета шо останаа во двобој, а најдобри беа. И првиот и вториот настам мноогу убави.
    Даниел- Мммм лајк, само песната не ми се свиѓаше многу.
    Доктори- Незнам, ама искрено НЕЗНАМ шо толку ви се допаѓа кај нив? Глупости во боја настапон им беше. Како на пазар да се 76772 луѓе до нив, глупостиии!
    Илма- Ауу јас разбирам дека е босанка и дека они си се облекуваат така, ама ова е претерано. Идна млада Есмица е. :lol: А и нема некој глас кој ќе ме воодушеви.
    Тамара- Јас незнам шо толку лудуваат по девојкава, не е нешто WoWW!
    Александра- Уфф редно беше. Само се дереше и правеше некои гнасни фаци. :puke:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.579
    Допаѓања:
    40.007
    Пол:
    Женски
    дал да се смеам дал да плачам
     

    Прикачени фајлови:

    • thumb.gif
      thumb.gif
      Големина на фајлот:
      37,3 KB
      Прегледи:
      243
    • excuseme.gif
      excuseme.gif
      Големина на фајлот:
      497,8 KB
      Прегледи:
      243
    На x-MajaEsposito-x и Primadonna им се допаѓа ова.
  15. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Епа во ред не мора да се фаќа веднаш за секоја грешка мислам дека беше јасно што сакав да кажам :) Иначе и ти мене си ми фаворит :) :) :)
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Редно беше...Мислам Алекса требаше да испадне многу одамна, не ми е место помеѓу другите за три класи се подобри од него сите до еден, освен Лукијан.

    И каков беше тој начин на кој испадна Александра?
    Па девојката има страшен глас,вонсериски, можете да зборувате гримаси, харизма да мешате баби и жаби колку сакате, но факт е дека Александра пее предобро.
    Требаше да и се даде шанса да се бори во двобој сигурно би поминала понатаму покрај Алекса.Катастрофа од продукција.

    А за стајлингот на Илма што сите зборувате, девојчето сакало да се облече како принцеза.Само не ја остварила замислата во потполност и мене воопшто не ми беше страшен нејзиниот стајлинг баш ми е слатка.Незнам зошто толку ја нападнавте.
     
    На Eci15 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.579
    Допаѓања:
    40.007
    Пол:
    Женски
    Испаѓањето на Александра не е фер, девојката не доби шанса како и сите други да се бори во дуел.
    Мило ми е што испадна Алекса, нареден се надевам ќе биде Лукијан.
    Ептен ми беше криво кога во дуел беа Маид и Алекса ама добро, барем беше фер и Маид нормално остана.
    Илма за гласот не коментирам, се знае за неа дека е најдобра, а стајлингот- па незнам колку треба да се биде прост па да не се сфати поентата зошто беше облечена така, а феминкаа над мене објасни зошто, и ова дека на босанките ваков им е стајлингот ми е врв, најглуп меѓу најглупите коментари, дури и за титула е.
     
  18. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Ако Некој сака да знае што мислам нека го чита постов со иронија :^)
    Само Едно ми објасни од кај ти произлеае тоа мислење за александра?И од кога босанци така се облекуваат? :D
     
    На Primadonna и Emotional123 им се допаѓа ова.
  19. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Епа нели е муслиманка, и нели они се облекуваат така како во шамии и долги фустани. Не сум многу многу упатена со тоа јас.
    Ова мислењево по горе е само мое мислење, јас се извинувам ако навредив некој ваш фаворит ама и мојот беше навреден 100 пати па јас ништо не реков. Аман мора ли се со кавги да биде?