Замислете ја Илма со шамија на глава кога ќе добие менструација. А тогаш може сама ќе реши за прв пат да стави црвена шамија
Ти не пробуваш да ја навредиш само Илма, туку цела Босанска нација. Босанките НЕ носат шамии и мантили и ако НЕ СИ ДОВОЛНО ИНФОРМИРАНА И УПАТЕНА не треси зелени тука. А Илма у шамија и мантил ли беше или долга хаљина?
Брковиќ многу ми се свиѓаше како пее,не требаше така да и направат,кај она си отиде пред лукијан?алал да му е на кики што рече дека ќе соработува со неа! Алекса,сум кажала до сега и пак ќе кажам,да не беше кај Емина немаше да стигне до овде.Емина не требаше да го избере во Judges Houses него,па ни Харис ни Лукијан.Да ги земеше Емина оние Милош и Кокович,многу болје ќе поминеше,ќе се тресеше со нив ама со некое право,тие стварно убаво пееја Маид,баш е забавен.Кога го споредуваат со Алекса,демек Алекса пеел шпанско,англиско,српско..а Маид само српско...па барем Маид пее едно и тоа го пее одлично,а Алекса пее од се по малце и не е нешто ептен. Илма,облеката нема да и ја коментирам,нејзина работа,како што рекоа горе босанци,ама океј она е малце пуничка и нема што да и облечат.Како тоа Брковиќ ви е антипатична ради гримасите,а Илма се облака грдо и е пролазно?Океј,сепак,не е се до изгледот. Даниел нема потреба од коментар,може нема да победи зашто е Македонец,ама се знае дека е најдобар. Тамара бе што ви е толку посебно?Мене само аудицијата ми се допадна,а посебно вчера беше ужас!Не е се до изгледот,ама чудна ми е во очите нешто.. Спојлер Мое мислење е ова,не ме напаѓајте ако сум кажала нешто лошо за вашиот фаворит
Криво ми е за Александра.Ептен ми беше супер,оригинална,уникатен глас,не беше онака по шаблон дотерувана и шминкана,но ете. Алекса испадна,а баш ќе ми беше ќејф Маид да испадне.Не сакав ниту да се врати он,а сега не го сакам,нај антипатичен ми е од сите,не можам да го гледам(во буквална смисла на зборот!). Се ме води некоја мисла дека не дај Боже оние Доктори ќе победат,пошто безброј девојчиња гласаат за нив,а они кутрите слабо им иде пеењето. Како и да е,немам веќе фаворит,така да pointless ми е и да гледам,освен за Илма и за Даниел.
Тамара некако ми е...како на некои дроги да е Има чуден поглед.. А Лукијан и Алекса не требаше ни до тука да стасаат.Благодарение на лигавењето на Емина,се прикажаа по лајвовите Се повеќе ми е жал што Секулич,Перчоли и Милош не се присутни во шоуто.Заслужуваат да бидат тука повеќе,одшто некои..
Жалам што воопшто почнав да гледам Х фактор, толку многу неправди и заврзлами..да сваќам дека треба покрај тоа што знае да пее, победникот да е харизматичен и убав и се, ама толку се занемарва пеење.. лукијан наркос со капата излегол мумла нешто..тамара истиот рамен,досаден глас,истата одбивна,антипатична фаца не можам поке да ја гледам, илма детска евровизија. од последниот лајв најмногу ми е жал за бркович, невозможно невкусно, му го рушат шансите за натамошна кариера.
Епа како требаше да те разбереме? Што си рекла ако не тоа . Препочитај ги мислењата свои па ќе видиш што си рекла и дали сме сфатиле како што е напишано.
Општо не ми се допаѓа на форумов што сите некако се расположени за расправање, како да немаат на кого да ја истурат нервозата па ајде тука. Во случајов девојчето колку што разбрав сакаше да каже дека беше цела покриена бидејќи така им налага верата. Сега кој се придржува до неа целосно кој не...
Незнам зошто толку се занимавате со Лукијан сигурно има нешто со што стигнал до тука. Сакале ви или не он стигна до таму кај што стигна. Се надевам и до финале ќе па и до победа.
Леле што се случуваше вчера со коментарите на жирито? Песните немале емоции, не ги чепнале, не ги наежиле... ццц Емина пак ги извадила цицките, и ужасно ме нервира, после секоја песна се смее како да е ин лав со натпреварувачот. Сега сакам и Лукијан да испадне, па да остане без никој Даниел не очекував да испее толку убаво, се слеав кога почна да пее И за Алекса и за Александра ми е жал што испаднаа, всушност кој и да испадне ќе ми биде жал, сите пеат убаво... Илма принцеска песна, а фустанот.... Шминката и косата ми се допаѓаа, баш како за нејзина возраст. Доктори беа добри. Тамара се извлече со тоа што го испеа после тоа, инаку така воопшто не ми се допадна. Маид искрено не очекував да биде во двобој, се повеќе почнува да ми се допаѓа, човекот е шоумен
Следната емисија ќе излезе Тамара или Маид за потоа во финале сите ментори да имаат по некој натпреварувач. Доктори или Илма ќе победи, според мене.
Ќе се самоцитирам ,затоа што се,ама баш се кажав за Алекса со ова мислење.Од толку форсирања испадна.Само се прашувам каде му беа вчера тинејџерките да го гласаат ? Јас лично ,немам ништо против Алекса но реално има многу подобри од него. Еве веќе две емисии по ред испаѓаат од кај Емина,а ова се случува одма после нејзиниот коментар „совршена менторка,никој не испадна од кај мене“. Сега на ред е Лукијан! Илма вчера ми личеше на некоја султанка. Јас незнам дали девојчето нема стил ама вчера изгледаше како сто годишна.Инаку настапот и беше супер. Сепак,треба да испадне и да им остави можност на постарите да се докажат. Тамара вчера не беше нај,ама предобра е. Брковиќ-Гледајќи ги другите нејзини настапи вчерашниот и беше најдобар! Ептем ми се допадна,предобра беше. Сепак не беше баш фер што испадна одма без двобој,но и така ќе испаднеше... Лукијан наредната емисија МОРА да лета! Неможам да го поднесам. Мислам дека ако и тој испадне Еминче може ќе го напушти шоуво,а без нејзините солзи ништо не бива. Доктори имаа највесел настап,успеаа да ме размрдаат. На крај премногу се собраа на сцена,не се препознавеаше кој е кој,се останато беше веселооо. Маид заслужено влезе понатака.Но,незнам зошто секогаш пее на српски.Настапот му беше бомба,човеков е баш драма,знае да забавува. Даниел беше СОВРШЕН! Интересно кај него е тоа што знае да се снајде во секој жанр ,додека сите не го можат тоа. Жириво неколку емисии беше меко,а вчера повторно покажаа рокчиња.Јас не слушнав да пофалат некој настап ,освен од нивните кандидати.
Од почетокот на шоуто Докторите не ми се допаѓаа, ми изгледаше како Кристина да сака да напрај од нив некоја бледа копија на One Direction, но минатиот лајв и вчера дефинитивно ме купија, како дури сега да го видов во нив она што ги прави посебни. А во врска со Маид,јесте дека можеби повеќе глуми на сцена, е хеперактивен и не возможно искрен па затоа на некој му гази на нерви но и покрај тоа никој не можи да го оспори неговиот талент и вокал, па тој нема глас тој има гласиште, сетете се само на рекацијата на Тони Цетински кога ја пееше Маид “Све је то од лошег вина“ во judges houses . А, и да напоменам Алекса ми беше еден од моите фаворити
Илма не се облекува сама, за тоа други се задолжени, а што е најважно овде не се оценува изгледот и кој како се облекол, сепак не е тоа модна писта. Најважен е гласот, кој што и те како го има. Брковиќ убаво пее, патем сите што стигнале до тука пеат убаво, али редно време беше да испадне, од почетокот на финалето остануваше во двобој, али се провлекуваше некако. Значи на поголемиот дел од публиката не и беше симпатична. Лукијан не верувам дека ќе испадне, Емина тоа нема да го дозволи сега кога и остана само еден. Има целата фамилија да ја ангажира да гласа Доктори мислам дека треба да испаднат наредната недела, али кога се повеќе во група тоа е малку потешко, затоа што ако сакаш да гласаш за еден, мора да гласаш за цела група и така добиваат повеќе гласови. Сметам дека Брковиќ е многу подобра од доктори. Се сложувам дека Маид оди заслужено понатака. Пее на српски затоа што на гласот најмногу му лежи и му одговара српскиот јазик, за разлика од Даниел кој што е светски пејач и може на секаков јазик да пее. Според мене треба да победи Даниел, иако не ми се верува баш, кога победило македонче во српско шоу Но сепак ке видиме, надежта последна умира
Жирито незнам што толку виде во Тамара девојкава е млитава, рецитира повеќе, превртува очи-едноставно глуми лудило, се замислува дека може Риана да ја пее филм до филм. Неможе еден коментар упатен кон неа, посебно со негативните, а да не почне со устата фаци да прави, како тие незнам како не виделе -таа била перфектна и одлична Има убав глас, песниве и се тотално промашување, никако не се истакнува тоа што го носи во себе. Ама некој упорно ја форсира, упорно , упорно ја турка напред, исто како оној лигуш Лукијан. Тешко Х-Фактор со вакви таленти и дебили што би рекла Венди-квазипејачи. Што емоции има пак оваа???? да се чуди човек просто со жирито, слепи се и глуви за некои. http://www.youtube.com/watch?v=lcTm3DVDxMA http://www.youtube.com/watch?v=NpQnYA5OwNU