Спојлер Овојпат сама избрала, така рече. Со tea4e се’ се согласувам само за Маид не. Не зна уште колку ќе се одвлекува со српскиов, досега не сум го слушнала да пее странска песна, освен во judges' houses ако не пееше некоја, ама ништо не е тоа. Редно е веќе да пее, вчера требаше и двајцата да летаат, и тој и Алекса. Следен Лукијан, и тогаш веќе ќе размислиме кој ќе победи.
Немој само да ми кажете дека верувате во коментарите на еминче и кристинче за наводното немање немоции кај пеењето на оваа песна,која смата по себе е ЕМОЦИЈА ,па зеничките си ги штитат своите кандидати на овој начин од Даниел мораа да ја употребат старата излитена фора со немање емоции ,зашто би се обрукале ако го критикуваа неговото перфектно пеење,не се КАКО зелко кој во последниве настапи се однесува како да не му е ментор на Даниел ,ај што не го фали туку и го критикува ,и зборува глупости кои се зборуваат зад камери ако сакал веке да му укаже како ментор ,ама вака излегува дека кај зелко почнаа да преовладуваат националните чуства пред професионализмот ,па потврдува дека е тежок националист ,затоа на Балканов наш никогаш нема да успее некој ваков Балкански проект и каде нама да се лечат секогаш сите фрустрации на Македоски кандидат и секгаш се оди истовремено со негова деградација како човек .Оваа осмислена невидена медиумска хајка од страна на српскиве медиуми ,а и од некои наши ,да се претстави Даниел како фолиран доволно кажажува какви фрустрации им предизвикува Даниел на ОДРЕДЕНИ ПЕРСОНИ
Мене искрено ме нервираат коментарите, македонец е, не не сакаат, нема да победи. Е добро де, едното исто па едното исто, и кога ќе победи ќе биде, леле не ми се верува, на македонец им дале, кога нема да победи ќе биде тоа е, требаше да победи ама кај македонец ќе победи. Значи неправда има секаде, во школо има дечиња што ќе имаат петки а ќе знаат помалку од нас, во средно некои ќе бидат фаворизирани што и не мислиме дека треба, на факултет има такви со врски, на работа. Колеги се местат, лица се прават, неправда насекаде... Не е од вчера тоа, нема да се смени преку ноќ. И да ако не направиме ништо во врска со тоа младиве генерации, ќе се провлекува и низ идните, ама така би живееле во утопија. Даниел сам по себе е предобар, имав серија поделени мислења на периоди, но ме освои бе, сериозно, го засакав, непомислувајќи дека тоа толку спонтано ќе си дојде. И ќе биде ѕвезда, публиката не само кај нас, секаде реагира така на него. И да не победи, тој ни е Даниел и точка. Сите зборуваме за неправда, било каква неправда, но ништо не правиме да ја подобриме, барем за другите генерации. Не велам дека треба да се испотепаме, такви работи има и ќе има да гледаме да направиме нешто,лека полека не само да збориме, ако веќе можат да се ублажат. Да не ме разберете погрешно, не се бунам зошто не е вистина, се бунам зошто е премногу нагласена вистина
Јас не знам како овде, мислам во ова балканско шоу што се оценува, ама како што знам ова е вика Х -фактор, и во ова шоу се оценува ’СЕ. Значи се бара “Х фактор“ во секој учесник кој треба да го препознае публиката и жирито.Значи од анонимуси, кај секој ученсник се бара некој Х -фактор кој ке ги направи познати. Дали кај некој тоа ке биде доброто пеење, кај некој ке биде убавината иако појма нема од пеење, кај некој ке биде темпераментноста на сцена...што значи дека треба да има нешто (Х) што на народот ке му привлече внимение. Сами сте свесни дека има многу пејачи кои ги знаеме и појма немаат со пеење ама добро изгледаат како фаци, некои женски појма немаат од пеење имаат добар изглед,нога,тело, фризура,шминка и народ паѓа во несвес кога ке излезат на сцена ( сите турбофолкерки од србија)....или она што сега го викаат “остави добар перформанс“. Според мене во Х-фактор СЕ е битно, за разлика од “Имате ли талент“ каде е побитно пеењето од изгледот.
Колку само ми се исполни срцево кога Ана рече дека Алекса го напушта шоуво. Фацата на Емина- priceless. Во главно, многу досадна вечер. Ја си се надевав дека ќе пејат некои попознати песни, Take my breath away, I don't wanna miss a thing, па дури и од Титаник никој не ја испеа. Даниел како и секогаш, без ниедна грешка, најдобар од сите. Преубава песна и претешка , а ја изведе одлично. А тоа дека му најдоа некој бессмислени грешки ,мораше дека финале се ближи а и дека до сеа само го фалеа.
Илма не се облекува сама, за тоа други се задолжени, а што е најважно овде не се оценува изгледот и кој како се облекол, сепак не е тоа модна писта. Најважен е гласот, кој што и те како го има.
баш не си информирана девојко, во тоа е штосот што се облекла сама и било доста од тоа несоодветно облекување од продукцијата разбираш, Ристо разбираш. Tака она си ја зеде судбината во раце и се облече како девојка од 14 години циркуз без пари е работава, ако ме разбираш, надевам се дека разбираш.
Ќе почнам од Даниел затоа што според мене нема подобар натпреварувач и ако гледаме реално без конкуренција е во целото шоу. Толку убаво, чисто и точно ја испеа последната песна што јас не верувам дека било кој од жирито ќе може да ја испее, а не па уште да се прават и паметни како емина што зема да коментира а единствено за што ја бива е да облече деколте. Илма има убав глас но е дете пред се, има време за неа и никако не ја гледам како победник. Доктори, да не беше Кристина да работи со нив ништо немаше да биде. Се трудат да бидат интересни но повеќе се за помлада публика, помалите девојчиња повеќе ги сакаат. Јас ете не сум им фан, посебно оној Урош ми има некоја многу чудна набиена конструкција. Маид има талент но премногу е српско, српско и само српско и тоа само еден вид на песни кој се да не речам блиски до турбофолкот. Немам ништо против него но далеку е од победник. Лукијан ми е онака, после све моје зоре ко да не ни памтам дека пеел во шоуто, иако ете оваа аинт но саншајн ми беше ок во негова изведба. И Тамара премногу, премногу ја форсираат а искрено пред заспивање можам да ги слушам песните што ги пее. Можеби има убав глас но толку се води по некој шаблон и само тоа па тоа една брза песна ја немам слушнато да испее како што треба или пак кога дава интервју, некој ко ќе ја праша нешто на пола реченица се збунува и не знае да продолжи. Некако многу наивно делува а сигурно не е толку наивна. Некаде прочитав дека било наместено она да победи. Ако е така немам коментар, сепак ова е балкан и подобро отколку Илма знаејќи ги босанците кои фанатици се по гласање.
Некој заборавил дека сме во тема за Х Фактор, а не во Религија, па премногу лично со го сфатил тоа. Не им замерувај. Сите се изнапишаа за Илма, никому ништо, не знам што се фати за тебе. Туку, и Македонија на неколку наврати беше понижена на шоуто со некои коментари, ама никому ништо, туку сега ти огромна навреда даде со коментарот за Илма. Абе катстрофа. Некој наместо да си коментира пред себе, одвај чека да се зајадува на туѓи коментари. Алекс испадна, ете имаше коментари со радост, но и со тага. Ајде да се испотепаме сега.
http://www.youtube.com/watch?v=lw7rB7pReOM Не знам дали сте го виделе клипов, Вања од 4U со нејзиниот бенд, предобра е преработкава на песнава
Според мене, Илма нема Х фактор. Има супер глас, ама тоа е се`. Ни однесување, ни изглед, ни стил, кои тешко може да се изградат на 13-14 години. Мислам дека е префорсирана во поглед на она што може да го покаже. За талент шоу е идеална, а вака, не...
Не се дигна фама, туку девојчето има ТАЛЕНТ и ништо повеќе (за кое „повеќе“ и возраста не и` дозволува да го има, а можеби и едноставно го нема), а не Х фактор. Не ми е ни харизматична, ни ми има стил, нит постои нешто што ме тера да ја слушам до крај. Мислам дека и таа и Тамара и Лукијан се префорсирани a не се ништо посебно. И тие имаат и фалшови и лоши денови и сл. Имаме право на различни мислења.
Токму така, сите имаме право на различни мислења. Сеуште чекам Лукијан да излезе, воопшто не е добар и пее фалш. А Тамара убаво пее ама антипатична е. Се согласувам дека Илма е мала, но јас не гледам проблем во нејзиното облекување. Има само 13 год. и неможат да и го погодат вкусот на облекување - тоа е тоа. Иначе да не дискутираме за нејзиниот глас, премногу е!
Така е, и јас тоа викам не е само гласот за ова шоу, треба да си комплетна личност. За Брковиќ знаев дека ќе испадне, ама не знаев дека на таков начин без песна на спасот, само она беше изолирана од таа можност. Малце ми падна безвезе апла само нејзе така и напраија, ама од друга страна може и стварно имала премалце гласови, она најчесто од сите се имаше спасувано на тие песни на спасот и веќе ако и дадеа пак, може пак ќе се спасеше и до кога така? Не може вечно да се спасува, додека другите си идат еден по еден. http://republika.mk/?p=209188 Од Алекса и Маид, нормално бев за Маид, да не објаснувам и зошто мислам дека веќе е јасно, само се плашам дека следен пат пак ќе биде во двобој и може и да испадне, иако и Алекса ми беше океј. Ама АМАН од Тамара Милановиќ луѓе девојчево е префорсирано, дури мислам дека нема толку гласови колку што ја пуштаат и ја држат од продукцијава. Изглеа видоа дека во тоа видеото од сите Х фактори во светот од кај нас како пример ја зеле неа, и мислат готово, најдобра е, мора да ја држиме, или нешто опасно се случува, ама како тоа работите така наеднаш се сменија од после лајвот кога ја напраија пуздер? Како од тогаш е совршена, а колку не е и колку само жириво замижува, преќутува и се прави налудничаво на нејзините фалшови како прошлиов пат?! Не, не, нешто матно ми е мене тука. Нека лета што побрзо зошто ќе почнам опасно да се нервирам.
Аууу, marijaz ми се раскара, ми се закачи, ко роднина да ти е. Од кај ме знаеш, може и ја убаво пеам а нејќам да се експонирам? Па гласот единствено го има. Тоа беше муабетот. А Х факторот според мене е да имаш нешто овде и сега што не е само добар глас, туку е комплет од повеќе нешта (како што има Кајмакоски пример, па дури според мене и Маид, нешто едноставно те тера да го следиш), а тоа што ќе си создадеш како имиџ откако ќе заврши шоуто и ќе пораснеш е друг муабет. Не за џабе луѓе со прекрасни гласови го напуштија шоуто уште во boot camp-от иако добивале пофалби и 4 „да“ низ аудициите. Ја не го гледам Х факторот во неа, кој го гледа, алал да му е шо да речам. А за годините, нема толку врска. Мене Харис искрено многу повеќе ми изгледаше на некој со Х фактор од Илма, иако се генерација, но ете тоа е мое мислење. А па после она „Не контам“ уште толку почна да ми оди по нерви.
За седмиот лајв дефинитивно беа најдобри Доктори. Баш весело и живо беше на сцената http://www.youtube.com/watch?v=Lx--8qFCyYQ
И такаа, дамите со по еден натпреварувач, а господата со два -Добро испеаа сите кандидати, но имаат и право судииве што се „расфрлаа“ со критики, бидејќи сега се помалку и треба да испејат најубаво, без можни фалшеви, за да не дојдат во дуел. Госпожите во бекстејџот не ни помислувам да ги коментирам Ух бе Кристина, колку убава коса имаше. Но, мора малку да се смени, одлично и стои и оваа фризура Кога прочитав дека е филмска вечер, помислив дека една од девојките на Кики ќе ја пее "Let It Go", од филмот Frozen. Песната одлично ќе им стои и на Илма и на Тамара Девојки, полека. Нема потреба за расправии на нечие мислење Таква е темата, да се каже своето мислење А сад адио
И јас се согласовум со тоа дека Илма не е којзнае што, поточно воопшто не е за на x фактор. Она има само глас предобар и тоа е тоа, ама не е доволно за вакво шоу. Овде се бара и однесување и изглед на сцена и да го заинтересираш тој што те гледа да продолжи да те гледа. Мене Илма ми е досадна, на секоја песна има еден ист стил на пеење и тоа е тоа. Не е за овде дефинитивно, она сигурно дека ќе се занимава со музика, пак ќе кажам има гласиште, ама муабетот ми е дека за ОВА шоу не е.