И јас ви се придружувам во клубот Анти - Перчоли Колку е искомплексирано детево,па уште вика јас сум реален победник Спојлер ма немој да ме је*еш бре Многу ми е мило што испадна,а и да продолжеше сигурно немаше да победи. Кики направи доста солиден избор,ама сепак мислам дека Илма е премногу млада,само 13 години има и тешко може да се справи со јавниот живот.
И јас морам да го искоментирам вечерашниот избор бидејќи полна сум со емоции. Најпрво едно огромно за Емина што не го избра Перчоли.Значи неможе некој да е копија на некого и да иде понатаму.Да, дечкото има глас, тоа не се оспорува но се ќе беше поинаку да пееше на некој друг стил, песни од други изведувач и да се облекуваше поинаку. Најголемо изненадување на вечерта ми беше Лукијан Како може да не го приметам на аудициите Коплетна личност, ме освои дефинитивно. Јас само на местото на Алекса би сакала да одеше понатаму Милош. За Харис незнам зошто сите паѓаат во транс, мене па не ми се допаѓа како пее детево.За разлика од Илма која е млада како и него, Илма растура. Од женските горе доле сум задоволна, Александра, Илма и Тамара заслужено идат понатаму(иако морам да признаам дека ме изненади Александра Секулич, а од Тамара очекував повеќе) И да, Емина и Мустава ми се прави срциња, се чуствуваше љубов и кога го бакна ми беше толку слатко и спонтано.
ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ Перчоли испадна! Браво! хахах и конечно си го покажа вистинското лице, чест и понижување било да учествува во Х Фактор! Хмм иди порасни научи како да се однесуваш, симни се на земја па коментирај! Има за Милош да се изнагласам, само не разбрав како на фб. штета е да не се врати во шоуто. Генерално се согласувам со изборот на жирито, само оној Чато и немораше баш да продолжи.. премлад е и плус не е свесен што му се случува. Посебно драг ми беше делот со Емина, го сменив мислењето за неа. Уствари немав никакво мислење предходно за неа, сеа некако помила ми стана. Преемотивна и мн згоден маж има хахаха. Машките натпреварувачи беа далеку подобри од девојчињата. Мислев дека Александра ќе помина ама ништо.. И конечно Кристина од Титаниум ја откачија, реално се чудам и како стигнала до тука. Интересното следува тек следната недела бидејки пола од на Кристина натпреварувачите ми се фаворити. И секако за нашиот Даниел. Едит: И јас се чудам како Лукијан до сега не сум го приметила. Дечкото е :up:
Кики направи одличен избор иако мислам дека Илма е премногу млада А Емина добар избор направи само јас сакав да остане Милош Сепак сите беа супер
Во принцип беше ок ! Еминчето ги изненади луѓево како добар ментор лично многу ми се свиѓаа песните кои им ги избрала. Ме разочара само Милош што не оди понатака искрено се надевам дека ке се врати предобар ми е ! Кики беше ок со тоа што ми е жал што испадна типката што пее ко црнкиња , а девојката со плава коса може има глас ама страшно ми е одбивна со фаците кои ги праи додека пее ... Нека се вратат подобрите и се надевам Даниел и Иван дека добро ке се справат со Желчето следечи вторник
Мило ми е што Илма продолжи понатаму иако е премногу млада, девојчето е многу талентирано. За Перчоли имав добро мислење, после коментарите што ги даде...сега ми е мило што испадна. А најмногу ми е криво за Стефан, мислев дека ке продолжи дури кога кажа Емина се изненадив. А кога Кики требаше да избере помеѓу Александра и Тамара бев со отворена уста и цело време мислев само да не испадне Тамара и кога и кажа дека продолжува почувствував олеснување ( мислиш јас одам понатаму ) Се на се, добри кандидати продолжија понатаму, а Кики направи добар избор
Илма има прекрасен глас, има одлична контрола, мислам дека далеку ќе дотурка со правиот избор на песни. Срцка е. Се надевам дека Жељко ќе направи добар избор, а и ме интересира како Даниел ќе испее.
Кики направи одличен избор. Ми е криво што испадна Милош, али затоа мило ми е што испадна Перчоли бидејќи не го можам Како не сум го приметила претходно Лукијан јас незнам, супер е дечкото
Алексааа мој Пресреќна бев за него, пресреќќна, Перчоли преубо пеј, ама мене искрено понашањето ич не ме бендисва
https://www.youtube.com/watch?v=IKpNXIE ... ata_player Јас се заљубив! Дечково ме наежи цела,не е свесен колку добро му стојат вакви емотивни балади.Еден од фаворитите ми е заедно со Даниел Кики и Емина добар избор направија, на Перчола местото не му е тука,си ја докажа својата себичност и незрелост на крај. Единствено само за Милош се разочарав зашто дечкото е предобар и се надевам ќе го вратат. Наредна недела ќе биде жустро..
Кики беше реален, но за Емина се сомневам. Па јас она малоно Харис не го можам, ништо посебно не е, не ме воодушеви. Сметам дека на неговото место требаше да биде Милош, ептен кул тип ми беше, а и прекрасно пееше. А, Перчоли си е посебна приказна. Колку што ми е антипатичен, толку ми е и смешен, ама искрено мислев дека ќе продолжи понатаму, а Алекса дека ќе отпадне. Јес да е Алекса убав, ама нема некој моќен глас, онака ми е како за балади човеков. Сепак Милош нема да го гледаме понатаму.
Мене госпожа Емина ме изненади, не очекував да направи таков избор и воопшто не беше лоша, се трудеше барем, и еве читам она им избирала што песни да пеат, секоја чест за тоа, не направи утка. Препозна талент, јас мислев дека ќе се води по убавина, ама реално изборот и беше океј,можеви детено најмладо не толку, но сепак ме изенади, очекував другачиј избор од неа. Мене рокерот ми беше супер, одличен глас држи и можеби требаше да помине пред детено, но добро и вака не е лошо. Супер што и текна да го врати Перчоли, не знам зашто се форсираше, мислам дека дури и Лејла ја пееше во стилот на Чола, барем мене така ми изгледаше. За Лукијан, има талент, 100 посто се согласува со тоа, ама дека можеше Аll of me да ја испее подобро, можеше. Таква песна со таква емоција, па уште и не сакал Џон Леџенд да го пее, јас тука би му спискала страшно многу и назад би го вратила одма. Кики ми беше млак, целата фрка околку жените би беше онака, некако незинтересирано настапи, како од спиење станат ми беше, не доволно заангажиран. Мислам дека Александра што помина со шишката и Александра со милата фаца требаше да си ги заменат местата. Или евентално типката со црнечкиот глас, не знам како се викаше,крупната. Таа ми беше :up: Не знам што толку виделе во вокалот на таа Александра, па типката ние убава ми е ни ништо, да речеш на лепота поминува. Во главном Кики многу досаден ми беше и песните им беа не баш прикладни според мене, можеше он подобро па и подобар избор да направи. Дефитивно требаше да ги земе он бендовите а Кристина жените, многу подбра комбинација ќе беше тоа.
Во главно, Емина ме разочара со изборот Стефан и Милош дефинитвно требаше да продолжат понатаму и евентуално Перчоли иако ме нервира до даска и ми лази по ганглии има глас за имање, меѓутоа понашањето, стилот и имитацијата е премногу далеку од потребното за Х фактор. И за 15 години е премногу арогантен и егоистичен Алекса е срцка, и добро му стојат балади, убаво пее, но не сум сигурна како ќе успее да се истакне помеѓу толку јаки, длабоки, моќни и високи гласови што имаат предност на Х фактор Харис дефинитивно не е за Х фактор!!!!! Жељко имаше право за севдалинките, а Х фактор не е место за севдалинки и според мене не требаше да помине, нема некој спешл глас, нема лик, дете е уште (како што рече Мустафа- изгледа како пред 2 минути да се родил )!! Кики направи добар избор, сите што сакав да влезат, влегоа. Александра ми има преубав глас и високо може да пее без фалширање, има стил посебен, своја си е и преубава ми е. Илма ми е некако не знам.. Има предобар глас и се тоа, одлично пее тоа не може никој да и го оспори меѓутоа ми е премногу млада и нема лик за на сцена што денес многу е важно да имаш лик Тамара искрено не ми пееше убаво денес, а ни тоа што ја расплака Емина не ми беше ништо спешл не знам зашто..не осетив некоја емоција за да допре до мене и да ме наежи но сепак океј беше да помине. Сепак ќе видиме како ќе се одвива понатаму.. Навивам Милош и Стефан да се вратат место Алекса и Харис. Ме интересира Даниел како ќе испее и Маид највеќе, за бендовите не знам..интересно ќе биде во секој случај Другите женски што испаднаа- више срече други пут.. што би рекол Жељко.
RaiffeisenClubSrbija најдете на фејс да гласате за баражот. Ми се допадна изборот на Кики, а Емина направи грешка со Стефан и Милош.
изборот на кики мене ми се допадна, можеби малце илма дели, ама добро е, и таа има многу добар глас, а и сигурно во некоја од следните натпреварувања ќе биде исфрлена... е сега кај емина не ми се допадна тоа што не влегоа перчоли и милош, перчоли каков таков, ама глас има страшен, кој што сака нека зборува... па 15 години има уште, се занесува, мисли светот е негов, ама ќе порасне, а нели се бара глас, изведба на сцена, се надевам дека некој од нив двајцата ќе вратат
Мислам дека изборот беше добар , освен криво ми е што не влезе Стефан Кокович , оној со капчето што рече дека бил болен. Мислам дека дечкото многу убаво пее , и е многу шармантен. Баш е типче , мислам дека требаше да влезе во изборот, Од девојките Тамара ми е број 1 . Фаворит од првиот настап. Девојчето кога пее , едноставно ме наежува и неможам очите да ги одвојам од неа. Ќе ги видиме и останатите групи , ама засега Тамара ми е бр.1. https://www.facebook.com/RaiffeisenClub ... 3158114693 еве линк да гласа кој сака за да спаси некого од овие што испаднаа.
И Кики и Емина направија добар избор. Баш ми е мило што Перлочи испадна,си го покажа своето вистинско лице.Премногу е самоуверен ,за негови години...