X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    ^ Да, затоа што најверојатно и пребргу пораснал за негови години. Во оваа генерација во која многу работи се достапни и тема за плачење е што тато не им купил iPhone 4 (мислам генерација во која се` е достапно a co тоа и потребите се поголеми), со секоја чест на исклучоци, некој во 21виов век на 16 години да работи за да помогне на семејството и да си купи книги е голема работа. Да не бил толку силен и самоуверен, Белград одамна би го “голтнал“.

    И не е до имитирањето проблемот. Еден друг се обиде да го имитира Сакис Рувас, па не беше дочекан со волкав отпор , туку напротив, интересен беше. И признавам, интересен беше, измами насмевка.

    Мустафа Сандал веднаш примети, дечково си има некој vibe, стално се смее, кавалерски се понаша. Единствена работа која му пречи е што донекаде го имитира Здравко Чолиќ, но си постои и одреден елемент на сличност кој никој не може да го изимитира.

    На ова шоу видов многу по-самобендисани од него искрено и жал ми е што не продолжи. А за тоа со реалниот победник дека бил, самиот кажа дека тоа му го кажале од тимот, а тој се надевал дека ќе го поминел барем овој круг (што искрено се надевав и јас). Зар е забрането неговите блиски да веруваат во него и во неговите квалитети?

    Мило ми е што поминаа тие кои сакав да поминат од кај Кики. :)
     
    На anichka94, Marossa и MeSofija им се допаѓа ова.
  2. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Ја има ли некаде цела епизода вчера што ја даваа? Ако ја има ве замолувам за линк :)
    Инаку, многу ми е жал за Перчоли, јес да се занесува, ама има многу моќен глас :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    А Емина кој натпреварувач го даде на Кристина за да го земе Алекса? :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    На местото на Харис, би требало да помине Милош. А на Перчоли не му одговара песна на Хари, никако. А што мислеше тој само Чолич ќе пее?
    Ми беше појава Перчоли но само на аудициите. Шоумен е, да. Но си го покажа вистинското лице.
    Таа Александра плавата(прва што пееше каков глас има ЕЈ :o ) Па сите вчера беа 0 за неа, ич, ништо.
    А мило ми е што испадна таа втората Александра, колку ми беше антипатична само!
    Бај д веј, мажот на Емина мн згоден :wasntme:
    Еве ги видеата од сите:
    http://www.youtube.com/user/xfactoradria/videos
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Армин Маликиќ
    http://www.youtube.com/watch?v=rPcRope-eQY
     
    На Primadonna и Lella им се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ако не одеше Тамара понатаму,дефинитивно немаше да ми падни на памет да гледам некоја од понатамошните епизоди.
    За среќа влезе,можев да прснам да плачам ако си отидеше дома.
    Многу слаба песна и одбрале,па затоа и не можеше да се покаже во најдобро светло.

    Перчоли,криво мие многу за дечково,толку страшно испеј што ме намовна.
     
    На Florenca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас навивам за Тамара,дефинитивно има ѕвезда девојката. Има многу специфична боја на гласот и фантастично успева да ги пренесе емоциите од песната. Дефинитивно е мој фаворит. :)
     
    На Florenca и Lella им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Според мене најдобро пее Перчоли. Но со ваков карактер не може да стигне далеку. Не треба да се биде самобендисан, фалбаџија, нетимски играч. И тоа девојчето малото од Босна. 12-13 годинки ли имаше мислам...супер пее растура.
    А и нашиов не е лош.
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    За Кики едно големо браво! :x Си ги ислуша сите, размисли и донесе правилна одлука. Одчичен избор направи. Која и да ја одбереше на местото на овие три - немаше да биде во ред. И јас да сум тие би ги избрала.

    Но Емина :!: Добро е сепак, супер што го извади Перчоли, да не се повторувам, сите имаат кажано зошто им е антипатичен, и мене ми е од истите причини, не ми е за понатаму, не ми е за победник. Има многу поквалитетни од него. Има силен глас ама го употребува за копии.

    Емина уште од почеток го форсира Харис Чата, и навистина не се разбраа, тој сакаше да каже дека стало му је до ово односно дека му значи, а таа го разбра како да не му значи. :lol: Мислам дека нековиот глас ќе се промени доста, па што знам, не ми е за понатаму, подобро Милош и Стефан отколку тој. Ама па како заплача, гревче. ;(

    Алекса, па во ред, не знам, има харизма, ова она, ама гласот не му е нешто посебно. Ама добро Емина што само него го пушти на харизма и убавина, можеше сите така да ги пушти. :) Добри песни им избрала, професионално од нејзина страна.

    Милош мислам дека требаше да оди на местото на Харис Чата. Многу е поквалитетен од Харис. Навистина не знам зошто Емина не го прима.

    Стефан требаше да оди, дефинитивно. Гласав за да се врати. Би гласала уште 100 пати. Мислам дека треба да оди понатаму. И тоа на местото на Лукијан. Лукијан не ми е ништо посебно. Му ја даваа аудицијата? Не, нели? :?: Како и да е, сакам Стефан да се врати.

    Според мене, Емина требаше да ги избере Алекса, Милош и Стефан или пак Алекса, Харис и Стефан кога веќе толку го сака Харис.
    Само се надевам дека Стефан ќе се врати. :(
     
    На Lolo5, iloveyou29 и an4ii им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Кои поминаа вчера? Не гледав излезен бев... :(
     
  11. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Јас мислам дека малата Ирма не требаше да помине пред се зашто е многу мала за да поднесе и физички и психички едно вакво натпреварување а од друга страна и секогаш ке биде во предност во однос на останатите извлекувај ки се на тоа дека има само 13 год ...а друга страна што на пример мене ми изглед амалку пресериозно и препотентно за своите години според некои нејзини изјави и понашање .А колку што можев да видам и Scott Mills нешто небеше ваууу воодусевен од неа ,бидејки само рече дека за своие 13 год . е добра и се надева дека во понатамошните натпреварувања ке покаже повеке .
     
    На Born.To.Die му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ^ од женските Тамара, Илма и Александра (плавата)
    а од машките Харис, Алекса и Лукијан..

    Изборот на женските ми е океј, најважно ми беше Тамара да помини, фаворит ми е од женските :) А тоа дека Кики не се заинтересира многу, тоа да, а мислам и дека песните сами си ги одбраа.. така како да слушнав :^) Илма навистина има моќен глас, и можам да ја видам како победник на X-фактор, ама не ми се верува дека ќе има успешна кариера, барем не додека да стани полнолетна :?: Александра не ми баш фаворит, ама навистина има преубав глас.. исто и Катарина преубаво пее, можеби требаше таа да продолжи наместо Александра :?: Другата Александра не ми остави баш голем впечаток, знам дека и таа убаво испеа, ама не ме воодушеви.. А Христина дојде до тука само поради убавината, Титаниум кога ја испеа можеби имаше трема, ама и другава песна не ја испеа баш добро..

    Е сега машките.. ;(
    Како бе Стефан не помина, како?? Па и Милош, според мене најдобри беа тие двајцата, и баш тие не поминаа :( Се надевам барем еден од нив ќе се врати.. Харис убаво пее, ама некако не ми се допаѓа неговиот глас, а и плус во пубертет е, гласот наскоро ќе му се смени, и прашање е дали сеуште така ќе пее :?: Лукијан исто не ми остави голем впечаток, некако досаден ми беше :tmi: Не го гледам како победник.. Алекса што е најубав, најубав е, ама со убавина не може да победи (или може??) :D Не дека не пее убаво, баш наротив, ама кога ќе дојде во конкуренција со Даниел, Маид (сигурно ќе поминат), Тамара, па и групите, не ми се верува дека можи да ги победи.. Перчоли ни го мразев ни го сакав, така да сеедно ми е што си замина..

    Вчера не ја догледав епизодата (само настапите ги видов), па ако може некој да ми каже - дали од секоја група ќе се врати по еден по пат на гласање или од сите само еден??
     
    На Lolo5 и Lella им се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Емина според мене одлично си ја заврши работата, препозна кои кандидати можат да успеат на нашава регионална сцена. Искрено за X фактор треба повеќе од само глас, овде се бара комплетна личност која може да се носи со товарот да се биде звезда. Тоа вклучува секако и изглед и харизма што реално е битно за да се биде нечиј идол, потоа однос кон публиката, однос кон претпоставени, професионалност и што е најважно емоциите и начинот на кој се интерпретира песната.

    Лукијан ме изненади многу пријатно, онака срамежлив, скромен, ама кога пее се претвара во ѕвер, толку емотивно испеа, едноставно ја пренесе емоцијата и приказната на песната до публиката, а тоа е она што се бара. Уште кога заврши неговиот настап не се ни сомневав дека ќе продолжи понатаму.

    Харис мене ми беше прекрасен, многу уникатна боја на гласот има, баш е специфичен и има феноменална емоција додека пее. Не знам зошто на многумина не им се допаднал. That soul за тие години е нешто неверојатно, тој текст на толку малку проживеано со таква убедливост да го изнесеш е за пофалба. Има многу добра вокална техника и контрола на гласот, можам да замислам каков ќе биде за некоја година.

    Алекса од почеток ми беше лигав и мислев дека се вади на шарм, ама синоќа ми беше многу солиден. Се внесе во приказната на песната, едноставно ја пренесе правата емоција, комплетно да поверуваш во приказната што ја пее. И интонациски многу подобро се покажа од претходно. Можеби не е најмоќниот вокал во шоуто, ама има неверојатен икс фактор, има магична харизма, знае како со публиката, како пред камерите и си го има изгледот. Би продавал многу повеќе албуми и карти за концерти, од некои кои имаат само глас и ништо повеќе. Ова сепак е икс фактор и се бара цел пакет, а не само глас. И Емина тоа добро го знае дека публиката му е наклонета, па не случано го избра.

    Перчоли џабе му е гласот, кога ја нема во него колегијалноста и скромноста. Не е само да победиш, најпрво треба да останеш човек. Уште претходниот пат се покажа колку е самобендисан кога се обиде да се истакне во групата и заборави дека не е само тој таму. Мислам на тие години да викаш дека си најдобар, дека си победник, е тоа е стварно дегутантно. Икс фактор не подразбира караоке имитатор како него, џабе му одличниот вокал кога ја нема харизмата, ја нема уникатноста, го нема икс факторот што се бара. Пазете која изјава ја дава, за него било и големо понижување што учествувал... Страшно така млад, а наместо да почне да се пронаоѓа себе си, тој се труди да биде нечија бледа копија.

    Стефан Кокович е многу симпатичен, има мила звезда, има икс фактор, ама реално гласот му е некако просечен, се гледа дека нема искуство во музиката, не успева да препознае кои песни му лежат, интонативно прави грешки. Сепак е многу мил и во целина е добар, но реално тие тројца кои пројдоа беа многу подобри од него.

    Милош мене ми е чуден лик, преголем тактизатор, вели дека е во рокот до крај и дека се бори за рокот, а песните кои ги одбира (најверојатно тактички за да ја придобие и публуката која не слуша класичен рок ) и не се така од тој жанр кој се обидува да го врати кај што му е местото. Има добар глас, тоа е неспорно, ама некако е многу предвидлив во настапите. Му лежат поенергични песни,а не ова што го пееше, од оваа песна што ја испеа, сум видела милион пати подобри и поемотивни изведби.


    Во однос на Кики можам да кажам дека имаше потешка задача во изборот.

    Тамара беше просечна, дури и помалку од просечна. На стара слава се протна, ама буквално, нека се крсти на првата аудиција која двапати веќе ја вади. Со ова последново не знам ни на аудиции дали би прошла, не знам што и се дешава, ама нека се соземе, зашто не може заради еден добар настап да и се простуваат сто киксови.

    Александра Секулич ме изненади вокално, интонативно беше многу добра. Сепак кај неа има емоција која се примеќа дека не е искрена туку одглумена, многу вештачки се понаша кога пее, како од дома да смислила кои гестикулации ќе ги направи, не е спонтана. Пее и прави фаци како светот да паѓа околу неа, без разлика за каков текст станува збор. Инаку сепак беше подобра од Тамара, овој пат, реално. Има изглед, покажа сега дека и вокално е добра, ама едноставно е антипатична зашто мисли дека светот се врти околу нејзината убавина, затоа и публиката не ја сака многу.

    Александра Бркович вокално беше феноменална, какви тонови фати тоа е неверојатно. Сепак, дефинитивно под итно треба да поработи на изразот на лицето и гримасите кои ги прави додека пее, на кој начин да ја движи устата, зашто изгледаше како крокодил, прекрасно звучеше, ама многу грди гримаси правеше додека пее, премногу.

    Христина Вукович има убава боја на гласот, ама лошо испеа. Едноставно само бојата и е симпатична, нема јак распон на гласот, не може да пее високи тонови, единствено некои слатки песнички кои и одговараат на тоналитетот. И пука гласот додека пее. Инаку е многу симпатична, се гледа дека е колегијална, прифаќа критики. Можеби со работа ќе успее да ја подобри вокалната техника, но сега навистина не е за да иде понатаму.

    Катарина Јованович сама си пресуди со изборот на песната. Така добар вокал, а одбрала песна во која и нема што да се покаже. Има предобар црнечки глас, можела да била песни, да ги расплаче таму, а не таква тралалајка, мислиш слави победа, а не се бори за влез понатаму. Штета, на така добар вокал. Да избереше соодветна песна, мислам дека таа ќе пројдеше понатаму заедно со Илма и Александра Бркович.

    Илма беше добра, сепак уште и ја паметам првата ауција каде беше предобра, но и сега беше доста солидна. Гледајќи ги другите кои повеќето беа полоши од претходните аудиции, заслужи малава да помине. Има одлична емоција, што е чудно за тие години, пее како да ја проживеала приказната во песната, а не како другиве, толку години а никаква убедливост. Затоа мислам ќе дотурка далеку.
     
    На Lolo5, Daydream и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Групата од Емина ми беше поинтересна и пријатно ме изненадија. Емина со мажот супер се покажаа...
    Се согласувам за изборот, но мислам дека Харис детенцето не требаше да оди понатаму, Перчоли каков и да е, има неоспорен талент, а Стефан многу ми се занесуваше, како да сакаше да ја заведи со шармот на Емина. Затоа мило ми е што летна.

    Кики, малку делуваше ако изгубен. Илма има време допрва да се покажи, вака ќе и се уништи и детството, не требало да продолжи. Тамара многу ме разочара со изборот на песната и пеењето, како сосила да ја исфорсираа. А, Александра (таа црната височка) многу заведуваше, флертуваше, целосно глумење покажа, и мило ми е што и таа летна.
     
  15. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Главно ми се допаѓа тоа кој помина понатаму.Емина одбра супер кандидати само наместо тој најмладиот (не знам како се викаше) требаше Стефан да влезе. Ама ај се надевам дека ќе го вратат. А од кај женските Илма и Александра Бркович заслужено си влегоа во следната фаза.Што се однесува до Тамара и другата Александра јас сакав Тамара да влезе иако не заслужи.Значи она два пати поминува на стара слава.Ама сакав она да влезе зошто Александра ми е антипатична. Она вчера супер испеа и беше подобра од Тамара ама кај неа ме нервира што е премногу самоуверена и за тоа е заслужен нејзиниот изглед.Мислам да она е убава и не можам да го негирам тоа ама не може нејзиниот изглед да го користи за да успее.Значи она вчера пееше во маица по прерамки и претесни фармерки и кога пееше постојано им се смешкаше.Она мислеше дека така може се да постигне ама Кики ја зезна. И затоа сакав Тамара да помине,ама мислам дека Александра ќе ја вратат гледачите.
     
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    Оти го нема Алекса во клипојте од вчера? Јас не можам да го најдам, ако го најде некој нека го пушти линкот тука :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Чудно ама добар избор направија судииве вчера,бар се поклопија со мојот избор!
    Емина многу позитивно ме изненади на овој х фактор! Морам да признаам дека тука всушност ја запознав каква е,претходно имав сосема поинакво мислење за неа! Мислам дека многу искусно и професионално им сугерирала кои песни да ги изберат кандидативе! Реално у нејзината група никој немаше утка со песна само нијанси решаваа кој ќе иде даље! Кај Кики не сум толку задоволна со изборот на песни ама од кандидатките сум задоволна особено од Александра,а Тамара знам дека ќе распали понатака кога ќе сфати дека нема потреба да има трема и колку луѓе ја сакаат! Се на се интересна епизода,сеа едвај чекам да го чујам Даниел,Иван и брат му и Фифи! До нареден вторник х факторџии драги! :D
     
  18. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Повели :)
    http://www.youtube.com/watch?v=4lYP_ZLFGI4

    Овие машкиот бенд што го формираа од испаднатите (Урош,Марко,Армин,Никола и Предраг) сами си се издадоа дека поминале во Куќите на судиите,гледам по Фејзбук и предлози за име бараат :D
     
    На Lolo5 и Adi888 им се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Девојки синоќа на youtube ја гледав цела епизода, а сега не можам пак да го најдам видеото. Можно е да е тргнато или јас сум слепа ? Вчера дека од мобилен гледав, не знам ни јас како ми излезе во сугестии, сега никако не можам да го најдам. Хелп некој ?
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Со закаснување, али ајде нема врска.

    Уште во регрутниот камп се разочарав што некои мои фаворити испаднаа, али ајде се помирив со тоа. Најмногу ме изнервира фактот што Перчола помина во тој круг. Да, има убав глас, не го успорувам тој факт, но премногу сака да биди како неговиот најголем идол и мислам дека своето јас го има изградено за да биди како него. Не ми се допаѓа бидејќи е полн со себе си. Тоа што не постапи колегијално спрема останатите од групата ми беше :envy: , значи пред се колегијален треба да си бе човеку!

    За оваа фаза, кога Емина и Кики имаа за задача да изберат 3 најдобри, се изненадив. Некои од кандидатите буквално се внесоа во песните и се гледаше дека се подобрени. Огромна разлика забележав кај девојката која Кики ја повика последна заедно со Тамара, значи девојката поубаво нема пеено. Во вчерашната епизода, само ми се потврди фактот дека Кики постојано е под влијание на некој друг. За време на аудициите, постојано се согласуваше со некој. А во оваа епизода баш ме разочара што дозволи Скот да ја донесе главната одлука за Тамара и другава девојка. Искрено, настапот на Тамара на првата аудиција ми се допадна премногу, али со секоја епизода е послаба и послаба. На стара слава помина, буквално!

    Емина, прекрасна група имаше, и мислам дека воглавно донесе вистинска одлука. Единствено можеби требаше Стефан или Милош да поминат наместо малечкиот бидејќи мислам дека бојата на неговиот глас ќе се сменува и реално не го гледам како победник. Но ова не значи дека мислам дека не знае да пее. Баш напротив! И незнам како Емина си помисли дека воопшто не го интересира дали ќе помини или не, бидејќи детево упорно тврдеше дека многу сака да помине!

    Баш ме интересира за групите на Жељко и Христина. Мислам дека на Жељко ќе му помага Тони Цетински, али не ми е сигурна информацијава!
     
    На Lolo5 и Lella им се допаѓа ова.