А бе се случува, искрено, ништо страшно според мене. Песната може само Жељко да ја испее како што треба, Даниел знаеме дека ни Српски ни Македонски не му оде, несигурен е кога пее на овие јазици, и ете се случи конечно тоа нешто од што се плашеме сите па дури и самиот Даниел. А искрено, леѓа о леѓа мислам дека ептен подобро би му легнала, и поагресивни елементи има, и ќе можеше да вресне како што си знае. Проба да не ја пее како Жељко, ама не, не иде тоа така, не е таква песна, тоа не ми се свиѓаше ич, полошо ми беше тоа отколку кога згреши. Се знае ваа песна како оде, лагано, лагано, лагано. Крајот му беше добар. Ајде, секако нема да испадне, знаеме, и знаеме дека не е секој ден Велигден, ова кога тогаш мораше да се случе.
Супер си беше Даниел што се вознемирувате, голтна некој збор ама пак испеа добро. Нема гајле, оди он во финале!
Не му лежат српски песни на Даниел, јасно е ко ден, нема ич среќа што неговиот ментор е хард корд матерни језик. Нема песна чоеков на анлиски освен евровизискиве што мораше да ги пее на англиски барем да ги сними. Ајде он претходниот пат Unchained Melody ja испеа перфектно, за Љубави ич не се секирам да ви кажам, ама ич.
Добро бе шо ви е луѓе, нормално дека оди во финале. Го копирам Жељко, он и кога греши ГРЕШИ СО СТИЛ Иначе ја како најсмотаната и најглупата овде, да си прашам, шо е мониторинг? Даниел, срце мое, немој ич да ми се секираш, и никој да не гласа за тебе, пак ќе те пуштат во финале. Браво, крајов ептен го подмачка како шо треба. Иначе, кој беше бројов за гласање?
На Даниел дефинитивно му лежат песни на англиски. На српски - катастрофа, го утнува акцентот, па уште почудно звучи отколку што е. Нема да влијае ова на него, сигурно ќе оди во финале, ама очекував подобро дефинитивно. Јас сум за Лукијан да испадне.
Јас 4 пратив до сега, мислам имам кредит уште за 3 или 4 и така деновиве треба да си ставам, ајде Даниел, гласајте за бројот 6!
Лелел душава ме боли....зошто вака се случи? Ама ме радува тоа што се поправи и одличен беше на крајот. Кој ми те урочи сонце? Сигурно онаа вештерка Емина минатиот настап. Сега ке пукнам, кој ке чека до крајот.....оффф душава
Мониторинг се оние слушалките кои ги носат додека пеат преку кои а слушаат музиката и се слушаат себе си како пеат.
Сонце најмило... е толку тешко ми падна, ептен го сакам. Ми падна тешко кога го видов така, разочаран... го знаете она чувство кога ќе се разочараш од сам себеси, си мислиш дека не си доволно добар. Не сонце, ти си најдобар. И добро рече желкава, ти и кога грешиш, со стил грешиш. Ич да не му се секираш, на секој може да му се случи. Ти си и ќе останеш најдобриот. Се надевам нема ова да влијае и дека ќе влезе во финале, а верувам дека ако влезе, е блесне тогаш, за да се оддолжи. Има многу послаби натпреварувачи од него и се надевам дека нема да го исфрлат. А и ептен мерак ми беше , шо одпозади идеше некој спот од Рози и нејзе ептен ја сакам. хаха..
Мене па и не ми беше толку лош. Факт е дека не смее да си дозволи грешки, ама се виде дека скрос се збуни и како уплашен беше на првата половина од песната. Ама затоа убаво викаат крајот го краси делото. Требаше да измерам колку секунди успеа да издржи таков распон на глас и потоа без проблем да продолжи да пее одлично. Илма кога згреши жириво се утепаа од објаснување дека и на најдобрите може да им се случи бла бла, ај сеа ќе имаме разбирање мала била. Па што дека е мала, ако е мала нека не доаѓа да се натпреварува со +/- 10 години постари од неа. Во секој случај, дечкото е одличен, многу уникатен и свој, дефинитивно заслужува да биде дел од финалето.
Емина прво водителкава нека ја праша дали е гладна, коските и се познаваат. Даниел си е добар, не ми се чини дека е гладен многу