Со онаа песна не очекував фатален настап. И се виде дека беше под некој притисок поради минатиот настап (на кој доби неправедни критики, ама изгледа нема кој да го посоветува Даниел, наивен е некако).
Толку ли те боли душата што Даниел направи грешка ... леле извини но морав да те прокоментирам многу на срце си земаш .... Ќе помине Даниел секако
Луѓе што ви е, Лукијан цело божјо шоу се утепа од фалшови, еве го гледам уште е тука, ако со киксовите се плаќаше, многу немаше да бидат тука, ама Луки уште од прв лајф требаше парталите да ги собере. Бaшка не беше до толку лош, се покажа кај што многумина ќе кикснеа, малку минус, малку плус.
Добро, ајде доста лаете против Даниел, до вчера го сакавте го величевте а чекавте една грешка да направи и одма против него. Колку фанови што има Даниел толку ни Илма ни Тамара немаат. Па лајте си уште... нема да падне ќе помине!!!
Може да ми кажете кој дел го утна Даниел, каде заборавил зборови? Не приметив јас ништо, не ја имав слушнато цела песна до сега. Инаку мене баш ми беше супер изведбата, крајот посебно, онака во негов стил.
Ќе помине секако Даниел. Душа, којзнае колку се нервира сега. Леле, уште не ми се верува колку е досадна вечерва.
Што му се случи на Кајмаков :/ Скокна и делови од песната, сепак добро е накрај што се извади ...Абе не му лежат српскиве песни ама ете и да му е најлош настап до сега овај, не заслужува да излезе!
Мислам дека не скокна дел само го згреши почетокот, а првата строфа најверојатно ја имаа скратено, бидејќи се поклопи со матрицата, не пееше поназад Даниел, искусен е знае да се врати. Баш и затоа Жељко така искоментира дека греши со стил. Крајот беше добар, се надевам ќе оди во финале.