Само глупости се случуваат! Маид и Илма, двајцата беа супер. Не верував дека нешто вакво ќе се случи. Ако требаше јас да одлучувам, Лукијан ќе си одеше. Ова не е фер... Но, ајде да си го поправиме расположението со тоа што само ќе кажеме дека Илма е млада и ќе се пријавува на други аудиции, па ќе направи кариера... Чудно е каква моќ имаат ваквите емисии. Не можам да зборубавм како нешто трагично да се случило. Паи секогаш сум тажна кога некој отпаѓа. Во Емина се претворив.
Тоа не е никакво оправдание за неговото фалширање. А мислиш ли дека за еден, да го наречам музичар, тоа е нешто многу комплицирано!? Можеби изгледа како научна фантастика, но би рекла дури и дека полесно е така иако изгледа тешко или што знам какво. Ти зборувам од искуство. Лукијан што требаше да испадне, требаше. Ама мислам дек толку ќе биде од него. Од авион се гледа дека нема никакви предиспозиции да биде Х-фактор, ами Турбофолк-фактор.
Шоу Бизнис се вика ова, реално нема пари од малава, а од Маид и те како може да се направи некој денар ваков таков, кафански пеач ова она ама поише ќе полни кафани и сали него Илма искрено. Го има движењето на сцена и плус и направи голем гест, рече мене Илма ми беше најдобра вечерва, како и да е, сепак тоа покажува дека не е толку никаков и препотентен, малово повеќе не знае да прифати критика, одма се мршти а некој и рече нешто, али дете е тек има време да научи малку дипломатија. Али со Луки страшна работа, живциве ги искинав зашто сме толку при уши глуви народи, покрај вакви гласови они Лукијан го носат во финале, браво бе луѓе браво.
Абе има причина шо шоуво се вика Икс Фактор. Треба и појава и харизма. Многу луѓе имаат глас ама немаат икс фактор. Илма е една од нив. Па јас во живот не сум видела толку ладно, толку неемотивно девојче од само 13 години. Од типот на луѓе ми е што ни на живо се радуваат ни на мртво плачат. Мислам дека за некој со таков глас Илма имаше и претерано многу негативни коментари по нетов. Тоа доволно зборува за впечатокот што го остава. Туку да не го тупам, ич не ми беше гајле кој ќе испадне, дали вечерва или во финале-не им менува многу. Се додека е Даниел победник. Тој ми е врв.
Абе ајде, ако е шоу за таленти треба талент да се гледа, а не кој има а кој нема време за кариера, па јас на местото на Маид доброволно би си заминала после онакви коментари, последен воз можеби е за него Поголема навреда здравје. Ако е таква работата нека го преименуваат шоуво во Последен воз-фактор. Глупости невидени.
Значи навистина нема правила во испаѓањево на Х фактор.....Кога требаше да испадне Лукијан испадна некој друг ...Кога мислевме дека ке испадне Тамара, испадна Александра и Алекса...а вечерва бев убедена дека ке испадне или Лукијан или Тамара, напротив тие двајца први поминаа иако мислам дека ниту едниот ниту другиот не припаѓаат во финалето. Помина Маид, иако ми е многу одвратен и мислам дека премногу се дере на бината, ама со Одисеја беше посупериорен од Илма, мада мислам дека и тоа немаше веза и дека жирито ја исфрли малата оти беше мала, башка мислам дека Емина му врати вечерва на Жељко од оној пат кога он и го спаси незиниот.
А они зашто организираат луѓе вакви шоуа, добротворна организација? ПАРИ, и само ПАРИ, гледаат кој утре ќе им донесе најмногу приходи, освен глас. Даниел и те како ќе носи пари, убаво пее, сладок и симпатичен е го сакаат многу, и женски и машки. Концерти ќе пуни, свирки, журки милион. Илма на 13 години е малолетна уште треба дозвола од родителите за се. Убаво се смеевме ние ни колата нема да може да си ја искористи. Таленти имаше тука многу, ако е за така Младен каков глас имаше да заплачеш, ама немаше стас, немаше некоја харизма и отпадна. Тоа е светот на шоу бизнисот. На онаа сиротата Сузан што победи на Икс фактор и ги собраа парите и ја откачија, а не носиш пари никој не те сака, сурово, ама тоа е реалноста.
со право испадна предосадна беше последните 2 емисии неможев да ја гледам како некое старо мало нема ништо интересно што да понуди пее но нема никаква харизма...
Овој лајв дефинитвно ми беше еден од најинтересните, без прекин го гледав. А и да, денес сите ми беа добри, неам за никој замерка.А и илмица заслужено си одлета, овој пат емина беше во право Патем, како се викаше песната што ја пееше тамара и песната на спас на илма?
Се надевам дека ова ти беше сарказам. Илма е страшно харизматично, емотивно и ужасно талентирано створење, но факт е дека е премлада и неискусна во многу полиња од животот, тоа и е причина за секое свое потфрлување да чувствува потреба да се оправда и сличните испади - дете е, побогу. Но вакви неиздржани критики ме нервираат, најсериозно.
Како што тргнало и мене така ми личи.Или таа или Маид. Мада не сакам да прогнозирам оти ништо што предвидов не ми се исполни до сега...мислам за ова испаѓањево....јас одмана ги отпишав Алекса, Харис, Илма,Лукијан и Тамара а види до каде догураа овие последниве двајца, а на Брковиќ и предвидував финале а таа испадна....
Ми се направи ќејф не дека го обожавам Маид туку дека Илма повеќе неможев да ја гледам,па и колку е самоуверена беее
Илма го напушти шоуто,криво ми е за неа но сепак Кристина и Емина беа во право,и јас сакав Маид да остане во финале.но тоа е одраз дека низ прсти му прогледаа на Лукијан ,кој ќе го трпи сега ,изгледа наместено е он да победи.Tамара премногу ја форсираат :geek: A Доктори конечно мислам конечно запееја и заличеа на група. Даниел сонце наше ,ќе умрев жими се додека не кажаа дека влегува во финале.Најдобар е ,и беше многу секси вечерва
Ова може да се случи без гласање....мислам , народот ке гласа ама победата нема да зависи од гласањето....
Толку антипатично и одвратно нешто како српската водителка Уна, Ина или како и да се вика не верувам дека ќе се роди ни во илјада години. Толку е само лигава и со некои прости и глупави коментари одма менувам канал штом видам дека ја даваат неа. Не дека Снеже е нешто подобра, ама како оваа нема. Претходната емисија не разбирала таа со тоа "та, та" во македонскиот јазик леле да не треба да ти викнеме преведувач мадамо Денес не очекував Илма да го напушти шоуто. Мислев дека посекако нема да ја остават да победи но дека сигурно ќе дотурка до финале. Мене не ми е мн симпатична, уште е мала и треба да созрее ама факт е дека преубаво пее и тоа не е спорно. Сепак во ваква ситуација сметам дека жирито одлучи правилно. Навистина е мн тешко да пробаш да изградиш кариера кога веќе имаш накај 30 години. Не е фер за Илма ова си е нејзина шанса, но ете така излезе и овојпат се сложувам со мислењето на Емина. Според мене Лукијан или Тамара требаше да го напуштат шоуто. Но двата немаат некоја харизма и не ми е јасно кој толку гласа за нив. Даниел го згреши и текстот на песната но за него си гласам посекако и тој сигурно заслужува да биде во финале. Е сега во финалето, мислам дека Доктори имаат мали шанси да победат група некако не ми изгледа да биде победник мислам дека сепак ќе се одлучат за еден натпреварувач. Маид мислам и тој ќе испадне и на крај ќе останат Тамара, Лукијан и Даниел. Би сакала Даниел да победи ама не сум убедена , камо да грешам, ама мислам дека или Тамара или Лукијан ќе победи со тоа што поголеми шанси има сепак Тамара. Никако не можам да се разубедам дека Србите би оставиле Даниел да победи и иако не заслужено се ми се чини дека Тамара ќе излезе прва.
Па мене повеќе ми се допаѓа самоувереноста на Илма(има и зошто да биде) отколку тоа лигавото зборување и поглед на Даниел искрено. И што е толку лошо не гледам да бидеш самоуверен некои луѓе си се едноставно такви. Мене баш ми е онака детски природна и преслатка. Тамара да не има случајно харизма? Како статуа е, само една фацијална експресија има Таман ќе се вклопи во центарон на Ск Лукијан послаб здравје, харизма слабо и пак во финале. Смешки. Јас всушност и знаев дека е наместено, како и се на Балканов, а бога ми и во светов, туку ме чудат многу коментари на темава, ама ај ...