1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Дефинитивно, на Лукијан повеќе му лежат песните од Саша Ковачевиќ во однос на Алекса.
    Вечерва добар беше.
    Тамара, како и обично досадна. Предосадна. Секој лајв тоа па тоа, тоа држење, тој стас, тие гримаси.
    Одбивна станува.
    Даниел, воопшто не ми се допадна. Според мене, најлош лајв му беше ова.
    Маид солиден беше.
    Илма, не го можам девојчево. Ми има оставено лош впечаток со обидите за мудрување.
    И да ги пофалам Докторите. Вечерва ми се допаднаа мноогу. Дали дека пееја една од моите омилени песни. :wasntme:
    Премногу ми се допаѓа гласот на Урош(мислам беше). Жал ми е што немаше прилика за соло настап.
    Снеже како вообичаено.. :x
    А Ана..секогаш е најубава :) Добро, малку, мислам малку повеќе е анорексична, но има преубаво лице и држење на сцена.
    **
    Мислам дека Перчоли требаше да биде на местото на Лукијан.
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Секој лајф се повеќе ме изненадувааа.. Се си мислев дека Лукијан ќе испадне и ете ти го прв влезе и мојата фаца беше нешто измеѓу :o :?: :fubar:.. Ни на крај памет не ми беше дека Илма ќе остане во двобој, кога останаа Даниел, Маид и она реков аа сигурно овие двајца идат нема шанси Илма да е, ама ете :^) И реално да, млада е многу и цел живот е пред неа што се вика, и искрено ако сакате сега тепајте ме ама секој си има свое гледиште и мислење мене Илма ми нема нешто што се вика икс фактор.. Незнам, има глас, ГЛАСИШТЕ ама само тоа. Не ми е интересна како појава, настапите ништо посебно не ми се, Маид ми е поинтересен, ем глас ем стас што се вика. Кај Маид на концерт ќе се изнаиграм бре! И затоа сакав да испадне она, не е за ова шоу, а дека ќе продолжи да пее тоа сигурно,со таков глас и греота е да не се продолжи, ама стрикно за шоуво не ми е :)
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    де бре жено смирисе мене ми беше предосадна Маид ми е 100пати подобар и во глас и во све дете била или било што ова не е киндер Х фактор не гледам јас тука на воздрас туку на квалитет...
     
    На sanjaeva и unlucky им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    [​IMG]
     
    На Gioia, BI-44, Dvolicen и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Луѓе , се повеќе ве читам дека Тамара ке победи...ако во целокупниот досегашен избор на кандидати а посебно сега овие што останаа во финалето, победи Лукијан или како што повеќе од вас викаат, Тамара, тоа ке биде РЕЗИЛ и за србите и за Х фактор.....испаѓа дека сите нас на балканот не не бива за ништо ако не заебеме све на крај.... :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    Според мене и Даниел да беше во дуел со Илма ќе се ваѓаа на таа карта демек зш е постар, а и до некаде стварно е така...
    Фала богу Маид остана :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    поубаво неможеше да испадне, Илма си оди дома малце да се врати во реалноста, а Маид ги добива сите гласови од босанците со што има многу поголеми шанси за победа јеееееј
     
  7. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Значи работава со Кајмаковски покатастрофална не може да биде.Според мене, поготово денес покрај толку грешки во изведбата да не го искритикуваат, ама баш ич некако не ми штима.Остај тоа,туку и англискиот во претходните настапи: К А Т А С Т Р О Ф А!
    Инаку Илма премногу ја форсираат,меѓутоа каде-каде ми е подобра од Даниел и стварно има глас,ама има време,ехее.Стварно се израдував што Маид остана пошто предобар е,ептен ќе ми беше криво да испаднеше. :)
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Се гледаше дека вечерва не сакаа мн да критикуваат. Сепак е последен лајв пред финале па вероватно не скаа да ја наведуваат публиката како да гласа.
    А англискиот на Илма подобар беше? Дај не зезај, па никој не ја искритикува и неа...
    Инаку секој има право на грешка и затоа кај мене не влијаеше тоа многу... Од почеток беше и остана мој главен фаворит заедно со Докторчињата.
    Се сложувам дека нема некој кој знае колку моќен вокал како оној на Илма на пример, меѓутоа има специфичен светски вокал и харизма... Илма ,мене барем, ми е далеку од харизматична.
     
  10. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Пролив да го фати човек од душегрижнициве и нивните коментари против Даниел,како едвај да чекаа да киксне малце за да дојдат до врхунац што би рекла Емина( пак со извињење) :D
    Кикснал малце,биг дил! И на најдобрите им се дешава!!! Сите други имаа по милион фалшеви и киксови па не се крена толкава прашина!
    Од моја гледна точка Даниел беше премногу стегнат,со огромна трема што и беше причината покрај мониторингот да направи мал кикс,ова го има сфатено како последна шанса за градење на некаков успех во музиката,сето ова за него е уживање ама од друга страна и огромен товар,се надевам дека сега у финалето ќе рокне и ќе им покаже на сите што знае и умее!
    Од друга страна пак многу ме иритира тоа што некој мутљо како Лукијан иде даље,или пак смешкана Доктори а некој како Илма и Маид се бори за опстанок?!!!
    Го поздравувам потегот на Емина што се дрзна сама да реши кој ќе испадне а не како кукавица да остави публиката да реши! Се сложувам со неа дека времето е пред Илма,го нема х факторот, ама ќе порасне ќе созрее ќе го тргне бркот засекогаш и со малку среќа можеби ќе си го искористи талентот и ќе направи кариера! Маид феноменално ми испеа вечерва!
    Се мислам дека на крај ќе се решава меѓу Тамара и Даниел,па со Господ напред,ќе чекаме сеа 20 дена! :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски

    За овој невиден и нечуен потег на Лукијан дека свирел на клавир и пеел сеа треба споменик у Скопје да му изградиме и тоа на мостот на уметноста одма до Пеза Муртеза!!! :D
     
    На Ilinaaa, sweet-star, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Луѓе факт е дека Илма има НЕВЕРОЈАТЕН ГЛАС, пее се и сешто, од балканско до стрнаско, балади, поп...буквлано се снаоѓа во се.
    Маид ми стана некако мил последниве неколку лајва и искрено кој и да испаднеше од нив ке беше голема штета, прекрасни се и двајцата.Ги погоди случувањата во Босна и мислам дека до тоа и беше слабиот одзив на гласачи.

    Лукијан буквлано зафати место на еден вонсериски глас.Колку ли броја има купено Емина се прашувам...
    Не му е бре место во супер финале.Нека свири и на харфа, ако сака.Но што е тука е, секако оваа шоу ке се заврши и битно е што ке биде после него.На Илма и предвидувам секако светла иднина.

    За прв пат да не ми се допадне Даниел.Некако не му лежи кирилица.Фаворит ми е и гласав за него, но оваа вечер беше некако слаб, последниот дел од песната кога викна го извади.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ми се гади од негативните коментари за Даниел.
    Луѓе сме, грешки правиме.
    И на најголемите професионалци им се случува да погрешат, и што??
    Не е крај на светот.
    Даниел и милион грешки да направи, пак на крај ќе се извади некако, бидејќи има глас.
    Тоа што е малку деконцентриран и што не го бива за зборување пред публика, не го бива, ама па и тоа со тек на време ќе се поправи.
    И вечерва, како и секоја вечер, Даниел беше одличен. Се разбира дека имаше и подобри настапи од вечерашниот, ама мислам дека непотребни се негативни коментари, само поради една единствена грешка.

    Мило ми е што испадна Илма, иако не очекував.Девојчево има прекрасен глас и може да ја испее секоја песна. Ама па ако бирав помеѓу неа и Маид би го избрала Маид. Убаво и кажаа судиите. Млада е. Животот е пред неа и сигурно ќе успее премногу, бидејќи талент како неа не може да остане незабележан.

    Кога сме кај Маид, дечково има неверојатен глас и кај него ми се допаѓа тоа што секоја песна ја пее на свој начин и секогаш зрачи со позитивна енергија.

    Вечерва очекував да испадне Лукијан, Тамара или Докторите ама гласовите си го направија своето.
    Лукијан, за разлика од претходните лајва, вечерва беше подобар.Му лежи ваков стил на песни, но мислам дека не заслужи да се најде во финалето, од причина што, таму треба да бидат луѓе кои можат да ја испеат секоја песна која им се дава и да се прилагодат на секаков жанр.

    А за Тамарчево, не коментирам.
    Одвратна ми е и повеќе писка отколку што пее.
     
    На unlucky, mileystar, Menence и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    ама овој Панчо од Днк "слабо" си лечи комплекси со Даниел напишал во иронија :

    Pancho Shorty Dnk
    February 25 · Edited
    Znaci stvarno ovoj Daniel Kajmakoski me ostavi bez zborovi . Vakov dobar performans nemam videno i slushnato mnooooogu odavna . Bravo Daniel ti si veke pobednik za mene !!!!! Se goredeam deka sum Makedonec !!!!! Yupiiiii :))

    тоа е јад пошо со неговиот наводен "талент" за толку години не постигнал ни пола од тоа Даниел што направи на x factor ; Даниел до победа !!!
     
    На Ilinaaa и sweet-star им се допаѓа ова.
  15. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Боже, Илма излезе, Тамара остана. ТАМАРА! Таа не знае да гледа, а не па да пее. Колку ја форсираат, не им е ни срам.
     
  16. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Леле неможам да верувам Илма испадна..не бев нејзин фан..но таа испадна а Тамара остана.. :o :tmi:
    И нема никаква врска ако Лукинијан свирел на клавир..оти сте такви оти го мразите своето го сакате туѓото..наместо да речите Даниел да победи..вие викате да испадни..Толку далеку стигна и вие сега да испадни..алал да ви е немам друго зборови :x :fubar: |( :!:
     
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ужасно се изнервирав вчера!!!
    Како можеше дуелот да биде помеѓу Илма и Маид? Па тие двајца развалуваат со нивните гласови!
    Дуелот требаше да биде помеѓу Лукијан и Тамара. Според мене требаше да испадне Лукијан, тој е убедливо најслаб. А Тамара-не можам ни да ја гледам ни да ја слушам.
    Не требаше да испадне Илма, да бидеме реални-таа има најдобар глас од сите таму присутни! Па, што ако е мала, тоа нема никаква врска-многу глупо образложение даде жирито!
    Искрено, Даниел беше многу лош вчера-освен на крајот. Но, секој може да има лош ден, така да-напред Даниел!!! :clap:
    Мерак ми е што двајца од тројцата (Даниел, Илма, Маид) мои фаворити влегоа во финале!
     
    На oblace1 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  18. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јас луѓе вчера ќе доживев срцев удар за малку ,кога Даниел остана меѓу последните тројца.Но после кога кажаа дека оди понатаму,како сме почнале да се радуваме со другарките,мислам дека ми се скрати една година од животот(за икс фактор бе) :rofl:
    Настапот на Даниел од почеток не беше најдобар,се гледаше дека има многу трема но после се поправи.
    Секој човек греши,тоа е нормално и јас се уште си стојам зад ставот дека тој треба да биде победник.а ми

    За Илма ми е навистина жал што си отиде,еден од најдобри вокали на икс фактор,што има врска ако има 13 години.За Маид го мислам истото,не заслужуваа да бидат во двобој.
    Според мене Тамара и Лукијан требаше да бидат во двобој,се уште не ми е јасно како отидоа во финале.Тамара досадна со песните,а Лукијан сосема просечен. |(
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Jaс се мислам дека (на моја несреќа) ќе победат или Доктори или овој Маид.
    А ништо посебно не гледам и таму и таму.

    Оние Доктори немаат поима од пеење,мноогу се лигави,само попалени девојчиња и публика имаат,па тие гласаат за нив.Што ќе ги прават,балкански 1Д? |(

    А Маид ми е толку антипатичен што вчера кога пееше и не го гледав :D
    Има глас да пее,не викам не,ама има глас да пее кафанска песна бре! Има стани-и-скрши-чаша глас,а во друга песна која не е од Чолиќ кикснува до даска.И тоа нагласокот му е многу одвратен.

    Тамара ми е супер,ептен е уникатна и во свој свет е,да,ама пее опасно.
    Илма испадна,и почна да ми станува антипатична у последно време,лигава беше некако.
    Даниел кога требаше да биде најдобар-утна малце,меѓутоа се оправи на крај.Супер беше.
     
  20. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Ништо чудно и вијачкана Тамара да победи... |(