Се чудам колку ја отупевте со Даниел ? Сиве месеци наназад слушаме фалшови од Тамара, Лукијан, Алекс, и никому ништо !!!! Сега, конечно Даниел утнал збор, и сите искокаа. А, воопшто не звучеше до толку лошо. Илма, конечно нека оди да си игра со барбики.
Само се чекаше Даниел да киксне и да се почне да се блуе пламен насекаде. Искрено, ако оној Панчо навистина така коментирал во врска со Даниел, не покажал никаква зрелост и работна етика ( а и од каде би покажал, што сум пак јас чудна). Даниел кажа дека имал проблеми со мониторингот, се гледаше дека постојано нешто му сметаше во облеката и дека беше деконцентриран. Му обесиле од страна на фармерките што нашле и не нашле. Па и на крајот на краиштата,на најголемите уметници, светски, им се случуваат гафови и пропусти многу полоши од ова што го проследивме вчера. Сетете се на гафот на Бијонсе на Супербол, или на Кристина Агилера...грешиме сите. А како што рече Жељко, грешеше ама знаеше тоа добро да го прикрие. Кога прочитав дека кандидатите ќе пејат песна од менторите, за Даниел веднаш ја помислив Леџа о Леџа,или Девојка, уште подобро! Кристина Ковач рече дека на Маид ќе му одговара, но јас мислам дека Даниел добро ќе ја извадеше таа песна. Маид ми е етно. Даниел супер ќе се снајдеше со Девојка. Но ми се чини дека во текот на целиот Х фактор, Жељко најмалку од сите ментори ги насочуваше своите кандидати околу изборот на песни.Даниел нормално, цело време бираше она што му лежи и го сака и најдобро го знае, и човекот гледаше дека тоа функционира добро, публиката добро реагира и се опушти во врска со него. И сега, кога требаше да пеат песни од нив, ја у*ра најмногу од сите. Вчерашниот пропуст околу Даниел, во голема мера го препишувам и на Жељко. Илма не требаше да излезе според мене, но што е тука е. Девојчето многу се трудеше, и доста напредна во текот на шоуто за разлика од Маид кој ниеднаш не го слушнав како звучи на нематерњи, и не верувам и вака дека Маид ќе постигне некој голем успех кога ќе заврши шоуво.Дај боже да го фати возот, ха. Една изјава што многу ме фрапира,а не знам дали го видов на преставувањата пред пеењето или на Х патрола, а доаѓа од Лукијан, е тоа дека детево почнало да ја следи странската музичка сцена пред помалку од една година. Замислете, кој хендикеп е тоа, не е ни чудо што не се снаоѓа добро со англискиот и таа сцена. Ако веќе се декларираш како кантавтор, пејач перформер и што ти знам кои епитети веќе му ги даваат, немој да ми кажуваш дека си сестран музичар ако не си ги слушал и анализирал на твои 21 години барем дел од музичарите кои корнеа во 80тите и 90тите. Тоа драги мои се нарекува ограниченост, и не зошто животот, околностите или нешто трето не му го овозможиле тоа, туку самиот така си одбрал.Во музиката не постојат ограничувања. Па и да го каже тоа на јавен сервис, со цел да се одбрани... Но заклучокот е- сите се неискусни во овој бизнис. По завршувањето на шоуто, ќе видиме кој ќе плива а кој ќе се удави. Се гледа веќе премореноста, исцрпеноста кај кандидатите. Ја поздравувам Ковач, која од Доктори направи бој бенд кој и треба на нашава сцена. Многу се трудеше околу нив, и резултатите се на виделина.Баш би сакала да продолжат да работат заедно, затоа што ми се ненормално симпатични и талентирани. За следниот Х фактор ако го има- поголема професионалност, поголем ангажман од страна на менторите за своите кандидати. П.С. Славко ми ја разубаве вечерта не можев да прекинам да се смеам кога ги дадоа во кадар фаците на Кики и Жељко кога настапуваше. И за крај, едно музичко уживање. https://www.youtube.com/watch?v=Ri9526u4al4
Значи срам да ви е на сите што вака зборувате за Илма на сметка на нејзиниот изглед. Толку сте вие совршени? Знаете еден тон како неа да испеете? Или сте толку злобни и трули во душите па само наоѓате мани, те имала бркови, те личела на Фиона од Шрек. Алал да ви е. Си покажавте колку сте јадни и искомплексирани. Девојчето пее феноменално. Најубаво од сите. И не требаше да излезе, ма ако барем оние завивачките од типот на Тамара која е како на дроги, или нашиот леле мајко Даниел кој подобро му е да излезе побрзо од чмарот на Јоксимовиќ, зашто хемороиди разви човеков од него.
Не се карам за да треба да ги смирувам страстите, напротив, само ти укажав на еден факт кој упорно го заобиколуваш. И баш заради тоа што не е киндер фактор, му ја удрија клоцата на жутото пиленце, па и на Илма. Како што реков - го имаат цел живот пред нив за овие работи. Ама да плукаме сега на велико дека нема харизма или талент, а од авион се гледа дека има - не оди.
А ти тоа што го зборуваш за Тамара не ти е срам ? Како и Бркович можеби и она има или имала некој проблем со очите зараме ти не познаваш луѓе со таков поглед како нејзиниот има ли тоа некаква врска ? Ако имаш не дефиниран поглед на дрога си значи а ? Знаеш ли воопшто како изгледа дрогиран човек? Зошто еден браниш а друг навредуваш ? Ако си толку добра не навредувај и никого ... Да Илма е таква како што сите ја опишуваат има 13 години има брк не изгледа убаво немаше досега ни еден добар стајлинг и фризура ... НО ИЛМА Е 13 ГОДИНИ значи како што кажа Емина времето е пред неа,ќе научи како да се однесува и понаша на сцена а и позади ,ќе се среди и ќе обраќа повеќе внимание на себе,ќе научи повеќе за нејзиниот изглед и за тоа како треба да изгледа и каква гардероба треба да избира сепак годините си го прават совето.Не ја напаѓам Илма затоа што како што кажа никој не е совршен но времето за неа само што не почнало сигурно ќе биде голема ѕвезда затоа што има огромен талент .... Спојлер извини вака што те нападнав но морав да те прокоментирам.Не те обвинувам напротив секој нека го искаже своето мислење...
Кики четири имаше, Емина тројца до скоро па сега се со по еден кандидат додека на Жељко му испопаѓаа како круши во првите два лајва Младен и Маја па сега тој има два кандидати во финале, а останатите по еден
Ја искоментирав Тамара затоа што повеќето од оние кои ја навредуваат Илма ја величат Тамара! Тамара е полнолетна а Илма е само 13 годинишно девојче со вонсериски глас. Не е исто на 13 годишно девојче да му се набиваат комплекси и да се зборува за неа како што се зборува и да се зборува на зрела личност како тамара. Се зборува погрдно за ДЕТЕ!!! Друго што личеше коментарот на Емина. Ти си млада животот е пред тебе ама Маид јадниот на 30 години нема своја песна!!! ОД сожалување го пушти? Па јас да бев на Маид местото ќе речев фала ви ама ако ме пуштате од сожалување, нека иде Илма а не јас.
А на Маид па знаеш колку му е галје Емина што кажала ако зборуваме за годините еве и Даниел има толку ... 30 години па тера понатаму ако имаш талент зошто да не.Даниел бил во Мк уште пред многу години но никој не го открил на врме арно се појави овде па за да заживее малку на сцена и да покаже што може ... На Маид оваа не му е прво натпреварување така да јас мислам дека му е сеедно,за во финале не верувам дека он има големи шанси за победа како и да е тој ќе си тера пак по свое... А Илма со својот вонсериски глас допрва ќе станува ѕвезда... јавна личност е мора да ги сносува сите критики колку години и да има тоа можеби е болно што така плукаат по неа ама ќе знае каков во иднина треба да продолжи ,оваа за неа беше едно голема отскочна даска за нејзината иднина
Што има врска ако Емина му рекла дека имал 30 год и као последна шанса. Па жената што победи на Британскиот х фактор има 45 + па нема врска. Кога ке дојде среќата, тогаш.
И јас тоа го реков. нема зашто да се нагласуваат годините на натпреварувачите. Ако им сметаат годините на Илма и на Харис стави дека под 18 не може да се пријавуваат и толку. А не деца со талент да се елиминираат зашто?? Мали биле. Глупости.
Ајде и јас да дадам свое мислење за сите почнувајки од најслабиот... Лукијан: Значи овој незнам што уште бара таму детето нема воопшто талент и оваа све моје зоре му ја преовеличаа а не беше ништо посебен...Имаше многу подобри од него кои заслужија да одат понатаму но за жал остана овој за Емина да не плаче....Синоќа којзнае Мустафа колку пораки морал да испрати за да не оди во дуел бидејки ако отидеше тоа ќе беше крај за него.. Тамара: Морам да признам кога ја видов на аудициите ме воодушеви значи си велев ова девојка заслужува да оди понатаму и да победи но потоа го видов ДАНИЕЛ и занемев...Девојката има глас но некако ми е многу млитава како да не и се ни пее ни натпреварува и тие песните од Ријана што ги пее никако да сфати дека не и одговараат затоа што Ријана е жива и весела а Тамара е млитава..но ајде си помина девојчево и се надевам дека сега на 23 ке воодушеви како на почетокот и дека ке ја оживее публиката.. Маид:уффф човекот е страшен талент значи алал му вера ми се допадна уште на самиот старт и во џаџес хаус кога Жељко не го прими си велам што му е на овој дали тој има вкус за талент човекот пее подобро и од него...но потоа си велам ајде нека си е таму така нема да му биде голема конкуренција на ДАНИЕЛ ххх но кога влезе пак и го слушнав повторно си го заскав прекрасен е ајде се надевам ќе добие некое од местата или 2 или 3 Доктори: ее ови дечки ми се супер си имаат глас убаво се склопени браво за Кристина Армин ми има она најдобар глас и симпатично е детето хаха и за нив се надевам дека ќе освојат некоја награда како и Маид ) и како јагода на шлагот ДАНИЕЛ: НЕМА ПОДОБАР ОД НЕГО ДЕТЕТО РАСТУРА ЗНАЧИ НЕМОЖАМ ДА МУ СЕ ИЗНАЧУДАМ НА ТАЛЕНТОТ БРАВО МАКЕДОНЧЕ АЛАЛ ТИ ВЕРА СУПЕР ПЕЕШ И СЕ РАЗБИРА ТОЈ Е ПОБЕДНИКОТ НА Х ФАКТОР НЕГО ГО ЧЕКА ПРВОТО МЕСТО АКО НЕ Е НАМЕСТЕНО СЕ А СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НЕ Е... СИТЕ ПЕСНИ МУ БЕА ОД ДОБРИ ПОДОБРИ ШТО СЕ ВЕЛИ ПОДОБРО ОД ОРИГИНАЛОТ ПЕЕ..СИНОЌА МЕНЕ МИ БЕШЕ ОДЛИЧЕН ИАКО МНОГУМИНА ВЕЛЕА ДЕКА КИКСНАЛ ЈАС НЕ МИСЛАМ ТАКА ТОЈ БЕШЕ СОВРШЕН И КОГА ГО ОСТАВИЈА ДО КРАЈ СЕ ИСПЛАШИВ НО И ДА ВЛЕЗЕШЕ ВО ДУЕЛ И ОТАМУ КЕ ИЗЛЕЗЕШЕ КАКО ПОБЕДНИК хх И ТОА Е ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ ПОБЕДНИКОТ НА Х ФАКТОР АДРИА И ПО МАЛКУ ДА ИСКОМЕНТИРАМ ЗА СУДИИТЕ Жељко : добар ментор одличен судија малку себичен и обожава да го имитира сајмон Емина: оваа па кај ја најдоа за судка само за стајлингот коментира и повтара по другите што коментират ме нервира страшно Кики: човекот ми е пасивен имам чувстово како ама баш за ништо да не се замара но ајде добар е колку толку не е како Емина Кристина: најправдена и најдобра судика и ментор дефинитивно толку за неа се најдобро
Убаво вика нена, нека стават старосна граница затоа што реално е потребна од причини кои убаво ги објасни Хипстер погоре. Ама искрено ќе ми беше жал и да леташе Маид затоа што за глас, немам коментар, досега една лоша вечер да нема, еден фалш да нема... навистина е добар, има движења на сцена, дава цела енергија да те расположи, не го исседува цел настап. Некому не му лежат странски песни, па на секој натпреварувач од тука нешто помалку му лежи за пеење, па никому ништо. Не велам дека Маид треба да победи или Илма требаше да излезе, туку се чудам на вечерашниов состав на дуелот, двајца натпреварувачи на кои навистина не им беше местото таму.
Јас вака мислам: Не знам дали во пропозициите на шоуво има старосна граница, ама реално на вакво шоу не треба да настапуваат помлади од 16 години. Илма има неверојатен талент, и навистина има најмноќен глас од сите таму, и тоа на 13 години..ама се уште е мала за шоу бизнис, и влегувањето во вакво шоу, може да има негативен ефект врз нејзиниот развој. Како прво, таа би требало да е основно училиште..што значи за неа сега толкаво отсуство од часови? Што се случува со вообразеноста што ќе и се наметне, (сметам дека добро и зрело се однесуваше и на интервјуата) дека таа е мн повеќе од нејзините врсници, и што значи шокот што и се приреди вчера дека таа го напушта шоуто а имаше најголеми очекувања? Тоа нема да го поднесе исто дете на 13 години и некој да речеме на 20. Тоа може да биде за нејзе тотално разочарување и да има други последници. Затоа, од почеток треба да е јасно дека треба да има барем долна возрасна граница. Мислам дека ќе победат Доктори, како еден вид на компромис пошто во групата има еден полумакедонец, босанец...другите валјда се срби не ги знам. Реално, наслаб од таму е Лукијан, па дечките од Доктори, ама Доктори се некако посимпатични Тамара е префорсирана, и навистина не заслужува толку внимание..кога ќе ја видам со очите паднати на пола копје (што би се рекло) и со нејзината уфилманост дека од неа само емоција извира...стварно ме нервира. Се најдобро за Даниелче
Повеќе се криви тие што се грижеа за стајлингот на Илма,отколку она лично.Навистина очекував Mаид да е во дуел бидејќи беше и претходниот лајв но со Илма не ни помислив .Нека стават старосна граница таму а не да даваат лажни надежи,си отиде девојчето пред финале,греота.На тие години имаш уште да се развиваш и да се надоградуваш но можам да си замислам како и е сега,па таа е сеуште дете и не може толку зрело да размислува.Сепак драго ми е што остана Маид,иако Емина му врати услуга на Жељко,и да не повторувам веќе она што го кажаа и другите феминки. A за Даниел срцето ќе ми престанеше додека да го кажат за во финале .И да згреши,се му е простено со таков талент
Да бе да, на дете од 13 години втоа што вчера му се случи е како да му се урнува свет. Критиките за стајлингот ако се наменети за нејзе, не се на место, затоа што се уште нема изградено стил...и тоа пак бидејќи е мала...мора мора една старосна граница А тоа добро ќе дојде и за повозрасните да не се искомплексираат
ФБ коментарите на Кристина и Емина за излегувањето на Илма. http://kurir.mk/magazin/scena/150017-FO ... i-X-Faktor
Не ми е јасно зошто се критиките за стајлингот на Илма. И така таму има 'стилисти' кои ги тинтраат. Другите натпреварувачи пак нешто подобро да не беа облекувани. Единствено Ана беше секогаш скоцкана
Му испаднаа на Жељко уште на почетокот двајца, но знаев дека другите двајца што му останаа се едни од најдобрите да не кажам најдобри. Многу сум среќна што остана Маид, но ми падна жал за Илма, ама и овојпат ќе се согласам со изјавата на Кристина. На Лукијан воопшто не му е местото во финале ама ајде шта чеш. Се надевам само дека нема да стигне до победа која пропаст ќе биде тоа.
А она нејзиното пиленце не беше мало, он не требаше да испадне. И се фатиле за таа старосна граница, некоја си емина ќе кажува колку требала да биде. Нека си измисли музичко шоу со нејзин концепт, нека стане толку популарно, па нека си стави таму старосна граница. Кокошка. Беше повисока границата, ама ја симнаа поради причина што има многу талентирани деца на оваа возраст, па да можат да почнат да си работат порано на својот талент. Да не биде да го фаќаат последниот воз.