Во Х фактор освен пеењето и самиот наслов кажува дека се бара пејач кој го поседува тој фамозен Х фактор фактор или харизма ,со која ке привлекува многу луге да го сакаат ,а перчоли на повеке луге им е одбивен и иритантен што значи го нема тој Х фактор односно тој повекето луге ги одбива наместо да ги привлекува
Проблем е Перчоли кој бил самобендисан, ама Стефан, Александра и некои слични кои само заведуваат, флертуваат, се улижуваат не се проблем ? Иначе, за оваа работа треба да имаш самодоверба и да си цврст, иначе ќе те изедат. Можеби Перчоли претера со некои изјави, но другите кога коментираат живи глупости никој не ги рецка. Перчоли крена прашина зошто е копија на Чола, ама талентот му е неоспорен, да сме реални пее прекрасно. А, за изгледот, однесувањето...верувам дека ако има вистински луѓе зад него само ќе напредува понатаму. И да не му замеруваме многу, сепак е дете од 15-16 год. Што очекувате од него? Пс. А, Илма не е самобендисана? Ако човек реално може да процени ќе види како дете на 13год. е во нарцис направено.
Е не се. Зошто ли? Психологија е во прашање. Они флертуваат и со нас, а за Петар во тој момент постои само песната. Затоа можеби и рече Перчоли дека делумно му било убаво искуство, а делумно и понижување. Не сака човекот бре на никого да му се улизува и да му се додворува. Кажа само убави зборови за жирито, други пејачи не коментираше, но никогаш не се трудел да се допадне некому. Затоа можеби ова шоу за него било понижување. Мене искрено премногу ми беше интересен, од држење, гестикулации, за пеењето немам зборови и не верувам дека можеш 100% да бидеш усилена верзија на некој. Сличностите се очигледни и случајни. И гласот на Влатко Лозаноски наликува на гласот на Тоше и стилот на песните им е горе-долу тој, па ни на крај на памет не ни` паднало дека може да го имитира. Некои работи не може да се изимитираат. Тие се едноставно - сличност. Он сака да и` се “допадне“ прво на песната па преку песната на другите луѓе, а не да шармира со изглед и однесување. Од тој аспект, да, можеби и не е за него икс фактор, но музиката и те како му лежи и сигурна сум дека ќе се најде место каде што тој негов неприкосновен талент ќе се искористи. И верувам дека ќе дотурка и подалеку од Гранд како што некои душебрижници му предвидуваат. Штознам, отсекогаш ме фасцинирале луѓе кои имале доволно самодоверба дека може другите да ги сакаат без да мора да кокетираат со нив. Перчоли да набиеше некој мускул и да беше заводнички тип, сигурно многу од изјавиве ќе му се простеа, ако не и сите... Тој ми се свиѓа што барем си кажува кој му е идол. Не е како некои суптилни ванаби ЏениферЛопезици, Рианици и Бијонсици (пример) што некогаш знаат да се феномен на избори за музички талент.
Теси, јас мислам сите од сите од тука да му напишеме писмо на Чолиќ2 да те земе за портпарол. Толку го браниш човек да помисли дека те плаќа за тоа. Па и ние сите другиве душебрижници станавме. Не си земај толку при срце, гледаме шоу и коментираме. Секој си има фаворит, а има и некој кој едноставно не може да го смисли. И тоа е тоа. Испадна дечкото, овие од икс факторот имаа доволно памет да видат дека едноставно не е за тука, па нека си ја бара среќата на друго место. Јас само се надевам дека Даниел ќе направи кариера после шоуто, не мора да победи, доволно му е и ова.
И ја мислам, не си сама... Тоа со Гранд коментарот не видов дека го имаше тука, ама го читав на други места, ако ти си го пишала извини, не сум мислела на тебе. Не пишувам за кандидативе врз основа на тоа кој шо коментирал на форумов, туку врз општа реакција и впечаток. Нема зашто ти или кој било на форумов да се препознае во „душебрижниците“ Не ми е толку до човекот туку до тоа колку остро го нападнаа. Секој си има киксови секој си има моменти на покажување нетактичност и на повеќе самоувереност од потребното. Ама на него никако не му се опростија. Ако пречат моите коментари на темава, слободно избриши ги. Извини што имам различно мислење и другпат само еднаш ќе се изјаснувам на секоја тема. Нема потреба од досетливи коментари „негов портпарол да те ставиме“ само затоа што имам различно мислење.
Е што се налути па ти одма, не мислев јас ништо лошо, само дека ептен го браниш, затоа искоментирав. Да, јас реков дека е за во гранд, па нормално дека се пронајдов во твојот коментар, од кај да знам на која основа го кажуваш. Испаѓа дека јас не смеам да искоментирам за твоето мислење, а не обратно. Уживај си, брани си го колку сакаш, исто како што сите други можат да го напаѓаат колку сакаат. И не мислев ништо сериозно, се шалев само.
Криво ми е што Милош не помина,дечкото преубаво пее и има неверојатна харизма.Која грешка што не помина. А Емина барем да му кажеше некој лош збор и да му кажеше не идеш понатака,она го испофали го испофали и му рече не.
Истото клише, ако браниш некого одма потпарол си му. Бидејќи и јас го бранев ќе кажам од мене, иако веќе имам пишувано. Можеби не е десетка, имитира, фантазира, додава по некој коментар, но толку му скокнаа сите, за што ? Со што заслужи така ? Како другите да се подобри ? Сепак Перчоли е барем искрен и си кажува јавно, а не другите живи лицемерни се. Посебно можеше да се види кај женските кога отпаѓаа. И убаво кажа Теси погоре, да беше некој мускулест и личен, ќе паѓавте пред него.... Пример вака?
Добро ајде, извини, заборавив и тебе да те спомнам ќе те допишеме во писмото, при толку многу луѓе на кои дечково им е одвратен добро ќе му дојдат две на таа функција. Ај сега дека е искрен и јавно си ја покажува арогантноста ќе му простиме. Дали мислите дека ќе го смениме мислењето за него ако сте толку жустри во искажувањето на својот став? Мислам, озбилно. Имајте си за него убаво мислење, ама мене не можете да ме убедите во спротивното. ете, одвратно, самобендисано човече ми е. Кога пее го тресе гласот, тоа може само кај овие од другата страна да му помине и таму да му се истакне таквиот талент. Толку од мене за дечково што всушност не заслужува ни две реченици.
Многу се надевам дека Перчоли нема да се врати. Нечии копии не се за на икс фактор. Да си има глас али џабе е кога карактерот му е многу одбивен.Си нема свој идентитет, а тоа не се бара во икс фактор. Треба да поседуба харизма лугјето да го сакат и одкога ќе заврши иск фактор да ги слушат неговите песнии а до сеа 95% од луѓето со кои имам разговарано не го поднесуваат. За 15 години таа самобендисаност и самодоверба, сигурен дека е он професионалец.. па ако е професионалец што бара он тука на иск фактор. Да и другите имат самодоверба, али сметам дека знаат дека има уште многу да учат и не пробуваат да бидат нечија ПАРОДИЈА.
Абее Алекса убав е да, ама никој пат пред камерите нема речено јас сум потенцијалниот победник, јас заслужив да одам понатаму, ова беше понижување За негови 15 години за Перчоли зборам премногу е самоуверен, ама мислам дека правилен избор напрај Емина шо не го пушти понатаму. премногу е она шо го збора и шо го прај, не треба копија на Здравко Чолич, треба некој свој, шо луѓето ќе го сакат, шо ќе напрај успех на регионот и да продава албуми. Прва грешка на Перчоли http://www.youtube.com/watch?v=KfwHJsGtt1k Овде во групата сегде се мешаше не оставаше никој да пеј сам, детето после Мајде шо пееше не го остај сам да испеј, цело време назад се мешаше, се внесол во песната, ма немојј . Кој и да е ќе се лути, да не можи да испеј за да видат дали е талент или не. Нејќам да го вратат Перчоли појќе би сакала Стефан барем скромен е, или некое девојче. И ајде да видиме Вторник Жељко и Кристина шо ќе напрат Мајде и Даниел да поминат, друго ништо не е важно сите мои фаворити да се понатаму
Скромноста и добрината денес се реткост, а од 2-3 излагања на учеснициве како почнавте да ги класифицирате, ќе си помислам психологија студирате. Во реалноста луѓе со години што ги познаваме можат да те преварат, а не па од 4 минути на ТВ што ги гледаме. Алекса не ми изгледа на скромен, тоа што е демек сладок - упорно се шлепа на таа карта, малку му требаше за да се воздигне од коментари на Твитер и Фејс, а на карта пеење е сосем просечен. Такви гласови ко него ги има мал милион во Србија, веќе ми се смачи од таквите (Саша Ковачевиќ, Сергеј Четковиќ). Алекса, па и Харис ќе испаднат со брзина на светлината во лајф шоуата.
Де де, па вие, ај сеа. Ако некој рече тој е скромен, ми изгледа скромен и ајде сега сите се нафрлаат од кај видовте кога 5 минути го даваа на ТВ. И Пречоли го даваа исто колку Алекса и Стефан, и се гледа дека е како да кажам, самобендисан, сеуште се наоѓа во време пред не знам ти колку години кога Чола бил популарен, па не е само тој. Ако го извадеа Пречоли уште во Буткампот ќе беше сосема на место. Абе не е Чола за победа и крај. Не е ни за во живо настапите. Според мене може да ги задоволи само критериумите на Жељко. Српско, домашно у душу. Удри брате на српско. Се надевам дека Стефан ќе се врати, ако не си избирам нов фаворит. Мислам дека ќе се врати: Спојлер Емина на Твитер напишала нешто Ajmo momci, u finale! @StefanKokovic @LukijanIvanovic @HarisCata И сега тоа значи као демек Алекса ќе излезе и на негово место Стефан. Воопшто не разбирам како ќе е заменувањето. Ако е вака, Алекса кутриот ќе го утепаат од заменување
Твитов на Емина мислам дека е постар,еден ден после bootcamp-от и кога и рекоа дали овие 3 ги избрала рече дека другиве немаат Твитер профили,па само овие ги означила. И сега видов,изгледа од баражот што се гласаше се вратил Стефан.Еве ги сите на настапот на Емина во Белград што е денеска Спојлер
Ај и јас за Перчоли нешто да си кажам. Морам. Прво, најмило ми е што испадна иако мислев дека Емина 100% ќе го пушти понатака. Е сега тоа што си е самобендисан и кренат до облаци си е негова работа иако мене лично ми е смешно зашто очигледно е дека се работи за недораснато дете па неговите соработници му ја полнат главата со глупости и од таму е таа негова самодоверба. Всушност он не ни знае што значи зборот самодоверба, а не па да ја има во вистинска смисла на зборот уште на 15 години. Пелиштарче. Ќе го удри и ќе го тресне од земја сето тоа што сега се умислува дека е Здравко Чолиќ ама пак ќе кажам дете е и уште се нема вистински судрено со животот, слуша само тоа што ќе му кажат. Тоа си е пак ќе кажам негова работа и директно со самодовербата не може никому да наштети. Тоа си е индивидуална работа, некому тоа ќе го нервира, на некој ќе му биде смешно итн. АМА, тоа што мене лично најмногу ме иритира и општо во животот и во случајов со Перчоли е нефер игра. Извини, може он да си биде и Чолиќ во неговите мисли, може и Роби Вилијамс да биде ако сака ама кога треба да се биде човек, треба да се биде човек, а не да газиш се' пред себе. Кога пееја во групи детево им се убацуваше на сите во нивниот дел. Неколку души од неговата група не се ни истакнаа, ниту пак успејаа да испеат од него. И уште па малиов види го ти збори дека "он на нив само им помагал". Немој молим те. Ги прави сите будали, почнувајќи од жири, учесници, колеги, организатори, а најмногу публиката. Јас, што не сум воопшто запознаена со музиката од стручен аспект па забележав дека додека пееја групно он најмногу намерно се истакнуваше од позадина. И згора на сето тоа Жељко убаво го праша, а тој се прави Мајка Тереза, демек им помагал и лаже и не признава. Па јас да бев на местото од жирито ќе го исфрлев во рок од три секунди. Тоа ми е толку одвратно и подмукло, воопшто не сакам такви луѓе. Се до тој момент јас детево не го ни забележував и немав мислење којзнае какво изградено за него. И друга работа, според тоа што јас го видов до сега во неговите интервјуа е дека малово не е баш така наивно и не е дека он е спонтан, искрен и скромен. Многу добро пази што ќе каже и се мести пред камера. Ама ок, и тоа си е индивидуална работа, може и другиве се местат пред камери итн. А, дека е за ова шоу, не е. Он може си има талент, тоа никој не го оспори ама не е комплетен за да биде победник. Не може имитатор да биде победник на вакво шоу каде што се бара целосна уникатност. И да, ако некаде може да се пријави тоа е во Гранд. И не го зборам ова од памет или од ракав. Се сеќавам дека пред повеќе години кога имаше аудиции на Гранд имаше сличен ваков на Перчоли. Исто го имитираше Чолиќ, се облекуваше како него, исто имаше најмногу 18 години, а изгледаше како да има 35 итн. И погодувате? Победи истиот тој. Не ми текнува како се викаше и не знам да го најдам ама може ќе му текне на некој. Така што, на Перчоли, барем според мене, местото не му е во X Фактор.
^^ Милан Станкович го имитираше Здравко Чолич. Иако јас не би го употребила баш тој збор, за да го опишам Милан. Tрето место беше. А Душан Свилар беше тој што победи. Зборот скромен дефинитивно би го употребила за него.
Да, да, да така се викаше дечкото. Душан Свилар. Тој победи и го имитираше Здравко Чолиќ. Убаво пееше, тоа да, ама сепак не беше свој. Ама ете, во Гранд тоа помина, овде не поминува. А Милан Станковиќ додека траеше шоуто не ми оставаше таков впечаток, а за после не знам зашто не сум го слушала ниту пак сум го пратела што и како прави.
https://www.facebook.com/RaiffeisenClub ... 3&app_data Гласајте за Стефан!! Не беше фер што го исфрлија дечкото навистина прекрасно пее.И покрај тоа што беше болен многу убаво пееше,не заслужи да го исфрлат!
Сите ги гледавме 2-3 минути, никој не спомна победа, никој не збораше за та победата и дека нема да испадни дека преубо се претстави, и сл. И плус никој не рече дека е потенцијалниот победник на Х фактор.Само Перчоли. Алекса испадна, ама пак го вратија во бендовите,и не би била јас баш сигурна дека ќе испадни со брзина на светлината Убав глас има, симпатичен е. Дали не се срцки