Јас незнам зошто толку се изненадивте со тоа со Илма Па алоо бре дете е уште и она самата незнае што пишува и неможе да размисли како тоа ќе се одрази на нејзината понатамошна кариера.! Никако не ја оправдувам особено она што колни, тоа ти се вика домашно воспитување ама искрено очекував дека „ќе и се сруши светот и соновите„ . Знаев дека ќе има искри после ова. Приближно на иста возраст сме, и јас себе си сеуште си се сметам за дете али стварно излезе дека ова шоу се одразува на психата кај помалите натпреварувачи. Сигурно се сеќавате на солзите на Харис Шоуво стана бербат. Ни Ф нема од ФАКТОР. Преголем поим за Балканов, за жал
Ту бре еднаш нема да коментирам паралелно со финалето и одма пропуштам драми Сите шти ја браните Илма очигледно не знаете што е култура и мерка. Не дека Емина е цвеќе за мирисање, ама тоа е на долго и на широко дискутирано во темава. И не е поентата дали она заслужила да биде во дуел или не туку тоа колку се уфилма во рок од 2 месеци и мисли дека е којзнае каква ѕвезда и фактор на балканов. Многу луѓе не залужија да испадна толку рано на чело со Младен и да, дел од кандидатите што се во супер финалето не требаше уопште ни да помислат на толкав пласман, ама ете се случува. На крај краева и фановите нејзини се криви што она се најде во таа позиција воопшто. А ако за некој требаше да прават намештаљки, тоа ќе беше Даниел затоа што им е најголема конкуренција на сите, без размислување. На крај краева ако толку сакаа да ја заебат ќе ја оставеа да оди во финалето за да заработуваат од пораки. Не туку измислувајте за се теорија на заговор каде што нема место, знам дека ова е Балкан и се е можно, ама ако логично се размисли мене ова не ми звучи на наместено. А малата госпоѓица нека се прибере малку додека и останал уште некој фан, нека порасне и нека се превоспита, па после нека раскажува криви дрини. На просториве наши има такви ѕвезди што полнат жолт печат, со багер да ги ринеш, фала ама уште една не ни треба. Како сака нека пее, каков сака талент нека има, такво однесување создава одбивност кај секој човек што има 2 чисти во глава и наместо да си крене гордо глава, она се закопува до гуша, па после судиите од Х фактор ќе и бидат криви што не успеала да се пробие. Искрено кога се стигнати веќе до овде не е ни важно кое место ќе земат, затоа што со волку публицитет за без пари сите си имаат отскочна даска за кариера, па кој како ќе ја искористи останува на времето да видиме.
http://farma2013srbija5.blogspot.com/20 ... irija.html Njene godine nisu prepreka i šta ima veze što je premlada, to nije kriterijum po kojem se sudi. Komentari da je mlada i “ima fore” nisu na mestu, a to što je Maidu 32 godine i što “hvata zadnji voz” je glupost i to nije argument - odlučan je bio pevač. Kiki smatra da je njegova učenica najbolji pevač i takmičar u ovom serijalu, ali, s obzirom na novonastalu situaciju, procenio je da šanse za pobedu ima i učesnik iz Makedonije, koji je svojim glasom i skromnošću osvojio mnoga ženska srca.
Малечката пеачка го избришала постот дека не мислела ништо лошо кога и коментирала на Емина. Драстично го сменив мислењето за неа.Па и да колнеш нечие дете на 13 години тоа е огромна срамота и непочитување спрема Емина која само го изрази своето мислење за тоа кој е подобар од Илма и Маид. Ужас.
Некако целово шоу ми е кобајаги направено, еве имаат шанса да се поправат ако остават да си победи Даниел како што е најреално.
Па тогаш не ми е јасно бре луѓе Кристина гласала за Маид Жељко за Маид Емина за Маид што му се нафрли оваја мрсулката на Емина боже господе разгалено детиште
Јас мислам дека ЛукХХијан ќе победи од неколку причини, а искрено се надевам дека грешам. Доктори ќе испаднат секако. Тамара исто. Даниел е момче македонче, а Маид нема доволно гласачи со оглед на тоа што по втор пат се најде на дуел. Сандал би ги платил гласовите, а Емина не ми се верува да излезе "поразена" од шоуво. Не знам, еве некако вака ми мириса. Илма чао. Многу ми е мерак. Едит: Лукијан сам ги прави аранжманите, нешто као Jаmes Arthur, па може и тоа да го бараат... Инаку, доста просечен дечко е. Многу му е финале.
Најверојатно дека Емина последна гласаше и таа всушност одлучи, не остави гласовите од публиката да одлучат.
Jас од кога зборам дека на девоjчево носот му се крена во облаци.Затоа не ме чуди реакциjава.И што ако не испаднеше? Еве и да победеше.Коjа кариера ке jа има она на 14 години? И не споредуваjте со Американски хфактор,они можат на 14 годишник да му направат кариера.Ние тука не можеме на Бакланов.
Дете е Илма, антипатична исто, но жал ми е што не влезе во финале и не ја искористи оваа шанса. Јас баш сакам на децата да им се дава шанса и да не бидат потценувани поради годините. Искрено не беше фер! Друго нешто убав е коментарон што и го пиша Илмица на Емина, барем в лице и го шлакна, подобро така отколку зад грб. Е сега ќе изгуби фанови со тоа, а тоа е сигурно. Туку Даниел наш, ептен жал ми беше кога му се случи грешкана со песнана. Од авион се гледаше дека има преголема трема. Тој си знае под каков притисок бил. Туку ме заинтересира сликана кај што се Даниел и Емина. Што се случило? Мислам дека Даниел сношти имаше најмногу гласови од публика баш поради тоа што го утна текстот. Се уплашив јас и растур направив со пораки, другарки мои исто, а секогаш праќав 1-2 пораки колку без ич.
Даниел, Маид, Тамара....сите биле на разни талент шоуа и сите биле елиминирани порано или подоцна. Ама ниеден од нив, ниеден не се осмелил да плука по жирито. Зар нив не им биле затворани врати пред нос? Да ми речеше некој дека за 2 месеци слава може малава да го дигне носот до облаци, ќе го напраев будала. Па луѓе бре со по 20 години кариери и тоа какви, не рекле лош збор за колега. За момичево го изгубив и она малку симпатија што го имав. Не дека беше неочекувано, си беше таа препотентна цело време, ама дека до олку ќе се дрзне п.с Само јас ја приметив кога Ана ја праша дали ја знае песната за во дуел шмизлево одговори „па ваљда ја знам, не ја имам ниеднаш пробано“. Демек сигурна е таа, зошто би ја пробала песната кога сигурно проаѓа. Епа изненаџење сестро. БУ.
После целава драма со малава и со статусуве и глупосите на социјалнине мрежи не знам шта речи више. Па и тие па жирито многу пи*карски ми е на фејсбук што се дообјаснуваат, имаа 5 минути таму да си го кажат своето мислење, што пишуваат сега ан фејсбук, на кого се правдаат не ми е јасно, заврши работата, си испадна девојчето не е ни прва што испадна де де, што се траскаат од земја не ми е јасно, петиции потпишуваат а тоа е правило на шоуто да испаѓаат еден по еден и на крај еден да победи. Ако и враќаат назад цело време како ќе остане на крај еден за да победи? Детска работа, мрсулите не знаат да си ги избришат, битно на фејсбук дремат и се замраат со рекла казала. Смешно ми е целово шоу, не знам зашто толку и го загледавме сите кога ни 5 пари не вреди. 13 години има побогу, има уште многу фурни леб да јаде за да го види и проживее своето и да биде ѕвезда. Нека заврши основно, нека се описмени барем малку па после нека пее и нека пуни концертни сали. Ќе ги бара овие години кога ќе порасне, безгришно детство, а веќе толку исфустрирано и бесно мало девојче, не иде нели? П.С налетав на сликава и само ќе се прекрстам, мислам ова е тоа што цело време ви го зборам за преценување и со 5 лајва правење светки ѕвезди, луѓе што работеле години за да бидат тоа што се, они преку ноќ и со малку труд се подобри од нив, нема грешка. БЕЗ СЛУХ, луѓе бе слух и капацитет за разумно расудување и објективност. Искрено да ти кажам немаше да погодам, типував за Лукијан зашто никако не го сакав а мислев дека има шанси и Маид да искочи. Не е икс фактор Оскари, за жал, ни пола забавно од неделата не ми е ни еден лајв до сега.
Јас не размислувам како тебе. Како може Илма да се спореди со Маид (сега пример е Маид) ? Маид знае како да се однесува, возрасен е. Илма е сеуште дете Како може едно 13 годишно дете да се рамни со 30 годишно ? Да, во Х фактор се гледа пеењето, ама Х фактор не го бара само убавото пеење. Х фактор ти бара и однесување на сцена, давање коментари, години, изгледот. Неможеш како сакаш да се однесуваш и да бидеш победник на шоуво. Кај Илма единствена пречка и се годините. Таа има цел живот пред себе. А како што рекоа судиите ова можеби ќе беше и последниот воз за Маид. А кога веќе си се пријавил на вакво шоу, особено за децата, треба да знаат дека имаат огрооооома конкуренција, и дека сешто ќе ги очекува. Илма допрва ја очекува големиот сон
^^^ Хипстерке иако од "шоуво" имам гледано само пола епизода и настапите на нашиов на јутуб, во потполност се согласувам со горенапишаното. Можеби нема да бидам фер бидејќи не го гледам шоуво а ќе коментирам, но морам да си кажам мислење. Мене искрено целата организација на балканскиов икс фактор ми е смешна и крајно несериозна. Можеби не треба да го споредувам со Американското или Британското(кое мене лично најмногу ми се допаѓа) ама сепак ќе морам. Не ми е ич убо, не ме привлече уште од самиот почеток. Судииве не ми се многу по кеф, а и тоа препукувањата помеѓу нив. Малку ми се банални и досадни, барем од тоа шо го читам по социјалниве мрежи. Можеби грешам, но тоа е мој впечаток. Кога веќе неможам да го споредувам со светскиве икс фактори јас би го споредила со нашиот идол. Мислам дека тој беше сто пати подобро организиран и изгледаше по светски отколку ова. Исто и шо е финтава со 5 натпреварувачи во финале? Немаат гледаност или? А и крајно сум изреволтирана поради коментарите за и од Илма. Не го очекував тоа од неа, сепак мислев 13 годишно девојче неможе да има такво размислување. Ама тоа е кога славата ќе ти удри во глава. И не е ни прва ни последна шо има добар глас, а ја исфрлиле поради годините. Јас мислам дека тоа е доста коректно и праведно. Како прво мала е сеуште за тој притисок, второ добро е што стаса до тука и трето целиот живот е пред неа. Нека порасни, како што кажа ти нека заврши образование, па после нека станува ѕвезда и нека полни сали, времето е на нејзина стана. Толку од мене, фала, чао и се најубаво
I kad mi je bilo najteže sinoć, smijala sam se Ilma Karahmet Naravno da ću biti tužna i potrešena kada ste se svi okrenuli protiv mene, ali nema veze, valjda će istina izaćo na vidjelo Like · Reply · 127 · И правиот коментар Tako Avdović Haj pomiri se sa tim da si ispala i ne seri više -.- Like · Reply · 285 · 4 hours ago
По завршувањето на Х Фактор започнува “The Voice” Српската телевизија Пинк по завршувањето на Х Фактор ќе започне да прикажува уште едно музичко – талент шоу “The voice“. Сценографијата ќе биде на светско ниво, а во жирито ќе има познати лица од регионот. Ова музичко – талент шоу е бренд кој се прикажува во 42 земји. Четири познати ментори ќе имаат специјална улога. Тие ги бираат пејачите, но не може да ги видат туку само да ги чујат. Дали и на ова шоу ќе имаме Македонски натпреварувачи и претставници во жирито, останува да видиме. http://bukvar.mk/news/po-zavrshuvanjeto ... ewsid=1xMr Еве уште едно шоу што ќе го уништат. Е тек ова ќе биде фијаско. А за икс фактор ставија петорица во финале ваљда зашто не гласаат доволно луѓето, а и го скратија малку.
Јас колку што прочитав Воисов ќе биде само за Србија, и почнува одма на 23 Март. Уште една пародија, зарем една им беше малку? http://www.svetplus.com/vesti/38080/the ... ora-(video)