1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Јас незнам ни зошто медиумите ја развлекуваат нејзината приказна.
    Јасно е Илма е девојче со преголем талент, значи на наши простори одамна немам слушнато некој да пее како неа, можеби има 14год, но има глас на 30годишна жена.
    Сега што го сватила претрагично нејзиното испаѓање и нормално револтот го искажува на сосема детски начин,сеуште не и се слегнати емоциите,мала е,неможе да се помири со испаѓањето и тоа е тоа.Па пишува трагикомични статуси,можеби и невоспитана и се се споило.

    Но, кога ке прочитам дека Илма нема глас...глупост невидена,поголема здравје.Гласот е факт, а не ствар укуса.
     
    На iloveyou29 и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Илма е едно дериште размазено, и треба едно-две воспитни да и се удрат да се опамети. Ич, ама ич не ја сакам Емина, ама барем имаше смелост да пресуди, што според мене е и правилно. Не ми е по ќеф Маид, ама малава па уште повеќе не. Која препотенција на 13 години, можам да замислам за понатаму. Мисли светот околу неа се врти.
    Има глас, неспорно ама само тоа и ништо повеќе. Нема харизма никаква, ниту пак емоција осетив во некоја од нејзините изведби, само желба да покаже колку е она најдобра. И има на нејзините години, пример на Британски икс фактор што имам ѕирнато деца кои ја освојуваат сцената, оваа ништо од тоа нема, само ароганција во движење ми е.

    А тоа дека не може овде да направи кариера, не може на тие години. Не гледајте вие Америка, Британија, далеку сме од тоа. Никој на таа возраст не е успеал тука да направи кариера, може за две години барем.

    Драго ми е што испадна ама и на Лукијан не му местото во финале, ако победи тој недај боже, се бесам на шпагета.
    Еве ви го Лукијан, турбофолкер во душа.
    http://www.youtube.com/watch?v=m5ra1PfaxJk

    Да си победи Даниел и мир во светот, никој друг не заслужува.
     
    На Edie.S и Seashell31 им се допаѓа ова.
  3. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    хаха прочитав некаде му предложиле фановите на Лукијан да ја пее оваа песна

    http://www.youtube.com/watch?v=Lh2oWbaRvQg хахаха каде со тој памет не би можел да ја испее,песнава повеќе би му легнала на Даниел инаку Лукијан ќе ја упропасти само
     
  4. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    7.839
    Ne znam zosto fatija da frlaat odma kamenja po Ilma.Ona e samo dete od 14 god. koja uste ne e sozreana kako sto se i dokaza da se spravi pred kameri i vo javnosta.Toa se gleda i po toa sto prvoto nesto sto i padnalo na pamet vednas go lepnala na fb. Uste ne e iskrsena za da vleze vo svetot na vozdrasnite kako sekoj zbor se meri od lugeto koi nemaat druga rabota i odma sudat, a garant site oni barem ednas vo zivotot imaat pomisleno da se vrati istata nepravda i na onie koi im pogresile, aj ako ne da ne izlezam i jas zlobna barem se imale losa misla koja se kosi so opstestvenite ili hristijanskite normi :x .Ah da bese svetot tolku bezgresen, bez licemerie i losi misli ke bese mnogu poubavo mesto za ziveene.Ama znaes zborot dobiva na tezina koga ke se napise i odma se javuvaat svetci koi nikogas vo zivotot ne pogresile ni pak loso pomislile i sea sudat sto reklo 14 god devojce. |(
    Inaku Ilma od ova veruvam deka mnogu naucila.Prvo deka ako saka da ustee vo javniot zivot pogotovo na Balkanot prvo treba da mine kurs na koj ubavo ke se podgotvi ne samo da pee tuku da moze da menuva maski so koja "DOSTOINSTVENO" bi go prifatila porazot i po moznost da glumi napatena dusa.
    Sto Emina koja mnogu plaka pred kameri i za da ne ja osuduvaat lugeto odma zalepi status deka Ilma bila mala.E posle so eden zbor na Ilma celata situacija dobi nova presvrtnica i se smenija ulogite od zrtva vo razmazeno deriste,ligaveska itn.
    Ilma po vtoriot status se pokaja, a neli e hristijanski da se prifati pokajanieto.Aj malku da se pogledneme samite dali sme gresele pa posle da go frleme kamenot na drug.Arno kazal Isus koj e bezgresen neka go prv frli kamenot.
    Inaku Daniel e super kompletna licnost koja gi ima site kvaliteti od peenje do odnesuvane pred javnosta :P
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не се сложувам дека одлучи Емина.
    Што ако беше трета и Кристина беше последна ?
    Истото ќе се фатеше.

    Тројца беа за Маид, тоа е факт, и пред се публиката реши таа да е за во дуел.

    **********************************************************************

    За колнењето на Илма, верувам дека го има напишано во лутина и бес, сепак е дете, и не треба многу да се замерува.
    Сепак со тоа покажа дека не е ангелче како што се правеше.
    А, Чато како дете, мислам никогаш не би рекол вакво нешто.
    Детето попрво се расплака, ама и за тоа беше распнат.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.913
    Допаѓања:
    111.360
    Пол:
    Женски
    Илма кажа одамна дека нема Фејс профил а дека се отворени многу со нејзино име. Така да и ова не верувам дека она го има кажано.
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Илма кажа дека има многу други лажни профили, а не дека воопшто нема профил. ;)

    А, профилот од кој се сите статуси од завчера и вчера е нејзин со сигурност. :)
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.913
    Допаѓања:
    111.360
    Пол:
    Женски
    Ок погрешно сум сватила :)
     
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Бравооооо!
    За се го бива дечково, знае во се да се снајде. Има што да каже и покаже.
    Секоја чест, заслужува само тој да биде победник. Срцка ми е тој ......... ;) ;) ;) :D


    https://www.facebook.com/photo.php?v=60 ... =2&theater
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    88.571
    Пол:
    Женски
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Мислам дека премногу на срце си ги сфатија некои работи.
    Илма е талентирана не викам не, но не за Икс Фактор.
    13 години има и мислам дека е претерано и срамота за девојче кое стигнало до толку голем степен да изјавува вакви религиозни работи.
    Среќа Господ нема време за вакви муабети.
    Мислам дека премногу далеку отидоа..

    Во меѓувреме изјавата на Емина - јас се согласувам, што е во право во право е жената, болје некој мене да ме колне отколку моите деца.
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      70,2 KB
      Прегледи:
      370
    На Butterfly14 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  12. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Сите по еден натпреварувач, само Жељко со два. Да се знае кој е главен тука :angel:
    Браво за Маид, се чудев како сега Маид со неговиот глас ќе пее таква песна, ама одличен испадна 8)
    Пу, пу не важи за Даниел, отпочетак :D Добар беше и тој, текстот го утна на неколку места, ама се издави некако :P
    Ја приметивте Кристина кога пееше Маид ? И таа си пееше, види ја ти, не е до толку да не го сака Жељко :wasntme:
    шала, шала :D

    Докторите, нема ни потреба да ги коментирам 8) Најдобри беа :$

    Мислав дека некој ќе ја пее „Буди ту кад падње снег“ од девојките, ама и онака си беа и тие добри :)

    А за Славко, малку на почетокот беше несигурен, ама после си го видовме во неговото светло..

    Сакав Лукијан да испадне, ама после неговиот настап се предомислив :wasntme:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.301
    Допаѓања:
    22.590
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оваа Илма што се занесува. Девојчиште невоспитано и она и нејзините родители, се гледаат колку им бил умот по нивните коментари. Место да бидат благодарни и до тука што стигна девојчето тие лом изнаправија се живо. Илмо со ваков ум ти никогаш нема да бидеш успешна личност, за да си естраден уметник треба да си комплетен, и ментално и физички а ти само глас имаш, ништо друго.
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас лично постапката на Илма не ја оправдувам со тоа дека "е само дете". Типична детска реакција беше реакцијата на Харис кога испадна. Невина, искрена од дното на душата. Му беше тешко ама затоа што е дете си заплака. И толку. Тоа си знае што му се случувало во душата. Ете тоа е дете. А Илма се однесува како 70 годишна баба. Колне. Премногу фрустрација има во неа, тоа од некаде потекнува. Во неа има (многу е да се каже ама сепак ќе кажам) злоба. За да посакаш некому нешто лошо да му се случи па поготово на неговите деца, кој и да е, и сето тоа без нималку срам да го напишеш јавно треба нешто да ти фали. И не, тоа не е дете. Вчера Кики на X Star ги пофали родителите на Илма ама сиротиот човек не знаеше што ќе се случува другиот ден. Срамота. Ова е брука невидена. Разочарување. Претпоставував дека има нешто во ова девојче, уште кога беа првите аудиции премногу се жалеше дека и' љубомореле сите. Ма немој. Само не очекував до толку да отиде далеку. И не знам зошто нејзините малку не ја поучат. Зошто нејзините не ја седнат да и' кажат два-три збора? Ама мене ми изгледа дека баш и од нив е станата таква. Премногу ја имаат издигано. А и тие зборови треба од некој да ги научи. И немој да мислите дека ако е дете е невина и добра. На 13, 14 години и тоа како може да биде искварена и злобна. Всушност тоа уште од градинка се познава кое дете какво ќе биде, зашто од родителите гледаат.
     
    На anuskaNESTLE, TheKiketoo, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Ilma Karahmet

    12 hours ago
    Draga Emina zna da je volim,ali ljudi uvijek zele da pogresno tumace,bez obzira na vase komentare zelim da kazem da komentar nije bio u losem smislu

    Невоспитано дериште :devil:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Еве девојчето на кого било....ние се чудевме. Сега испадна дека Илма била украдена хеххехехх мислам гласовите нејзини некој и ги префрлил на друго конто. Тоа ке да е.
    http://press24.mk/po-ilma-i-nejziniot-t ... iks-faktor
     
  19. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Што ова ширење на отров на сите страни од оваа мало змијче?

    Џабе и е талентот кога го нема пресудниот Х фактор за да стане ѕвезда.

    Офф топик.

    Зошто Тоше беше и остана наша најголема ѕвезда?

    Затоа што имаше талент?
    Да! Ама и затоа што скромноста, харизмата, хуманоста му беа второ име :!:

    А оваа уште не почнала со кариерата, ја шири својата негативна енергија на сите страни, тешко дека некогаш ќе стане ѕвезда после овие написи. Жално за талентот што го поседува!
    И не знам зошто ама некако уште првиот пат кога се појави со своите родители, нејзината изведба ме привлекуваше, ама во самата нејзина (и нивна појава) имаше нешто што сепак ме асоцираше на негативно.
     
    На diamonds5, bubamara12345, confused и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. perihan

    perihan Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Сега во овој момент ја слушам Илма и мислам дека навистина не е во ред што си замина од Икс Фактор
    Дефинитивно требаше да си заминат Тамара или Доктори
    Да се надоврзам за жирито
    За Кристина Ковач Илма никогаш не покажала емоции ,а што емоции имаат покажано Доктори или пак Тамара? Катастрофа невидена се е наместено ако биле причина годините не требале да дозволат воопшто да учествуваат кандидати со 13,14 год.Според мене Илма е победник