Ако се дискутира за емоциите, всушност и никој не покажа некои особени. На пример, Илма. Мене ме воодушеви на аудицијата со песната 'Ima jedan svijet', дури и ме наежи. Од тогаш навака, се спротивно беше. Како што би кажала Кристина, технички супер испеано, високите тонови фатени, ама.. Ама некако не се воодушевив. Исто и Тамара. На аудицијата со 'Don't you remember', ми ги насолзи очите. Перфектна беше, и баш тогаш помислив девојката е победник. Од тогаш навака.. Монотона, да не речам досадна. Ништо особено, ама се провлечка на сметка на аудицијата. Докторите, првите неколку лајвови беа.. онака, ништо посебно, колку и Кристина како ментор да има учесник. Ама, на минатиот лајв беа солидни. Значи со секој лајв, подобри и подобри беа, ама не ми се баш за победа. Лукијан, ги освои срцата на гледачите со 'Sve moje zore'. Турбофолкерска или не песната, тој солидно ја испеја. И минатиот лајв во ред беше, баш му леже таков комерцијален стил на песни, од типот на оние кои ги презентира Саша Ковачевич. А Даниел, сосема ми е во ред.
Kristina Kovac shared a link. 20 hours ago Za sad sam dobro prosla, izgleda...wow...ludilo..dete kune decu.
Ми беше жал за Илма што излезе,стварно има извонреден глас ама се ова што го направи како не и е срам стварно незнам.Толку луѓе излегоа никој не направи вакви сцени,и волку далеку да отиде дури изјави и од нејзините родители,колнења.Срамота како не и е стварно незнам
Џенан Карахмет, таткото на малата Илма Карахмет која деновиве сите ги шокираше сосвојата изјава за Емина откако судиите на Икс-Фактор решија таа го го напушти шоуто, изреволтиран се обрати кон нив и истакна дека не е праведно тоа што неговата ќерка нема да може да оди во суперфиналето поради годините. -Ова е кражба. Шокиран сум поради неправдата. самите видовте. Илма не е исфрлена поради нејзиното пеење туку поради годините. Па зошто тогаш воопшто и одобрија да учествува? Како тоа има право да учествува ама нема право да оди во финале- прашува Џенан. Тој додава дека најмногу го разочарале коментарите за годините на неговата ќерка и тоа што токму тие биле пречка таа да не продолжи понатаму да се натпреварува во шоуто. Спојлер http://www.femina.mk/out/?id=a2f90d27a208ab632f9fce9d0be871a2&safeurl=http%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fpo-ilma-i-nejziniot-tatko-pluka-po-sudiite-na-iks-faktor
А што било со скандалот меѓу Славко и Ана водителката?? :geek: Јас не ја слушнав најавата на Ана за настапот на Славко, а еве порталите напишаа вест дека имало скандал, и за малку била избегната физичка пресметка меѓу нив двајца еве го и линкот од објавата на веста http://mkzabava.com/index.php?option=co ... &Itemid=64
Илма со право испадна, се гледа дека уште е незрела и агресивна мала кучкица. Уште на 13 години научила да колне и да не знае да претрпи пораз. Реално за X фактор не ти треба само супер глас, ти треба и добар изглед и зрела возраст, значи X фактор е спој на повеќе фактори. Илма има само добар глас, она нема ни карактер ни изглед со оглед дека уште е пубертетлика и се оформува и за волја на вистината како прасенце изгледа. Реален победник треба да биде нашиот Даниел. Последен воз му е и треба да го фати, ама без разлика дали ќе победи или не ќе направи добра кариера. Македонските претставници секогаш ги чуваат до финалните емисии само за гласови и пари, за да на крај победи некој од “нивните“. Јас мислам дека Тамара може да ја исфорсираат и она да победи. Ништо чудно и Маид да влета во луда комбинација и да победи. Лукијан е исто така добар ама мислам дека треба уште да напредува така што него го исклучувам да победи. И на крај ги заборавив можеби најголемите фаворити од сенка а тоа се... Докториииииииииии. Нема да ме зачуди они да победат и на тој начин да има компромис дека ете победила група а не индивидуалец. Како и да е, ќе биде лудо, возбудливо и незаборавно до последен момент.
Јас навивам за Даниел и бев пред универзална кога дојде и кога не имаше на сите сајтови.. Инаку за Илма уште од почеток се збореше дека е дволична и себична.. и сама си кажуваше дека нема пријатели.. сега сфаќам зошто. . Не ми се верува дека ја колнеше Емина и тоа на Фб пред цела јавност..страшно.. не и е Емина крива зошто испадна, што не ја гласале повеќе .
Едно ќе кажам! Да бидеш пејач не значи да имаш само феноменален вокал! Пред се треба да си човек а после се друго,народот е прв кој ја препознава искрената емоција кај пејачот,онаа искра кога се пее од душа! Девојчево уште на почетокот покажа дека не може да слушне некоја критика или било каков коментар а да не стави капаче врз тоа! Си мислев дека се работи за детска реакција но сепак не е воопшто така! Толку бурни реакции,клетви,бунт на родители-типичен балкански менталитет! И ги срушиле сништата? Ви се молам Сајмон истото и го направи на Рејчел Кроу во америчкиот х фактор пред некоја година па девојчето изгреагира типично детски се расплака, падна на сцената и толку, додека да и помине шокот! Подобро така да реагираш отколку да глумиш лудило и после со дрва и камења да удираш по целата организација! Да,можеби има трули работи внатре,прљави игри,ама сепак не е ова начинот да се докаже или покже нешто! Тоа е, затоа сме сите разлилни луѓе,затоа некој ќе ја има наклонетоста на публиката некој не!
Илма- сака да ја третираат како голема, а да ја сметаат како дете кога доаѓа до елиминација, па да и попуштат.
Само однесувањето на Илма не ми се допаѓа. Изгледа и заради тоа ја исфрлија. Но можеше и Емина да гласа за неа да остане па нека одлучи публиката. Така би било најкоректно.
Реков јас дека од некаде мора да го има научено нејзиното однесување и зборови. Еве доказ. Татко и' не е ништо подобар. Наместо како родител да ја застане и посоветува, тој бетер од неа се прави со изјавиве по портали. Тоа е тоа.
Овие фамилијарно биле луди бре.Сега и мајка и се јави. Не можам да им се изначудам на паметот. Едно е сигурно:и прават негативен публицитет на ќерка им. http://www.kurir.mk/magazin/scena/15018 ... odobro-pee
Виновни се жирито и продукцијата што ја симнаа возрасната граница и и дадоа надеж на Илма, Харис и сличните, и ај сега им текна да ја исфрлат. Од друга страна и убаво е тоа, го ценат нејзиниот талент, сите го нагласија тоа, и и дадоа шанса да види од блиску како горе-доле изгледа тој шоу бизнис и свет( пеење во живо, фанови, публика, светла и камери, следење на секој твој чекор и збор), па подоцна кога ќе дојде време да знае по кој пат да оди. Ама не! Малава Илма изгледаше и се воспостави дека е дрско, самобендисано и вообразено детенце. Немораше "фала" да каже, ама не и да изјавува тооолку ниски изјави на постари од неа, башка што е се тоа следено од јавност. Дури и на лајф настапите внимаваа какко и коментираат од причина што одма менуваше фаца и ќе заплачеше. Или оној пат кога се изгуби со матрицата, ќе рикнеше од плачење. Ете заради тоа убаво што ја пуштија назад во школо, да поигра ластик и жмурка, да ужива во најубавите и најбезгрижни години, а кога ќе дојде време кога ќе знае да се носи со се, местото на сцената ќе ја чека. Заклучок: Со деца краставици не се седат.
Сакам да искоментирам во врска со последниот лајф. Мене Маид ми се допаѓа иако ми беше антипатичен на почетокот.Сега ми е сосема океј,ми се допаѓа како пее и не знам некако мил ми е.Но,очигледно нема гласачи чим два пати се најде во дуел или пак праат некоја намештаљка. Доктори ми се супер дечки и убаво звучат заедно се гледа дека Кристина работи многу со нив. И преубаво пееа последниот лајф. Илма има вокал,не можам да кажам не,но со испадот на Емина статусот видовме колку е невоспитана и шири негативна енергија.Пејач не се станува само ако имаш вокал. Тамара блесна на првата аудиција ептен ја засакав девојкава ама после аудицијата ништо не испеа како што очекував.Искрено не знам кој ја гласа и очигледно е дека ќе победи или она или Лукијан.А,многу многу не ја слушав нејзината изведба последниов лајф. За Лукијан имам исто мислење како за Тамара.Не знам како е сеуште во шоуво,воопшто не ми се допаѓа,цело време фалшира.Само Све моје зоре ја испеа убаво.А,последнава изведба не ми беше ништо посебно оригиналот ми се допаѓа повеќе. Даниел минатиот лајф од него очекував премногу,но ете и најголемите професионалци грешат.Да очекуваме бомбастично финале како што самиот кажа. Имаше лош почеток,но заврши со со одличен крај. И мислам дека овој лајф беше најмногу гласан баш ради тие грешки кои ги имаше на почетокот на песната.
Ах оваа Илма не ја можам повеќе значи Сите интернет портали преплавени со кукањето на нејзиното семејство ! Испадна многу натпреварувачи па не плачеа бе ! -.-
Во право е човекот ,Илма заслужи барем да биде во финале , им беше добра во текот на целото шоу и не им пречеа нејзините години ,а за финале не е ,и наедаш се сетија дека е мала ,значи какви нискоинтелегентни одвали на такозваново жири во последниве лајвови за да се елиминираат или омаловажат најдобрите такмичари и да се провлечат најлошите во финале ,продукцијава во корелација со такозваново жири е Треба сега родителиве на Илма да кажат дека Илма морала да се спушти на истото ниво на изразување на Емина кое сите ние можевме го видме во текот на шоуто ,за да може да комуницира со Емина
Неможам сеуште да поверувам дека Даниел е во исто друштво во финале со турбофолкерине Маид и Лукијан ,кој ако се додаде на тоа и дека Маид само се дере и ако му се додаде на тоа Лукијан дека само фалшира .Ајде некако Тамара со барем со стилот кој го пееше и Докториве кој ми и се добри ,ама овие турбофолкериве во вакво светско схоу