Запнале родителите од Илма, таа е победник, никој друг, бла бла. Абе скренаа родителиве. Мило им е што ќерка им дојде до висок пласман и цел Балкан ја запозна или најбитна им е наградата ? Еве го 9 годишното девојче кое го коментиравте погоре: http://www.youtube.com/watch?v=VBMfgLvRZJs
Не го гледам нашиов икс фактор, ама скоро е невозможно да не бидам колку-толку во тек со работите (прво затоа што моиве дома гледаат, второ затоа што на интернет наидувам на куп статии). Дојдов да прокоментирам за реакцијата на Илма - од неа може да се очекува такво нешто, дете е. Не е дорасната, најверојатно во животот никогаш не видела неправда (до душа не знам дали ова е неправда или не). Ама ова што го прочитав за реакцијата на нејзините родители ми е толку ниско и просто. На крајот на краиштата, ако толку се сигурни во нејзиниот талент, тогаш знаат дека Илма ќе успее без разлика дали ќе оди во финале. Икс фактор ќе ѝ биде само една отскочна даска. И онака најчесто во ваквите шоуа за таленти подоцна се покажуваат на дело оние кои завршиле во првата десетка, а победниците никаде ги нема.
http://www.idividi.com.mk/showbiz/muzik ... index.html http://www.idividi.com.mk/showbiz/celeb ... index.html
Емина иако многу лицемерна, беше во право дека е премлада Илма и дека има уште време да се надоградува, велам лицемерна затоа што ако се раководи по годините требаше да гласа и за Чато да испадне.Но сепак тој иако многу послабо гласовен од неа бар беше културен и прибран, не ми се верува колку безобразна испадна малава, на 13 години и клетви да се фрлало, а мислев Перчоли е арогантен.А настрана тоа што Илма освен глас нема ни харизма, ни однесување ни култура. Од финалистите на Тамара и Лукијан не им е местото, само еден добар настап покажаа и толку, но префорсирани се од страна на продукција. Доктори и Маид ми се океј и имаат доста енергија, но достоинствен за победа ми е единствено Даниел, се покажа дека знае се да пее, неверојатен глас (кога го слушав во живо во Универзална без зборови останав), харизма, шарм и достојно однесување и култура, со еден збор светски Х фактор.
Божем не сме навикнати на колнење и пцуење на Балканот ,па ќе се шокираме за Илма сега .Го разбирам девојчето иако е недолично што ја проколна Емина,таа има само 13 години и нормално дека нема да и биде сеедно за влез во финале,збунета е и си мисли тоа е крај,а и донекаде е во право,нели не им пречеше да ја земат понатаму а за финале им засметаа нејзините години.Емина не ја осудувам за се што и рече освен за тоа со Маид ,жирито таму е ставено за да не пропушти воз ли некој .Родителите на Илма нема да ги коментирам,тие нема да се рамнодушни се разбира ,се работи за нивното дете и и посакуваат се најдобро. А да и беше менторка Емина ,ќе плачеше гарант или Харис да беше пред финале ,она ќе гласеше ли он да го напушти шоуто заради годините :geek:
Ако Даниел има совршен настапи и без грешки,победата му е загарантирана. Веќе ги отфрлам мислите дека нема да му дадат на Македонец да победи,бидејќи ако беше така ке го исфрлеа уште на почетокот во bootcamp-от. Супер ќе ни дојде неговата победа,барем ќе се разбие оваа предизборна атмосфера.
Чато колку беше навредуван и омаловажуван од многумина затоа што заплакал, затоа што детето си ги покажа емоциите, ете сите не се така ладни и едноставно не можат да се воздржат. Како веќе не го нарекоа а патем ми беше најмилото нешто од цел Икс фактор. И јас да бев на негово место која ептен ретко плачам и јас немало да можам да се воздржам, сепак не му беше сеедно на детето кое има само 13 години, се расплака и се дигна фама ваков бил, онаков бил а никој не навреди, ниту се осврна да коментира на погрдните зборови кои беа упатени кон него. Дете кое имаше глас и добро воспитување. А што да кажеме за оваа малата, и не е работата што има 13 или 14 години колку има точно незнам, таква ќе си остане и после 10, 15 години, и цел живот. На нејзини години децата знаат што е правилно однесување и знаат што е култура, знаат да почитуваат постари и поискусни, од ова дете ништо не бидува џабе и е гласот, препотентно умислено створение, а и нема што да не чуди - таа е огледало на нејзините родители, кои се на подолна скала на култура и од неа. Жално е што се не гази по оваа земја .
Морам да се согласам за Чато.Детето не пееше добро,ама се однесуваше доста скромно и беше спуштен на земја за разлика од Илма која за таа возраст се однесува многу дрско и безобразно,без коментар ме остави.
Ми го зема зборот, истото сакав да го кажам. Се разочарав, а баш симпатична ми беше, не очекував таква ароганција и безобразлук, ццц не ми се верува... Да, има квалитет и требаше да влезе во финале, ама ете сега не влезе и точка, каква прашина дигна и она и нејзините родители.... И општо на што заличе шоуво, уште колнење и пцуење фалеше, трагикомедии.
А кога викавме БРК БРК, не тепавте по форумов Дете била, мала била. Тетка н икаква бркосана, арогантна, самобендисана.... Она ќе победела на Х ФАКТОР? Од каде ваква самодоверба бре на 13 години, дај просветли не Илмице, центар света ли си,што си? Жими се да е до мене бокс би и акнала, е толку ми е одвратна до толку. Марш таму! Плачела рикала, настапи одбивала, што се мислиш ма ти? Која си бре? Ќерка на Франк Синатра бре? Тебе ќе те молат, што имаш ти посебно ?
И јас сум една од тие што е непријатно изненадена од однесувањето на малава Илма. Прво кога ја прочитав со изјавата, не ја сфатив толку лошо, зошто мислев дека се крева прашина само и публицитет на интернет странициве.. Ама како што поминуваше времето, целата хоум пејџ на фејсбук ми беше преплавена од скандалозните изјави на Илма. Ај она, ама нејзиниве што ја подржуваат?? Тоа дека има глас е неспорно, пее преубаво, ама однесувањето вистинско- дури сега исплива на површина. Така да, и да победеше, мислам дека ретко која публика ќе сакаше да слуша самобендисана пејачка. Луѓето со кои се дружела изминативе месеци, ги нарекува лоши пејачи Она со ова што го прави, си ги пропушта шансите што може да и се пружат во иднина. Сигурно некој менаџер ќе сака да праи пари на неа, ама.. Па уште несакала да гостува во емисијата после шоуто.... wow! Инаку, мене Даниел не ме фасцинира овојпат. Многу несигурност и трема приметив. Ама ајде секој има право да згреши, се надевам дека во финалето ќе направи да заборавиме на овој пат Сакав Тамара да искочи...
Маид дури сега на последниов лајф почнав онака да сваќам дека има квалитети и најискрено, бидејќи нема шанса да победи Даниел (бидејќи е МАКЕДОНЕЦ) сакам да победи Маид, мислам дека само Маид после Даниел има квалитети и треба да победи на Х-ФАКТОР. Дури откако испадна Илма сватив дека сум грешела што ми била фаворит и дека по испаѓањето од Х-ФАКТОР си го покажа вистинското лице. Од Даниел воопшто не сум задоволна од последниов лајф, најискрено чекав што побрзо да заврши со пеењето неможев да го слушам како греши. Незнам како можеше да си го дозволи тоа, бидејќи последниов лајф му беше многу важен за влез во финалето. И мислам дека Даниел требаше да пее друга песна од Жељко која би му одговарала повеќе. Во последниов лајф бев задоволна од сите како испеаја освен од Даниел.
Јас уште не го сменив мислењето за Илма и покрај се, не ми смета воопшто тоа што искрено си го искажува нејзинито незадоволство затоа што вистина беше неправедно избркана. Убаво рекол татко и, штом правилата на натпреварот дозволуваат тринаесет годишни да се натпреваруваат, зошто да не и се дозволи да оди во финале штом заслужува? Не ќутат сите на неправди, како Лозано, како многу други во исти вакви натпревари. Таа можеби според многу од вас нема харизма, ама барем има вонсериски талент а Лукијан и Тамара ни едно, ни друго а ни трето немаат. Ни Х од Х-Фактор. Ама да не беа местени ваквибе натпревари друга ќе беше приказната. Секогаш било и ќе биде така.
Емина кажа многу добро кога требаше да се одлучи кој да испадне.. Илма има преголемо време,а Маид има 30 години и ова може му е последна шанса,како рече емина,последен воз.. Илма нека иде на школо сега хаха а за кариера има време,и тоа што стигна до овде е преееголем успех