Но не ја свакам поентата за Маид...Која шанса му е последниот лајв, па целиот икс фактор им е шанса на сите, посебно на овие последните 6 што останаа и што ке му смени еден лајв повеке... Туку очигледно беше дека Илма им претставува опасност на сите, па ајде да ја одстраниме...тоа е мислам вистинскиот одговор за нејзиното елминирање. Ако мислат дека е мала зошто воопшто ја пуштија, па имаше постари девојки од неа, зошто ним не им дадоа шанса место на Илма? Е тоа се вика давање шанса, а не простор во уште еден лајв. Да мала е за озбилни маубети, за некои животни искуства, но во гласот голема и тоа како.Така да ако 14годишни се мали нека не ги ни пуштаат воопшто во лајвовите и готово. Ке се повторам и двајцата не заслужија да се најдат во дуел.Најслаби со минимални вокални способности се Лукијан и Тамара.Но неправда во вакви шоуа секогаш имала така да не сум ни изненадена.
Илма има само вонсериски глас и толку. Никаков Х фактор, никаква харизма, антипатична е и препотентна. Јас една нејзина песна не преслушав, ниту пак некогаш би купила нејзин албум или пак би отишла на нејзин концерт. Се уфилма дека е најдобра и си мислеше дека ќе победи. Секоја песна која ја пееше беше технички коректна, ама без емоции. Добро кажа Кристина, не се осеќа апсолутно ништо. Ај што е мала и што не знае да се носи со товарот на шоу бизнисот, се понаша и доста арогантно и крајно некултурно, невоспитано. Колку и да е повредена, нема никакво оправдување за нејзиното однесување. Во никој случај не беше најдобра, ама очигледно е дека и од своите има подршка дека е најдобра, и ете и затоа и вака се однесува. Чато пееше полошо, ама затоа пак беше едно воспитано и културно дете, а не како уфилманата Илма. Дете е, ама толку ми стана одвратна што се чудам како и стаса до овде. Секојдневно читам дека шоуто е наместено, дека има манипулација со гласовите. Ете и Илма се фатила за тоа. Реално јас никогаш не би гласала за нејзе, а и не сум само јас, многумина го делат моето мислење дека Илма освен глас нема ништо друго. Очекувате Маид да има гласови, а дечково си е апла турбофолкер. На Х фактор пее исклучиво српски песни од типот на Чола. Не ме ни чуди што не го гласат. Единствено Тамара и Лукијан се чудам како стасаа до овде, ама вкусови, балканци, шта чеш. Доктори ми се ОК, не пеат којзнае како, ама ми се слатки и интересни. Даниел е цел пакет, онаа што Илма никогаш нема да биде. Генерално Х фактор е тотално промашување. Македонскиот идол беше стопати подобро организиран, жирито беше подобро, и имаше одлични натпреварувачи. Репертоарот на галите беше прилично добар, секогаш имаа теми, и изведуваа песни кои ги знаеме. На Х фактор ниеден лајв не беше ни приближно добар. Се изведуваа непознати песни. Неможам да преболам, имаат лајв на која треба да пеат филска музика, а никој не ја испеа I don't wanna miss a thing, Take my breath away, Mu heart will go on, I have nothing. Каде бре без овие песни кои кога ќе се спомне терминот филмска музика се знае дека барем една од песниве треба да се отпее. Освен Даниел и Доктори, останатите беа катастрофа. Јас не слушнав некој да отпее нешто од Bon Jovi, Nickelback, Three doors down и слични на нив изведувачи. Ама кај бре за нив ова е шпанско село, си се знае домача си е домача. Премногу мизерно и бледо издание на балканскиот Х фактор. Тотално разочарување. Срамота, па и финалето после 20 дена, чиниш Евровизија спремат .
http://vistina.mk/2014/03/05/sofija-teo ... po-daniel/ Многу ме интересира која е типкава зашто јас прв пат слушам за нејзе дека воопшто постои, и поради тоа сметам дека не е достојна да дава коментари за туѓата кариера и начин на настапување и слично, кога таа самата не се потрудила да си направи име на нашава филмска сцена. Ама тоа е, демократија, секој си има право да си го искаже мислењето
Јас пак целосно се сложувам со изјавата на дотичната. Факт е дека Даниел не знае да пее на македонски, или српски, сеедно. Може да отпее на англиски, и тоа никаквине лимонатки на Бруно Марс и нему сличните. Ќе ме ставите на гилотина, ама мене воопшто не ми се бендисува човеков. Ми нема шарм, прелошо ми изгледа кога пее, а најлошото е што е тотално неписмен. Мислам, човек што не знае да разликува каде се употребува КОЈ/НЕКОЈ и КОИ/НЕКОИ за мене е неписмен. И побогу, зошто лигавење и глупирање а има 30 години на плеќи веќе. Не, не и не. Не го можам, одбивен ми е. И таа негова дали да ја наречам скромност, е таа, се ми се чини дека е само добра глума.
И мене ќе ме стаат на гилотина, ете нема да си сама Даниел супер пее, тие странски песни што ги отпеа одличен беше. Ама не зна да пее на македонски или српски. Друго , исто ме нервира неговото однесување и лигавење. Човекот има 30 години па кога му ги читам тие постови со срциња, мрциња, бакнежи, кисс, кисс и кисс , ми се свртува во стомакот. А и тоа папи фејсот не го можам. Малку да се уозбили и да поработи на тоа ќе биде подобро. Па и нема ич самодоверба, кога почне нешто да кажува, немаш поим што сакал поетот да каже итн.... Премногу ми е исфаворизиран, па ми е посебно смачен. Ај сега испукајте се
Не можам да кажам дека цела таа скромност би можело да е глума, има можеби нешто, што до негде се забележува дека е претерано, но фактот дека има глас и тоа да напоменам на светско ниво е неуспорлив според мене. Не го бива на наше, балканско тло, нема да просперира, кажаа и претходно Маид е балкански човек бре, да речам кафански турбо фолкер, а тој ќе успее и далеку ќе стигне, зашто сведоци сме дека сакале ние или не таа музика е хит. Е сега, во однос на граматичките грешки на Даниел, тоа ми е ок, дечкото нема одамна живеено во Македонија ( не знам дали и воопшто има учено тука) и нормално е да прави такви граматички грешки кога јазикот не го говори секој ден, ние кои живееме тука 20 и повеќе год, учиме граматика, македонскиот ни е мајчин јазик, грешиме. За Илмичето не ни сакам да коментирам, не мораше така да се изреагира, што да рече Бркович на тоа безобразно и неправедно исфрлање? Сума сумарум, ми мириса се на намештајка, само не дај Боже да победи Тамара, ќе ја поплави цела Арена.
Хоххооо ете некој со исто мислење .Инаку мене ниту на англиски не ми се допаѓа многу кога пее.Не ми е ништо посебно човеков колку што го форсираат.Просечно . Спојлер п.с: сега сме три за на гилотина
А вие κо едвај да чеκате ние да се испуκаме. :geek: Голема ρабота аκо вие имате таκво мислење. Си има веќе доволно фанови Даниел. Најмногу од сите што се таму. Да не беше добаρ повеќето мислења ќе беа κаκо вашите. Ама ете, малцинство сте, а тоа κажува доволно.
Мене лично Даниел кога прв пат го слушнав на аудицијата, ми беше прекрасен моќен глас со убаво лице и се тоа добро скоцкано. И пак сега после многу лајфови, талентот не можам да му го оспорам, напротив, баш сум горда шо е наш и шо конечно тој глас го слушна цел балкан а посебно Македонците кои до сега му ги отфрлиле сите шанси за успех, па грејниот, видел не видел, заминал во Виена, или каде и да беше. Што мислете бре вие, лесно е да имаш таков талент, и упорно да се трудеш да се пробиеш, а никој да не ти подаде рака, да тонеш у ден за ден у нервози и јадежи? Па ова и се случува секојдневно на младината тука у нашата држава, секојдневно! Дали некој знаел да пее, дали некој е пре квалитетен па бара чаре надвор у странство. Срамота и греота е шо го направивте неписмен и лигав оти не знаел течно да збори Македонски, мислам греота. Нашиот јазик е еден од потешките, имаме стварно комплицирана граматика, и не се уче толку лесно, и верувам дека со тек на време ќе си го дограде речникот и ќе го науче, ама со тек на време, не може се наеднаш. А тоа дека не е скромен или дека е лаком и дека се преправа, ич не се сложувам, како може некој толку време да се преправа ви се молам? Се гледа дека е таков, таква кројка, а тоа што на вас не ви се свиѓа е друго, го нема оној мажествен став, се сложувам, ама не сите се такви, овој нашиов ми личе на непоправлив романтичар и душа од човек, ова е мое мислење, и плус па шо е наш, абе момче македонче, па нека успее мајка му стара, си заслужува, најискрено. У врска со Илма, кратко само ќе кажам, пошо не ни заслужува опширно и повеќе, си го отслика самата нејзиниот портрет, она вистинската Илма, на послужавник ни ја даде. Ебате исфрустрираната, клета и завидлива тетка заробена во детско тело и лице! Убаво некој напиша пред некоја страна, Харис беше дете на место, може ни беше антипатичен, ма беше наивно детенце, кое баш детски и на место за негови години се расплаче, невино, а ова клетоштилоков, се кренала, се вообразила, мислиш господ за јајца го фанала, колне и пише безобразни и не на место коментари, за личност на нејзини години, ама убаво викаат, крушата под круша паѓа. Цело семејство трула вишна.
^ Не за џабе Емина на аудицијата и рече да ја тргне маската на мало девојче, и да ја покаже жената во себе од 35 години.
Е ако де, нека и победи што ме гајле, не се замарам до толку. А за тоа испукување, па гледам дека тоа е тренд тука, ако некој каже нешто против Даниел готово е, нема почитување на мислење, па со "страв" се пишува нешто контра. Па и кога ценетиот модератор тоа каже , ептен има авторитет напишаното .. Патем, и испадна голема работа нашите мислења, тоа кажуваат вашите мислења со кои ги негирате нашите, демек ете ние појма се немале, па го и уште оправдувате човекот. Ако си вие го сакате, супер, јас не ве убедувам во спротивно, јас само си кажав моето мислење за него и онака како јас го доживувам.
Па Лукијан и да победи ќе биде заборавен после неколку месеци. Неговото пеење е бледо, лесно се заборава. Всушност самиот тој е блед и не остава баш никаков впечаток. Тамара многу мрзеливо и поспано пее. Само некои веќе одамна заборавени едно-неделни хитчиња од некои како Ријана... Всушност вистината е дека таа имала само неколку навистина прекрасни настапи, додека сите останати беа млитави и онака...океј. Тоа не е доволно за победа. Вистината е дека Тамара ќе победи (уште кога само нејзе ја имаше на тоа...нештото, ако се сеќавате кога луѓето мислеа дека по грешка е откриен победникот на шоуто, се знаеше дека таа ќе победи), според тоа што најмногу ја форсираат. А Лукијан ќе биде втор. Некој таков, блед и незабележлив, кој никој не очекуваше дека ќе се довлечка до финале. Лукијан никогаш не се истакнуваше, но се довлечка и сега со помош на неговите верни форсирачи ќе биде и еден од победниците. Сепак Тамара повеќе ја форсирааат дури и од Лукијан.
Ајде сите три, редете се (се шегувам). Муабетот ми е, неможеме да бараме од некој што живеел 24 години во странство и што учел на туѓ јазик да го зборува совршено литературно македонскиот, со кој имал допирна точка само на усно ниво, не било обрнато внимание на граматиката и праописот. Тоа ти е исто како јас да му замерам на братучед ми во америка што појма си нема од азбуката а не па да збори, знае само здраво и да одговори на прашањето како си? со добро, а типот има 18 години. А што се однесува до пеењето следствено на тоа погоре напишаното за јазикот е и знаењето на македонски и српски песни, а за типот на музика се кладам дека може да испее скоро се ама нема да биде како оргиналот туку ќе биде во негова верзија т.е според неговите гласовни можности и способности и пак ќе биде технички точно, без фалшови и чкрипења. Сличен на него е и Маид само, како што кажавте он има повеќе кафански глас, сите други може вода да им носат и најреално ќе биде или Маид или Даниел да бидат прво и второ место. Ама се сомневам во ваквиот исход P.S. ова мешањето на кои и кој е исто како што многу луѓе што зборуваат англиски, а не им е мајчин јазик па дури и на тие што им е мајчин, прават грешка при употребана на you're и your
"Мој фаворит е мојот Македонец Даниел. Фантастичен вокал, има емоција додека пее и има одличен однос со публиката. Му посакувам сe најдобро во понатамошното натпреварување", Аки Рахимовски. Спојлер http://vest.mk/default.asp?ItemID=9D690AA13092914FB0473337FC2A226A
Поарно да не ја знаеш, нејзе човек да не може да ја погледне од што е грда и никаква она ќе коментирала, инаку има девојка она и е многу кул, оти е современа А башка коа ќе ја видам па со кој се дружи низ Ск, лелеее ужас.
Јас да се надоврзам на темата за Илма, овие денови се тоа го читам нај јака атракција излезе на цел Балкан девојчето со клетвата. Е па девојче од што си клето такво мало и кусо ќе останеш цел живот, можеш само да се шириш. Кај толку ја почитуваа и ја уважуваа уште не била задоволна. Нејзините родители па сметале оти и ја одземале победата судиите. Која победа па Маид пее сто пати подобро, а Илма освен глас нема ништо, ниту харизма ниту физички изгледа ок. Она дали мисле оти ќе се појавиш на 13 години неколку пати во шоу и ќе почниш светот да го освојуваш. Па оние светските звезди што се не поминале додека да се пробијат и успеат, она што се замислува. Дадоа изјави кај што стигнаа и мајкаи и таткои. Е па добро ете им сега, Илма стана мета на сите ама овој пат во негативна смисла, одбивна стана и страв да те фати од неа. Честито нека им е. изгледа ќе ја заврши кариерата уште незапочната. Инаку Даниел оти си е наш го поддржувам и секоја емисија гласам за него. Не можам да кажам дека е нешто кој знае што ама наш си е, па кога можат србите да го обожаваат зошто да не можеме ние. И на крај сакам да кажам дека најмногу ми е мака што девојчето од Богданци, Марија Ичкова помина на аудицијата со огромни воодушевувања и кога отиде следниот пат да пее и рекоа дека заради годините не може да настапи сега туку да се пријави пак и ја замолиле на никој да не кажува дека не ја пуштиле. Девојчето беше реално оштетено и не кажа ниту збор никаде по медиумите, а ете Илма со 13 ја оставија ама и се виде аирот. Еве ја Марија, дали не пее поубаво од сите девојки што останаа во факторот... http://www.youtube.com/watch?v=pj4z1PtyQ6M
Се согласувам со Elissa. Навистина,девојчето беше оштетено.Толку добар глас не пуштија,а Илма без да трепнат ја оставија.Не велам дека не пее добро,но уште од почетокот кога рече дека на школо и љубомореле или што ти знам што,ми беше јасно дека нешто не е во ред. Само ајде.