Даниел е препрекрасно суштество знае и да пее, и да се однесува пред камери и СЕ што треба да поседува една светска ѕвезда. Иначе незнам за вас ама мене Доктори ми стануваат се посимпатични и посимпатични
Навистина не знам зашто цело време ја критикувате Илма,според мене исфрустрирани се Емина и Кристина кои цело време ја подржуваа, а во последниот лајв демек била мала и не покажувала никакви емоции додека ги изведувала песните, и со ова се докажува дека цело шоу е наместено и намерно е тргната Илма за да победи онаа лигушка Тамара која цело време е како заспана убавица изгубена во свемирот.
Многу фама за излегувањево на Илма, аман... Пее, развалува, нема ништо спорно околу тоа, ама искрено ми немаше лик за победник. Не знае уште да се носи со слава, популарност и се што носи таа професија, некако ми остава и впечаток на претерано самобендисано девојче. Нека си заврши школо, па после нека си почне кариера, дека знае да пее дозна балканов. И беше време за излегување. Даинелче наш си има се што треба за победник, ама може е наместено како што викаат, а може и публикава ќе гласа повеќе за некој друг. Битно ние си добивме нова надеж после Тоше.
Арно ме потсетивте, заборавив да напишам за такозвани стручни жири, од кој сите до еден си плачат за еден дебел стап. Толку непрофесионални и лицемерни се, што ми се одмилија сите до еден, а посебно Ковач, која ја почитував се додека не и го видов статусот за Илма. Што се мислат бре они, на фејсбук нонстоп после секој лајф се дообјаснуваат, и баш таму нашле да пишат тоа што немаат муда, да им го кажат у лице на кандидатите?! Ковач после два месеци синоќа откако испадна Илма, напишала без срце пеела, мислам Ковач , да ти го закова некој тебе добро треба, шо професионалец си ма ти, шо на фејсбук само пишиш критики и она што навистина го мислеш, и наместо да им го кажеш во лице со време, да се поправат, да знаат кај грешат, да им посочиш, она пред некој ден се отвори грејната за Илма, дека немала емоции, а на ниту еден лајф не и го кажа тоа, туку ајде, испадна оваа сега, да си напишам шо стварно мислам?! Јас сум нервозна пред се оти си дозволив да гледам вакво срање у боја, со лицемерие и завидлк на нивоу, на ниво со лицемерните и нискоречити ментори и сите ретардирани кандидати, кои догураа далеку како Илма. Еден Алекса и Харис, имаа култура и свест на ниво, откако испаднаа ни плукаа ни тропаа непотребни работи, а ова бедново бркче се подуло како скиснато млеко. Па и тој Кики, такозвани палац, и он земал да се правда по фб, нормално, го има целото време на свет да напише статус, кога во живо незнае ни салам да си ги најаве кандидатите, а не па да им дава критики.
Луѓе Илма никој не ја оштети туку во дуел со Маид заслужено си отиде бидејќи Маид имаше подобри настапи, знае подобро да се однесува на сцена и е каде каде пошармантен од Илма... Илма има цел живот пред неа и ја чека голема кариера освен ако не си ја уништи пред време со некои недолични коментари и сељачко однесување. Маид е роден Балкански пејач. Нема песна од екс-ју што неможе да ја испее. Кажете што сакате но дечкото е страшно талентиран. Во врска со финалето се чудам Тамара и Лукијан што бараат таму... Тамара по првата аудиција ми беше една од омилените но незаслужено стаса до овде. Толку е досадна, безенергична, монотона, здрвена... Лукијан ми е дебилен. Во куќата навивав Емина да го пушти понатаму бидејќи верував дека ќе се опушти, ќе научи однесување пред камера и настапите ќе му бидат каде-каде подобри. Но, се случува спротивното. Се полош и полош е. Не се ни труди да смени нешто кај себе, пее фалш. Неможам да го гледам како паднат од Марс е. Доктори ми се интересни и се гледа дека Кристина многу работи со нив но сметам дека не заслужуваат победа. Просечни се... Даниел е најкомплетен од сите и најмногу заслужува победа. Ме нервира неговото лигавење и неговата наивност но во споредба со другите е светлосни години понапред. Можеби само Маид би можел да му биде достојна конкуренција. Најдобра на сцена беше Секулиќ. Девојката зрачи и плени. Не е уфилмана и занесена. Има однесување и култура. Си замина со насмевка наместо да се лигави. Можеби гласот и е сосема просечен но другите работи и се на ниво. Има солидна основа за да гради кариера. Жалам сеуште што Милош не помина кај Емина. Мислам дека Емина направи гооолемаа грешка.
Џаро „фрли бомба“: X-Factor e наместен, знае и Даниел! http://www.idividi.com.mk/showbiz/celeb ... index.html ПОсле ова шо го прочитав мислам дека стариов е во право пак ке видиме за некој ден.
Па и има зошто да докажува. Јас се сложувам со него и мислам дека Даниел нема да победи. Безразлика како пее, има големи можности победникот да биде Тамара, наместено. Во повеќето шоучиња на балканот победникот е наместен. Нема ни да се почудам ако не победи Даниел.
Леле колкава прашина се крена околу излегувањето на Илма Веќе аман .... на детето не му е местото тука туку во школо и клупа Уште одамна требаше да испадни ... на нерви ми одеше како сите и љубоморат , бла бла .... никакво понашање Како некоја теткица е ... имала глас да пее, па што освен да се дери не знае ништо друго и во двобојот Маид беше каде каде подобар Туку незнам како стигнаа до тука Тамара и Лукијан? Едниот фалшира до бескрај а другата мислиш на сахрана е толку млитава и ладна ми е ... незнам стварно! Убав глас има ама да запее нешто позиво и повесело а не вака! Маид ми пее убаво ама сакам да го слушнам со некоја англиска песна Доктори не ги обожавам многу многу ДАНИЕЛ е срцка ... последниот лајв беше послаб ама во глобала далеку пред сите останати. Феноменален е во секој поглед Туку не ми стигнаја повратни пораки кога гласав или можеби се неважечки?
знаеш јас гласав 18 пати и само 4 пати ми дојдоа повратни пораки, којзнае што матат овие од продукцијата..многу се изнервирав...само пари да лапнат..и јас мислам дека другите 14 гласања ми се неважечки..
Јас 5 пати гласав само 1 пов. порака ми стигна! Абе дека матат матат и тоа како! Сигурно ќе го извисат Даниел и ќе победи некој од оние под просечни Тамара или Лукијан за жал
За концертот на 14-ти? Кој ќе настапува само Тамара Бркович и Илма? Некој друг? Пошто Алекса на страната ова го има објавено... Na vase najcesce pitanje, da li cu gostovati u Makedoniji 14.marta, odgovor je da jos uvek ne znam. Za sada nemam informaciju, ali cim budem dosao do prave, bicete obavesteni! Hvala
Шо сака па ова смрдлево....зошто одглуми како да и е сеедно што си оди а уствари била ифрит лута. Па со кој памет мислеше дека ке биде прва, а прв пат се појавува на вакво шоу.И кажаа дека за незе има време и следни вакви шоуа. Па нели гледа дека овие до сега прошле којзнае колку вакви шоуа додека не дојдоа до овде. И онака веќе е позната и таа и останатите ако понатака сака да се занимава со тоа. Толку ли и било битно да биде прва и да ја земе колата и после тоа да продолжи во школо да оди. Мислам за сите овие без разлика ако сакаат да станат пејачи веќе не им е битно првото место. Дали се сеќавате на некое шоу кај нас ама не се сеќавам кое кога победи еден Јане Дунимаглоски а втор беше Влатко Лозаноски ?? И каде е сега тој ??? НИКАДЕ.....а Влатко си е Влатко ,дури и на Евровизија отиде. Исто како бугарскиот талент. Имаше неколку наши, мислам тој Бојан од Битола беше втор а Тарабунов и Даниел Илиевски многу пред него испаднаа ама тарабунов е пејач а Бојан глуми во “Солзи и смеа “...... http://www.idividi.com.mk/showbiz/celebrity/908335/index.html
Илма си е типичен дебил.Реков јас од почетокот дека е арогантна,препотентна и ужасно антипатична,а сега се уверија сите останати.Она никогаш не пееше со емоција,а гласот што и е најдобар џабе и е. Сите го осудуваа Перчоли дека не бил скромен,а господичната изиграваше мила и добра се додека не ја извадија надвор,па почна да плука по се и сешто. А па родителите бетер,мајка и вика дека она победувала на сите натпревари и дека требало и на ова да победи.Ма немој,стварно? Аа да,и единствен компетентен за коментари бил Желката,ама не зашто е талентиран музичар,туку дека го видел т.н. Х ФАКТОР кај Илмето. Од вакви дволични појави ми се повраќа,а ќе види како ќе и се одрази на кариерата(ако ја има ) Даниел срцката си се губи,си филозофира,ама пак најчесен испадна,наше Македонче И да додадам дека и жирито се доста криви бидејќи стално ја форсираа како можен победник,па и треснаа на крај дека била мала.Требаше од почеток да и кажат дека немала емоции или дека Маид им е подобар и завршена приказна.А вака, на Маид сигурно му е глупаво кога веќе стопати рекоа дека му е последен воз,ептен стар го направија А тоа дека е наместено нешто,тоа секако.Таков е Балканскиот менталитет,јас сум 100% сигурна дека Сајмон видел што се дешава затоа скратил 2,3 емисии,оти оваа српската продукција ќе го уништи угледот на шоуто во огромна мера.И сега кој и да победи ништо нема да направи,барем не со она што ветуваат.Мило ми е што Даниел се покажа пред камерите и дека веќе го знаат,па би требало да му тргне кариерата и да не победи. И така Х Фактор Адриа ќе си остане со една сезона и Чао Пријатно