1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Можеби во ова шоу работите ќе бидат баш спротино на она што ние мислиме.
    И да мене фаворит ми е Маид ама гледајќи реално на работите Даниел е победникот.
    Досега членовите на жирите во ниедно интервју не кажаа еден лош збор за Даниел дури и сите посакуваат да баш Кајмакоски бил во нивниот тим.
    Тоа дека е македонец не значи дека треба да биде лишен од победата. Напротив им одржа лекција па и на жирито како се пее и каков треба да биде односот на сцената па и позади неа.
    Проблеми со изразувањето може да има ама човекот не живеел тука што е многу нормално.
     
    На Gioia, Polsko и Primadonna им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Може да има вистина во онаа што оној Џаро го зборува. Во врска со Даниел, мислам дека причината што тој пееше полошо од обично во еден дел е бидејќи песната не му лежеше. Но, ако приметивте тој пееше многу незаинтересирано и како да не се надеваше дека ќе помине.
    Јасно беше дека требаше во дуел да останат Даниел или Маид и Тамара или Илма. Но решија да го зачуваат Даниел. А Тамара и онака ја форсираат.
     
  3. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Редно е да разјасниме нешто во врска со Х Фактор каков тип на шоу е,зашто како што гледам многумина или не знаат или така се прават дека не знаат :geek: .Значи да појасниме тоа е светско шоу без разлика каде и да се одржува ,дали на Балкан ,Албанија,Индија ,Мексико ....секаде се пеат светски хитови и тоа претежно на англиски јазик ,затоа што победникот треба да потпише договор со Сони рекордс и ЦЕЛТА на Х Фактор е пронаоѓање на СВЕТСКА ЅВЕЗДА а не ЛОКАЛНА ,за пр. на Албанскиот Х Фактор три сезони сите учесници таму пееат исклучиво само СТРАНСКИ ХИТОВИ на анлиски јазик ....и самите од продукцијата на почетокот на Х фактор потенцираа дека ЦЕЛТА на ова шоу Е ПРОНАОЃАЊЕ НА СВЕТСКА ЅВЕЗДА а не локална, и да се докаже дека и од Балканот може некој да направи светска кариера и сега повторија дека се во постојана комуникација со одговорните од Лондон за Х Фактор и дека комуникацијата се води ИСКЛУЧИВО НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

    И затоА не ми е јасно како можеше некој да дозволи како Маид да залута на вакво шоу и уште повеке таму одговорните да го примат,најпрво дечкото не знае Англиски јазик и не знае ништо да отпее на англиски јазик :o ,млад дечко во денешно време кој сака да се бави со музика да не ја знае светскава музика ,истото важи и за Лукијан некој тука спомна дека го слушнал дека на телевизија изјавил дека до пред една година незнаел за светскава музика само со домашнава се занимавал ,се запишал дечкото на музичка академија а незнаел ништо за светскава музичка :o Тоа што половина од шоуто испеа Ликијан и тоа што го пее Маид откако влезе во Х Фактор тоа го пеат во звезде гранда ,и тоа последното Одисеја :o таква песна на ХФактор :o .трагикомедија го уништија целиот концепт и смисла на Х Фактор ,,направија повеке да личи на звезде гранда дозволија да се промовира турбо поп ,намасто да преовладува вистински поп и рок .Зашто али зашто се пријавиле вакви пејачи наХ Фактор и да уништат ,и уште поголемо ЗАШТО ги примија ,а не примија ниту еден рокер како Марија Ичкова или Милош Бајат .

    Да беше се како што треба, требаше секој лајв да биде со различни тематики рок ,поп ,хип хоп,светски хитови ...и секој да мораше стриктно да го почитува ,тоа правило за СИТЕ такмичари ,е тек тогаш ке видевме сите таму како ке се покажеа и кој навистина ВРЕДИ и секој жарн како му оди и на различни јазици како пее.А уште повеке ке дознаевме ако жирито навистина беше БРУТАЛНО ОБЈЕКТИВНО за сите такмичари .Таков тип на пејачи звезде гранда произведува секоја година по неколку :x
     
    На Lolo5, kate21, Giovanna и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    Добро бе луѓе што гледате толку во овој Даниел јас што не можам да видам :^) , мислам океј можи пее убаво ама толку прашина кревање по него веќе што... отиде во друга држава да се натрпреварува и се прави скромен, предава пуфки таму... не сфаќам навистина што го величите толку како господ да слегол одозгора правите...знам ќе кажите дека треба да го почитувам она што ја претставува нашата земја, амам одвратен тип ми е... ова е моето мислење сакате почитувајте сакате нападнете ме, нема да го сменам мојот став ;)
     
  6. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Ова не е евровизија па Даниел да ја претставува Македонија.
    Дечкото е наместо, никој досега не навредил, а тоа што кога одговара на некое прашање малку иритира е само затоа што долги години не живеел во Македонија и му е тешко да ги пронајде вистинските зборови.
    И кога зборувате за некој кој не го познавате лично треба да внимавате на зборовите кои ќе ги употребите
     
    На Lolo5, Gioia и Golden им се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478

    Да те звучам иронично, а ти го познаваш лично?
    За да знаеме колку си компетентна, за некој што не го познаваш лично, да ни зборуваш колку тоа бил дечко на место.. |(
     
    На Sky-butterfly и Sarence им се допаѓа ова.
  8. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Колку што знам Даниел досега нема кажано ништо лошо за никого, ниту има некој навредено.
    Немам фаворит и воопшто не ми е битно кој ќе победи само не ми се допаѓа кога некој навредува некого без да знае каква личност е.
    Не мислам дека со она што го кажав некого навредив,ама доколку е така се извинувам, таква намера немав
     
  9. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    Единствен Македонски натпреварувач и затоа реков ЈА ПРЕТСтАВУВА МАКЕДОНИЈА, и не ме интересира кај живеел, едноставно кажувам дека Даниел не ми се допаѓа и од вас повеќето не го познавате лично па го величите, како вие што го правите тоа јас така го напаѓам или добрите коментари се прифаќаат а лошите не а!?
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Имав јас само забелешка на тоа дека ја претставува Македонија.
    Останатото е твое мислење и јас може да не се согласувам со тоа но го почитувам.
    А за тоа да внимавате на зборовите кои ги користите мислев на сите кои даваат коментари од типот го мразам овај или онај.
     
  11. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Не зборувам за другите земји, туку за тука. А вакви реакции на непрочитано се очигледно карактеристични за фан групата која ја има, девојчиња до 15 години кои во некоја следна прилика ќе го заменат со нов симпатија.

    А за претставување на Македонија, не е точно. Ова не е меѓународен натпревар па да имаме претставник, едноставно си се претставува себеси.

    Мене лично ми се повраќа од него, лигав на 30 години, кој се уште има трема, се кочи, се лигави, не знае што зборува, страшно. Убаво пее но овие американскиве хитчиња, но немавме прилика да го видиме да пее песни во кои гласот и високите тонови ќе дојдат до израз. Ете малку смешни со Љубави и не можеше да се снајде во песната.
     
  12. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    WOW во анкетаваа Даниел води :inlove: :inlove: ....Тамара ми е меѓу последните :sweat: :sweat:
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ти колку години имаш чим се "ложиш" на пеглата Алекса и кои високи тонови ги испеа тој за да ти стане фаворит пред било кој друг во шоуво?
     
    На Gioia, Golden и Daydream им се допаѓа ова.
  14. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Алекса ми беше убав и сакав да го гледам до крај, но дека е слаб како пејач, слаб е. Всушност освен Илма и Бркович, никој друг не е добар пејач, сите се просечни. Особено Даниел.
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам дека секој си има свое мислење темелено врз нешто. Разбирам и да ви се допаѓа Алекса, ете можеби нешто гледате во него, не велам не, разбирам и што вриштат по него, разбирам и да не го сакате Даниел, не може на секого да му биде убав, добар и талентиран, разбирам да ве нервира, не на секого може да му биде симпатична неговата скромност, се' си разбрам јас.

    АМА да речеш дека Даниел не фаќал високи тонови и не се снашол со "Љубави"???? Треба или само за инат да збориш така, или да имаш некој проблем со слухот, или да си крајно нереален и субјективен, четврто нема.
     
    На Lolo5, Gioia, Butterfly-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Не неможе мене да ме делиш лекции за тонови и кој како пее ,јас имам музичко образование и кажав за тоа кој какви тонови фака и кој колку квалитетн глас има ,имам 28 години ,немам 15 год ,за да ме лажеш со вакви глупости :fubar: а врочем некој како тебе кој се воодушевува на пеенјето на Лукијан и неговиот избор на песни доволно зборува за тебе и твоето музичко познавање |( А тоа како Даниел се понаша и изразува доволно покажува дека човекот воопшто не е искомлексиран ниту арогантен и не е со ништо оптеретен ,се гледа дека не е растен на Балканов посебно не во Македонија каде владеат комплексите и фрустрациите и ароганцијата без покритие :x
     
    На Lolo5, tessie, Silver.E и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Даниел може не пее нешто посебно,ама на сите овие што останаа во финале може лекции да им држи (освен може на Маид ете).
     
  18. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ....и Каролина на 34 години после 20 години кариера уште има трема и се кочи пред камера но пак си ја сакаме, така? ;) .......
     
  20. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    100 посто е наместено и ќе победи онаа Тамара со превртените очи. Па мислам музички неписмен човек ќе го забележи константниот фалш кога ја пееше Скајфол а жирито ја утепа од фалење. А Даниел што перфектно отпеа тој лајв една многу тешка песна доби коментари дека била досадна песната. Толку не можеа да најдат маана па ајде песната е досадна. И сигурно сте забележале како се наближува крајот коментарите за Даниел намерно се се полоши. Да изгледа како да не заслужил што е во финале. А всушност тој е единствен со сите квалитети и најдобар глас. Сто пати подобро пее и од Маид. Еве Маид ко ќе ја испее "Unchained melody" така слободно нека се пофали. Ама според мене Маид воопшто не заслужува финале ниту пак Тамара која наместено ќе победи. Заспана никаква џабе им е се.
     
    На Lolo5, Gioia и iloveyou29 им се допаѓа ова.