како што читам на фб страната изгледа во вторник ќе испадне Спојлер маид ако е навистина така, веќе не гледам, па сите добри ги отфрлија, на некои ни шанса не им дадоа
Што сте и запнале на Христина дека заради лепота поминала, јас сум од неа поубава и пак не пеам така.
Од нашиве утре еве кој отпаѓа, а кој останува. Од Србите не знам, немам блиски извори. Не отварајте ако сакате со неизвесност да гледате. Спојлер Браќата ќе отпаднат, Фифи и Маринела продолжуваат
Мене па не ми смета самоуверноста на Перчоли. Свесен е за своите квалитети, и убаво е да мисли дека треба да победи, секој што се пријавил се пријавува треба да се пријавува да победи а не да учествува. Мене ми смета што самиот се претставува како Чоли трибјут, па и се облекува така, се- само како 16 годишник не. Не му личат тие одела, тие кравати, нема 30 години, малолетен е, дете е, во најмала рака дечко, треба да е поопуштен малку и да го надмине тој емитаторски склон кон Чола. Инаку има талент, ама треба убаво да го избрусат, тоа што самите неговите менаџери го форсираат како Чола, му прават многу лоша услуга. А може да се дистанцира од Чола лесно, само треба да престане да се облекува како него, па и смао негови песни да пее. Али има време, млад е ќа научи сам со годините. И неговите дома треба да поработат не него, јас да сум му менаџер многу поинаку би го советувала и би сакала да го направам уникатен, а не туѓа бледа копија. Како беше со Влатко Лозановски, го форсираа дека е новиот Тоше, прво поклемуваше на тој начин на пеење, ама со малку труд се издвои, и сега веќе не ме потсеќа толку многу, барем не го копира. Како што е Тоше за нас, така за Србија т.е Југиславија е Чола. Како што еден е Чола, само он си ги пее песните најдобро, така и многу други пеачи веќе докажани си се се за своите песни најдобри. Ниту Тамара ја испеа подобро од Адел песната, ниту Перлоли од Чола, ниту нашата од Аустралија пееше подобро од Витни Хјустон, ниту па Лукијан ја испеал подобро песната од Џон Леџенд. Ме неривираат таквите без слух фанови, кои се препристрани и сметаат дека нивните фаворите ја пеат подобро од оригиналите. Тука мислам дека треба да е јасно, прејасно и не треба да се биде биде субјективен до толку за некој кој сеуште не е ѕведа, туку сега се пробива. Инаку се родила љубовна врска на икс-факторов. http://www.crnobelo.com/zivot/shou-bizn ... o-x-factor Е баш ми е мило, не дека Младен ми е фаворит, ама убаво што ем кариера ем љубов во едно. Бизсис ор плежер?-боут
За Перчоли од збор до збор со Хипстер се согласувам,а што се однесува до Даниел,сигурно ке продолжи,ми имаат кажано луѓе кои се знаат на блиските на Даниел Ова испаѓа таткото на мајката е неговиот дедо ама исповртев Ама ке помине, 99,102% сум сигурна.
Која е оваа Маја Новаковиќ? Ич не ми текнува. Убаво пееше, ама нема нешто посебно во неа. Атмосферата кај Жељко е преубава, си пееш, водено пространство пред тебе, мераци. Брача из Македоније који причају српски. За Иван и Кико рече Леонтина дека се гледа неискуството. Стварно звучеа како неискусни. Ако продолжат мора да се оправат. А овие двајцата ко Алекс и Сиера демек нешто се?
Маја е ќерката на Луис Можеби ќе ти текне на аудицијата кога се претставуваа И јас го делам моето мислење со твоето убаво пее ама не е нешто којзнае што како за победник или за понатаму
Мене досега сите ми беа просечни, групите посебно. Знаеме дека Луис повеќе не е жив, Србиве го поштуваат, ама можеше многу подобар избор на песна да направи за Младен.
На Жељко изборов на песни му е трагичен. Да, просечни се сите, ама и озвучувањево некако не го бива, како да фали нешто, може и мене така ми се чини. Овие девојчињата од групите интересни беа.
Сите беа некако просечни до сега ,освен може Јана и Лука некако се истакнаа.Едвај чекам Даниел да дојде на ред.
Што се случи со Raiffeisen Club - X factor baraz страна на фејсбук каде што можеше да се гласа за испаднатите кандидати?
Ништо посебно не видовме до сега од натпреварувачите. Жељко ептен ги утнал песните на тие што пееја, се познаваше дека и тие се мачат. А мене ниту Лука и Јана не ми оставија којзнае каков впечаток, особено не девојката. Ајде да видиме што ќе се случува понатаму