1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Еее аман кој сега ќе дочека до тоа финале..за неколку 20 дена (можеби и 18-19 не сум сигурна :lol: )
    Ќе се спобудалам до тогаш :@ ..Инаку се надевам дека Даниел ќе победи. :inlove:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Право да ти кажам уште таа фалеше, кај сето ова личи на циркус, барем една од главните атракции да ја има. :D

    И да си кажам се согласувам целосно со мислењето на Илина во врска со Икс-факторов. Звезде Гранда е ова уште од одамна или некој им нема кажано како точно да биде направено. Па кога веќе можат гласови ко Лукијан да поминат. :clap:
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Уште 2 недели, ајде де ќе дојде и тоа како лета времето, не се грижи. :)
     
  4. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Пробувам да дознаам КАДЕ да најдам карта за финале?
    Знам колку е,знам дека се дадени во продажба ама каде ги има - појма немам.
     
  5. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
  6. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    ПОБЕДНИКОT НА X-FACTOR ADRIA!!! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda, curlygirl, DramaQueen1 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Ве читам редовно, но никогаш немам убаво коментирано па еве сега ќе кажам мој став и мислење за финалистите.

    Нема потреба бидејќи јасни ни се на сите работите, али ај..

    Тамара - Боја на глас и глас ми се допаѓаат. Гласовни можости и нема многу покажано. Убаво пее тоа е очигледно, али онака, за во друштво можеби...не е за ѕвезда. Глас на страна, се останато не ми се допаѓа. Ниту однесување на сцена ниту "надвор" од неа. Многу бавна, флегматична, неинтересна.. Се граничи со досадна. Не задржува внимание. Никаква енергија. Не ја познавам лично за да давам коменари од типот на особина, меѓутоа ми изгледа на глумица и неискрена. Одамна сакав да испадне.

    Лукијан - Слично на Тамара. Можеби нешто подобар. Пеењето просечно. Симпатичен да. Харизма и карактер нула. Ми изгледа на фин дечко. Сметам не е за победник. Не овој пат.

    Доктори - Ми се допаѓа како пеат, и ми изгледаат сосема ок. Ништо повеќе не би кажала за нив малку сум индиферентна, ниту сум да испаднат ниту да победат.

    Даниел - Несомнено пее повеќе од прекрасно. Боја на глас, гласовни можности, емоција, 10ка. Ми има паднато највеќе во очи стајлингот на сцена, бар досега, немало утка. Однесување на сцена исто така. Сцената му одговара како парче од сложувалка. Како човек, пак, не го познавам, но не ми изгледа на така наивен како што се претставува. Напротив, многу лукав и итар.
    Некоја феминка имаше искоментирано за статусите негови на фесјбук. Се согласувам, премногу срциња што уште не. Разбирам еуфорија и дека не сака и се тоа...али премногу се. Но разбирам дека сепак поголемиот број гледачи на x factor се тинејџерки и во главно млади луѓе, така да таквиот пристап е во негова корист. Иако не ми се допаѓа надвор од сцена, сепак му посакувам успех во музиката бидејќи го бива и заслужува.

    Маид - го оставив за крај бидејќи мене лично ми е фаворит. Го обожавам човеков. Гласот му е технички најдобро поткован, пее со емоција. Во почетокот не го имав многу заприметено, но после Ствари лагане, готова бев, ме освои. Се опседнав ај со песната туку баш со неговата изведба. А сега и последно со Одисеја. Таква моќ и емоција заедно. Се ежам просто цела кога го слушам, нешто што не ми се случува со Даниел. За Даниел сум повеќе со зборови "леле даа преубаво пее стварно, и симпатичен е, и наш е македонче браво само напред", а за Маид едноставно останувам без збор. А и вака надвор од сцена ми изгледа на сосема океј, нормален, природен дечко. Ниту глумец ниту лисец. Ниту дигнат до небо, ниту скромен до гадење, едноставно нормален. Многу, многу позитивен и полн со енергија. Повеќето критикувавте дека не пее песни на англиски, да, можеби е тоа некој минус, но од друга страна сметам дека тој си се пронашол себе си, и знае што највеќе му лежи како и што звучи најдобро. А тоа е најважното.
    Супер е Даниел, уште посупер што е Македонче...но тоа не е главната причина за да гласам за некој. Гласам за оној кој мене ми се допаѓа, без разлика од каде доаѓа.

    Маид ми е апсолутен фаворит и ќе ми биде премило ако победи. :)
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    http://vostip.mk/index.php/%D0%BC%D0%B0 ... BE-%D0%BC/

    Одговор на прашањето зошто Илма си зема толку голема слобода во однесувањето, се е до домашното воспитување. Има од кого да учи, срамота :^)
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1. Го вратија назад во лајвовите, откако го напушти шоуто.

    2. Два пати беше во дуел.

    3. Турбо музика и еден исти стил, напамет знаеш како ќе изгледа на сцена.

    Зошто мислиш дека заслужува да победи ? :^)
     
    На Lolo5, Gioia, HipHopDance и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bad-Mina

    Bad-Mina Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    moze li nekoj da mi kaze kade da najdam x factor spisanie. Bidejki napisav tema ama nemase odgovor.
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам да гледам триесетгодишен наивен,скромен, мил, и симпатичен( :wasntme: ), со мили очи дечко, отколку старомало исфрустрирано злобно со подмолни очи детиште од 14-15-16-17 години :?: Незнам што сте запнале толку со тоа дека Даниел е стар за да е онаков? Луѓе, таков му е карактерот, наивен си еи добар, сега да се преправи во лош мадафака? Тогаш што ќе зборувате за него? Како е арогантен и никаков?! Аман со коментариве... Јас порадо сум опкружена со вакви момци, познавам и луѓе што имаат и повеќе од триесет па со задоволство ги гледам како го живеат животот гледајќи го со помладешки очи :^) Ама нема врска, друга тема е тоа :^)

    Даниел е комплетен, за да пее странски песни, рака и пружам на феминката што пиша дека тука се бара СВЕТСКИ х фактор, а не пејач за тралалајки,турбофолк и слични веќе трибилијарди пати видени и чуени.

    Маид, да, има гласиште, ама во толку лајвови тој не ни проба да ми го побие мислењето декае турбофолкер,дека тој жанр го сака и пее и точка.Ко ќе запееше странска песна ќе признаев дека се труди, а не вака на сигурно, очигледно е дека си сака да е дел од Гранд шоу, а чак и ви се кладам дека тој и Лукијан за месец-два ќе си ја пробаат среќата кај Сале и кај Брена, гарант :hai: Ќе си направат тие кариеричка, каква таква, со ала Тропико бенд песни, со малце гитара да замачка работа, едноставно стилот му е тој.

    И да, некој праша дали за Даниел би го имала истото мислење ако не беше Македонец. Да, зашто јас во овие натпреварувачи не гледав македонски поп пејач, ниту очекував српски песничиња или сенаменски балади. Очекував некој кој ќе застане рамо до рамо со Сузан Бојл, со Герет Гејтс, Леона Луис, Џејмс Артур, кој ќе придонесе за музичката светска сцена, или еве пошто е преголем залак за прост народ како нас, регионално, ама на светски начин. И зошто да не е можно, кога еве ви ја пример Романија, извади куп светски познати групи, солисти, песни, светски летни и секакви хитови, со кои ја почнувате секоја журка, зошто да не биде и нашиот Даниел така познат? Веќе има се за да догодина на плажа во Грција да го слушам неговиот најнов хит, или за неколку години да посакам да одам на негов концерт ;)
    Ете тоа! Крајно време е MTV и VH1 да запознаат нешто наше, а светско ;)

    Море оптимиста еј :D
     
    На Lolo5, Gioia, Butterfly-Girl и 12 други им се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Па во сите трафики има,види. :)
     
  13. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како можете да се расправате за тоа дека Даниел нема да победи ? :D
    Гледате и самите дека низ анкетиве по интернет, Даниел ја има половината од гласовите, а другата половина ја делат останатите натпреварувачи.
    Тоа е ФАКТ дека Даниел има половина од гласовите
    Случајно Маид да не победи, како што се врати назад во шоуво и тоа што беше во два дуела ?
    Да не победи Лукијан којшто некои лајвова не му беа на место и тоа што беше во дуел ?
    Да не победи Тамара која што само последните 4-5 лајва и беа добри ?
    Докторите не ги ни рачунам, пошто нема да дозволат да победи група ;)

    На Даниел само единствен настап му беше малку лош, а тоа е последниот.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Вторник што ќе пеат ? Има тематска вечер?
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Највверојатно нема да пеат.
     
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    ^^
    Дури на 23 сега нема поќе во вторник :)
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ако има највеќе лајкови и слично дека сите гласаат телефонски.Јас на пример, во вакви емисии никогаш не гласам.Да имаше можности бесплатно да се гласа како во американскиот, тоа е веќе друга приказна.
    А и тука сите шоуа од ваков тип се наместени, не ги покажуваат гласовите и можат какви сакаат малверзации да прават во продукција.
    На крајот на краиштата не е битно кој ќе победи, туку кој ќе изгради кариера после тоа.
     
    На Mahidevranfan, tinka-mace и QueenElena им се допаѓа ова.
  18. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Никој нема да изгради кариера, тешка е ситуацијата денес на балканската музичка сцена, за македонската да не зборуваме. Едноставно ова е шоу каде што пејачиве траат додека трае шоуто, може да направат по песна две потоа но толку ќе биде. За жал.
     
  19. jessicaalba7

    jessicaalba7 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    17
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Добро, зошто секогаш доаѓаш тука, префрлаш нешто и си одиш?