Се почесто слушам муабети дека Тамара ке победи .Незнам од каде се муабетиве,ама ако победи ке бидам сигурна дека е местено
Која е па сега оваа амеба? Девојката изгледа сакала да испадне паметна, ама нешто неуспешен обид.А фраерот Науме(па добро му личи името баш е НаумЕ)...нема да го коментирам, ниту па Џекот. Е овие ми се за бришење од книга на родени, кога некои на кои мозокот можеш да им го собереш во ракиџиска чашка, ке паметуваат и ке кажуваат бисери на мудроста, за некој кој е евидентно преталентиран, прекрасен во тоа што го работи.Не ја познавам ниту пак ја знам, но може човекот да ја прочита од еден статус. Сум приметила дека како човекот е поуспешен така народот е пољубоморен.
И јас не сакам да верувам во тоа, но наголемо се шушка дека некој ја турка до победа. Дури имаше скандал каде беа објавени победниците на цел свет, а од Балканот беше Тамара. Не дека е лоша, ама на еден лајв не покажа нешто вауу. **************************************************************** Лукијан намерно го пикнаа во финале, да има Емина претставник, се се плашам дека и нему може да му ја тупосаат победата. *************************************************************** Оние кои коментираат за Даниел, човеков во најдобро светло не претстави цела Македонија, па што сакате уште ? Вечито незадоволни суштества. Што не се пријавивте вие, ако пеевте и се однесувавте поубаво ? А, овие женчулиња кои коментираат на фб, за жалење се. Ај да не вреѓам што...
Навистина е така. Поголемиот дел од народот веднаш вртат на љубомора наместо да го поддржат нивниот сонародник. Е затоа имаме пропадната држава. Сте виделе во БиХ и Србија да плукаат по нивен претставник?????/? Епа не. Само во Македонија го има тоа и после ќе си заминат, е не ќе останат во змијска дупка.
Немаше врска тоа со видеото, нашите глупи медиуми така го направија. Не беа победниците туку тоа беше компилација од најдобри настапи. Не беа само победници таму. Инаку, зашто ја гласаат толку Let her go да ја пее? Не може воопшто да се истакне со таа песна, многу е ниска, а и не му лежи на гласот. Се надевам нема да се одлучи за таа.
Леле стварно не дај боже Let her go да ја пее повеќе му одговараат песни со повисоки тонови,онака да викне.Онаа Breathe easy што исто ја предлагале подобро ке ја испее let her go е и досадна..Незнам стварно што толку рипаат за нејзе,глупости,бираат по тоа која песна е по позната и повеќе ја слушале не по тоа коккоја повеќе ќе му одговара на гласот и која поубаво ќе ја испее...
Не знам како ќе му стои оваа (↓), ама јас ја преобожавам песнава. Не е нормално колку ја сакам. Мислам дека песните на Енриќе, добро би му пасувале. Со Џејмс Блант сметам дека имаат некои сличности. Има, има песни, се надевам дека ќе си ја погоди, како што треба. https://www.youtube.com/watch?v=kNpfWTZWg7E
Let her go му е најпредложена,па има големи шанси дека ќе ја пее. Супер бу му легнала на гласот,баш да се врати во форма,после толку критикувања од претходниот настап.
Некои велат дека таткото на Тамара е дел од организаторите на x-factor па ништо чудно и да победи незаслужно,мислам воопшто не е фер ниту интересно некој да победи на вакво шоу од наводно "светско реноме"само затоа што има врски,а не талент пошо Тамара реално нема талент и ме замара коа ја слушам како пее Реално Даниел треба да победи !!!
Може и поради видеото да се сите муабети,ама буквално секоj втор збори дека она ке победи.Ке видиме на краj што ке испадне.
Не се согласувам да ја пее Let her go, a колку што гледам од фејсбуков и Даниел не сака Тој сакал да ја пее од Robbie Williams- Angel Се гледа дека е искусен, и знае што му лежи а што не Браос
Let her go не не и не.Многу досадна и бавна песна со која Даниел нема никакви шанси да ги покаже своите најдобри гласовни способности.Треба некоја повисока песна,пример како Red,за да го истакне она што најдобро го знае и умее.Јас искрено мислам дека Demons или Radioactive супер би му лежеле,ама секако последната одлука паѓа на Даниел и Жељко.Се надевам дека ќе го изберат тоа што е најдобро за Даниел.
Од сите тие песни шо ги ставил за која да ја пее, јас гласам за Feel, од Роби, или Angels. Каква лет хр го, исфорсирана песна ептен, а башка он више звуче како радиото на Антена5, нека не си игра со вакви хитови.
Баш би сакала Даниел спектакуларно да згрми со Guilty во финале. Мислам дека би му лежела песнава. https://www.youtube.com/watch?v=GKZWtNAZE_s#t=31
Послушајте ги неговите предлози на статусот, најдобро он знае што му лежи. Баталете ја Лет хр го, и он не сака да ја пее. Ете ја испеа од Уан рипаблик што беше најмногу предложувана, и нека не џафкаат веќе за актуелни хитчиња, нека пее класици, познати хитови.
Гледачите во шок: Седумгодишно девојче растури во „Талент“ Кога малата Анџелина Џордан, која има само 7 години се појави во норвешкото издание на популарното шоу „И јас имам талент“, членовите на жирто со неверување ја слушнаа нејзината најава за пеење на песната „Gloomy Sunday“ од Били Холидеј. Но, доволно е да се видат нивните лица но и лицата на публиката кога седумгодишното девојче започна да пее за да се сфати што се случи потоа. Таа фасцинираше со својот фантастичен глас и на феноменален начин го отпеа познатиот хит. http://www.youtube.com/watch?v=2da7N6ADm9s#t=89 ________________________________________________ Испеа супер ама не значи дека треба да победи како Илма.
Се збори дека немале пари за шоуво,и маж и на Емина ги плаќал за финалево за да победи Лукијан..ништо чудно да победи он или Тамара,а двајцата не пејат нешто посебно.. А инаку во Еликсир парфимерии имало да се направи сметка над 1000 ден. и пополнуваш некој картон и ќе имало извлекување и извлечените добиваат влезници за финалево