1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Дадоа сега од Златна Бубамара. Цела публика раскоплеска на тоа што Даниел добил награда Откритие на годината, Тамара Тодевска седнала и само она не плеска.
     
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Туку гледам сега на Сител за х фактор, и се запрашав за ова прва награда, мини-куперот, што ако Докторите победат, чиј ќе биде? :D
     
    На Name, Elena69221, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Или ќе го сечат на повеќе еднакви делови, или пак на едниот ќе одат гумите, на другиот стаклата, на третиот седиштата, и.т.н.
    Но најверојатно ќе го продадат и ќе ги поделат парите.

    А до мене е, или најмногу за Лукијан и Тамара се зборуваше.
     
  4. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Аман бе,не се сметав за емотивец. :lol: Искрено,кога ја покажаа аудицијата на Даниел се до последниот настап,сакав да се расплачам.Толку ми прирасна за срце.

    Ете,се приврзав кон целото шоу,не само кон Даниел.Ќе ми недостасуваат вторниците,исчекувањто и коментирањето во темава.

    За финалето пишав веќе и пак ќе пишам дека очекувам да биде прејак настан,нешто досега што не се видело на Балканот.Со предобри ефекти,звук и одличен избор на песни.Се надевам на најдоброто,но ако биде слично на предходните вечери,следната година нема да гледам.Џабе ќе им биде величење,златни бубамари ако биде лоша организацијата.

    Сакам да пишам и нешто во врска со кандидатите.
    - Лукијан беше во дуел,победата може да ја сонува само,џабе му е и потелко и аражмани кога секој лајв е во фалш.
    - Маид два пати еден по друг во дуел.Најверојатно 3то место ќе земе,а можеби и нема да дојде до последните 3.Што знам,не е голем фаворит за победа.
    - Група да победи нема шанси,во тоа сум сигурна.Доктори од првиот пат кога ги видов во Judges Houses ми се допаднаа,и на изглед а и вокално.Посакувам да го земат второто место.Доста се талентирани и не посакувам да се распаднат после шоуто.
    - Тамара му е единствена силна конкуренција на Даниел.Не во смисла за пеење,туку во смисла за победа.Органски не ја можам,а не пак да победи,но што е тука е,живи и здрави да сме. :D
    - Даниел е совршен во вистинска смисла.Ако не победи,дефинитивно е наместено и следната година (ако има) драстично ќе им се намали гледаноста.Мое мислење е дека после толку муабети за победа на Тамара,продукцијата како за инает ќе му ја дадат на него победата,или пак на некој трет неочекуван.
    Само еден совршен настап му е потребен за повторно да ја добие публиката,натаму се останува на продукцијата.
     
    На Eci15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623


    Сега најдов прилика да ти одговорам...

    1. Го вратија назад во лајвовите, откако го напушти шоуто.
    Жељко го исфрли од шоуто,а публиката го врати, сигурно немаше да го врати ако не му се допаѓаше...

    2. Два пати беше во дуел.
    Сепак не заслужи да биде во двобој...имаше и полоши од него...

    3. Турбо музика и еден исти стил, напамет знаеш како ќе изгледа на сцена.
    Самиот кажа дека ќе гради кариера после X-FACTOR, сигурно нема да настапува со странски песни, и секако ќе пее песни како што му одговараат.Супер изгледа на сцена :)

    Зошто мислиш дека заслужува да победи ?

    Зошто според мене e НАЈДОБАР :)

    поздрав :*
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Разочаран Кики Лесендриќ: Илма е последната со која би соработувал
    Илма не се појави на концертот на својот поранешен ментор Кики Лесендриќ во Тузла, и покрај тоа што беше најавена како специјална гостинка.
    Разочараниот Кики по овој настан изјавил: „Рече дека ќе дојде. Жал ми е што не се појави.“

    Лесендриќ најпрво тврдеше дека малата Илма неправедно е елиминирана од понатамошното натпреварување, но го промени мислењето само неколку минути откако ги виде гласовите на публиката.

    „Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Го сакаа првото место. Таа е талентирана, но првото место не беше реално доколку се гледаа нејзините гласови. Од кога публиката учествува во гласањето, секогаш има некој друг со поголем број на гласови. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, но сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би соработувал. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас,“ вели Кики.
    http://www.crnobelo.com/x-factor/21842- ... orabotuval
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
  8. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
  9. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Девојки,да не знаете каде го има списанието Х фактор,јас барав во сити мол,и во ГТЦ но таму немаше...да незнае некој да не донеле случајно и која е цената на списанието..? :)
     
  10. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Списанието го гледав низ трафики и мислам дека е 50ден.
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Heartbeat

    Heartbeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2013
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    На сите по едно тркало. :D
     
  12. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    После ова заклучив дека девојчето си има психички проблем... :x Па до кога ќе се брука бре загреф криво и е дека испадна па вреѓа и плука по жирито...Срамота!!!


    Emina Jahović-Sandal
    Gym time.
    Like · · Share · 19 minutes ago ·


    Ilma Karahmet Od sad se znaci i snimaju vjezbe, dno dna!
    2 minutes ago · Like
     
  13. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не ја напаѓајте и вие до толку!
    Кога ќе потпорасни и ќе сфати дека ова не е добо,ќе и биде криво и ќе знае дека сето тоа од нервоза и омраза го пишувала. :!: Ама и беше глупа постапката не велам не кога не отиде на концертот на Кики,а беше специјален гостин! :?:
     
    На marijaz и QueenElena им се допаѓа ова.
  14. beauty.me

    beauty.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    НЕ Е ФЕР......

    ГОЛЕМА НЕПРАВИЛНОСТ Е ТОА ШТО СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ПОЕДИНЦИ СО ГРУПА !
    ЗНАЧИ НЕ Е ФЕР....
    КАКО НА ПРИМЕР ЗА ДАНИЕЛ ШТО ГО ГЛАСААТ ТАКА ДОКТОРИ ГИ ГЛАСАТ 5 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЗАД СЕКОГО СИ ИМА СВОЈА ГРУПА НА ГЛАСАЧИ И ТУКА ЗНАЧИ НЕ Е ФЕР.
    СЕ ЗНАЕ ДЕКА ТИЕ КЕ ПОБЕДАТ !
     
    На PussyHunter и Lella1 им се допаѓа ова.
  16. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    Леле па оваа Илма аман веќе. |( Испадна, испадна како божем се сруши светот. Ако ова и е разочарување во животот, што ќе биде понатаму? Убаво рече некоја пред некоја страна во темава и Харис испадна па не направи драма, пууу, бог да чува.
    А во врска со Маид гледам сте пишувале турбофолкер бил, ова, она.... Па што? Си пее човекот српски зошто си го знае мајчиниот јазик, не е како нашиов Даниел. Он пее англиски ама зошто? Зошто не си го знае мајчиниот јазик-македонскиот. И самите видовме како се снајде кога ја пееше македонската песна Сонце не ме грее. Се испогреши, завлекува зборови, дтка и уште милиони вакви работи, што е за срамота! За СРАМОТА!
    Па уште ние се гордееме со него. Со него? Викаме дека е македонец, а он не знае да зборува македонски. Ама итар си е човекот, дојде во право време, кога Македонија немаше ниту еден пејач и ајде се прославивме со овој зајаков. |(
    И викате дека Даниел не ја згрешил последнава песна. Хмм не баш. Можеби сите правеа фалшови, ама кој од нив заборави дел од песната: НИКОЈ! И немојте после да речете дека ова зајаков Даниел бил „безгрешен“.
    Толку.. :|
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Додека не сфатите дека Даниел си се бори само за себе,не му е потребно да изиграва патриот,ниту па ја претставува нашата земја,џабе ви е се!!
    Имам пишувано и претходно,ама стварно ме иритираат вакви закоравени патриотски мислења.Никој не вели дека е светец и безгрешен,можеби и не е толку наивен колку што изгледа,ама факт е дека има харизма и талент да биде победник.
    Даниел си е само Даниел,една индивидуа што сака да напраи кариера,а не да ве претставува вас ко некои важни битија,и немој да си го полните егото дека ако он успее,не ни е толку пос*ана земјата,демек има на што да сме горди.
    Бидете горди на тоа сами што ќе постигнете,а не упорно да го притискате него да се покаже пред вас,јаките Македонци :hai:
     
    На HipHopDance, Heartbeat, hristinnnna и 16 други им се допаѓа ова.
  18. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Земи во предвид дека Даниел не живеел долго време во Македонија.И секој со своја среќа,зошто да не се прослави? Нели и треба на Македонија некој квалитетен пејач?

    Според мене Маид не треба да победи ама воопшто,антипатичен ми е најмногу.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Даааа бееее логично мислење не ми текнало вака да размислам. :) Јас си кажав дека реален победник е Даниел, ама пошто е Македонец од продукцијата нема да му дадат да победи. Моја претпоставка е дека или Тамара или Доктори ќе победат затоа што се српски вокал и група, а знаеме србите се националисти, кај ќе дозволат Лукијан или Маид како босанци да победат. Не мешам политика, ама си кажувам отсекогаш било и ќе биде така. :D Мислам дека српска продукција стои зад целиот X фактор и сигурно нема да дозволат Босанец или Македонец во сред Белград или кај и да е финалето да се радува на нивен терен.

    Само мое мислење е сепак, дај боже Даниел да победи. :D
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зајаков ??? :o
    Ти немаш ма речник, а се најде овде да се правиш паметна! :puke:

    Си кажа човекот, негов другар слушнал за Х фактор и го пријавил. Дури и да не било така, кој сака можеше да се пријави на шоуво.
    Можеше и ти !
    За прв пат има Х Фактор кај нас, па зошто да не, светско шоу е. :^)

    Од мислења како твоево (фала што се преретки) на човек да му се :puke: .
     
    На Primadonna, Golden, Butterfly-Girl и 2 други им се допаѓа ова.