На балкански талент шоуа никогаш не победува најдобриот, туку оној што има јако гласачко тело. А за да се спореди со Мајкл Џексон, му требаат уште десетици години кариера, песни и албуми, по тоа се мери успех, a не по тоа колку деца вриштат по него.
Абе цуро,сфати ја споребата во која смисла е,прво размисли што сакав да кажам со тоа,а после цитирај и објаснувај се. Сакав да кажам дека ниеден уметник (низ цел свет) не е обожаван од сите,па така не е ни Даниел.Некој ќе го сака а некој нема. Ај пријатно. Едит:Има некоја информација за Сајмон дали ќе доаѓа?
Не се пали, мила, за твојот "уметник" И не ми треба да реплицираш со толкава нервоза, смири нерви малку, има илјадници машки во светов, не е само Кајмак.
Досадна стана темава за читање. Не знам што и реплицирате постојано на Барбика. Нели гледате дека сака само да се контра и нервира. Никој не и чини од натпреварувачите. На сите им најде мана. Изгледа заборавила дека ништо не е совршено на планетава. Патем знам дека ќе го наречете Даниел лигав, ваков или таков, но со тоа што си оствари желба со неговите обожаватели без разлика дали тоа се мали деца, мене ми се допадна таквиот близок пристап. Финалето се ближи и се надевам дека нема да ме разочараат од изборот на песни.
Ако Даниел нема поддршка од нас , тогаш од никој нема да има, иаско мислам дека пообожуван е од сите останати Балканци отколку од нас од каде и потекнува Во Мкд владее синдром на самоуништување Јас гласам за него 1
За оваа слика мислиш? Спојлер Не мислев дека до тука била работата.. Иначе да, нема потреба само да отварате нови страници за шо? за да се карате со wannabe Barbie . Мислам, не заслужува да биде центар во внимание (а очигледно е дека тоа го сака) Дајте да се префрлиме на главната тема, еве на пример кажејте кои ви се фаворити, топ3,5... Мојата стара толку објавувана листа 1.Даниел 2.Маид 3.Доктори
И ова со фановиве пред паркот претерано било,го отепале човекот Нека види дека не е лесно да си славен И дај стварно,престанете ,оставете ги тие што хејтаат и понатаму да хејтаат.
коментаров ти е но сенс Имало илјадници машки во светот, не бил Даниел само За каква љубов се зборува во твојов коментар знаеш ли? полесно е само да се пише нешто колку само пишано да е, каква му е смислата не битно нели Ако ти не си фан на Даниел Кајмакоски не мора ни да бидеш, никој со сила не те натерал на ништо. Покажи малку респект и почит кон сите што го сакаат Даниел. Од каде пак ти знаеш кој се негови фанови тука и по колку години имале? Според твоите неосновани реплики, Даниел го сакаат само малечки девојчиња Ма немој Остави тука да си го поддржуваат и сакаат сите тука на форумов, ако не го сакаш слободно не коментирај и реплицирај. Еве баба ми моја има 74 години и е фан на Кајмакоски. Значи се што си пишала се ти паѓа во вода. Ако не го сакаш Дааниел не ни мораш, има кој да го сака, фаворизира и поддржува. 300.000 фанови на фб не се малку..... Никој од другите финалисти нема толкава поддршка. Значи луѓето виделе нешто во Даниел, виделе колку може и колку вреди човекот. Затоа те замолувам да ги почитуваш и да не ги навредуваш тука лицата кои мислат различно од тебе. Немој со евтини провокации и банални муабети---Поштедине те молам Сувишни се коментари со омраза и навреда.
АЈ ве молам да не ја полнеме темава со кавги, туку новости и сл.!! А тоа дали го сакате или мразите Даниел нека остане за вас Јас кажав претходно дека западнав во слична ваква кавга со една феминка за 4U и ништо не се смени па затоа ве молам на оваа караница да и се стави КРАЈ
Тамара - Мој фаворит е Даниел и искрено се надевам дека ќе победи, бидејќи тој човек не успеа да покаже што знае. Би сакала да победам јас, се надевам, но ќе ми биде драго ако победи било кој од финалистите Ќе даде ли еднаш нормално интервју? Ем се надевала Даниел дека ќе победи,ем се надева дека таа ќе победи. О мајко.
Најзабавното во сето ова ми е што поддржувачите на Лешоски (еднаш го пишав, ама сега е баш впечатливо) одеа на тоа - што зборите за Лешоски каков е, зборете за поезијата, па следеше, што па и за поезијата, не сте стручни и така со бескрај. Е сега дојде ред истите тие да не коментираат како Кајмакоски пее, туку како Кајмакоски е нешто друго. Коментарите за Лешоски, Кајмакоски може и да не се на лично ниво, ама коментарите за ваквите паметњаковичи, одат на лична основа дека се кретени, поинаку не знам како да се одговори и заклучи за лицемерие и двоен стандард. Туку пустиов овој не им е другар, пријател, познаник, удварач или дечко. А Лешоски како што ме држи умот, направи паралела за Кајмакоски и нивниот роден град со воодушевување, а сега гледам пишал нешто во контекст против него на ниво на Семе Синапово. Не знам дали да очекуваме Кајмакоски да пише - Сонциња да ви се напушам...чисто за да видиме процедурално како ќе се одвива во овој случај. Не гледам ништо авангардно ниту интелектуално во сето ова...туку тажно колку нашиве модерни херои изгубиле чувство за џентлменско препукување. Можда премногу сум ги читала книгите на Толстој,па очекував мажиштава да го имаа тоа ниво на комуникација и културно и нелично препирање ради мали полови органи и огромни ега. Што знам...
Луѓе што ви е бре на вас? Сте ја фатиле темава за рогови како од суштинско значење да ќе биде победата на некој натпреварувач, и нешто битно ќе ви промени во животот. Ве читам и се смешкам кога ќе увидам по која основа ги градите идолите а згора на тоа меѓусебно се препирате, и секоја се обидува да го освои ,,трофејот'' со подобра аргументирана реплика. Ej ало! Тоа не се ѕвезди, туку обични луѓе - смртници, кои на крај краева се типични заморчиња ставени да створат пет минутна слава. Па згора на тоа и од ,,познатава'' ни естрадна фела се оценувани спред некакви си (според мене прости) критериуми. И што е важно кој ќе победи? Што сите сте се фатиле за Даниел како слеп за стап? Meне ми се гади кога ќе прочитам дека некој од вас навива за него единствено поради патриотски причини. Не бидете прости националисти, отворете го умот, согледајте ги и останатите потенцијали. Што знаеше дедо ми да каже ''Eдна беше Југославија''
Јак ремет и удриле на Беквалац после настапот на х фактор #пародија http://hitportal.com.mk/Show_Bizz-d...a-za-novata-pesna-na-natasha-bekvalats-video/ http://www.youtube.com/watch?v=4l-6Az-NTdI#t=44
Вечерва ќе нема ништо,чисто за информација. Инаку,едвај чекам недела да дојде.Мислам дека после толку најавување,ќе има одлична организација,со супер ефекти и звук.И секако,добар избор на песни.Треба да се избере нешто што навистина им лежи на кандидатите,а воедно е и интересно и ново за слушање,а не Тамара повторно да не заспие со жалопојките и Хлукијан со неговите досадни пијано изведби.
^ Јас па мислам дека на Тамара не и‘ ни стои нешто друго освен жалопојки, а на Лукијан совршено му лежат пијано-изведбите и воопшто не е досаден зашто на сите песни им дава нов шмек. Just sayin'. Патем, кога е финалето? Оваа недела?