Жељко ко да му раскинуваше по телефон на Славко. Многу фејк изгледаше повикот. Би требало да го вратат Маид. На Фифи мислам дека премногу и е што стигна до живите настапи, ама пустата Кристина многу слаби групи имаше. Рома Сијам стигнаа до judge's house, да се чуди човек.
Највеќе ми се допадна,ме трогна начинот на кој Даниел го прими соопштувањето. Искрено,со надеж но не со потполна сигурност како Маид. Јесте,дечкото прекрасно пее немам зборови но малку се преувиличува себеси како ,,јас сум најдобар,,.Супер си да,но покажи го тоа во друго светло Маиде. Даниел,само напред!
Специјална новогодишна емисија,ке даваат инсерти кои никогаш не биле емитувани Мораше да замине во Белград поради претставата во која требало да глуми. ----------------- Даниел колку прекрасно отпеа,нежно и со емоции.И кога му кажаа дека помина како мало детенце се израдува,заслужено дефинитивно. Од кај Кристина би ги вратила Јана и Лука,беа толку оргинални и единствени..се надевам дека ке се вратат од баражот,навистина заслужуваат место во live настапите. Исто и машкиот бенд ми изгледаа навистина професионално,како да се бенд од британскиот X Factor.Држам палци и за нив.
Пред да ја вклучам фемина знаев дека оваа тема ќе е прва на листа, и во право сум била Па што да кажам освен големо БРАВО за МОМЧЕ МАКЕДОНЧЕ! ФАНТАСТИЧНО! Конечно некој што Македонија ќе ја претстави во вистинско светло. НАПРЕД ДАНИЕЛ!
Славко е глумец, отиде на претстава. И добро направи Жељко, многу некако непрофесионално изгледаше. Ко ај ова не ми е битно, ќе си одам на претстава. Боље дуото да го пуштеше Кристина, Фифи стварно фалш пееја, а и не беа воопшто искоординирани. А Иван подобро сам да се пријавел него вака, мислам дека го кочеше брат му. А може и шоуво преголем залак му беше.
Фифи фалшираше, ама Маринела завиваше. Очај жив бе, ја унаказија песната. Не дека имаше којзнае каков избор од групите, ромите беа за никаде, Раденови за жал не ги фатив, ама никој посебно не се истакна од кај Кристина и нема шанси некој од групите да победи. Како круши ќе испопаѓаат меѓу првите. Даниелчо беше одличен. Просто растури дечкото и уште еднаш потврди дека е талент со голем Х фактор. Одма е друго кога ќе пееш песна која е наменета само за тебе, а не да ја делиш со 15 луѓе по 5 секунди. Жењко е многу омекнат кон него и мислам дека конечно и он се увери дека Даниел е еден од најголемите фаворити за победа. Се надевам дека ќе го поддржува до самиот крај!
Маид требаше да го пушти во полуфинале. Мене ми се свиѓаше како пее. Оној Славко педерот добро е што отпадна, катастрофа беше. Маринела исто така добра беше, и добро што помина. Со овој или оваа Фифи ја претераа веќе. Уште тој таа тоа фали во полуфинале. Рома Сијам штета што не поминаа.
Јас мислам дека поминаа заради тоа што другата е ќерка на Џибони. Или не е таа ќерка му? Инаку браво за Даниел!
Оф леле, мислев дека Даниел нема да продолжи, срцево ми излета Маид исто така испеа многу убаво, требаше да продолжи ама ајде... Грешка направија што го/ја пуштија Фифи, не пее толку убаво, ама ајде бидна
Тооо Даниелее! Мајка ми постојано кукаше дека Жељко вака така,ради Кристина немало да го пушти,бил арогантен и незнам што.... ,али па ја сакав Жељко да му биде ментор,ете сакав,или Кристина или Жељко,незнам што толку реакции имаше по фб страните ради Жељко...Како и да е,Даниел е легенда. И да,Маид ми е многу криво што не го пуштија,и он преубав глас има
Важно на Џ почнува А таа ли е?? Инаку за да не биде толклу офф топик постов, еве неколку видеа од изведби што ми се допаднаа http://www.youtube.com/watch?v=0KhkJ6KAn4M http://www.youtube.com/watch?v=ag_ntuvvNCQ http://www.youtube.com/watch?v=y00D_jz7nio Нај антипатичен дефинитивно ми беше Перчоли и се надевам дека нема да го вратат него
http://www.youtube.com/watch?v=R-O9lwjD ... G2P_vU4hDd Само за него ми е криво што излезе ... премногу ми е слободен опуштен баш за сцена
Колку со душа и искрена радост ја прими веста Даниел, многу мила ѕвезда има дечкото,го изгушка Жељко,ептен симпатични постапки има.