Ајде и јас да си дадам своја прогоноза.Мислам дека вака ќе испадне: 1.Лукијан/Тамара 2.Доктори 3.Даниел(Иако би сакала Даниел да победи) Баш да видам дали ќе погодам
леле..значи читам и се чудам, со кој памет поголемиот број од феминкиве ќе гласаат за Тамара или Лукијан??? Со кој памет бе? До толку да не бидете за своите..стварно не ве разбирам, за прв пат негде да се истакнеме а вие за тамара ќе гласам, за лукијан ќе гласам... срамотаа..!!
Јас мислам дека е можно да победи Тамара, што ќе биде ужасно, меѓутоа според коментарите на публиката и рејтингот за кој жирито особено се погрижи да и го крене, не би ме чудело да се случи ова. Како и да е преостанува да видиме. Имајте убава вечер, и без нервози.
Нивно право е тоа. Кој за кој сака нека си гласа. Кога јас би им ги плајќала гласовите, би биле за Даниел.
Red песната му беше прв чекор на патот кон успехот, и воедно најдобрата изведба од а до ш, од секој можен агол, ме еже секој можен пат кога ја слушам, и ми е сто пати подобра од оригиналот, сто пати! Навистина заслужува да победе и јас искрено оваа вечер решив да сум оптимистичен реалист за него! А ако не победи, сигурно ќе биде второ место, што искрено не ни верувам, јас навистина сметам дека ќе победе, а тек допрва ќе видиме како ќе се одвива вечерва. И ако не победе, бар знаеме дека не остана во сенка, и дека е забележан од толку многу луѓе, а пред се почнувајќи од Жељко, кој верувам дека е доволно свесен за потенцијалот на момчето македонче, и знам дека гледа парички во него, така да, сметам дека и он ќе му помогне страшно многу. Е сега, ајде да уживаме, спремни сме. Мама вика дека прво место ќе биле Доктори, ако Даниел не победи, а јас викам Тамара. Видечемо.
Ништо не е срамно да гласаш за Тамара, Лукијан или било кој друг....Како што во Србија,Босна.... гласаат за Даниел така и ние во Македонија гласаме за Тамара....Јас лично вечерва ќе гласам за Тамара и Даниел
А дали и во американското и британското издание на Икс Фактор во финалето вака се гласа? Веднаш ги отвараат линиите, и може неограничено да се гласа од еден тел. број?!
Ова менувањево на гласањето во финалево отвора само можности за малверзации и шпекулации. Глупости. Ме интересира организацијата како ќе биде, се надевам нема да има заебанции, барем во финалево.